Во продолжение:
Од каде да започнете при белење стан?
Ви препорачуваме да започнете со барање мајстор кој ќе се погрижи за новиот изглед на вашите ѕидови. Ако тоа е изводливо и ви одговара, договорете се со изведувачот да ја завршите работата на пример, додека сте на одмор или на патување. Откако ќе закажете состанок со изведувач, време е да почнете да размислувате детално за палета на бои за ѕидови за вашиот дом.
Избор на боја за боење ѕидови и тавани
Секако, ваше е да одлучите дали ќе изберете само белење или тонирано варосување, мат или сјајни бои или, од друга страна, комбинации со украсни детали. Сепак, имајте на ум дека бојадисувањето со мат бои овозможува корекции и пребојување, додека кај сјајните бои треба да се да се работи од почеток. При изборот на завршниот слој на боја, земете ги предвид сите фактори - од мебел и покуќнина, ориентација и осветлување на просторот. Погрижете се на крајот сè да биде координирано и хармонично за конечниот резултат да биде токму онаков каков што сакате. Со белата боја ќе бидат исполнети сите овие барања, но таа е најчувствителна на дамки и отпечатоци од прсти. Нежните пастелни бои се одличен естетски додаток на трпезаријата или дневната соба. Исто така, може да размислите и за поставување тапети, како украсен елемент на некои ѕидови.
Подготовка и заштита на просторот
Пред да започнете со варосување/молерисување, најдобро е да се отстрани се што е можно од просторијата за занаетчиите да имаат што повеќе простор за движење и непречена работа. Ако тоа не е изводливо, тогаш треба се да се покрие со парчиња картон, заштитни најлони и да се залепи со ленти кои не оставаат траги по отстранувањето. Тука спаѓаат парчиња мебел и подови, како и прекинувачи и штекери, бидејќи колку и да внимавате, секогаш ќе капне тука-таму. Следниот чекор е да ги проверите ѕидовите - дали има пукнатини, излупени или изронети делови што треба да се поправат, особено околу прозорците и вратите или на аглите и на нај изложените точки. Искусниот молер ќе знае да ги среди, полира и израмни така што секој ѕид ќе биде целосно мазен и рамен, целосно подготвен за ново варосување.
Варосување/молерисување стан - цена
Цената за варосување/молерисување и подготовката на подлогата варира во зависност од начинот на обработка на ѕидовите. Пред изведба, договорете се со молерот дали материјалот е вклучен во цената или не. Малтерисување и измазнувањето на ѕидовите е дополнителен трошок и не е вклучено во цената на варосување, а се движи околу 5 евра/м2.
Варосување/молерисување на ѕидовите и таванот со полудисперзивна бела боја, со материјал е околу 1,25 евра/м2.
Варосување/молерисување ѕидови и тавани со полудисперзивна тонирана боја, со материјал, е околу 1,4 евра/м2.
Варосување/молерисување на ѕидови и тавани со полудисперзивна бела боја што може да се пере, со материјал е околу 1,65 евра/м2.
Варосување/молерисување на ѕидови и тавани со полудисперзивна тонирана боја што може да се пере, со материјал е околу 1,85 евра/м2.
Варосување/молерисување на ѕидови и тавани со разни додатоци, со материјал, е помеѓу 2-2,4 евра/м2.
Варосување/молерисување и доработка со декоративни техники околу 12-20 евра/м2.
Професионална статија
6499
6499
5/5
Global: daibau.com
AT: daibau.at
CH: daibau.ch
DE: daibau.de
PL: daibau.pl
CZ: daibau.cz
SK: daibau.sk
SI: mojmojster.net
HR: emajstor.hr
RS: daibau.rs
BA: daibau.ba
HU: daibau.hu
RO: daibau.ro
BG: daibau.bg