Колку може да чини кујна по мерка? Вашата кујна може да ја обновите по многу прифатлива цена, доколку само ги обоите старите кујнски елементи и ѕидови. Препорачливо е фарбањето да го препуштите на експерт, бидејќи е многу напорно. Кујнските кабинети може да се обноват и со замена на рачките, што исто така може сосема убаво да го освежи изгледот. Исто така може да ги замените предните делови и плотната. Кујната направена по нарачка е околу 30% поскапа, но и поквалитетна од индустриските. Времето на испорака е околу 4 недели. Цената се движи помеѓу 150 и 400 евра/м2, но имајте на ум дека за пример земавме просечна кујна со стандарден број на елементи.
Кому да ја доверите изработката или набавката и монтажата на кујната? Пратете барање до соодветни и оценети занаетчии во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
Кога планирате нова кујна или реставрација на старата, мора да внимавате на многу работи. Во принцип, кујната е средиштето на домот и од голема важност е таа да биде средена онака како што треба. Нејзиното планирање бара внимателно размислување и „око за детали“. Ние ќе се обидеме да ви појасниме некои од главните елементи за уредување на кујни, за донекаде да ви ја олесниме работата.
Пред да се зафатите со работа, ви предлагаме да пресметате колку средства можете да издвоите за тој проект и да ги изберете клучните ставки: кујнски елементи, подни и ѕидни облоги и пултот. Доколку сакате да ги намалите трошоците, размислете за замена само на фронтовите на кујнски елементи или фитингаријата. Покрај тоа треба да донесете одлука и дали сами ќе ги цртате плановите или за тоа ќе ангажирате експерт за внатрешно уредување или архитект.
Поради тоа што кујната е со сигурност најкомплицираната, а можеби и најважната просторија во станбениот простор, треба да биде таква што, лицето кое најмногу ќе престојува или работи во неа, да се чувствува пријатно и комотно. Најважни фактори на кои треба да се обрне внимание се:
Изборот на видот под е многу важна ставка при уредување на кујната, од причина што таа површина постојано е изложена на оптоварување валкање и оштетувања. При изборот на кујнски под, најпрво обрнете внимание на цврстината, трајноста и едноставното чистење, па дури потоа на изгледот и стилот. Керамичките плочки, на пример, ги исполнуваат сите овие услови. Дрвениот под е топол и природен, изгледа преубаво, но неговото одржување и нега се многу тешки.
Заедно со модерниот изглед на кујната неизбежни се вградените кујнски апарати од најновите генерации. Особено важен е фрижидерот, бидејќи зазема најмногу место. Просторот за складирање и чување на намирници, садови и ситни апарати во кујната е најголемиот предизвик. Кујнски елементи треба да се такви за да собере во нив се што треба.
Планирањето на кујната подразбира да оставите доволно простор за рутината на која сте навикнати, односно, несметана работа низ неа. Димензиите на работната површина зависат од вашите потреби. Земајќи ги во предвид и останатите фактори, од голема важност е материјалот кој ќе го изберете за кујнскиот пулт да биде издржлив и лесно да се чисти.
Во денешно време постојат кујни во безброј варијанти, што е добро, бидејќи така сигурно ќе најдете таква каква што ви одговара на вашите потреби и вкус. Секако дека нејзината големина мора да е соодветна на просторот со кој располагате.
Пред да донесете одлука за бојата на кујната, задолжително размислете за амбиентот на вашиот дом. Дали сакате да биде стопена со остатокот од просторот или сакате да отскокнува? Дали ви се допаѓаат модерни или старински кујни, или пак сакате тоа да биде своевиден експеримент или како семејство секогаш давате предност на удобноста, односно уживањето во готвење, ручање и дружење? Кујната како центар на семејните настани би требало да задоволи многу работи. Пробајте со поживи бои како што се црвена, портокалова или жолта, но само за акцентирање, што ќе го направи просторот многу поинтересен. Во секој случај, дури и со наједноставната промена можете да ја препородите било која соба, па дури и кујната. Убава сива нијанса на просторот му дава доза на префинетост и елеганција, додека пак белата привлекува многу светлина и енергија.
Со сигурност би сакале просторот со кој располагате да биде максимално искористен, а притоа и практичен, функционален и убав. Поради тоа, наш совет е планирањето на кујната да им го препуштите на експерти за уредување, на архитект или советник во продажен салон. Тие со своето професионално знаење и искуство ќе умеат да ви понудат иновативни и корисни решенија, до кои инаку самостојно не би дошле. Пред да ја состават понудата, тие ќе ве посетат, детално ќе ја разгледаат и измерат кујната, а тогаш ќе поразговараат и за вашите желби и очекувања. Потоа, тие ќе направат скици, нацрти и идејни решенија. Откако ќе ги усогласите сите детали, дел од нацртите за мебелот по мерка ќе ги проследат кај столар или салон за мебел. Доколку се договорите, архитектот може и да го надгледува целиот проект, се до монтажата на елементите. Ви препорачуваме со архитектот да се договорите и за финансиите, особено доколку имате ограничен буџет. Вистинскиот мајстор на својот занает секогаш знае на што може да се заштеди. На пример, може да ви предложи отворени полици наместо висечки елементи или фиоки, или на пример фронтовите да бидат од ламинат, а не лакирани кои притоа се и многу осетливи, а и потешко се одржуваат; навистина има безброј примери за тоа.
Доколку се одлучите за кујна по мерка, можностите во смисла на боја, димензии, форма или материјал се скоро бесконечни.
Целата кујна ќе биде баш таква каква сте ја замислиле. Можете потполно да и се предадете на вашата имагинација, да смислите необични форми или елементи или пак да вградите нешто како камин, кој традиционално не е кујнски елемент и слично. Столарот може да ви направи мебел за целата мансарда според косината на ѕидовите и останати нестандардни површини, со што елементите ќе бидат точно прилагодени на било кој специфичен простор. Рачно работен мебел нарачуваат и оние кои сакаат се што имаат дома да биде совршено дизајнерски складно. Ова е особено важно кога станува збор за концепт на отворен простор, без преградни ѕидови, каде што кујната, трпезаријата и дневниот престој се најчесто споени, па се доживуваат и како целина. Доколку сите нацрти за мебелот и покуќнината се направени од страна на архитект, столарот многу лесно ќе го направи финалниот производ. Таквата кујна ќе биде сосема уникатна, потполно прилагодена на онаа што го сакате, а притоа стилски и по димензии перфектно вклопена во просторот кој ви е на располагање. Покрај тоа, таква кујна нема да има никој друг.
Сериските кујни, дизајнирани од страна на некој познат бренд може да бидат квалитетни, практични и во главно се со приступачни цени. На пазарот во денешно време може да се најдат сосема различни кујни по неверојатно различни цени. Фабричките кујни може да се прилагодуваат само до некој степен. Најчесто можете да бирате само елементи, компоненти, фронтови, пулт, рачки, шини, осветлување и слично. Доколку се одлучите за ваква, брендирана кујна, ќе заштедите малку време и трошоци, бидејќи нема да ви бидат потребни нацрти од архитект, а секако нема да има потреба да чекате на ред кај добар столар. Во денешно време специјализираните продажни салони со самото купување нудат и професионална помош, како и компјутерско проектирање на кујната. Тие ве водат низ целиот процес и ви обезбедуваат монтажа. Ако кујната ја нарачате кај столар, голема е веројатноста да се случи одлагање на испораката. Кујните од салон пристигаат кажи-речи за шест недели. Квалитетот на сериски изработените елементи често може да биде и подобар од рачно изработените. Се разбира, тоа многу зависи од ценовната класа на кујната, иако истото се однесува и за столарот. Цената зависи од изборот на материјал и тежината на изработката. Во фабрика, сите производни фази вклучуваат врвни експерти во поединечни технички или дизајнерски области, а нивната задача е да ги разработат сите детали, а производот да го направат што подобар и што по посакуван. Фабричко производство на кујни е покомплексно и поквалитетно бидејќи се одвива со помош на високоспецијализирани машини, апарати и опрема во производствени линии, кои занаетчиите столари ретко може да си ги дозволат. Покрај тоа, секоја од произведените компоненти се тестира со цел да се одобри гаранција. Сериски произведената покуќнина во принцип е поевтина од рачно изработената. Во столарска работилница секое парче поединечно се прави, за што треба многу труд и работа, а и време. Покрај тоа, столарот купува помалку материјал, а со самото тоа го плаќа и поскапо. Се вкупно се смета дека фабричките кујни се поевтини за околу 30%.
Направете си контролен список на уреди, апарати и опрема кои ќе ви се потребни за да ја комплетирате кујната.
За да направите тлоцрт на кујната потребно е да имате познавање и ориентација во просторот кој ви е на располагање. Околу тоа може да ви помогне архитект, експерт за ентериер или советник од продажен салон, кои покрај прецизниот цртеж, ќе ги внесат и мерките.
Најважниот дел за правење нацрт се детални и прецизни мерки на сите димензии, бидејќи од нив зависат сите идни чекори. Покрај тоа, со тоа се спречува појава на проблеми кои, во спротивно, касно ќе ги видите и тешко да се поправат. За таа цел потребни се цртежи на сите ѕидови, прозорци, врати како и радијатори и останати неподвижни предмети, точна положба на одвод и довод на водата, штекери и прекинувачи. Откако ќе се исцрта се, следува мерење.
Вкупната должина на кујната за двочлено семејство треба да биде минимум 3м, а за секој член повеќе, се пресметува плус 50цм. Фрижидерот зазема 60 цм, грејната плоча или шпоретот исто така 60 цм, а толкав е кујнскиот мијалник. Помеѓу шпоретот и мијалникот треба да има минимум 40 цм растојание, колку треба да биде и од ѕидовите и од висечките елементи. Просечните работни плочи се околу 90 цм.
Основното правило при планирање на кујната вели дека вкупната оддалеченост на фрижидерот, мијалникот и шпоретот не треба да преминува 660 цм и дека тие треба да бидат поставени во т.н. „работен триаголник“ – патека по која се движите при готвење.
Висечките кујнски елементи треба да бидат на околу 50 цм над пултот. Кујнскиот аспиратор треба да биде 60 цм над грејната плоча или шпоретот или дури и 80 цм, доколку се готви на плин. Мерено според подот, растојанието помеѓу кујнски елементи или низата од елементи и ѕидот треба да биде околу 100 цм. Кујнската маса треба да биде на растојание околу 140 цм од останатите елементи.
Работната плоча обично се поставува на висина измеѓу 87 и 92 цм, што во најголема мерка зависи од самите корисници. За луѓе во инвалидска количка најдобра висина е помеѓу 70 и 80 цм.
При планирање на кујната потребно е да се земат во предвид карактеристиките на просторот кој ви е на располагање и оптималната положба на кујната во самиот.
Ова е наједноставниот распоред на елементи и најоптимално решение за помали кујни, од причина што не се губи на функционалност и ефикасност. Линиска кујна е составена од елементи поставени покрај еден ѕид. Се редат само долни, или и долни и горни елементи. Иако во овој случај примената на класичен кујнски триаголник е невозможна, фрижидерот се поставува на едниот крај, шпоретот или грејната плоча и фурната во средината, а мијалникот сосема на другиот крај од редот. Доколку висечките елементи не се до таванот, искористете го тој простор за чување предмети кои најретко ги употребувате. Таму можете да ставите и украсни предмети, поголеми садови, книги, саксии со ползавци или зачини – со еден збор, се онаа што би го оплеменило просторот.
Ваквата кујна е составена од два реда елементи поставени на спротивни ѕидови. Ваквата поставеност на компонентите овозможува искористеност на секој расположив милиметар. Едноставното поставување истовремено значи дека се потребни помалку елементи, а со самото тоа и помалку пари. Кога има доволно простор, на едната страна се поставуваат елементите, а на другата белата техника, уреди и апарати. Со ваквиот распоред се избегнува судирање, доколку повеќе лица работат во кујната истовремено.
Практичен распоред, особено за помали и поголеми кујни, има елементи поставени на два соседни ѕида; а во праксата тоа се вика L кујна. Иако спојот на ѕидовите имаат прав агол, што не е најдобар избор, од причина што елементите треба да се прават по нарачка, отворен дизајн кујна во форма на буквата L нуди бројни можности за поставување на елементи и работни површини. Доколку димензиите на аголот дозволуваат, најдобро е тука да се смести висок елемент за складирање, со што се заштедува простор на другата страна. На едниот или на другиот крај, може да се постави дополнително место за јадење; што ќе биде практично решение, а и убаво катче за семејно собирање.
Ваквиот кујнски распоред е одличен за поголеми кујни, од причина што е составен од три реда елементи, по должината на три ѕида. Тука има многу простор за складирање и чување на садови, прибор и намирници, иако може да изгледа и претрупана и тесно затоа што на сите ѕидови има висечки елементи. За да го избегнете таквиот впечаток, ви препорачуваме барем на едната страна да нема висечки елементи, туку да биде празна или со отворени полици. Доколку постојат прозорци, не поставувајте ништо околу нив. Во овој вид кујни може да се направи работен триаголник со идеален размер на работната површина на секоја страна, што овозможува работа и престој на повеќе луѓе во исто време.
Кујна со остров на средината е омилен избор на луѓе кои се одлучуваат за концепт на отворен станбен простор, бидејќи во неа може да се сместат и повеќе работни површини, а островот може да се користи за складирање. Кујнскиот остров најчесто има шпорет или грејна плоча, мијалник или машина за садови, бар и ладилник за вино. Може да се употребува и само за готвење и ручање, доколку повеќе преферирате така. За волја на вистината, за таков распоред на елементите кујната мора да биде поголема, за да може повеќе луѓе да престојуваат или да работат во неа. Островот може да биде место за работа и дружење со семејството и пријателите, доколку околу него се сместат повеќе лица додека се подготвува јадењето. Поради централната положба, островот е идеално место и за украсно осветлување кое воедно ги осветлува и работните површини.
Полуостров во кујната е слично како остров, само што во ваквата ситуација островот се потпира на еден ѕид. Преставува одлично решение за помал простор бидејќи зазема помалку место, а ги има сите предности слични на оние што го карактеризираат кујнскиот остров. Полуостровот може да се употребува за подготовка на храна, јадење, готвење или миење на садови. И околу него, исто така е можна интеракција на повеќе луѓе. Во помала затворена кујна, доколку тргнете еден или повеќе ѕидови со што ќе го отворите просторот кон дневната соба, ќе добиете функционална кујна со доволно место за складирање.
Инспирација за својата нова кујна можете да добиете преку печатени или електронски публикации, но и со собирање слики од онаа што би сакале да го имате во вашата кујна. Направете своевиден колаж од елементи, детали, дезени, материјали, делови на мебел и слично, што ќе ви послужи како основа за идеен проект.
Откако точно ќе знаете како ќе изгледа вашата идна кујна, ги имате сите планови и нацрти, време е да повикате професионалец.
Доколку нарачате брендирана кујна во салон, вработените таму ќе се погрижат за нејзина испорака и монтажа. Доколку немате договорено монтажа или сте купиле кујна по принципот на стоковни куќи ИКЕА, ви препорачуваме за составување и монтажа да повикате искусен столар или мајстор. Во спротивно може да се случи одлична кујна да излезе многу лоша. Пред самата монтажа треба да се погрижите за водоводните и електричните приклучоци.
Меѓутоа, ако сепак се одлучите да нарачате кујна кај столар, мора да бидете сигурни дека сте избрале способен мајстор. Ви советуваме да изберете барем три приближни понуди од различни занаетчии, за да можете да ги споредите. Проверете ги нивните референци и препораки, а работата осигурете ја со договор во кој ќе бидат прецизирани материјалот, квалитетот, детали околу работата, цена, рокови на испорака и начин на исплата. Столарот ќе си направи своја работна скица, согласно нацртот (без разлика дали е ваш или изработен од страна на архитект). Притоа, многу е важно столарот да го повтори мерењето, без разлика на тоа кој ги правел плановите. Врз основа на процената, мајсторот нарачува материјал и започнува со работа. На крајот, столарот е тој што треба да испорача, состави и монтира се што направил.
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Изработка на кујна и тв комода
Потребна изработка на кујна и тв комода 25 см x 30 см × 175 см. Корпус од оплеменета иверица, видлива страна мат медијапан.
во прилог слика со скица
96862.5 € до 161437.5 €
Izrabotka na kujna so ostrov
Potrebno mi e izrabotka na kujna vo "Г" dimenziite se 500 cm x 280 cm, isto sakam da ima i ostrov vo sredina so dimenzii od prilika 250 cm x 70 cm.
Vo prilog vi isprakjam sliki kakva ja zamisluvame kujnata, bojata de bide ista kako na primerite, maslinesto zelena, ostrovot koj so e vo primerot ke go izmenime, nema da bide takov.
66420 € до 110700 €
Изработка на шанк со маса
Потребно е изработка на шанк со маса со механизам поврзан на шанкот . Оквирни димезии на шанкот 140 см х 50 см ( внатрешен дел -маса 120 см х 30 см )
во прилог линк како да изгледа.
https://www.instagram.com/p/C3v8UGvyxL3/?igsh=dmNubXVpMWs5bjcy
8302.5 € до 13837.5 €