За реон

    Влезни врати Цена

    Колку чини влезна врата? Цената на влезните врати зависи првенствено од тоа дали ја купувате готова или ви треба нарачка по мерка. Во двата случаи важни се пред се ,следните фактори: димензиите и материјалот (алуминиум, не‘рѓосувачки челик, ПВЦ, дрво), но и понудувачот. Меѓу најевтините се ПВЦ влезните врати и за нив треба да платите помеѓу 250 и 750 евра. Цените на дрвените влезни врати се движат помеѓу 650 и 1.050 евра. Алуминиумските влезни врати се малку поскапи - помеѓу 800 и 1.500 евра, додека комбинацијата од дрво и алуминиум чини 1.000 и 1.500 евра.

    Кому да ја доверите набавката и монтажата на влезна врата? Испратете барање до соодветните и оценети произведувачи и добавувачи на влезните врати во вашата област - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на ПВЦ влезна врата


    Цената за набавка и монтажа на ПВЦ влезна врата, 100x210 цм со термо и звучна изолација.

    450.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    720.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Влезна врата

    ПВЦ влезни врати


    Колку чинат ПВЦ влезните врати? Цените на ПВЦ влезните врати се разликуваат според тоа дали имаат ил...

    Проверете и: ПВЦ влезна врата Цена

    Алуминиумска влезна врата


    Колку чинат алуминиумските влезни врати? Цените на алуминиумски влезни врати се разликуваат според в...

    Проверете и: Алуминиумска влезна врата Цена

    Дрвена влезна врата


    Колку чинат дрвените влезни врати? Цените на дрвените влезни врати се разликуваат според видот на др...

    Проверете и: Дрвена влезна врата Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Влезна врата - што се треба да знаете

    1. Влезна врата – што се треба да знаете?

    1.1. Безбедност на вратата

    Влезната врата преставува пристап до внатрешноста на куќата или станот, па од таа причина мора да биде и заштита на истата. Влезната врата овозможува безбедност на домот и домашните тогаш кога е направена од цврст и издржлив материјал и кога се затвора и заклучува на соодветен начин. Современите техники и технологии во денешно време овозможуваат заштитата на преминот да не биде само класично затворање со клуч, туку и практично електронско заклучување со помош на картичка, кодови, телефон или отисок на прст. Предност на електронските брави е контрола и надзор – прецизно снимање на влезови и излези, поголема безбедност, долготрајност и помала можност за несакани настани. Доколку го изгубите клучот ќе морате да ја замените целата брава и целиот комплет постоечки клучеви, а доколку ја изгубите картичката доволно ќе биде само од системот да ја избришете дозволата за пристап/ поради сите овие предности, покрај повисоката цена, се повеќе луѓе се одлучуваат за електронска брава.

    Влезна врата
    Влезната врата го дава првиот впечаток за нечиј дом и е симбол на сигурност

    1.2. Термоизолација на вратата

    Влезната врата, како и останатите елементи на столаријата, многу влијае на енергетскиот биланс. Дали вратата ќе биде добар топлински изолатор зависи од изборот на материјал од кој е направена, нејзината дебелина како и начинот на монтажа. На пазарот сега постојат врати кои овозможуваат загубата на топлина да биде на минимално ниво, но истата мора да биде монтирана на начин кој се користи кај пасивните куќи, односно вредноста мора да биде помала од Ud = 0,8 W/m2K. Толку висока изолативност се постигнува со посебно полнење на вратните крила и со самата дебелина. Сепак, влезната врата и понатаму е една од најслабите точки на изолација на куќата или станот, особено поради атмосферски влијанија, па затоа мора да се обрне внимание на тоа.

    1.3. Звучна изолација

    Звучната изолација на влезната врата исто така е значителен  фактор на квалитетот на живот во куќата или станот. Покрај материјалот и дебелината на вратата, на степенот на изолативност големо влијание има и самиот квалитет на вратата како и начинот на монтажа, односно, непропустливост на слоевите околу вратата.

    1.4. Противпожарна заштита

    Противпожарна врата го спречува ширењето на пожарот во домаќинството или помошните простории. Најчесто ги има во јавни или деловни проекти, но и во станбени простори таквата врата овозможува поголема безбедност. Сертифицирани противпожарни врати го задржуваат огнот најмалку 30 минути, а колку повеќе заштитни елементи има, толку подолго го штити домот.

    1.5. Изглед на вратата

    Влезната врата треба да биде во хармонија со изгледот на целата куќа или зграда, со што ќе го дополни или подобри истиот. Производителите и понудувачите на влезни врати настојуваат да ги има во што повеќе бои, форми, комбинација на материјали, модели и решенија за да може секој муштерија да најде нешто што одговара на неговите желби и можности. Доколку и покрај толкавиот и таквиот избор на фабрички врати не можете да го најдете она што го барате, секогаш можете да нарачате влезна врата по мерка.

    2. Избор на понудувачи и изведувачи на работи

    Без разлика дали станува збор за новоградба или реновирање, кога ќе барате соодветна влезна врата, ќе наидете на долг список на понудувачи и изведувачи. Конкуренцијата е многу голема. Како тогаш, да го изберете најдоброто?

    Модерна влезна врата
    Секој дом треба да има соодветна влезна врата

    2.1. Гаранција, гарантен рок

    Прв знак за квалитетна изработка е гарантниот рок. Понудувачите на квалитетни влезни врати даваат најмалку десетгодишна системска гаранција. Додека важи гаранцијата, вратата мора да биде без никакви визуелни или функционални недостатоци. Ваква долготрајност е овозможена со употреба на квалитетни материјали и изработка.

    2.2. Сопствени мајстори и обезбедена поддршка

    Квалитетна монтажа е исклучително важен фактор. Лошо монтирана врата може да ги поништи сите одлични карактеристики на вратата! Поради тоа е императив продавачот да има сопствени мајстори, а не да ангажира подизведувачи. Само на тој начин може да има точен увид и контрола на целиот процес на монтажа, до најситни детали како што се шрафовски и дополнителни елементи, а со тоа ќе гарантира и квалитет. Не помалку важно е да можете да добиете помош, доколку ви е потребна, навреме и брзо.

    2.3. Доказ за квалитет

    Квалитетот на работа се докажува со сертификати, односно, со соодветна документација која продавачот треба да ви ја достави на увид при склучување на договорот и да ви ја издаде по завршување на работата. Покрај техничката спецификација треба да постојат (во зависност од видот на вратата) и сертификати за безбедност, противпожарна заштита, почитување на еколошки стандарди и слично.

    3. Различни видови монтажа

    3.1. Според видот на објект

    Влезна врата на стан и по изглед и по цел се разликува од онаа на куќа.

    Влезна врата од куќа

    На пазарот постојат неверојатен број влезни врати, без разлика дали барате по стил, вид на модел или боја, па просто е невозможно да не најдете соодветна. Многу често влезните врати се стаклени или имаат странични стаклени површини или стакларник над вратата. Влезните врати за куќа во главно имаат и цврста структура и конструкција, како и подобра топлотна и звучна изолација, бидејќи се изложени на атмосферски прилики.

    Влезна врата од стан

    Становите генерално имаат помали и потенки врати во споредба со куќите, имаат поедноставна структура и обично се направени од еден материјал, иста боја и без стаклени површини. Бидејќи во станот не се влегува директно од улицата, туку од заеднички ходник и скалила, па затоа топлотната изолација е помалку важна отколку за куќа. За нив се поважни звучната и противпожарната заштита.

    3.2. Според материјалот

    Естетската и употребната вредност на вратата зависат од материјалот. Неограничени се можностите за комбинирање на материјали и бои со што може да се пронајде задоволително решение за секој стан. Сепак, секој материјал има свои добри и лоши карактеристики.

    Влезна врата од дрво

    Онаа што го нудат понудувачите како бенефит за дрвените врати е поврзано со еколошките стандарди и вклопување во природната средина. Дрвото само по себе е природен и топол материјал, така што во било која форма влијае поволно на микроклимата и пријатниот престој во просторот. Што се однесува до изолацијата, квалитетна дрвена врата не заостанува по ништо во споредба со останатите материјали. Обично се вели дека дрвените врати се понежни од останатите, но иако метеоролошките фактори не се релевантни, таквата врата може да трае со децении.

    Влезна врата од ПВЦ

    Исто така постојат безброј понудувачи и за врати од вештачки материјали. Во прилог им оди тоа што ПВЦ вратите се произведуваат побрзо и поедноставно, а и цената им е достапна. Притоа, овозможуваат одлична топлотна и звучна изолација, исклучително добро ги поднесуваат надворешните влијанија и лесно се одржуваат. Ви препорачуваме во овој случај да обрнете особено внимание при изборот на кредибилитетот на понудувачот (сертификати, гаранција, монтажа, сервис).

    АЛУ влезна врата

    Алуминиумот е најценет, нај отпорен и нај траен помеѓу материјалите кои се употребуваат за изработка на влезни врати. Се употребува самостојно или во комбинација со дрво, со што се дуплира можноста за визуелни варијации и употребени елементи. Најчесто ваквите врати се прават така што од надворешната страна која е изложена на атмосферски влијанија, се става алуминиум, а од внатрешната масивно дрво. Ваквите врати, се разбира, се меѓу најскапите; високата цена ја оправдува и очекуваната долговечност како и непроменет изглед.

    4. Влезни врати/стилови/трендови

    4.1. Стакло

    Повеќе стакло секогаш значи и повеќе светлина! Може да се каже дека последниве години тоа е ултимативен тренд. Можноста за комбинација на стакло и други материјали овозможува неверојатен број за многу интересни решенија, како за самата врата, така и за начинот на нивното вклопување во просторот.

    4.2. Бои

    Може да се каже дека е вообичаено класичен начин на размислување е дека вратата треба да се совпаѓа со остатокот од покуќнината. Похрабар и се по популарен начина на гледање на работите е дека вратата и целиот влезен дел треба што повеќе да се нагласат, односно, да се акцентираат со боја. И тоа што повеќе, што похрабро, толку подобро! Колку подрзок стил толку помодерно!

    4.3. Чисти линии

    Чисти, намалени и едноставни линии преовладуваат над традиционалните стилови. Чиста геометрија, рамни површини, минималистички израз.

    4.4. Големи димензии

    Голема врата оптички го зголемува целиот влез и проток на светлост. Поголема, всушност, поширока влезна врата е и пофункционална, бидејќи низ неа полесно може да се внесуваат и изнесуваат работи, да помине количка и така натаму.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Алуминиумска влезна врата за куќа

    Сакаме алуминиумска влезна врата за куќа со отвор 2 метра висина и 1 метар должина. Ќе е потребно да се стави слепа каса. Покрај ова сакаме вратата да е на нула во однос на самата каса, да не е вовлечена. Во аспект на дизајн генерално ни се допаѓаат со голема рачка за отварање. Погледнете ги прикачените слики 44280 € до 73800 €

    ........

    Влезна блидор врата

    Потребна ми е влезна врата со монтажа, 203 х 95 см.
    Ширината на касата е 34 см. 33210 € до 55350 €

    ........

    Влезна надворешна врата за локал

    Еднокрилна надворешна врата - замена на постоечката. Да се вклопи во дадената структура, во тек се и дополнителни изолациски зафати за што е потребна консултација/соработка за квалитетна изведба. Димензиите на врата ен можам да ги дадам бидејки треба на лице место да се измери. Во прилог имам оставено слика од постоечката врата. 33210 € до 55350 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ







    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Влезна врата ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    78+ КОМПАНИИ ЗА Влезна врата
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА