Доколку имате прашања во врска со проектот, оставете барање и ние ќе Ви се јавиме најдоцна во рок од еден ден. За сите останати нејаснотии видете во најчесто поставувани прашања и одговори. Доколку сеуште не сме одговориле на Вашето прашање, јавете ни се.
Daibau го олеснува барањето и намалува ризик на сите што градат или реновираат. Само со неколку кликови пополнете побарување и ќе ве поврземе со соодветни и проверени компании. Така ќе заштедите многу време и ќе избегнете можни проблеми при изведбата.
За корисниците услугата е потполно бесплатна. Исто така, не наплаќаме никаква провизија. Платформата се финансира од претплатничкиот пакет на изведувачите.
Daibau.mk не е градежен, ниту занаетчиски изведувач и не нуди проектни и плански услуги. Daibu.mk се грижи за информирање, едукација и поврзување на инвеститорите и изведувачите.
Вашите податоци кај нас се заштитени. сите информации во врска со проектот и Вашиот контакт се видливи само за изведувачите кои се изберени и за кои мислиме дека се соодветни за вашиот проект. Што повеќе објавени информации, толку повеќе очекуван одзив на заинтересирани компании, а и побрзо можете да се договорите за изведба.
Поднесување на побарување е многу едноставно. Се што морате да направите е да го пополните формуларот на интернет. За секое прозорче во формуларот, врз основа на избраната категорија, ќе ви составиме прашања кои ќе Ви помогнат подобро да го опишете Вашиот проект.
Телефонскиот број е потребен од причина што секое побарување го проверуваме и со телефонски повик. Ви поставуваме дополнителни прашања и ги дополнуваме податоците, доколку е потребно. Исто така, телефонскиот број на кој сте достапни е важен за да можат изведувачите да ве побараат. Функционален e-mail е обврзувачки, бидејќи на него ги добивате сите известувања кои се поврзани со вашиот проект. Погрижете се да наведете контакти од лица кои се упатени во деталите на проектот и кои се одговорни за негово изведување.
Во Daibau.mk покриваме 220 категории за градба и реновирање. Побарување, практично, можете да поднесете за сите услуги поврзани со градба и проектирање. За одредени категории потребни ни се повеќе информации за да го објавиме побарувањето (нацрти, листа на работи...)
Daibau.mk е наменет за изведување. Доколку сеуште не сте одлучиле што Ви е потребно, можете да се обратите во нашиот медиумски центар кој е наменет за насочување и поддршка пред да започнете со градба или реновирање. Доколку Ви е потребен само совет, можеме да ви овозможиме контакт со изведувач кој ќе ви помогне.
Доколку Ве интересира само приближна цена, ќе ве насочиме кон инвестицискиот калкулатор за приближни цени за сите 220 категории во системот. Во случај да планирате изведба, но прво сакате да знаете кои се разликите помеѓу различни опции, можете да поднесете барање. Нормално, доколку имате доволно податоци околу тоа што сакате.
Доколку сте во рана фаза на одлучување дали воопшто ќе започнете со некој проект, ве упатуваме во медиумскиот центар и приближни цени за инвестицијата. Кога ќе донесете одлука дали ќе градите или реновирате ќе побараме од вас уште еднаш да поднесете барање. Доколку имате поднесено побарување, а ние сме заклучиле дека изведбата сеуште не е актуелна, нема да го посредуваме проектот во базата, а Вие можете да назначите датум кога сакате повторно да ве контактираме и да го активираме побарувањето.
Дневно добиваме голем број побарувања, затоа можеби сме го пропуштиле Вашиот проект, за што се извинуваме. Во таков случај, Ве молиме јавете ни се. Постои можност дека сме ве барале претходните денови, но не сме ве добиле. Во таков случај, веднаш по неуспешен повик, праќаме маил. Ако ни се јавите, побарувањето можеме да го објавиме веднаш.
И покрај големата мрежа од изведувачи кои соработуваат со нас активно, може да се случи да не наидеме на интерес кај изведувачите. Во главно, изведувачите се помалку заинтересирани во врв на сезона, особено ако се проекти од помала вредност. Во други ситуации, ако ви е потребна многу специфична дејност или вашиот проект е тешко изводлив, може да се случи да во мрежата воопшто немаме соодветен изведувач. Доколку сакате, обратете се кај администраторот и ќе се потрудиме проектот успешно да биде завршен во иднина.
Детален опис е многу важен за успешно барање на вистинската компанија. Доколку заклучиме дека за проектот не сте доставиле доволно податоци за да можат изведувачите да одговорат, ќе побараме од Вас да го дополните побарувањето. Опширен опис, скица и фотографии од постоечката состојба или референтни примери ќе бидат доволно за соодветните компании да одговорат брзо. Кога сметате дека сте ги одговориле сите дополнителни прашања, со еден клик можете да се јавите кај администраторот да го објави побарувањето.
Доколку сте предале ново побарување бидејќи на старото немало одзив од страна на изведувачите, двете побарувања ги спојуваме и додаваме нови потенцијални компании. Секогаш бараме соодветни и локални компании и затоа не можеме да гарантираме дека со новото побарување ќе најдете нови изведувачи или значително да го зголемите одзивот. Daibau.mk не е огласник, во кој повторена објава би донела подобри резултати.
Кога станува збор за новоградба или проекти за кои е потребна документација, нацртите можете накнадно да ги додадете, за тоа да ги известите изведувачите. Можете да бришете и додавате прилози цело време додека трае процесот на ускладување со изведувачите.
За ваша сигурност, Ви советуваме да ги побарате изведувачите и да проверите дали е можна изведба во саканиот термин. Ако има многу изведувачи, врз основа на нивните оценки, со клик на звездичката, можете да ги изберете најдобрите. Тие што не ви одговараат, можете да ги избришете од листата, со клик на „избриши“ и да изберете причина ѕа бришење.
Изведувачите се презафатени, особено во ек на сезона. И покрај тоа што се известени за Вашиот проект по пат на е-маил, SMS порака или преку мобилната апликација, можно е да го пропуштат проектот. Доколку не ви се јавил ниту еден изведувач за неколку дена, ве советуваме да ги побарате уште еднаш. Доколку станува збор за проект од поголема вредност, а одзивот е незадоволувачки, обратете се кај нашиот адимиистратор кој ќе провери каде станал проблем.
Доколку за Вашиот проект има премногу заинтересирани и Ве побарале многу изведувачи, барањето на нови проекти можете да го сопрете со клик на „запри барање“. Побарувањето веќе нема да биде видливо за соодветните изведувачи, кои не се во проектот. Со повторен клик можете да го продолжите барањето. Ако побарувањето повеќе не е актуелно, Ве молиме, со порака, известете го изведувачот и завршете го барањето.
Во ситуација кога сте констатирале дека изведувачите се несоодветни за проектот, обратете се кај администраторот кој ќе Ви најде соодветни изведувачи.
Секогаш предлагаме локални изведувачи кои се соодветни за големината и спецификациите на проектот. Доколку мислите дека изведувачите се несоодветни за изведба на Вашиот проект, јавете му го тоа на администраторот, кој ќе ги замени. Во ситуација кога сакате други изведувачи за да соберете повеќе понуди, не можеме да Ви најдеме нови изведувачи. (услови за употреба). Во случај на несоодветен квалитет, секоја пишана рекламација ја проверуваме и кај изведувачот и кај клиентот. Ако утврдиме дека изведувачот добил две оправдани рекламации, го исклучуваме од системот.
Кога донесувате одлука за изведувач, не се фокусирајте само на најниската понуда. Во Daibau.mk веруваме во квалитет и затоа Наш совет е, покрај нај оптималната понуда, да изберете компанија врз основ на професионалност, споредување на нивните препораки и оценки.
Ако се земе во предвид квалитетот и стручноста на изведувачот, ќе избегнете многу проблеми во иднина, а и дополнителни трошоци за санирање на грешките.
Ако сте донеле одлука за изведувач, следниот чекор е да ја потпишете неговата писмена понуда. Кај проекти од поголема вредност, Ви советуваме да склучите градежен договор. Повеќето изведувачи инсистираат на плаќање аванс или трошоци за материјал.
Секако дека е потребно за секоја завршена услуга да барате сметка. Не само како законска обврска, туку и заради тоа што сметката Ве штити како потрошувач. Сметката е доказ за завршена услуга. Само со сметка можете да ги рекламирате грешките, било да се очигледни или оние скриени, кои се појавуваат покасно.
За работи, за кои согласно закон, документација и надзор не се потребни, Ви советуваме да им верувате на изведувачите и повремено да проверувате дали изведеното се совпаѓа со договорот. Доколку во тек на работата увидите дека дошло до грешка, известете го изведувачот веднаш, а тој е должен истата да ја исправи. Кај фасадерски и покривни работи, инсистирајте на доказ за користење системски решенија. Нормално, не е препорачливо, да го следите секој аспект на нивното работење, до тој степен да ги ограничувате и да им пречите, бидејќи на тој начин ќе дојде до повеќе грешки.
Доколку изведувачот завршил со работа, Ве молиме завршете го побарувањето, известете не кој изведувач сакате да го оцените и оценет. Ве молиме, оценете го неговиот квалитет, советодавност и цената. Исто така, потребен е и краток опис, како на позитивните, така и на негативните аспекти.
Daibau.mk кој постојано работи на транспарентноста на македонскиот градежен пазар. Секоја оценка, дури и негативна, ни помага во класификација на компаниите на квалитетни и неквалитетни. Вашата оценка ќе им помогне на сите останати корисници кои градат или реновираат, да го повторат Вашето добро искуство и да избегнат лошо.
Доколку не сте го завршиле побарувањето со клик на копчето заврши побарување тоа значи дека сеуште не сте пријавиле во системот дека проектот не е веќе актуелен. Од причина што ние тоа не го знаеме, ви праќаме е-маилови за да не известите за статусот на проектот. Кога ќе завршите со побарувањето и ќе го оцените изведувачот, системот повеќе не праќа е-маилови за Вашиот проект.
Daibau.mk не е изведувач на проекти, градба или реновирање, поради што и не сносиме одговорност за настанатите грешки. Со прибирање на оценки и исклучување на неквалитетните изведувачи од системот, се грижиме за тоа во базата да има само проверени компании. Не можеме да гарантираме за работата на тие компании. За отстранување на грешките, одговорен е изведувачот кој работел. Услов за повикување заради отстранување на грешките е сметката, договорот и документацијата.