Во продолжение:
1. Декоративен камен
Декоративниот камен нуди неверојатни можности за примена, бидејќи со него може да се обложува и ентериер и екстериер. Декоративниот камен се смета за иновативен и поедноставен начин на обложување погоден за секаков вид на површина - внатрешни или надворешни ѕидови, фасади, камини или столбови. Камените панели се всушност плочи, составени од случајно и рамно наредени парчиња камен, кои можат да се постават на различни типови на подлоги. Воедно, овие плочи се одличен звучен и топлински изолатор, отпорен на временски прилики и неприлики, прекини и удари, а покрај сето тоа се во фантастична хармонија со природната средина. Што се однесува до градежништвото и архитектурата, украсниот камен станува се попопуларен материјал бидејќи е поевтин и полесен за монтирање и обработка.
2. Природен камен
Чистиот природен камен е материјал со реална структура и текстура, рачно исечен и обработен, додека украсниот камен е вештачки, изработен според неговиот модел и дезен со лиење во калап. Сепак, употребата на украсен камен направен на различни начини не се намалува, бидејќи неговата намена и цел во однос на градежен материјал се сосема исти. Природниот камен има мазна структура од двете страни и, за разлика од вештачкиот камен, бара многу поголема вештина и генијалност од мајсторот при неговото поставување. Најпопуларниот природен камен е гранит.
3. Вештачки камен
Вештачкиот камен на задната страна има груба текстура што овозможува полесна монтажа и лепење на подлогата. Во секој случај, на производителите им стои на располагање широка палета од бои, дизајнирање, оформување и структурирање на вештачкиот камен. Доколку сте уметнички наклонети, ускладувањето и естетското поврзување на камените површини и околниот ентериер воопшто нема да биде проблем. Доколку не сте, консултирајте се со експерт.
4. Поставување украсен камен
Декоративен камен наменет за ентериер или естериер, може да се постави на која било површина. Погодни се ѕидови од необработени камени, сите видови малтер и слично, доколку не се полирани. Како и при изведба на другите градежни и занаетчиски работи, и тука најважни се обработката и подготовката на подлогата како и прилепувањето.
Првиот чекор е да се подготви лепилото, а следниот чекор е да се подготви површината. Лепилото се нанесува на задната страна на украсниот камен. Сите следни задачи, како што се полнење на споеви, фугирање и чистење, најдобро се прават што е можно подоцна, односно последниот ден. Иако ова можеби не изгледа тешко, ви препорачуваме да ангажирате мајстор кој ќе го работи тоа попрофесионално, побрзо и повешто од вас.
5. Ѕиден камен
Овој вид камен за обложување на ѕидови најчесто се продава во форма на плочи. Предноста на камените панели е помалку сечење и отпад, полесно ракување, помали трошоци за работна рака и отпорност на надворешни влијанија. Декоративниот ѕиден камен беше, во извесна смисла, револуционерен напредок во техниката на поставување на камени облоги на ѕидови. Наместо долгото и макотрпно лепење на едно по едно парче, сега панелите се лепат заедно и се кројат по потреба. Рачно бирани парчиња камен се спојуваат за да формираат панели кои се склопуваат како сложувалки. Сите делови од мозаикот се поделени од напред и споени одзади.
Декоративен камен се користи и за покривање на столбови. Природен и убав изглед, едноставно поставување, отпорност и издржливост - сето тоа се одлични причини за украсување и на столбовите. Истото важи и за перголи, огради, тераси, влезни врати, прегради или носечки ѕидови и други делови од мебелот.
6. Фасаден камен
Вистинската камена фасада изгледа исклучително привлечно и престижно, иако е една од најскапите. Најпрво на носечките ѕидови се залепува изолацијата, а потоа преку неа на водоотпорна подлога и фасадната камена облога. Каменот на фасадата мора да се закотви на носечката конструкција. Ваквиот камен има различни карактеристики и затоа не е сеедно кој од нив се користи. За внатрешни облоги генерално се избира травертин, варовник и мермер. За надворешната фасада се користат кварцит и чеша. Каменот за фасада се обработува на различни начини и затоа го има во различни финеси - од скршен, груб до полиран.
Подобро решение е фасадата од камена облога. Таквата фасада е составена од слоеви XPS изолација, арматура, анкери и камени облоги. Ваквата камена фасада е поевтина, полесна за монтирање, а естетските и изолационите ефекти се речиси исти.
7. Цокле од камен
Надворешниот, долен дел од фасадата на куќата градежниците го нарекуваат цокле - делот кој е секогаш најмногу изложен на вода и прашина како и на нечистотии од секаков вид, па затоа се препорачува да биде изработен од поотпорни материјали. Каменот е како створен за таква намена. Кога фасадата е целосно изолирана со термо и хидроизолација, се нанесува лепак и се поставуваат камени плочи.
8. Декоративни камења
Декоративните камења се користат за разубавување на бројни површини - градини, езерца, базени, цветни леи и гробови.
8.1. Декоративен песок
Со украсен песок се полнат, исто така и различни површини, а го има во неколку големини, т.н. гранулација и боја. Најчесто се користи поголемиот, за полнење патеки или гробови.
8.2. Декоративен чакал
Декоративни камчиња главно се насипуват околу езерца и базени, се користи за патеки, цветни леи и големи жардинери. Достапен е во различни големини и бои. Со чакал, може да работи и поплочување на двор. Вистинските мајстори на својот занает знаат да направат и мозаици од чакал.
8.3. Градинарски камења
Градината е секогаш комбинација од повеќе елементи, а многу често еден од нив е камен. Градинарските камења можат да бидат во форма на плочи, патеки, скали - но исто така се користат поинаку; единствена цел е да го украси дворот и да се постигне баланс и хармонија на просторот.
9. Декоративен камен - цена
Колку може да чини украсен камен? Цената се одредува според гранулацијата, односно големината, видот и производителот. Почнува од 5 евра/м2 па нагоре.
Доколку одлучите да поставите украсен камен, можете да не контактирате на DaiBau.mk. На нашата веб-страница ќе најдете повеќе совети поврзани со оваа тема, како и добавувачи и производители со кои соработуваме, а кои ќе одговорат на вашето барање со соодветна понуда.
Во нашиот калкулатор може да ги видите информациите за цените.
Вашиот тим,
DaiBau.mk


Професионална статија
2865
Професионална статија
2865 


1
Global: daibau.com
AT: daibau.at
CH: daibau.ch
DE: daibau.de
PL: daibau.pl
CZ: daibau.cz
SK: daibau.sk
SI: mojmojster.net
HR: emajstor.hr
RS: daibau.rs
BA: daibau.ba
HU: daibau.hu
RO: daibau.ro
BG: daibau.bg