Колку чинат собните врати? Вратите за лизгање се движат помеѓу 150 и 750 евра во зависност од видот, начинот на отворање и материјалот. Цената на фурнирана собна врата со рамка е некаде помеѓу 100 и 200 евра. Лизгачките врати на ѕидот се секогаш поскапи, оние што влегуваат во ѕидот се уште поскапи, а најскапи се вратите од калено стакло. Најмалку што ќе платите е ПВЦ собна врата со стандардни димензии, чија цена е околу 100 евра. Најскапи, секако, се АЛУ собните врати кои чинат околу 500 евра.
Кому да ја доверите изработката или набавката на собните врати? Пратете барање до соодветните и оценети производители и добавувачи на внатрешни врати во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
При изборот на материјал на располагање ви се дрво, алуминиум и ПВЦ, како и нивна комбинација со стакло, па можете да изберете сосема по ваша волја. Материјалот за врати бирајте го во исто време кога бирате и материјал за подот (паркет или ламинат) и внатрешните ѕидови, бидејќи така најдобро ќе ги усогласите боите, материјалите и дезените, меѓусебно да се дополнат и сложат. Дрвото може да биде јавор, бреза, смрека, махагон, бука, храст итн. понатаму, тука се комбинации дрво-стакло, дрво-алуминиум и стакло-алуминиум.
Дрвото е најпогоден материјал за собни врати. Со самото тоа што е природен материјал оддава чувство на добредојдено и топлина, што е доволно за да го изберете. Постојат дрвени врати во безброј бои и нијанси, дезени и рамки, па само треба да ја најдете онаа по ваш вкус, што и да барате. Постојат и фурнири, лакови, масла и премази. На крај, вратата може да биде класична или масивна.
Масивната собна врата се изработува од трислоен, попречно лепен панел со дебелина до 4 цм. Покрај попречно залепените панели може да се употребат и други елементи – лепени фурнирани слоеви, даски или летвички.
Собната врата со фурнир преставуваат спој на изглед на масивна врата и леснотија на дрвеното крило. Изборот на фурнир е исто толкав како и видови дрво, но за најдобри важат дабот и оревот, првенствено поради цврстината и отпорноста. Всушност, фурнирана врата е дрвена врата, прелепена со специјална фолија која дава модерен и елегантен израз, а го олеснува одржувањето.
Комбинацијата на дрво и стакло е многу чест избор, бидејќи го збогатува изгледот на вратата, а и просторот. Стаклените панели вметнати во дрвена врата овозможуваат подобро осветлување, дури и кога вратата е затворена, па од таа причина се и најпродавани собни врати. На нив стаклото секогаш е квалитетно и заштитно, од различен вид и со разни дезени.
Стаклената врата има посебна намена, односно, онаму каде што треба визуелно да се направи премин или е потребно повеќе природна светлост, но така што вревата и промајата да останат од другата страна. Во принцип се бира помеѓу класична врата со вградена стаклена површина која може да биде од страните или над вратата (т.н. над светло) или врата која е целосно стаклена. Од безбедносни причини ваквите врати се произведуваат од калено стакло, а дополнително може да се пескари, бои, гравира или да се излепи со фолија за визуелно да го добие саканиот ефект.
Алуминиумот многу често се употребува за изработка на влезни, надворешни врати поради цврстината и безбедносната заштита. Толку силен материјал за собна врата не е потребен, особено затоа што е поскап во споредба со дрвото. Меѓутоа, алуминиумот многу често се употребува како рам за стаклена лизгачка собна врата.
Иако дрвото оддава домаќински амбиент, топлина и пријатност во секој простор, факт е дека е поскап материјал од ПВЦ-то. Од таа причина собните врати од вештачка маса (ПВЦ) се сѐ попопуларни. Едноставно се монтираат и одржуваат, полесни се, достапни во многу димензии, форма и вид. Со помош на разни бои, премази и декоративна фолија може да се постигне да личат на вистинско дрво. Засебно се изработуваат и рамките за ПВЦ вратите на начин лесно и бесшумно да се отвораат и затвораат. За сметка на ниската цена на вештачката маса од која е направена самата врата, додатоците за неа може да бидат бројни или поскапи; противпожарна заштита, форма, боја и слично.
Пластиката(ПВЦ) е еден од материјалите кој најчесто се употребува за преклопна собна врата. За истите филцот се употребува како додаток од внатрешната страна за подобра звучна и топлотна изолација.
Трет важен фактор за избор на собна врата, после изборот на материјал и димензии, преставува изборот на начин на затворање. За начинот на движење на вратата одлучувате врз основа на распоредот на просториите, односно, расположив простор, како и по предметите кои се наоѓаат во таа просторија, на начин што ќе можете слободно да се движите, да ја отворате и затворате вратата, а притоа таа не да удара во ѕидовите или предметите.
Крилните собни врати се најчест избор за станови и куќи. Имаат едноставен систем за отворање и затворање со помош на квака. Доколку се одлучите за ваква врата имајте ги на ум и големината на просторот и пречките, бидејќи едно крило зазема прилично место. Мебелот или положбата на собната врата може да го спречи нејзиното потполно отворање. Неопходен елемент е рамот за кој е прицврстена вратата. Рамот може да биде со ширина помеѓу 85 и 175 мм, а може да се прошири и до 300 мм. Вратата се движи со помош на шарки на кои е монтирана. Најчест материјал за крилна врата е комбинација на дрво со стакло. Повеќе информации околу материјалите ќе најдете во продолжение.
Лизгачка собна врата е соодветна за помали простории, односно такви во кои поставување на крилна врата ќе значи уште помал простор. Од таа причина лизгачката врата е најдобро решение за тесен стан вој ионака има малку слободен простор. За лизгачките врати важи правилото дека се потивки во споредба со обичните, крилни врати, а достапни се во безброј дезени со многу атрактивен изглед. Лизгачката врата се движи по должината на шини.шините може да бидат над вратата – висечка лизгачка врата или оковот може да биде и над и под вратата. Лизгачката врата може да се отвора директно во ѕидот или покрај него. Единствен недостаток им е што послабо звучно и термички ја изолираат просторијата, особено онаа која оди по ѕидот.
Хармониката се отвора и затвора со преклопување. Во последно време се почесто се среќаваат вакви врати во современи куќи, кои служат како преградни ѕидови или преграда помеѓу кујната и трпезаријата за да се спречи ширењето на мирис од кујната. Хармоника собна врата не бара никаква посебна монтажа, ниту пак има ограничувања во поглед на димензиите. Може да се постават дури и до 18 м ширина.
Кваките на вратите не се само функционален елемент, туку и естетски. Кваката се бира според материјалот, формата, тип и стил на вратата. Најчесто се изработени од алуминиум, месинг, не‘рѓосувачки челик, ПВЦ и се почесто од дрво. Според формата разликуваме Л-профил и топче, и тие може да бидат фиксни или да работат. Округли кваки најчесто се употребуваат за влезни врати за да го забават отворањето, а со тоа да бидат и побезбедни. Уште постојат и едноделни (со штит) и дводелни (со розетка), кваки кои имаат пеперутка-механизам, кваки со отвор за клуч и цилиндар, кваки со маска и рачка, квака со браници и забавувачи и т.н.
Рамовите за врати се вградуваат во ѕидниот отвор за вратата заедно со носачите на кои се закачува крилото. Рамот е и технички и естетски елемент и треба да биде во склад со крилото, да биде отпорен на механички оптоварувања, влага и промени на температурата. Најчесто рамовите се изработуваат од полно дрво или иверица, иако ги има и ПВЦ, АЛУ или комбинација на овие материјали.
Моментално се во мода скриени рамови-такви што се рамни со ѕидот и крилото на вратата. На тој начин се гледа само работ помеѓу вратата и ѕидот, а рамот потполно е сокриен со малтер или гипс картон. Алуминиумските рамови и носачи се поставуваат пред да се вароса ѕидот, така што молерот може убаво да ги израмни и обработи сите рабови да не се гледаат.
Стилот го бирате според изгледот кој сакате да го постигнете и естетската усогласеност со просторот и стилот на вратата. Најпрво размислете за окружувањето, просторот каде ќе биде поставена вратата: дали куќата е нова или стара? Класична или модерна? Станбена или деловна? Какви материјали и бои преовладуваат? Дали сакате вратата да биде скриена или да доминира? Висока или широка? Одговорот на секое од овие прашања малку ќе го намали вашиот избор, додека не ја пронајдете вистинската.
Класичните врати имаат јасно видливи рамови, орнаменти, витражи и слично. Што може да делува како да влегувате во дворец. Модерните врати се посмирени, со акцент на чиста и едноставна линија. Во знак на модерниот минимализам, постојат врати кои се сосема безлични, компактни со скриени носачи, бидејќи акцентот е само на површината која може да биде неутрална или богата текстура со графички форми. Со сигурност нема да погрешите доколку прво се посоветувате со архитект за ентериер или ако нарачате врата по мерка.
Противпожарната врата се употребува за простории во кои сакаме да спречиме ширење оган, односно, да го забавиме пожарот. Можете да изберете челична, алуминиумска или дрвена противпожарна врата. Таквата врата мора постојано да биде затворена за да се спречи и ширење на чад. Обична противпожарна врата штити од пожар во просек 30 минути (EI30), а постојат и поскапи кои штитат и до 90 (EI90). Кога купувате ваква врата, обрнете внимание на етикета за идентификација на која мора да бидат наведени сите технички податоци и спецификации: орган од чија страна е издаден сертификатот, траење на заштитата, произведувач и број на документот.
Пред купување и монтирање на собна врата, мора да се прецизираат нејзините димензии. За ширина се смета целиот ѕиден отвор. Ширината на собната врата се разликува според намената на просторијата. Санитарните простории како бањи и тоалети, или сервисни простории како остави или сушари имаат обични собни врати со ширина од 75-80 цм, а останатите соби може да имаат врати широки и до 120 цм. Врата низ која треба да минува количка за инвалиди треба да има ширина најмалку 90 цм.
Монтажата на собни врати е постапка која бара прецизност како вратата би се движела без застој, без паѓање на крилата или пукање на рамот. Најпрво се врши проверка на отворот во ѕидот, кој мора да биде рамен и прав, поширок за 3-4 цм и 1-2 цм повисок од надворешните димензии на рамот на вратата. Во подготвениот отвор се поставува рамот во правилна положба и се фиксира со дистанцери и летвички. Потоа се местат крилата, се пополнува растојанието помеѓу ѕидот и рамот со материјал за изолација, најчесто пур-пена. Откако ќе се стегне пената, се сече вишокот и се закачува крилото на шарките; на крај се монтираат кваките и клучалката.
Доколку сакате нешто специјално, поинаква врата од оние во продажните салони, дали по изглед, димензии, начин на отворање, тогаш најдобро е да нарачате по мерка. Опишете му ја столарот вашата идеа, дајте му скица или слика. На тој начин нарачаната врата ќе бие сосема во склоп на вашиот простор и идеи. Само препуштете се на вашата фантазија.
Поради честата употреба, оптоварување или влага, вратата може да се расипа. Крилото на вратата може да се искриви или да падне од шарките, шарките да почнат да чкрипат, рамот да набабри, металните делови да р‘ѓосат и друго. Во такви ситуации потребна е поправка. Мајстор ќе се погрижи за поправка на дрвена или лизгачка врата, квака, подмачкување, изолација, резервни делови, скршено стакло и слични помали поправки. Доколку ништо од тоа не помага, размислете за нова врата.
Цените на собните врати зависат од димензиите, начин на отворање, технолошките услови, материјалот и произведувачот. Најевтини, по правило се ПВЦ собните врати, но на таа цена треба да се додаде трошокот за монтажа.
ПВЦ вратата ќе ве чини најмалку и таа се движи од 150 до 300 евра. Дрвените собни врати се скоро 100% поскапи и се движат помеѓу 350-700 евра. Најмногу треба да платите за алуминиумска врата бидејќи може да чини и до 1.000 евра.
Масивна собна врата чини од 300 евра па до 600 евра во зависност од видот на дрво, работата, носачите и останатите карактеристики. Фурнирана собна врата се движи од 250 и 650 евра за врати во модерна варијанта и престижни компании.
Цената на ваквите собни врати се движи од 450 до 750 евра, во зависност од видот, начин на отворање и материјалот. Обично, лизгачка врата со калено стакло е поскапа.
Хармоника или преклопни врати во главно се поевтини. Тие се користат како преградни ѕидови, а крилата обично се пластични. Цената на ваквите собни врати се движи помеѓу 45 и 200 евра. Најевтини се ПВЦ преклопните крила од 45 евра, тогаш доаѓаат пластични крила со имитација на дрво (бука) кој чинат околу 100 евра, додека најскапа варијанта е имитација на алуминиум и чини околу 200 евра.
Вид на врата | Материјал | Приближна цена |
Крилна врата | ПВЦ | 150-300 евра |
Дрво - фурнир | 250-650 евра | |
Полно дрво | 350-700 евра | |
АЛУ | до 1000 евра | |
Дрвена собна врата | 450-750 евра | |
Хармоника врата | ПВЦ | од 45 евра |
ПВЦ имитација на дрво | од 100 евра | |
ПВЦ имитација на алуминиум | од 200 евра |
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Изработка на лизгачка врата од стакло во дневна соба за отвор кон кујната
Потребно е да се направи стаклена врата на клизачи, по можност да се скриени. Димензии се оквирни 200 см х 80 см . 22140 € до 36900 €
Изработка на собни врати
Потребно е да се изработат и наместат собни врати со димензија 200 см х 85 см внатрешни димензии. Количина, 3 комада 49815 € до 83025 €
Обична собна врата, да се пренамени во лизгачка врата
Постоечка обична собна врата да се пренамени во лизгачка врата со оквирна димензија 210 см х 80 см 5535 € до 9225 €