Било во случај на замена на покрив во оддалечено место или поставување плочки во центарот на градот, наоѓаме најмалку 3 соодветни компании во најкус можен рок. На тој начин штедите енергија и значително побрзо се договарате за изведување.
Не земаме провизија од изведувачите. Од тие причини праќањето побарување и избор на предложениот изведувач не создава никакви дополнителни или скриени трошоци за вас.
За сите инвеститори засекогаш ќе бидеме бесплатен систем за градење.
Со цел да го намалиме вашиот ризик, го проверуваме деловното работење на компанијата, искуството на пазарот и ги објавуваме нивните референци. Прибираме и Ваши оценки и стручни препораки и го мериме одзивот на изведувачи.
Квалитетот на компанијата објективно го собираме во оценка од 1 до 10. Некоректните изведувачи ги исклучуваме.
И покрај тоа што постојат јавни податоци, не можете да знаете за која дејност е специјализирана компанијата. Во повеќето случаи, не можете да им верувате само на препораките. Некој кој добро работел вчера, денес можеби значително да го намалил квалитетот на услуги. Ние се трудиме сите тие информации да ги собереме на едно место.
Вашето мислење е темел врз кој ја градиме довербата на нашите клиенти. Секое мислење влијае на евалуацијата на изведувачот. Секоја компанија во системот веќе е оценета.
Изведувачите не можат сами да си напишат оценка. Оценки можат да дадат само корисници кои ги користеле нивните услуги.
Остануваме верни на градењето, каде што можеме да Ви помогнеме со нашата експертиза и искуство. Кај нас можете да најдете повеќе од 300 специјализирани категории од градежниот сектор, реновирање и проектирање.
Daibau.mk е основан од архитекти како одговор на наши лични проблеми во потрага по соодветни изведувачи.
1.849
7.855проекти
2.224проверени оценки