Во продолжение:
1. Монтажни бетонски елементи
Во монтажна конструкција се користат монтажни елементи од бетон со веќе вградена арматура. На пазарот се нудат различни видови на монтажни елементи. Обично се прават по нарачка, во зависност од нацртот на изведувачот.
Изградбата е попрофитабилна ако се користат што е можно повеќе елементи со иста големина. Архитектот го зема тоа предвид при изработка на планот. Зградите направени од монтажни бетонски елементи затоа изгледаат како модули, а растојанието помеѓу различните носечки елементи е исто. Исто така, се зема предвид големината на самите елементи за да нема проблеми при нивниот транспорт.
2. Систем на скелетна конструкција
За монтажна бетонска конструкција се користат различни видови елементи кои заедно формираат т.н. скелетна структура. Во такви случаи, вообичаено се користат точкасти и лентести елементи, столбови и носачи, а меѓу носечките елементи се поставуваат полнење кое не е носечко. Носечката конструкција обично се состои од вертикални елементи со форма на ленти, столбови, во кои веќе е вградена мека арматура. Столбовите се меѓусебно поврзани со хоризонтални носачи.
3. Монтажни бетонски ѕидови
Во изградбата на монтажни објекти се користат и фабрички бетонски ѕидови, составени од бетонски плочи со вградена арматура. За време на производството, во овие ѕидови се оставаат отвори за поставување на прозорци и врати. Ваквиот метод на градба е исклучително сеизмички безбеден поради арматурата вградена во целата површина на ѕидовите.
4. Монтажа на градилиштето
Фабрички произведените елементи се транспортираат со камион до саканата локација. Претходно се подготвуваат градежната јама и темелите кои можат, исто така да бидат и монтажни. Потоа, монтажната конструкција се составува и се поставува на темелите. Кога приземјето е завршено, се прави носечката плоча и продолжува монтажата на катот или катовите. Значи, монтажна куќа или објект може да се заврши за многу кратко време.
Информации за цените може да се најдат во нашиот калкулатор.
Професионална статија
4/5
Global: daibau.com
AT: daibau.at
CH: daibau.ch
DE: daibau.de
PL: daibau.pl
CZ: daibau.cz
SK: daibau.sk
SI: mojmojster.net
HR: emajstor.hr
RS: daibau.rs
BA: daibau.ba
HU: daibau.hu
RO: daibau.ro
BG: daibau.bg