За реон

    Венецијанки Цена

    Колку чинат венецијанки? Цената на венецијанки се разликува во зависност од големината и формата на прозорецот, материјалот, квалитетот, како и од самиот понудувач. Намената на внатрешните сенки е да ја прилагодуваат јачината на светлост во ентериерот согласно потребите, како и за во летните месеци да се намалат трошоците за ладење. Цената на класични алуминиумски венецијанки се движи помеѓу 20 и 30 евра/м2.

    Кому да ја доверите набавката и монтажата на венецијанки? Пратете барање до соодветни и оценети произведувачи и доставувачи на венецијанки во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на внатрешни алуминиумски венецијанки


    Цена на внатрешни алуминиумски венецијанки.

    20.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    30.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Венецијанки

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Венецијанки - се што треба да знаете

    1. Венецијанки – што се треба да знаете?

    Венецијанките станаа популарни пред неколку децении. Се одликуваат со едноставна употреба и исклучителна издржливост. Главни предности, покрај можноста за спуштање и дигање, им се затемнување на просторијата, што се регулира со хоризонтално движење на летвите со помош на синџирче, коноп, шипки за навој (курбла) или мотор. Обично, механизмот е прицврстен на самиот рам на прозорецот или вратата. Венецијанките се прават од тенки, но многу издржливи алуминиумски летвички во разни бои и ширина. Истите може да се употребуваат како во станбени, така и во деловни и индустриски објекти. Доколку се употребуваат и , практично се неуништливи. А се што треба да се прави е повремено да им се избрише прашината.

    Ротирање на венецијанки
    Со венецијанки најлесно се регулира осветленоста на просторот

     

    1.1. Летвички на венецијанки

    Летвичките се оние кои најмногу влијаат на изгледот на венецијанките. Според материјалот постојат алуминиумски и дрвени венецијанки. Алуминиумските се поиздржливи, но дрвените изгледаат поубаво, иако се одржуваат потешко. Вообичаена ширина на ламелите е 15-25 мм. доколку сакате да постигнете специјален ефект во просторот, можете да нарачате и перфорирани ламели, така што светлината ќе поминува низ дупкичките. Потполно затемнување можете да постигнете со специјални венецијанки. Боја за венецијанките можете да изберете од РАЛ палета.

    1.2. Начин на управување

    Со венецијанките се управува многу едноставно. Стандардниот вид на управување се состои од ланче и канап. Косината на летвичките се местат со помош на шипка за навој. На поголеми прозорци може да се постави мотор, со што придвижувањето на венецијанките ќе биде значително полесно и автоматско. Доколку со целата куќа се управува со паметен систем и ролетните во просторијата може да се поврзат со истиот, така што во просторијата секогаш ќе има оптимална количина на светлост.

    1.3. Предности

    Венецијанките како внатрешни ролетни, имаат бројни предности. Со нив лесно се регулира количината на светлост во просторот – од најјако кога се сосема отворени, преку делумно засенчување, до потполно затемнување, кога се потполно затворени. Може да нарачате венецијанки точно по мерка на прозорецот, така што сосема ќе се совпаѓаат по големина и форма. И бојата, дури и нијансата, може да бидат по ваша желба, бидејќи венецијанките се произведуваат во сите бои на РАЛ палетата. Летвичките може да бидат перфорирани или дрвени, со што се додава уште едно стилско ниво на просторот. Иако е препорачливо, монтажата на венецијанките да им ја препуштите на мајстори, истото можете да го наравите и сами. А да траат подолго, потребно е редовно да ја бришете прашината од нив.  Кога ќе се земе сето ова во предвид, цената на овие ролетни е многу прифатлива.

    2. Како да се избере понудувач?

    Откако ќе се решите да купите венецијанки, но пред да побарате понудувач, распрашајте се добро за видот и карактеристиките на истите. Размислете дали повеќе ви се допаѓаат перфорирани или не, дрвени летвички или алуминиумски? Кога ќе ги замислите венецијанките на прозорците од својот дом, тогаш ќе можете да се одлучите за некој од бројните понудувачи на нашиот портал, Daibau.mk. овде ќе најдете и коментари на муштерии, а можете да оставите барање и да почекате да ви пристигнат понуди.

    3. Видови и типови

    Според видот на материјалот постојат две групи:

    3.1. Алуминиумски венецијанки

    Тие се таканаречени класични венецијанки. Алуминиумот е цврст материјал, отпорен на влага и бара минимално одржување. Ширината на летвичките е меѓу 15 i 25 мм. Може да бидат полни или перфорирани, а ги има во сите бои од РАЛ палетата. Доколку се прават по мерка, венецијанките сосема се прилагодуваат на прозорците.

    3.2. Дрвени венецијанки

    Дрвените внатрешни ролетни поради својата природност и топлина со која зрачат, се одличен избор за просторот во кој сакате да ставите акцент на удобност и мекост. Дрвените венецијанки може да се најдат во сите природни бои и со различна текстура. Прашината од нив се брише со мокра крпа, но мора да се води сметка да нема премногу влага, бидејќи дрвото може да се искриви.

    3.3. Венецијанки за тавански прозорци

    Со овие внатрешни ролетни може да се засенат и тавански прозорци. За таа цел постојат специјални наводници кои ги држат летвичките за прозорецот.

    4. Монтажа

    Венецијанките се монтираат лесно и брзо. Најпрво, мајсторот за венецијанки зема мерка од прозорецот за летвичките да одговараат и по должина и по ширина. Кога се изработуваат венецијанки по мерка, тие може да бидат и во нестандардна големина или форма, исто како и прозорците. Откако ќе бидат готови, на ред доаѓа монтирање на рамот од прозорецот. Во посебни случаи може да се прицврстат за таванот или ѕидниот отвор.

    5. Поправка

    Понекогаш, после долготрајна употреба, се случува канапот кој ги спојува ламелите да се скине, летвичките да се оштетат или навојната палка да се откачи или разлабави. На таквите механички оштетувања влијае староста и истрошеноста на материјалот, начинот на употреба или на пр. силен удар на ветер. Доколку венецијанките се оштетени, размислете што е поевтино – замена или поправка. Поправката е секогаш побрза и поевтина, иако се зависи од степенот на оштетување.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка и монтажа на веницијанки

    Потребна е изработка на веницијанки на три прозора во станот. Нека бидат антрацит , дрвени или во бела боја.
    Во прилог слики од прозорите и пример од веницијанките кои ни се свиѓаат. 8302.5 € до 13837.5 €

    ........

    Изработка на дрвени бели венецијанки

    Потребна е изработка на бели дрвени венецијанки за еден прозор и балконска врата. Вкупна површина 3,4 м2 11070 € до 18450 €

    ........

    Промена на венецијанки и поставување на комарници

    Потребна е промена на венецијанки и поставување на комарници за врати. Венецијанки за 4 прозори, 1 врата; комарници за 2 врати.
    Димензии
    -веницијанка 4 прозора 75 .5 см х 116.5 см
    1 врата 55.5 см х 115.5 см

    -комарници 2 врати 60 см х 120 см 11070 € до 18450 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изработка на варио-лајт завеса, со механизам, 3 м х 2,1 м
    Венецијанки, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Набавка и монтажа на жалузини со ел. управување, 4 кол
    Венецијанки, Куманово

    180 € до 300 €

    Цена, Изработка и монтажа на венецијанерки, 9 ком
    Венецијанки, Кавадарци

    1080 € до 1800 €

    Цена, Промена на конците и механизмите на венецијанер ролетни, 2 ком
    Венецијанки, Скопје

    45 € до 75 €

    Цена, Изработка и монтажа на венецијанки, 10 м2
    Венецијанки, Охрид

    315 € до 525 €

    Цена, Промена на венцијанки на врати од балкон, 2 ком
    Венецијанки, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Изработка на венецијан ролетни, 2 прозори, 1 врата
    Венецијанки, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Изработка на вертикални сенки подвижни - брисолеи, 7,6 м2 и 7,8 м2
    Венецијанки, Неготино

    675 € до 1125 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Венецијанки ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    57+ КОМПАНИИ ЗА Венецијанки
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА