Колку чинат гаражните врати? На нивната цена првенствено влијае дали ќе ги купите готови или ќе нарачате изработка по мерка. Во двата случаи важни се следните фактори: димензии, материјал, начин на отворање (рачно, автоматско), избор на боја, дебелина на самата врата како и ламели од кои се направени, но и видот (подвижни, крило, роло, сегментен). Купувањето и монтажата на автоматски сегментни гаражни врати за еден автомобил, широк 240-400 цм е помеѓу 450 и 850 евра.
Кому да ја доверите изработката или набавката на гаражни врати? Испратете барање до соодветните и оценети производители и добавувачи на гаражни врати во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
Со оглед на тоа дека вратата на гаражата може исто така да биде и влез во вашиот дом, треба да се погрижите истата да биде и сигурносна. Соодветна врата за гаража е сигурносна тогаш кога е направена од цврст материјал и има заштитен начин на заклучување. Најголема заштита овозможува двојно челична врата со цврсти шарки и далечински управувач, заштитен со т.н. менлив ,,rolling‘‘ код. Проверете дали вратата е атестирани против провалување.
Вратата од гаражата може да биде поврзана со енергетски губиток. Врз термоизолативноста на гаражната врата влијае начинот на нејзино отворање, од кој материјал е направена вратата и нејзината дебелина, како и тоа на кој начин е монтирана. Доколку сакате да заштедите на трошоците а греење, вградете врата со двоен ѕид и доволно дебела изолација. Непропустливост (доброто запечатување) на вратата не е безначајно. Пожелно е од сите три страни добро да е затнато се, по должина на рабовите на вратата, при што сосема ќе ја заштитат внатрешноста од губиток на топлина и временски влијанија.
Отворање на вратата на лизгање е секогаш практично, како и кога вратата оди сосема под таванот на гаражата. На тој начин останува многу слободен простор пред самата гаража, но и во неа. Дури можете да паркирате и пред гаражната врата, а тоа да не го попречи нејзиното функционирање.
Пожелно е гаражната врата да има сензор за да не дојде во контакт со нешто што е пред или зад вратата; на пример дете или домашно милениче. Во исто време, со дизајнот на вратата се спречува приклештување на прстите од двете страни на вратата. Потенцијални несреќи и оштетувања на вратата се спречуваат и со заштитени пружини кои пак, во исто време не доаѓаат во контакт со нечистотии или други влијанија од надворешноста, со што работниот век им е подолг.
Добриот понудувач ќе ви посвети внимание, во детали ќе ви ги објасни сите функции и ќе се договори со вас за се што е неопходно. Вратата ќе биде спремна во договорениот рок, а ќе ви понуди и монтажа на истата. Монтажата треба да се заврши за еден ден за гаражниот отвор да се затвори што е можно побрзо. Добриот понудувач има свои искусни и професионални мајстори кој ќе ја монтираат вратата, а по потреба, ќе ги завршат сите дополнителни работи.
Прв знак за квалитетот на вратата е гарантниот рок. Понудувачите на добри гаражни врати нудат десетгодишна или повеќе гаранција на самата врата, како и петгодишна гаранција на погонската и електричната инсталација. До моментот до кога трае гаранцијата, вратата мора да биде сосема исправна, без никакви визуелни или функционални оштетувања. Ваква трајност овозможуваат квалитетни материјали како и квалитетна работа. Во случај и да дојде до било какво оштетување, мора да бидат обезбедени сите резервни делови.
За гаражна врата со електромотор се препорачува годишен преглед од страна на овластен сервисер. Од големо значење е да постои брз и квалитетен сервис за можни дефекти.
Автоматска врата за гаража
Тоа се сите врати кои имаат далечински управувач. Далечинскиот управувач ќе ве поштеди од излегување од автомобилот секој пат кога влегувате или излегувате од гаражата, а притоа и од изложување на временските неприлики. Исто толку пати ќе ве поштеди и од барање на клучевите бидејќи, далечинскиот управувач е секогаш во автомобилот.
Сегментирани лизгачки врати за гаража
Сегмент гаражна врата е најчест избор на клиентите. Таа всушност е подвижна, односно, лизгачка, составена од повеќе сегменти. Ваквата врата при подигање се дели на профили или панели и така се подигаат еден по еден, за да, кога сосема ќе влезат во таванот, бидат пак една целина. Лизгачката ѕидна врата се отвора на тој начин што се дели на два подеднакви дела, а секое од крилата се лизга долг ѕидот, на левата или десната страна. Предност на ваквите врати е што не им е потребен голем простор за отворање, а возачот има сосема отворен премин и одлична прегледност. Таквите врати може да имаат изолација, но и не мора; исто така еден сегмент е и т.н. пешачка врата, а може да имаат и прозорец. Сегмент вратите обично имаат автоматски погон.
Класична подвижна врата за гаража
За разлика од сегментните, ова се обични врати кои се подигаат и спуштат и тоа рачно. Од таа причина намалена е и прегледноста на преминот. Слаба страна на овие врати е и послабо дихтување, а најчесто се без изолација. Најчесто се употребуваат за гаражи во низа, самостојни и такви на кои внатрешноста и онака не им се загрева.
Роло гаражна врата
Најважна карактеристика на роло вратите е што се составени од ламели (обични или алуминиумски) кои при отворање се одвојуваат и мотаат околу шина, како ролетни, па така замотани стојат во куќиште над гаражната врата. Најчесто ламелите се со изолација. Предност на роло вратите е тоа што целиот гаражен простор ви е на располагање, од причина што вратата не зазема место, без разлика дали е автоматска или рачна. Се карактеризираат со лесна монтажа, убав изглед и тивко движење.
Двокрилна гаражна врата
Поради појава на нови и подобри решенија, двокрилната врата се помалку се употребува. Може да се сретнат на постари објекти кои имаат понизок таван или се потесни од денешните стандарди. Може да бидат автоматски, а обично имаат изолација.
Индустриски гаражни врати
Ваквите врати се големи а се монтираат во главно онаму каде што има товари возила, како камиони – во фабрики, стоваришта, на селски помошни објекти, во противпожарни станици и така натаму. Имаат комплексна структура и посилен мотор во однос на куќна гаражна врата. Индустриските гаражни врати обично имаат вградено и таканаречени пешачки врати, а може да бидат со различни димензии и бои.
Дрвена гаражна врата
Дрвената врата ја карактеризира со напорно одржување како би ја задржала што подолго својата убавина, но сеуште се меѓу најпопуларните. Изгледот на самата врата е многу важен, бидејќи таа преставува дел од една поголема целина и како таква има големо влијание на севкупниот впечаток на куќата. Дрвените гаражни врати се многу квалитетни и издржливи, а доколку се одржуваат добро, може да траат со години. Поконкретно, тоа значи дека барем еднаш годишно треба да се префарба, прелакира или намачка со масло со што ќе го сведете на минимум атмосферското влијание.
Гаражна врата од вештачки материјали
Гаражни врати од вештачки материјали всушност се ПВЦ или АБС врати кои исто така се многу популарни, првенствено поради поволната цена со оглед на нивната долготрајност, лесната монтажа и лесно одржување. Не помалку важно е тоа што всушност може да бидат многу убави, особено доколку се имитација на метални или дрвени материјали. Поскап вид на вакви врати е онаа од стаклени влакна, таканаречени фиберглас бидејќи се отпорни на р’ѓа, безбедни се и не бараат никакво одржување.
Алуминиумски гаражни врати
Меѓу сите материјали за гаражни врати, најценети, најотпорни и нај трајни секако се металните врати. Гаражна врата од алуминиум е одличен избор за приморски места, бидејќи алуминиумот е отпорен на корозија, како и на влијанија на солта и влагата. Покрај тоа, не е потребно некое посебно одржување. Гаражните врати од алуминиум се најскапи бидејќи остануваат сосема исти и после употреба за неколку децении и изложеност на атмосферски влијанија.
Во денешно време, кога гаражите се подобро изолирани благодарение на висококвалитетни термо изолирани врати, тие не служат повеќе единствено за чување на автомобилот – сега може да се употребуваат како сушачи, работилници, простор за вежбање или домашна канцеларија. Во таков случај, времето што го поминувате во гаражата бара и добро осветлување. Најнов тренд, согласно тоа, се врати со прозорци кои изгледаат одлично и од внатре и од надвор, а таков го прават и просторот. Доколку сакате и гаражата да биде исполнета со светлост, размислете за соодветна стаклена гаражна врата. Оваа елегантна врата може да биде многу цврста, зајакната со алуминиумски рам. Во секој случај, вашата гаража нема веќе да изгледа исто.
Времето на стандардните бели врати одамна е поминато – сега се во тренд - баш како и за самата куќа – храбри темни бои! Изберете ја онаа која се одлично се совпаѓа со бојата на фасадата, така што оддалеку ќе се гледа каде е гаражната врата. Размислете дури и за црна боја, бидејќи таа е апсолутен хит за уредување на ентериер и екстериер!
Сосема извесно е дека е само прашање на време кога со гаражната врата ќе управуваме преку WiFi и паметни апликации за телефон. Паметната гаражна врата ќе може на далечина да се отвора или да се провери дали е добро заклучена додека сме на одмор или работа. Паметните технологии овозможуваат во одредено време на одредени лица како што се чувар, шетачи на кучиња или помошнички, во одредено време да им биде дозволен влез, а вие да не мора да бидете дома за да им отворите.
Во минатото, гаражните врати вообичаено се правеле од железо, дрво или алуминиум, додека во денешно време најдобро легнуваат во рамка од синтетички материјали. Материјали како што се ПВЦ или фиберглас, стануваат се попривлечни за клиентите, бидејќи се лесни, со поволна цена, а притоа се цврсти, издржливи, добри изолатори, а постојат во безброј варијации на стилови, како и бои.
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Изработка и монтажа на роло пвц гаражна врата
Потребна е изработка и монтажа на роло пвц гаражна врата со даљински управувач. Моментално е стана дрвена врата која треба да се демонтира и монтира новата. Димензиите се 200 см х 230 см. 38745 € до 64575 €
Изработка на влезна лизгачка врата за двор
Потребна е изработка и монтажа на лизгачка ( со шини ) ПВЦ врата за двор. Димензии се 500 см х 120 см. 83025 € до 138375 €
Изработка и монтажа на гаражни врати
Потребна е изработка и монтажа на роло гаражни врати . Се работи за две гаражни врати ,секоја со димензии: 2.39 м х 4.70 м.
Пишете ми на маил или барајте ме на whatApp.
249075 € до 415125 €