Секој ден, ние во Daibau.mk работиме напорно за да ви помогнеме во изградбата и реновирањето на вашите домови и деловни згради. Сепак, просторот за живеење на секој од нас е многу поширок од нашата куќа и канцеларија.
Нашиот животен простор го сочинуваат природата што ја сакаме и градот во кој живееме, како и сите луѓе што ги среќаваме на патот. Нашиот животен простор го сочинуваат и наши сограѓани кои често не гледаме - загрозени луѓе кои не можат сами да се изборат за достоинствен живот. Подобрувањето на нашата средина и квалитетот на животот на сите луѓе во неа е одговорност на секој од нас.
Затоа, ве покануваме да ги здружиме силите и заедно да им помогнеме на добротворните организации кои се грижат за најранливите!
За возврат, овие непрофитни организации ќе продолжат да го подобруваат нашиот заеднички простор и квалитетот на животот на нашите сограѓани.
Кликнете на логото на реномираните организации што ги избравме за вас, пишете им прашање како можете да помогнете или испратете им донација и директно направете го овој свет подобро место:
Партнерството за доброто на општеството е добротворен проект, создаден под покровителство на порталот Daibau. Свесни сме за важноста на добродетелство за општеството и чувствуваме одговорност за поддршка на позитивните промени во нашата средина, како еден од водечките претставници на градежната индустрија. Целта на сите партнери кои учествуваат во проектот (инвеститори, компании и организации) е да создадат синергија која треба да допре до сè поголем број луѓе на кои им е потребна помош.
Ви благодариме на сите вас кои придонесувате со ваши добри дела и го правите светот подобро место за живеење!