Добијте пристап до богат избор на проверени проекти и подобрете го вашиот бизнис.
Имаме сè за вас: од мали работи што ќе ги завршите брзо, до поголеми проекти за зголемување на вашиот профит.
Бројот на изведувачи/даватели на услуги по барање е ограничен. Во просек, само 3,2 изведувачи/даватели на услуги одговараат на барањето.
До денеска имаме објавено преку 18 000 проекти за градење и реновирање во вкупна вредност од 23 720 000 €. Придружете ни се и не пропуштајте ги корисните можности кој ве бараат токму вас!
Регистрирај компанија бесплатноDaibau.mk е присутен на интернет, како и во печатените медиуми. Соработуваме со партнери кои се занимаваат со градење и реновирање, а кои ни ја зголемуваат видливоста. Клиентите не наоѓаат на интернет или преку нашите партнери. Повеќе од половина заинтересирани, се клиентите кои ни се враќаат, од причина што имале позитивно искуство со платформата.
Барање на соодветен изведувач со слободен капацитет во сакан термин, е проблем кој во иста мерка ги мачи и физичките и правните лица. DaiBau.mk со само неколку кликања го поврзува клиентот со изведувач. На тој начин, на нашите корисници им заштедуваме многу време и го намалуваме ризикот.
На Daibau.mk се јавуваат сите кои сакат да најдат соодветен и проверен изведувач. Наши корисници се како физички лица, така и компании, архитекти, организации и државни институции. Проектите кои ги добиваме се различни: од помали домашни работи до милионски проекти. За секој партнер на седмична основа се наоѓаат повеќе интересни можности.
Свесни сме дека сериозноста на клиентите е многу важна за нашите партнери. Од таа причина, од повеќе аспекти проверуваме колку е сигурно дека клиентот ќе го реализира проектот. Барањата со кои само се проверува цена или изведбата е во понатамошна иднина, ги исклучуваме од известувања. За потврдени проекти, вршиме проверка колку понуди веќе има клиентот и донесуваме одлука околу сериозноста за реализација на секој клиент поединечно. Во процената за шанса на реализација ги вклучуваме сите фактори, кои на листата на ваши проекти е означена со зелено-жолта лента. Партнерите имаат можност и сами да ги пријават несериозните клиенти кај администраторот.
Во пробниот период, два пати седмично, ве известуваме за интересни проекти, а ако сте претплатник - секојдневно. Можете да ги прегледате сите проекти и да одлучите дали ве интересираат. Со клик на линков и нам, а и на клиентот му давате до знаење дека сте заинтересирани. На клиентот можете да му пратите порака преку системот или да му се јавите. Согласно досегашните податоци, личен контакт со клиентот ја зголемува можноста за реализација.
Откако ќе оцениме дека сте најдобар изведувач за одреден проект, ја препорачуваме вашата компанија на клиентот, откако ќе ја потврдиме сериозноста на проектот. На тој начин, клиентот, од самиот почеток го добива вашиот телефоки број и сметка на вашиот повик. За тоа ве известуваме по пат на емаил и СМС.
Доколку приметите дека ве известуваме за дејности со кои не се занимавате, ве молиме известете го администраторот за да се исправи грешката. Ако проектите се од помала вредност или надвор од регионот во кој дејствувате, исто така известете не, за да ги коригираме информациите. Со сите прилагодувања, управувате преку својот контролен панел кога ќе се пријавите во системот.
Клиентите ги поврзуваме со соодветни изведувачи и се грижиме за тоа да препорачаме компании кој се квалифицирани за изведба на одредени проекти. Врз основа на големината и составот на вашиот тим, ја прилагодуваме големината на проектите кои ги добивате. Кога станува збор за новоградба или проект за комплетно реновирање, потребен е соодветен тим и исполнета листа на препораки. За категории како што се геодезија, проектирање или архитектура, потребна ви е лиценца.
Во пробниот период, реализација значи крај на бесплатна соработка. Ако сте наш претплатник, реализација не влијае на цената за соработка, бидејќи Daibau не зема никаква провизија од своите претплатници.
Мислење за вашата работа може да даде само клиент кој пратил побарување во системот. Клиентот може да даде оценка за професионалноста на советувањето, цената и квалитетот на изведбата. Можете и сами да ги замолите клиентите да напишат коментар, бидејќи истите имаат влијание на вкупната оценка на вашата работа и видливи се на DaiBau.mk профилот.
Daibau.mk оценка е објективен одраз на вашиот квалитет. Составена е врз основа на годините на искуство и големината на тимот. На неа влијае и вашиот ангажман, коментари од клиенти и професионални корисници. Повисока оценка можете да ја приложите во листата на препораки. Вкупната оценка е одраз на компетентноста, а нам ни служи да ја прилагодиме вашата позиција во именикот и на списокот на препорачани изведувачи. Нашите корисници, пополнувањето на анкетата, го сфаќаат многу сериозно.
Препорачани изведувачи се компании со кои соработуваме повеќе од две години и за тоа време сме постигнале оценка 8.6. За препорачани изведувачи, можеме да тврдиме дека ќе ја завршат работата квалитетно и коректно. Значка даваме врз основа на објективни аргументи и индивидуален заклучок. Партнерите со значка добиваат и налепница за автомобил.
Беџовите се доделуваат врз основа на квалитет. Можете да добиете беџ за ангажман, ако компанијата одговорила барем на 70% наши повици за проекти, потоа беџ за искуство, за компанија со повеќе од 10 години искуство, како и беџ за висока оценка за сите компании чија вкупна оценка е над 9.
Daibau не сноси одговорност за работите кои ги работеле одредени изведувачи (услови за употреба). Во случај на несоодветен квалитет, секоја пишана рекламација ја проверуваме и кај изведувачот и кај клиентот. Ако утврдиме дека изведувачот добил две оправдани рекламации, го исклучуваме од системот.
Daibau.mk ви овозможува пристап до нови клиенти и проекти, а се грижи и за промоција на вашиот квалитет. Ја имаме довербата на повеќе илјади проектантски, занаетчиски и градежни компании. Работиме на повеќе пазари и овозможуваме голема услужна поддршка на нашите партнери. Станавме долгорочни партнери на сите кои се активни на македонскиот градежен пазар.
Поборници сме за квалитет и затоа имаме одредени критериуми за прием на компанија. Може да ни се приклучат компании кои имаат регистрирано компанија, барем 5 години работно искуство, најмалку 10.000 EUR годишен приход како и активна банкарска сметка. Со секоја компанија вршиме лично интервју, заради клучни информации за соработка. Редовно го проверуваме квалитетот на нашите партнери.
Регистрацијата на компанијата е бесплатна. На овој начин, вие сте регистрирани во именикот на изведувачи и можете да го уредувате вашиот профил и референци. Исто така, може да ја видите листата со барања, каде што можете да проверите со кои клиенти би можеле да воспоставите контакт доколку сакате. Покрај тоа, двапати неделно,на електронска пошта ви испраќаме листа на проекти од вашиот делокруг на работа. Во било кој момент може да го проширите вашиот пристап за да може да ги контактирате клиентите.
Платените пакети имаат бројни предности. Кога ќе се претплатите, ви даваме пристап до голем број проекти. Вие сами избирате кои дејности и во кој региони сакате да работите. Претплатниците на овој систем ги известуваме за нов проект веднаш откако ќе го добиеме и потврдиме. Претплатата ви овозможува многу други предности, кои се претставени во рубриката пакети.
За договор за претплата се обраќате во продажното одделение на Daibau како дел од обезбедување поддршка на партнерите, а тие ќе ви помогнат да изберете понуда и пакет по ваша мерка. Ќе биде составена профактура или ќе ви пратиме договор за претплата. Претплатата ја активираме првиот работен ден по добиена потврда за плаќање на профактурата.
Важноста на претплатата зависи од тоа каков пакет имате. Годишна претплата важи од датумот на плаќање до датумот на плаќање следната година. При месечна претплата, секој месец праќаме сметка за изминатиот месец.
Тековната понуда на цени и пакет можете да ја видите на : Daibau партнерски пакети. Нудиме пакети на месечна и годишна претплата. Постои и посебна опција во случај на потпишување договор за претплата и соработка на подолг период.
Доколку моментално сте презафатени, јавете му на вашиот администратор,а тој ќе го сопре известувањата за периодот кој го барате. По истек на тој период, известувањата автоматски ќе се архивираат. Во тој период не е можно да се замрзне претплатата.
Во случај да престанете со некоја дејност, јавете ни дали ќе преминете на некоја друга, од 220 кои ги имаме во понудата на Daibau. Доколку ја затворите компанијата, ќе бидете деактивирани во системот.
Бесплатно се регистрирај и пробај го системот Daibau
Ние сме достапни за вас секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Како можеме да ви помогнеме?