Колку чини тапацирањето? Главното прашање кое се поставува во оваа ситуација е дали навистина станува збор за вреден мебел или има само сентиментална вредност. Општо земено, постар мебел со специјален квалитет или античка вредност секогаш е добро да се реставрираат. Цената на тапацирање? зависи од големината и видот на тапацирање, состојбата на полнењето, рамот, пружините и конструкцијата. Имајте на ум дека се наплаќа по работен час, плус потрошениот материјал. Цената за репарација на гарнитура за седење оди од 500 евра па нагоре. Цената за тапацирање на стол е околу 25 евра/м2, во што спаѓа и замена на полнењето и материјалот. Доколку на прв поглед ви се чини дека цената е превисока, имајте на ум дека стариот мебел е секогаш поквалитетен од современиот и дека е поисплатливо да се обнови, бидејќи по квалитет е повеќекратно подобар од индустрискиот од поново време. Во секој случај ќе добиете квалитетен мебел кој веќе е во склад со просторот, ќе ви служи уште најмалку колку и до сега.
Кому да го доверите тапацирањето на мебел? Пратете барање до соодветни и оценети тапетари во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
Тапацирањето е постапка за обнова, односно, реставрација на мебелот. Се тапацира мебел изработен по мерка или комерцијален, но најчесто затнува збор за постари делови мебел. Овој занает го работат тапацери. На нашиот портал Daibau.mk можете да најдете мајстори кои ги нудат следните услуги:
- гарнитури за седење по мерка,
- преслекување на клупи и столови по мерка,
- разни поправки,
- изработка или поправка на перничиња,
- тапацирање на врати,
- преслекување на кревети,
- седишта за авто-куќички, приколки и бродови,
- тапацирање на седишта во автомобили.
Пред да почнете да барате мајстор, би било добро да знаете по нешто за самото тапацерство. Најважната одлука е изборот на мебел-штоф. Покрај бојата и дезенот кои би требало да бидат складни со покуќнината, важен е видот на материјал кој ќе го изберете, кој може да биде кожа, памук, лен, полиестер, вештачка кожа, мешавини и слично. Овие материјали делуваат сосема различно на допир, а с разликуваат и по начинот на обработка, абење, кинење, водоотпорност или хидро спроводливост, отпорност на дамки, средства за чистење и слично. Кожата е постојан материјал, но на допир е сосема ладна, додека подоцна предизвикува потење. Вештачката кожа е многу поевтина, но од друга страна побрзо се лупи. Со останатите видови на материјали ќе немате вакви проблеми, иако тие пак побрзо се абат и кинат. За тапацирање се користат посебни платна, познати како мебел-штоф. Откако ќе донесете одлука што сакате, останатото препуштете им го на мајсторите. За десетина дена вашата фотелја, столчиња или перничиња ќе бидат како нови.
За добро тапацирање најважни се квалитетното платно, полнењето, дрвото и пружините. Сепак, без добар мајстор нема да имате квалитетна услуга. Доколку барате таков, одвојте малку време за да се распрашате и да разгледате фотографии од веќе направен мебел, како и да ги прочитате препораките и коментарите на клиентите. Составете список на оние за кои мислите дека се добри и пратете им барање. Согласно добиените одговори лесно ќе се одлучите за еден. Сето ова можете најбрзо и наједноставно да го направите на нашиот портал Daibau.mk.
Најтешко е да се ослободиме од стари делови мебел поради сентиментална или историска вредност. Ова се однесува особено на делови од мебел кои ви се омилени и кои често ги употребувате, а со самото тоа и повеќе се абат. Такви се на пример, фотелји или столови. За среќа, тие може да се реставрираат. Тапацерот најпрво ќе провери во каква состојба се дрвото, полнежи, пружините, самото платно и по потреба ќе ги замени или обнови. На тој начин столот од вашата баба ќе блесне на сосема нов начин. Правилната и навремена реставрација го одржува квалитетот, а со тек на време ја зголемува вредноста на овој мебел.
Честото и долготрајно лежење на каучот си има своја цена: како за материјалот така и по вашето здравје. Со тек на време каучот се изабува, платното се растегнува, се сенчи или кине, пената или полнежот се набиваат. Сепак, доколку е квалитетен, не фрлајте го. Тапацирањето на гарнитурата за седење е многу подобар избор од купување на нова. Обратете се кај мајстор, изберете мебел-штоф, боја и дезен. Со малку труд и умеење, вашиот мебел ќе изгледа како нов. Исто така можете да се договорите и за тапацирање на клупи, табуретка, перници и се останато. Тапацираната гарнитура ќе ја освежи целата соба. Седечка гарнитура правена по мерка и согласно вашата желба, по квалитет може да бидат рамо до рамо со најскапиот мебел од причина што имаат подеднакво добра конструкција, материјал и тапацир.
Покрај тоа што тапацираните врати изгледаат одлично, тие ја зголемуваат топлинската и звучната изолација. Доколку имате влезна врата која е свртена кон бучна улица, тогаш ова е идеално решение за вас. Преку вратата обично се поставува еден слој на пена со густина и дебелина од 5 цм, а преку неа вештачка кожа, отпорна на надворешни влијанија и абење.
Во принцип автомобилот е статусен симбол. Не е важно како изгледа само однадвор, туку и внатре. Елегантниот ентериер го прави возењето попријатно. Доколку сакате да ги тапацирате седиштата на автомобилот, можете да се обратите на мајстор, авто-тапацер, на кои тоа им е специјалност. Исто како и останатиот тапацир, и оној во автомобилите се троши, па можете да договорите поправка или замена. Се тапацираат седиштата и просторот измеѓу нив, воланот, внатрешните страници на вратите, таван и слично. Можете да изберете од кожа или вештачка кожа, до авто-мебел, микро фибер, алкантар. Постојат безброј бои и дезени. Авто-тапацерите се занимаваат со тапацирање на седишта и останати елементи во автомобилот, но и во секаков друг вид на возила, бродови и камп-куќички.
Тапацирањето на стари парчиња мебел започнува со проценка на вредноста и постапката. На тој начин се проценува и исплатливоста на проектот. Имајте во вид дека старински, оригинален мебел има голема вредност. При реставрација на ваков мебел мора да се употребат стари материјали, што поавтентични на оригиналот – и дрво, и јута, морска трева, сено, памук или волна – бидејќи само така може да се зачува автентичноста. И самото платно мора да биде што посоодветно, што послично на оригиналот и по квалитет и по дезен. Следната фаза е вадење на оштетените делови, замена на полнежи или пружините и дрвените делови. Откако ќе се завршат сите внатрешни елементи на ред доаѓа последната фаза, односно, самото тапацирање, кое всушност и го дава новиот сјај. Со редовно чистење и четкање, поправка или со заштитни навлаки, во голема мерка можете да го продолжите векот на траење на овој мебел.
За тапацирање треба да се избере вистинскиот помеѓу многубројните видови мебел, кои се разликуваат по квалитет, структура, текстура, јачина, издржливост, резистентност на средства за чистење и секако –по цената. Најскапа е природната кожа, бидејќи е многу издржлива и цврста. Не се препорачува за градинарски гарнитури од причина што ,,не дише‘‘ и при допир со неа нашата кожа веднаш почнува да се поти. Вештачката кожа е најевтина и на прв поглед изгледа исто како и вистинска, но многу брзо почнува да пука и да се лупи. Останати видови на мебел-штоф се свилени, памучни, ленени и полиестерски платна или нивна мешавина. Материјалот за тапацирање треба да биде подебел од материјал за алишта, за да може воопшто да се употреби за тапацирање. Не помалку важни се и пената, односно, сунѓер за тапацирање кој треба да биде со одредена дебелина, мекост, густина и цврстина, но и еластичноста за да може да се враќаат во првобитната состојба и да не ја изгубат формата ниту по подолго, постојано користење.
Кога бирате само платно, вие всушност избирате боја и дезен. Денешните производни технологии овозможуваат да се направи се , во било која боја, а од вашиот вкус зависи што ќе изберете. Во принцип, светлите бои и беж нијансите формираат хармонична целина со поголемиот дел од покуќнината. Живите бои ги прават одредени делови особено впечатливи. Истото важи и за дезени со линии, точки, коцкести, со геометриски фигури, пиктограмски, цветни или, сега особено популарни т.н. анимал принт. Сепак, колку и да сте храбри при уредување на вашиот дом, поведете сметка за впечатокот кој ќе го остави тоа парче мебел на просторот како целина.
Во споредба со купување на нов мебел, тапацирањето е далеку поприфатливо. Кога размислувате за тапацирање на столови или гарнитура за седење, најпрво споредете ги цените за тапацирање и купување ново. На цената на тапацирање најголемо влијание има состојбата на мебелот од причина што ова одредува и што треба да се работи. Дали штофот е искинат, полнежот проретчен, пружините р‘ѓосани или се работи за механички оштетувања на дрвените делови од конструкцијата? Следната ставка за цената е материјалот, а најмногу мебел-штофот. Најскапа е природната кожа. Вештачката кожа, џинсот и останатите видови материјали се поевтини. Кога бирате материјал, не потпирајте се само на цената, бидејќи од голема важност е и квалитетот – гледајте на ова дека истиот треба да трае барем колку претходниот. Во цента секако влегува и работна рака, односно времето потребно за тапацирање. Отприлика тапацирање на гарнитура за седење чини околу 1000 евра, а по столови околу 100 евра.
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Тапацирање на аголна гарнитура ( петосед )
Потребно е комплет тапацирарање на петосед. Материјал е штоф платно.
Во прилог слики
5535 € до 9225 €
Тапацирање на перници од мебел
Би сакала да се претапацираат само долните и горните перници од тросед двосет и фотеља.
во прилог слики
5535 € до 9225 €
Тапацирање на петосед и фотеља
Потребно е да се претапацира петосед и фотеља.
Во прилог слика
5535 € до 9225 €