Колку може да чини дрвена куќа? Во зависност од достапноста, квалитетот и видот на дрвата, дрвените куќи навистина можат да бидат многу попријатни за живеење од оние од тули. Дрвените куќи генерално се поздрави од другите видови и типови објекти. Во колибата е многу пријатно веќе на 18°C и потребна е помалку енергија за греење отколку во класична куќа. Брзината на градба секако е предност. Ако сакате дрвена куќа во која може да се всели за краток временски период, одлучете се за монтажна. Кај столар можете да нарачате и сосема уникатна. Цените на дрвена кабина со мансарда и внатрешна изолација се движат помеѓу 450 и 700 евра/м2..
Кому да ја доверите изградбата на дрвена куќа? Испратете барање до соодветните и оценети градители на дрвени куќи во вашата област - бесплатно и без обврска! Само пополнете го формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
Да се живее во дрвена куќа е уникатно искуство. Дрвените станбени објекти овозможуваат опуштање и уживање во здрава средина. Без разлика дали е во населба или уште подобро, во некој идиличен пејзаж, дрвото само по себе поседува квалитети кои се многу корисни за луѓето. Овој текст е посветен на таа тема.
Дрвените куќи се поотпорни на временски влијанија и останати природни елементи, имаат долг век, енергетски се ефикасни и не се штетни по животната околина, па со самото тоа ги овозможуваат сите предуслови за мирен, среќен и здрав животен амбиент.
Дрвото преставува одличен природен изолатор. Дури и кога надвор е многу ладно, во куќа од масивно дрво, температурата е уедначен. Ненадеен пад или скок на температурата нема никакво влијание на внатрешноста на дрвениот објект. Сосема спротивно од тоа, било какво варирање на надворешни влијанија остава значителни последици на ѕиден објект. Престојот во амбиент со стабилна температура е многу пријатен и удобен, а исто така и многу здрав.
Дрвото е познато и по одличните изолациони карактеристики. На останатите градежни материјали како што се бетонот, цементот и металот, температурата има големо влијание. Повеќето од тие материјали на висока температура се шират, а на ниска се собираат, во што ниту дрвото не е исклучок; но, промените не ја менуваат јачината, структурата ниту пак текстурите на дрвото, како што е случај кај останатите материјали, што ги оштетува. Дрвото ,,дише“, се шири и собира, но квалитативно не се менува. Доколку временските услови предизвикаат некое оштетување, тоа ќе биде многу помало отколку на ѕидана куќа. Поради тоа, дрвените објекти се подолготрајни. Покрај тоа, дрвото самото по себе е одличен регулатор на влага.
Многу музички инструменти се направени од дрво баш заради неговите акустични квалитети. Од истата причина концертните сали се обложени со дрво. Дрвото го впива звукот, го намалува шумот и ехото. Сите овие квалитети ги добива и куќа направена од дрвна граѓа, овозможувајќи им на домаќините мирно и тивко опкружување.
Дрвените објекти навистина се енергетски ефикасни. Поради сите природни изолациони карактеристики, дрвената куќа во зима помалку се грее, а во лето помалку се лади. Веќе спомнавме дека внатрешната температура е релативно стабилна без разлика на надворешната средина. Таа стабилност овозможува помала зависност од грејни и разладни тела, односно, климатизација, која троши многу струја.
Дрвените куќи се многу посигурни од останатите кога е во прашање електричната енергија, од причина што дрвото не е електричен спроводник. Исто така, мала е веројатноста дека во дрвена куќа ќе избувне пожар заради краток спој. Подеднакво мали се шансите и за удар од гром.
На прв поглед дрвените куќи се поубави од останатите објекти. Природната форма и структура на дрвото ја прават куќата попривлечна и поинтересна. Со самиот свој изглед тие делуваат опуштени, примамливо и гостопримливо. Дрвена покуќнина и уметнички предмети само ја нагласуваат естетиката и дизајнерскиот стил, исто колку и самата архитектура.
Поради економичноста при употреба на енергија, дрвените куќи создаваат и помалку јаглерод-моноксид. Луѓето кои се грижат за заштита на природната околина, често се одлучуваат за ваков дом. Покрај тоа, дрвото како долготраен градежен материјал помага во зачувување на сигурна, чиста и здрава околина.
Дрвените куќи особено се погодни за рурални окружување или во близина на шума, далеку од загадените и гласни урбани подрачја. Животот во таков дом носи многу бенефити.
Дрвото преставува лесен материјал кој многу лесно и убаво се оформува. Според тоа, испораката и монтажата на дрвена куќа е брза и едноставна, а секако и по поволна цена, особено во споредба со класична бетонска градба. Во ситуации да дојде до некое оштетување, се заменува само тој дел, без било какво влијание на остатокот на градбата.
Дрвото не подлежи на оксидација. Оксидацијата е причина за појава на корозија и оштетување на секоја метална конструкција. Доколку пак, конструкцијата е дрвена, ќе трае подолго, помалку ќе покажува знаци на стареење и абење, а секако и полесно се одржува и евентуално поправа.
Пред да одлучите да побарате некој кој ќе ви изгради дрвена куќа, треба да донесете одлука и за тоа до која градежна фаза ќе одите. Во главно, понудувачите нудат три степени на завршеност на објект:
однадвор завршен објект: куќата има покрив, столарија и фасада;
делумно, ,,клуч на рака“: куќата изгледа како вистинска куќа, однадвор завршена, а внатре се завршени грубите работи околу инсталацијата, поставен гипс-картон на ѕидовите и таванот, завршени се подовите;
„клуч на рака“: објектот е сосема завршен, готов за внесување на покуќнина и вселување на станарите.
Доколку прв пат сте во ситуација да градите куќа и немате искуство и време да се занимавате со техникалии околу изградбата, ви препорачуваме да се одлучите за варијантата ,,клуч на рака“. На тој начин патот до сопствениот дом ќе ви биде побрз, посигурен, поефтин, а секако и помалку стресен. Ќе соработувате само со еден изведувач кој ќе се грижи за сите детали и ќе гарантира за материјалот, работата и услугата.
Откако ќе го сведете изборот на понудувачи или изведувачи на два или три, можете да почнете да барате понуди. Понудите ќе бидат обемни и детални во зависност од вашите барања. Од голема важност е на сите компании да им ги дадете истите параметри на планот. Ќе видите дека понудите секако ќе се разликуваат, иако сте поставиле исти услови. За подобра можете да ја сметате онаа понуда која ќе биде поопширна, детална и со таксативно наведени неопходни работи, услуги и материјал. Добра понуда е и онаа која содржи точно наведени работи кои не влегуваат во дадената цена.
Најискрено, разликите во понудите на изведувачите или понудувачите на идентични производи, ќе бидат безбројни. Доколку разликите се баш големи, треба да знаете дека се исто толкави и во квалитетот. Често пати се случува понудувачите да можат да понудат ниски цени поради тоа што избираат евтина опрема; ПВЦ без ролетни, греење на гас со радијатори, минимална изолација и т.н. од тие причини, внимателно проучете го предлогот ставка по ставка, пред да го потпишете договорот. Понудувачите умеат да ја надополнат ниската цена со скапи дополнителни работи кои не биле наведени во понудата, а кои мора да се извршат.
Доколку немате никакво искуство со вакви работи, ви советуваме да ангажирате стручна помош како што е надзорник на градба, кој ќе ја разгледа понудата и евентуално ќе преговара во ваше име.
Ви предлагаме сосема да ги исклучите изведувачите и понудувачите кои нудат многу ниски цени. Во повеќето случаи тоа се почетници, кој набрзо ќе сфатат дека со таква заработувачка нема да можат да ги покријат ниту сопствените расходи, а не и да заработат. Некои од нив банкротираат, некои ги затвораат фирмите и исчезнуваат или ќе отворат друга и слично. Во секој случај најлошо ќе помине клиентот. Поради сето ова, наш совет е да се определите за компанија со повеќегодишно искуство и одлични препораки. Секако проверете им ги јавно достапните информации и нивното работење во изминатите години. Доколку не се разбирате во такви работи, ангажирајте професионалец. Вашиот трошок околу надзорникот и експертот ќе биде занемарливи во однос на вредноста на инвестицијата, па од таа причина не се излагајте на ризик.
На крај на краиштата, одлуката за тоа кој ќе ангажирате зависи и од тоа како лично ќе ја доживеете и оцените нечија професионалност, експертиза и искреност, но и од тоа колку ви се допаѓаат референтните објекти. Нормално, цената не е помалку важна. Откако сите овие елементи ќе се совпаднат, знаете дека сте го нашле вашиот градител. Професионалноста најдобро се гледа по начинот на кој е составена понудата, а експертизата по тоа какви совети или предлози, несогласување околу евентуални недостатоци во нацртот или плановите, ќе има понудувачот. Не помалку важна е гаранцијата за непроменливост на цената, бараното осигурување, сертификати, стручност на мајсторите, долгорочна соработка со произведувачи и континуирано позитивно работење на компанијата. Ниска цена, која значи употреба на неквалитетни материјали, неквалитетна работа и услуга подоцна ќе ги платите поскапо. Сепак, морате да имате на ум дека ниту гаранциите не можат да бидат стопроцентни. Понудувачите во главно нудат гаранција на конструкцијата во траење од 30 години, па многу ретко доаѓа до вакви проблеми. Многу почести и поопасни се грешките за кои се дава гаранција од две години, а по правило истите никогаш не се покажуваат во тој рок. Од сите овие причини, клучни се искуството, стручноста и професионалноста на изведувачот, како и квалитетот на материјалот. Овие работи најдобро ќе ги воочи експерт при разгледување на референтен објект.
Најраспространета варијанта на дрвени куќи на нашите простори е монтажна дрвена куќа на која страните и се цели изработени во фабрички погон. Тоа значи дека во фабрика се произведуваат страните од куќата и на секоја се вградуваат прозорци и прозорски даски, изолационен и фасаден слој, како и внатрешни облоги. Се подготвуваат и обложуваат и таванските елементи. Конструкцијата е дрвен рам со соодветни столбови, со горен и долен при рабник. Стабилност на ваквата конструкција се постигнува со поставување на дрвено-цементни, ОСБ или гипсени-влакнести плочи од двете страни на конструкцијата. Овие плочи истовремено се и заштита од бури и земјотрес. Просторот помеѓу плочите се пополнува со термоизолација од минерална волна. На надворешната страна, преку тој слој се става слој од стиропор и фасада во тенок слој. Внатрешната страна во главно се обложува со гипс-картон плочи. Поквалитетни куќи од ваков вид обично имаат изолација и за инсталациониот вод. Слаба страна на монтажните куќи се парните мембрани (фолија од поли винил), поради која куќата не може да ,,дише“ со што се поништуваат сите позитивни ефекти на дрвената градба. Потребно е да знаете дека поправки или измени не се можни откако куќата ќе влезе во производство. Оттука произлегува и тоа дека куќата мора да биде детално испланирана и дефинирана до последен детали. Доколку сакате куќата да биде заштитена и од земјотрес, инженер статичар мора да изврши проверка на начинот на закотвување и поврзување на конструкцијата. Секако, изведувачите ќе мора да се придржуваат на тие одредби.
Со развој на нови технологии, скелетната дрвена градба, која постои стотини години, влезе во новa ера. Всушност, скелетна градба значи дека рамот на куќата (скелетот) стои самостојно на столбови, без употреба на плоча. Овие столбови овозможуваат дијагонално и вкрстено поврзување и не дозволуваат објектот да се поместува или преврне. Изработката на модерна скелетна куќа започнува со компјутерски планови, пресметки и нацрти за изведба кој готови се пренесуваат на компјутерска машина за обработка на дрво (ЦНЦ машина). Овие машини ги сечат и обработуваат сите потребни делови точно според нацртите. Готовите компоненти на крај се испорачуваат на градилиштето каде што искусни мајстори ги редат и склопуваат. Најпрво се составува конструкцијата на куќата, а потоа носечките и преградните ѕидови. Дрвените елементи од кои се направени надворешните ѕидови најчесто се со правоаголен пресек 8x18 цм. Од надворешната страна на скелетната конструкција најчесто се поставуваат дрвено-влакнести плочи, а од внатрешната лепени, ОСБ плочи. Меѓу просторот се полни со целулозни влакна или некој друг вид изолација. Од внатрешната страна остануваат уште инсталационата шуплини кои се затвараат со гипс-картон плочи. Кај скелетната градба внатрешните ѕидови се всушност носечки и затоа се составуваат од дрвени елементи со поголем пресек отколку оној на надворешните.
Карактеристики на куќи се стабилност на конструкцијата и отпорност, така што таа е во состојба да поднесе невреме и земјотрес. Бидејќи нема парна мембрана, амбиентот и атмосферата во самата куќа се исклучително добри за престој. Изградбата на контурните објекти преставува своевиден предизвик, бидејќи бара многу прецизно планирање и точно конструирање, беспрекорна непропустливост, сестрана заштита од оштетувања и уште многу други особини, од кои причини на нивна изработка се нафаќаат највештите професионалци.
Оваа технологија во денешно време се користи како за изградба на приватни куќи, така и за сериозни објекти како што се хотелски или станбени згради и некој видови на јавни објекти.
Изградбата на овој вид овозможува подигање на надворешни ѕидови без поставување на парна мембрана и без лепење на самолепливи ленти. На тој начин објектот станува непропустлив, а во исто време е отворен, односно може да дише. Основен градежен материјал за вакви масивни дрвени куќи се трисложна ламинат плочи со дебелина од 10 цм. Во споредба со контурните ѕидови, волуменот на ламинат плочите е 4 пати поголем. На надворешните ѕидови има изолационен слој (минерална волна, дрвени влакна или плута) премачкан со тенок малтер. Меѓу катните плочи се составени од вкрстено поставени армирани плочи во повеќе слоеви, така што вкупната дебелина изнесува 14-24 цм. Многумина инвеститори се одлучуваат за отворен дрвен таван кој подоцна, ако има потреба може да се затвори со гипс-картон плочи. Дрвените објекти од ламинат плочи имаат одлични статички карактеристики и во голема мера се отпорни на оштетувања предизвикани од земјотрес и пожар. Покрај сето тоа, нудат големи можности на оформување и барања на самата конструкција. Во споредба со скелетната градба, изолацијата на спојот со подрумот или темелната плоча, е подебела. Може да се постават и скриени ролетни за да се избегнат металните носачи. На ѕиданите подруми изолацијата е подебела, а скриените ролетни полесно се монтираат. Дрвените објекти од ламинат плочите имаат уште подобри топлотни карактеристики од скелетните. И преносот на звук во просторот е послаб. Објектите од ламинат плочи се најдолготрајни во споредба со сите останати системи на градба од дрво.
Во денешно време колибите се градат во главно како викенд куќи. Не се погодни за секојдневно живеење од причина што не ги исполнуваат енергетските барања на современите стандарди. За да станат енергетски ефикасни потребно е дополнително да се изолираат и однадвор и од внатре. Со поставување на парни мембрани во секој случај ќе се наруши природната форма на колибата и во основа ќе се промени нејзиниот изглед и амбиент. Меѓутоа, денешната технологија во градежништвото во голема мерка е напредната со што се постигнатите некои помалку драстични решенија. На пример, за да се спречи струење на воздух меѓу трупците, може да се употребат одредени смеси за затнување. За волја на вистината, во денешно време колибите се прават и од лепени плочи чиј спојки се компјутерски проектирани, а се прават на ЦНЦ машина.
Со купување на дрвена монтажна куќа се подразбира дека истата треба да биде испорачана и склопена на градилиштето од страна на продавачот. Доколку се склучи таков договор, истиот изведувач може да ги заврши сите потребни подготвителни работи – ископ на градежна јама, изградба на темели, развод на водови и комунален приклучок, како и сите останати работи. Секако, овие работи можете да ги препуштите и на некоја друга градежна компанија. Составните модули на монтажна куќа се прават во контролирани фабрички услови што практично значи дека тие ќе бидат готови во договорениот рок и со соодветен квалитет за кој гарантира произведувачот.
Откако ќе се завршат сите компоненти, истите се товарат на камион согласно однапред осмислен план на товарење и транспорт. Тој план се прави според редоследот на монтажа на елементите, така што тие пристигаат на градилиштето по правилен редослед и точно на време.
Монтажните објекти секогаш ги склопуваат добро обучени и добро координирани мајстори, со што се обезбедува дека се ќе биде направено точно согласно проектот. Благодарение на современата и ефикасна технологија на работа, дрвената куќа може да се монтира во сосема кус рок. Заедно со завршите работи, монтажата на просечна семејна куќа трае помеѓу еден и три месеци, во зависност од сложеноста и обемот на работа.
Откако ќе се склопи објектот, започнуваат завршните работи: поставување на покрив, завршен слој на фасадата, вградување на внатрешна опрема, електроинсталација, водоводни и канализациони водови, греење и вентилација. Тука се уште и внатрешните завршни работи, а какви и во кој обем, зависи од договореното со купувачот.
Денешната технологија на монтажа овозможува изведба на работи дури и на сразмерно мали, компактни градилишта, односно, во многу тесен простор. Во таква ситуација модулите се поставуваат од камионот директно на своето место во објектот. На тој начин се избегнува натрупување на елементи на градилиштето, со што просторот уште повеќе ќе се намали, а ќе се отежне манипулацијата на машините.
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Изведба на дрвен летниковец
Потребно е изведба на дрвен летниковец со димензии 7 м х 5 м. Треба да биде направен од австриска ламинирана граѓа.
Во прилог слики и димензии
287820 € до 479700 €
Изработка на брвнара од дрво
Потребна е изработка на дрвени брвнари, споени апартмани со од по 25 м2. Вкупна површина 50 м2. 276750 € до 461250 €
Изработка на летниковец
Потребна е изработка на летниковец со димензии 6 × 3м, подлогата е бекатон, кривот да биде со шиндра. 83025 € до 138375 €