За реон

    Тавански прозорци Цена

    Колку чинат таванските прозорци? Цената на таванските прозорци зависи од нивната големина, материјалот на рамката, бројот на стакла, начинот на отворање (ниско, средно или високо) и, се разбира, од изведувачот. Кај таванските прозорци најважна е монтажата, т.е. поставувањето што вклучува и сува монтажа и малтерисување на летви. Времето за испорака е обично од 7 до 30 дена, а цените се движат од 150 до 400/м2, така што за прозорец со димензии од 80х160 см би платиле околу 300 евра. За испорака и монтажа на прозорецот потребни се дополнителни 45-72 евра, плус за евентуална дополнителна обработка.

    Кому да ја доверите изработката и монтажата на тавански прозорци? Пратете барање до соодветни и оценети понудувачи на тавански прозорци во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на тавански прозорец


    Цена на тавански прозорец. Цена за набавка и монтажа на тавански прозорец 80x160 цм.

    250.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    420.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Тавански прозорци

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Тавански прозорци - се што треба да знаете

    1. Тавански прозорци – што се треба да знаете?

    Без разлика на тоа дали на вашето поткровје сакате да ставите нови прозорци или да ги замените старите, тие ќе имаат голем впечаток на целиот изглед на просторот, енергетската ефикасност и на вкупната вредност на домот. Затоа е многу важно да знаете какви можности имате на располагање.

    Тавански прозорци
    Таванските прозорците пропуштаат до 30% повеќе светлина од обичните!

     

    1.1. Косината на покривот

    Во однос на поголема или помала косина на вашиот покрив зависи какви елементи и окови ќе употребите и каков вид на монтажа. Таканаречениот комплет за монтажа обезбедува непропустливост на таванските прозорци вградени во покривната косина. Изведувачот кој ќе го изберете ќе знае кој комплет и какви прозорци ќе бидат потребни во зависност од покривот, конструкцијата и покривката, кој начин на монтажа ќе го примени.

    1.2. Положба на таванските прозорци

    Кога се бира место за тавански прозорец, прво се гледа положбата и движењето на сонцето во тек на денот. Во ситуација кога немате таква можност и избор, па прозорците мора да бидат само на едно место, тогаш најважен е видот на прозорци, за да се овозможи доволна осветленост на просторот.

    Прозорци поставени на север, никогаш не се доволно осветлени, затоа изберете поголеми за да може да овозможат што повеќе дневна светлост. Прозорците завртени на исток, наутро ќе бидат изложени на директни сончеви зраци, што може да биде одличен избор за кујна или спална соба, во зависност од тоа што сакате. Тие завртени кон запад сонцето ќе ги грее попладне и предвечер и од таа причина се идеални за дневна соба. Прозорците завртени на јужната страна ќе бидат осветлени цел ден, што е најдобро за простории во кои поминувате најмногу време.

    1.3. Изолација и проветрување

    Најновите модели на тавански прозорци се одликуваат со иновативен начин на проветрување, така што овозможуваат да уживате во свеж воздух дури и кога прозорецот е затворен. На некој вид прозорци постојат отвори/канали за проветрување кои овозможуваат кружење на воздухот низ филтери, а притоа да не се отвора прозорецот. Тие имаат и посебен филтер кој помага во одбрана од инсекти, особено во лето, кога и ги има. Разновидните начини на застаклување на прозорците влијаат на термоизолативноста на истиот. Буквата „U“ е ознака за топлинска ефикасност, затоа не заборавајте да погледнете кога бирате прозорци. Што помал број покрај буквата „U“  толку поголема термоизолативност, што подобро ќе ја штити внатрешноста на просторот.

    1.4. Ролетни, венецијанки, жалузини

    Таванските прозорци пропуштаат и до 30% повеќе светлост во просторијата, отколку обичните, што всушност е фантастична работа, но понекогаш постои потреба и од затемнување, односно, засенување на внатрешноста за престојот во таквата просторија да биде попријатен. Повеќето производители на тавански прозорци со нив нудат и ролетни кои точно одговараат на видот. Постојат и жалузини кои ги намалуваат енергетските губитоци дури и за 20-тина%. Постојат и т.н. „black out“ ролетни кои потполно ја затемнува просторијата, што е идеално решени за спални соби.

    2. Ангажирајте експерти

    Монтажа на нови или замена на старите тавански прозорци не е работа која би можеле сами да ја завршите. Работата бара стручно знаење, вештина и искуство, но и повеќе раце, така што секако ви е потребна помош. Самостоен експеримент би можел да ве чини многу скапо како во поглед на материјал, така и емотивно. Сепак, пред да се впуштите во предизвикот, потребно е убаво да се информирате за сите аспекти и можности кои ви се на располагање; на тој начин побрзо и полесно ќе постигнете договор со изведувачот.

    3. Видови тавански прозорци

    При изборот на тавански прозорци многу е важно да изберете точно такви кои ќе одговараат и на вашиот покрив и на вашите желби. За да можете полесно да донесете одлука ќе ве запознаеме со видовите на таквите прозорци и со нивните карактеристики.

    3.1. Класичен тавански прозорец

    Класичниот тавански прозорец има рачка за затворање и отворање на горната или на долната страна. Доколку рачката е горе, под прозорецот може да се постават делови мебел, а притоа да остане доволно простор за отворање или чистење. Ваквиот вид на прозорец се врти околу својата оска, така што можете да го превртите и да го исперете.

    3.2. Панорамски тавански прозорец

    Таквите прозорци се отвораат нагоре и затоа пристапот мора да е ослободен. Од безбедносни причини, долната раб на прозорецот мора да биде најмалку на 110 цм, но не повеќе од 150 цм од подот, за да можете да го отворате без проблем. Панорамски прозорци овозможуваат енергетска ефикасност, огромна количина светлост и топлина, како и свеж воздух. Ваквите прозорци во поткровјето внесуваат комоција и проветреност, а секако и убав поглед.

    3.3. Групирање на тавански прозорци

    За да се добие впечаток на што поголем простор, проветреност и леснотија, можно е да се соединат повеќе прозорци. Тие може да се постават еден до друг или еден над друг. Во архитектурата и онака прозорците служат исто толку како елементи за отворање и спојување на ентериерот и екстериерот, колку и за постигнување на што поголем ефект на природност и  неограниченост. Доколку таванот во вашиот дом е висок или барем повисок од стандардниот, тогаш над обичните може да поставите и тавански со што би се постигнал голем естетски ефект.

    3.4. Тавански балкон или тераса

    Дури и во поткровје може да се направат еркери во вид на балкони или тераси кои тој простор би го направиле поширок и помалку клаустрофобичен, а ќе ви овозможи да уживате додека се опуштите на сонце. За вакви предизвици најдобро е тавански прозорец кој на долната страна има вратичка; овие вратички се отвораат навнатре до безбедносната ограда, а горниот дел на прозорецот оди нагоре. Таванските балкони со сигурност  поголемо осветлување, повеќе свеж воздух, но и непосреден контакт со надворешната средина. За тераса или балкон секогаш може да се употреби некој неискористен дел од покривот. 

    3.5. Специјални тавански прозорци

    На пазарот може да се најдат и специјални тавански прозорци, како на пример:

    • линија за не станбен дел од поткровјето,
    • ревизорски тавански прозорци за излегување на покривот,
    • прозорци со отвори/канали за проветрување на станбени простори кои исто така служат и за излегување на покривот,
    • прозорци со купола за рамен покрив,
    • окно за одвод на чадот од зградата, кои ги исполнуваат безбедносните стандарди,
    • светларник за рамен или брановиден покрив и светлосни тунели за рамни покриви.

    4. Материјали за тавански прозорци

    4.1. Лакирани дрвени рамки

    Најзастапен материјал за тавански прозорци е лакирано и импрегнирано дрво. За вакви прозорци најмногу се употребува бор и даб, длабински импрегнирани пред составување на рамот, а потоа премачкани со акрилен лак кој е еколошки. Дрвените прозорци се најдобри за суви простории и секогаш е подобро да бидат со помали димензии. Од надворешната страна рамот е заштитен со алуминиумски профил.

    4.2. Дрвени рамки со полиуретански премаз

    За влажни простории секогаш се најдобри дрвени прозорци со полиуретански премаз, бидејќи се отпорни на влага и на УВ зрачење. Ваквите прозорци се прават од бука и даб, поскапи се од лакиран, бидејќи се подолготрајни.

    4.3. ПВЦ рамки за прозорци

    ПВЦ прозорците се направени се од ПВЦ профил, составени од повеќе комори кои не дозволуваат да се појави т.н. топлински мост. Овие прозорци може да бидат со поголеми димензии, бидејќи се полесни од дрвените, иако се зајакнуваат со алуминиумска или челична арматура. Одличен избор се за влажни простории, како бањи, кујни или помошни простории. Ги има во различни бои и дезени што овозможува да најдете нешто по ваш вкус.

    4.4. Алуминиумски рамки

    Алуминиумот се употребува за тавански прозорци со поголеми димензии или такви кои се на било кој начин специфични (подвижна балконска врата, балкони на извлекување и слично). Најважно за алуминиумскиот прозорец е да нема топлински мост.

    5. Застаклување на тавански прозорци

    5.1. Двојни стакла

    Тавански прозорци со двојно стакло и воздушна комора се одлично решение со многу поволна цена. Можете да изберете варијанта на ваков прозорец со надворешно заштитно стакло кое штити од град и провала. Термоспроводливоста на ваквите стакла е Ug=1.0 W/m2K.

    5.2. Тројни стакла

    Помеѓу три стакла постојат два слоја воздух или гас (аргон или криптон). Во денешницата ваквиот вид на стакла се најзастапени. Термоспроводливоста на овие стакла е Ug=0,5 W/m2K.

    5.3. Четворослојни стакла

    Ваквиот вид на застаклување е многу сигурно и економично од причина што коморите се исполнети со благороден гас. За волја на вистината, ова е најскапиот вид на прозорци, но само иницијално, бидејќи тие со тек на годините заштедуваат со загревање и ладење на просторот, со што се сами се исплаќаат. Овој вид на прозорци се по стандардите за пасивните и ниско енергетски куќи. Термоспроводливоста на овие стакла е само Ug=0,3 W/m2K.

    6. Монтажа на тавански прозорци

    При монтажа на тавански прозорци од најголемо значење е професионалноста,  дури повеќе отколку при монтажа на обични прозорци, од причина што таванските се уште повеќе изложени апсолутно на сите атмосферски влијанија. Покрај тоа, заради пробивање на покривот под знак прашање е и губењето на енергија. Од причина што покривот е многу специфична конструкција, не е можна РАЛ монтажа која го спречува губењето на топлинска енергија. Но, доколку целата работа се изведе стручно и квалитетно, загубата може да се сведе на минимум. За да се постигне тоа, се користи надворешна изолациона рамка, секундарни обложување по методот на водоотпорен начин на градба, поставување на парни бариери од внатрешната страна кои служат за ги затворат сите отвори и да ја заштитат конструкцијата од продор на влага.

    6.1. Позиција за вградување на тавански прозорци

    Препорачливо е таванските прозорци да се постават на висина помеѓу 90 и 200 цм од подот. Колку највисоко може да се постави прозорецот зависи од парапетниот ѕид, висината на самото поткровје, но и станарите. Општо правило за секој прозорец е да се постави така што лесно ќе може да се ракува со него, па ни таванските прозорци не се исклучок од оваа правило. Не помалку важно е и тоа таванските прозорец да овозможува непречен поглед, без разлика дали се седи или стои во просторијата. Ширината на тавански прозорец се прилагодува на растојанието на носечките столбови и на тоа што помалку да се досегнува покривната конструкција. На косите покриви прозорецот се поставува на летвички, на последната рамна таванска конструкција, а доколку станува збор за рамен покрив, прозорецот се поставува на гредите.

    6.2. Комплет за монтажа на тавански прозорци

    За да се спречи лоша монтажа на тавански прозорци и останати проблеми, секогаш се препорачува да се користи специјален комплет за монтажа. Таквиот комплет се состои од изолационен рам кој се изработува по мерка и се вградува непосредно пред монтирање на прозорецот во веќе направениот отвор. На тој начин изолацијата помеѓу прозорецот и покривот е оптимална, а загубата на топлина минимална. Потоа, тавански прозорец само треба да се постави во подготвен изолационен рам. Во комплетот за монтажа постојат и секундарни опшивка, исто така направени по прецизна мерка на прозорецот, а тие служат да спречат продор на вода. Покрај тоа, го заштитуваат прозорецот од кондензација која најчесто се задржува под работ на покривот. Опшивка се фиксира за рамот на прозорецот, а околу нив се поставува паропропустлива фолија. Трет дел во комплетот е парната брана. Таа се поставува многу едноставно околу прозорецот од внатрешната страна за да спречи продор на влага и пареа во конструкцијата, со што се заштитува изолацијата и конструкцијата на покривот. Парната брана исто така се произведува по мерка.

    6.3. Обработка на внатрешната страна на прозорецот

    Откако ќе се заврши монтажата и заштитата на тавански прозорец од надворешната страна, потребно е да се заврши и внатрешната конструкција на покривот. Покрај покривот, потребно е да се изолираат и шпалетната, со што се завршува обработката на покривниот отвор и прозорецот. Од долната страна шпалетната треба да стои вертикално, а од горната хоризонтално. Со ова се добива максимална циркулација на воздухот, а воедно и максимална искористеност на светлината. За шпалетни најчесто се употребуваат дрвени даски или гипс картон плочи.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изработка на тавански прозорци

    Потребна ми е изработка на 3 кровни прозорци со димензии 120 х 80 см. 33210 € до 55350 €

    ........

    Изработка на два кровни прозорци

    Ќе се прави поткровје кон средината на јули месец, при што ќе имам потреба од два кровни прозорци, ми треба да е квалитетен и прозорецот и монтерот. Димензиите се 55 х 98 см. 33210 € до 55350 €

    ........

    Izrabotka na kroven prozor

    Potrebna e izrabotka na kroven prozor so dimenzii 55 na 98 ili prilblizno. 16605 € до 27675 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Тавански прозорци, 2 ком
    Тавански прозорци, Скопје

    540 € до 900 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Тавански прозорци?

    Тавански прозорци ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    10+ КОМПАНИИ ЗА Тавански прозорци
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА