За реон

    Изнајмување комбе, камион Цена

    Колку чини да се изнајми комбе или камион? Изнајмувањето на транспортни возила се пресметува по час на работа или на ден. Можете да изберете или краткорочно или долгорочно изнајмување. Кога изнајмувате камион, земете ја предвид неговата носивост и дали поседувате соодветната возачка дозвола. Изнајмувањето обично се плаќа на час, а тоа е околу 40 евра/ден. Патничко комбе обично има 9 седишта, а изнајмувањето вклучува и плаќање на осигурување, кое обично изнесува од 25 до 40 евра/ден.

    Кому да се обратите за изнајмување на комбе или камион? Пратете барање до соодветните и оценети понудувачи на транспортни и патнички возила во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Наем на комбе


    Изнајмување на патничко или товарно комбе. Товарно комбе со носивост до 1,5 тон, наменето за селење. Патничко комбе со 9 седишта. Изнајмување на комбе подразбира и плаќање на осигурување.

    22.00 €/ден

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/ден

    СРЕДНА ЦЕНА
    33.60 €/ден

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Изнајмување на комби, камион

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Изнајмување на комбе - се што треба да знаете

    1. Изнајмување комбе – што се треба да знаете?

    Потребен ви е превоз за патници или поголема количина материјал, а со својот автомобил не можете да го извршите превозот бидејќи нема доволно место? Во такви ситуации можете да се одлучите за изнајмување на патничко или товарно комбе. Најголемата предност при изнајмување комбе е тоа што и патничкото (за 9 лица вклучително со возачот) и товарно (вкупна носивост до 3,5 тона) можете да го возите со возачка дозвола Б категорија, која веќе ја поседувате за вашиот автомобил. При тоа, патничкото возило покрај патниците може да превезе и околу 1,5 тона товар. Во овој текст ќе се осврнеме на процедурата за наем и некои клучни информации околу тоа.

    Изнајмување комбе
    Во зависност од потребата, можете да изнајмите патничко или товарно возило со соодветна големина и капацитет

     

    2. Изнајмување

    Изнајмување на возило воопшто не е комплициран процес. Нормално, најпрво треба да знаете каков вид возило ви е потребен – патничко или товарно – а од тоа зависи и цената.

    2.1. Карактеристики на патничко и товарно комбе

    Постојат комби возила со различна големина и различни карактеристики. Законски е дозволено комбето да биде со вкупна маса од 3,5 тона, а тоа значи дека толку може да тежат заедно возилото, товарот и патниците. За да го управувате потребна ви е возачка дозвола Б категорија, иако некои компании имаат задолжително тест возење или пак во цената е пресметана и куса обука, од причина што возењето на комби малку се разликува од возење на автомобил.

    2.2. Договор

    Пред да го преземете возилото, треба да потпишете стандарден договор за наем. Секоја компанија, покрај општите услови (поголем дел од нив бараат возачот да има навршени најмалку 21 година и најмалку 2 години возачко искуство, а останатото се однесува на задолжително осигурување и настанување, односно, надополнување за штета) и некои посебни. На пример, посебни услови преставуваат изнајмување најмалку за 24 часа, при што почетната цена е  25 евра, се толерира 60 минути задоцнување или се плаќа во целост наредниот ден, целосно осигурување кое чини околу 10 евра/на ден или обврзувачки депозит кој се движи од 300 до 1.500 евра; километражата по Македонија обично  е неограничена,  но постојат и компании кои дозволуваат 200-300 км дневно, а пречекорувањето се наплаќа 0,10-0,20 евра/км. Казнените одредби во главно се однесуваат на враќање на возилото во несоодветна состојба (празен резервоар, нечисто возило и слично) или случаи на невнимание, оштетувања, незгоди и кражби, а сето тоа се наплаќа дополнително по истекот на наем.

    2.3. Најскап наем

    Цените помеѓу различни понудувачи се разликуваат помалку или повеќе, како и општите и посебни услови (за физички и правни лица, попусти и слично), но, секогаш најмногу зависат од големината на возилото, како и времетраењето на изнајмување. Бројот на патници или количината на товарот и километражата се наплаќаат дополнително. Цената може да варира и поради сезоната, од причина што за време на годишните одмори побарувачката е поголема. Доколку не сте возач или немате доволно искуство. Постои можност за ангажирање на професионален возач, а тоа пак повлекува дополнителен трошок. Возилото го преземате во експозитурата или на договорена локација. Многу ретко некоја агенција да изнајмува возило по час, а тие кои тоа го прават наплатуваат од   15-20 евра/ч.

    3. Рентирање на комбе, камионет и камион

    3.1. Товарно комбе

    За превоз на градежен материјал или поголеми делови мебел, секогаш се препорачува изнајмување на карго комбе. На тој начин ќе заштедите на време и број на кругови, а за нерви и да не зборуваме. За селење може да ангажирате и професионален сервис и така, исто да заштедите. Треба да се води сметка при товарење, товарот да биде рамномерно распореден и заглавен, како и тоа да не поминува преку 1,5 тони. Изнајмувањето на товарно комбе се движи помеѓу 30 и 40 евра дневно.

    3.2. Патничко комбе

    Можност за изнајмување на комбе за превоз на патници може да биде патување во странство, летување или некој поголем настан како што се родендени, свадби, концерти и слично. Ваквите возила се наменети за превоз на 6 до 12 лица од што зависи и цената. Цената обично се движи помеѓу 45 и 75 евра/на ден. Со возилото секогаш може да барате и професионален возач.

    3.3. Камионче

    Постојат камиончиња со носивост до 3,5 тони и согласно Законот за сообраќај со нив може да управувате доколку имате возачка дозвола од Ц1 категорија. Ваков, помал камион може да ви затреба за превоз на т.н. растурен или груб товар кој може сам да се оштети или да го оштети возилото, или пак поради габаритот не може да се превезе на друг начин. Поради тоа, најголемо внимание при товарењето мора да се посвети на осигурување на товарот. Изнајмување на помал камион е поевтино од изнајмување на комбе и се движи помеѓу 25-35 евра/на ден.

    3.4. Товарно возило

    Изнајмување на поголем камион, односно товарно возило е потежок, од причина што мора да поседувате соодветна возачка дозвола. Ви советуваме во ваква ситуација заедно со камионот да ангажирате и професионален возач, бидејќи само така ќе бидете сигурни дека вашиот товар ќе пристигне на посакуваната дестинација. Постојат превозници кои воопшто не изнајмуваат камион без возач. Од причина што товарните возила значително се разликуваат, било по големина или носивост, а и по намената, па така и цената ќе варира во зависност од видот на товар. За да знаете точната цена, пратете барање со точен опис на товарот, како и маршрутата, кај нашите соработници на Daibau.mk, а тие ќе во одговорат со понуда.

    4. Што е потребно?

    Изнајмување на возило воопшто не е комплицирана работа. Во денешно време на интернет постојат безброј понудувачи на разни видови стока и услуги, со што сигурни сме дека многу брзо ќе најдете онаа што го барате. Возилото треба да се резервира, да се договорите околу дополнителните услови, како и место на преземање. Кога ќе го преземете возилото потребно е со себе да ја носите возачката дозвола и личната карта или пасошот, како и кредитна картичка или готовина за депозит.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изнајмување комбе фургон за превоз на товар

    Потребно ни е комбе фургон да 3.5т за управување со Б категорија носивот до 1500кг. Комбето ке се користи во регионот на Струмица но ќе се употребува и на релација Скопје-Струмица. Потребното време за изнајмување е 60 дена. 94095 € до 156825 €

    ........



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Изнајмување на комби, камион?

    Изнајмување на комби, камион ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    9+ КОМПАНИИ ЗА Изнајмување на комби, камион
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА