За реон

    Молерај Цена

    Колку чини белењето? Цената за белење пред се зависи од големината и сложеноста на површината која треба да се работи, а истата може да ја покачи употребата на повеќе бои или изработка на посебни декоративни елементи – на пример рамка околу прозорците и вратите.

    Кому да го доверите белењето? Пратете барање на проверени и оценети молери во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на фарбање на ѕидови и таван


    Цена на фарбање на ѕидови и таван. Цена на фарбање во бело, 2 слоја, материјал и работа.

    0.90 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    1.80 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Белење, молерај

    Бордура


    Колку може да чини украсување со лајсни? Цената на бордура зависи од нивната форма и материјал. Може...

    Проверете и: Бордури Цена

    Декоративни молерски работи


    Колку чинат декоративните молерски работи? Декоративните дела се поскапи од класичното варосување, н...

    Проверете и: Декоративни ѕидови Цена

    Лепење тапети


    Колку може да чини лепењето тапети? Цените на тапетите многу варираат,а најмногу и најчесто зависат ...

    Проверете и: Лепење тапети Цена

    Фарбање метал


    Колку чини бојадисувањето на метал? Цената за фарбање на метал зависи од големината и комплицираност...

    Проверете и: Фарбање метал Цена

    Фарбање дрво


    Колку може да чини фарбање на дрво? Цената на бојадисувањето на дрвото зависи од големината на површ...

    Проверете и: Фарбање дрво Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Белење - цени, бои, опции и се што треба да знаете

    Дали се исплаќа да се бели станот или фасадата?

    Дали се исплаќа инвестицијата белење? Откривме дека тоа е една од градежните интервенции што најмногу им се исплаќа на сопствениците на станови во однос на тоа колку брзо се враќа. Просечната цена на белење е внатрешни ѕидови е од околу 2 до 5 евра/м2, додека бојадисувањето на фасадата чини од околу 4 до 5,5 евра/м2 и нагоре во зависност од повеќе фактори.

    Трошоците за бојадисување на просечен стан од 60 м2 обично се движат од приближно од 350 до 1.000 евра.

    Меѓутоа, свежо обоените ѕидови имаат исклучително позитивен ефект врз вредноста на недвижностите. Без разлика дали имате намера да го продадете или изнајмите станот, можете да очекувате дека поради самото белење, ќе постигнете повисока цена и побрза продажба, односно издавање, бидејќи потенцијалните купувачи или станари ќе добијат впечаток дека имотот е организиран и згрижен. Првите впечатоци се клучни кога продавате или издавате стан.

    Експертите за недвижнини проценуваат дека белење на стан може да ја зголеми неговата вредност дури и до 5%.

    Тоа значи дека при продажба на стан од 100.000 евра може да се очекуваат дополнителни 5.000 евра. Класична инвестиција во белење на помал стан (до 60 м2) може да се врати за само неколку месеци, поради побрза продажба или повисока цена.

    „Станот го избеливме непосредно пред продажбата. Првите клиенти веќе го покажаа својот ентузијазам. Тие рекоа дека им се допаѓа што сè е толку свежо и чисто. Кога повторно би продавала стан, првото нешто што би го направила е да го избелам. Навистина вреди! „Анита, сопственичката на станот.

    Поудобно домување

    Белењето не само што ја зголемува вредноста на имотот. Новата боја на ѕидовите значително го подобрува квалитетот на домувањето, бидејќи влијае на расположението и создава попријатна атмосфера. Боите визуелно го зголемуваат просторот, додаваат светлина како и впечаток на прозрачност и чистота. Според експертите, тоа е еден од најбрзите и нај економичните начини за уредување на простор за живеење кој чини многу помалку од по обемните реновирања.

    Дали знаевте дека со белење всушност се штитат површините?

    Белењето ѕидови и тавани не е важно само за естетиката, туку и за заштита. Нова боја спречува навлегување на влага, прашина, па дури и плесна. Ова е особено важно во просториите кои се повеќе изложени на влага, како што се бањите, подрумите и кујните. Инвестицијата во заштитата на ѕидовите со белење е значително помала од трошоците за санација на мувлата или ново малтерисување, кои можат да бидат и до 7,5 евра м2 или повеќе.

    Свежо избелени ѕидови го подобруваат квалитетот на воздухот

    Изборот на еколошки бои придонесува за подобар квалитет на воздухот во просториите. Ваквите бои не содржат штетни испарливи материи (VOC) и затоа се особено препорачливи за простории каде што вентилацијата е послаба или каде живеат почувствителни луѓе, како што се децата и постарите лица. Вистина е дека таквите бои се нешто поскапи, но, на долг рок, претставуваат голема предност за здравјето.

    Постојат 6 типа на белење, кој да се избере и кои се цените?

    Изборот на вистинскиот тип на белење не секогаш е едноставен. Тоа зависи од состојбата на ѕидовите, вашите очекувања и секако вашиот буџет. Цените на бојадисувањето започнуваат од околу 2 евра/м2 за обично основно белење, но може брзо да надминат 15 евра/м2 доколку се потребни пообемни поправки и повеќе слоеви боја. Пред да белите, важно е да знаете дали ви треба само освежување или комплетна санација.3.png

    Пример од практиката: "Отпрвин мислев дека еден слој боја ќе биде доволен, но кога ги видов пукнатините и дамките, решив да направам темелно реновирање.“

    Погледнете ги најчестите молерски работи и нивните цени.

    1. Цена за освежување на ѕидовите, кога ѕидовите се во добра состојба

    Ако ѕидовите се во релативно добра состојба, без поголеми пукнатини, дамки или боја што се лупи, тогаш е доволно основно освежување со еден слој боја. Пред белење, се препорачува да се исчистат површините, можеби минимално шмиргла, а потоа да се нанесе свежа боја.

    Пример од практиката: "Во спалната соба немаше поголеми оштетувања, па таму само еднаш ги поминавме ѕидовите“.

    Цената за такво освежување обично варира околу 3-5 евра/м2, која вклучува заштита на просторот и еден слој боја. Тоа е најбрзиот и најевтин начин да се врати свежината во собата.

    2. Трошоци за белење со обнова на ѕидниот премаз, кога бојата е напукната

    Кога ѕидовите инаку се во добра состојба, но на нив има дамки, помали пукнатини или траги од поправки, потребно е делумно реновирање. Мајсторот таквите места ќе ги шмиргла, ќе ги запечати, а потоа ќе ги покрие сите ѕидови во два слоја. Цената за таква работа може да се движи од околу 4 - 6 евра/м2 па нагоре, во зависност од обемот на работа.

    Пример од практиката: "Нашата кујна секогаш изгледа како во неа да „паднала бомба“. Секако, тоа се гледа и на ѕидовите. Требаше малку повеќе работа, но сега просторот изгледа како нов.“

    3. Трошоци за белење со отстранување на старата боја, кога бојата ќе се лупи

    Ако бојата на ѕидовите се одвојува, се лупи или пукнатините се подлабоки, често е потребно да се отстрани стариот слој. Ваквата интервенција вклучува отстранување на бојата, нанесување на порамнителна смеса, шмиргла и белење во два слоја. Трошоците можат да излезат околу 4 - 7 евра/м2 па нагоре.

    Пример од практиката: "Во детската соба бојата доста се излупи. Утврдивме дека треба целосно да се отстрани и да се префарба“.

    4. Трошоци за белење со санација на матер, кога малтерот се лупи

    Кај постарите згради многу често проблемот е во самиот малтер. Ако се лупи или паѓа, неопходна е поправка. Прво, целиот оштетен малтер се отстранува до цврста, т.н. здрава подлога, по што следи нанесување на поправен малтер, измазнување, шмиргла и белење во два слоја. Цената за санација на малтер варира од околу 6-10 евра/м2 или повеќе. Тоа е поскапо решение, но неопходно за долгорочен квалитет.

    Пример од практиката: „Бањата беше во многу лоша состојба. Малтерот паѓаше. По отстранувањето и новото малтерисување, просторот конечно дише.“

    5. Трошоци за малтерисување поради влажни ѕидови по навлегување на вода, влагата е во ѕидовите

    Влагата во ѕидовите е еден од најсложените проблеми. Прво е неопходно да се санира изворот на влага. Најчестите причини за влага во ѕидовите се:

    • Лоша надворешна хидроизолација, што овозможува навлегување на дождовница.
    • Капиларна влага, што ја крева водата преку подот во ѕидовите. Ова се решава со сечење на ѕидовите и инсталирање на хоризонтална бариера.
    • Кондензација, што е предизвикано од лоша топлинска изолација и несоодветна вентилација.

    Цената на таквата санација може да изнесува околу 5-10 евра/м2 па нагоре, во зависност од степенот на оштетување и избраните материјали.

    Санацијата вклучува неколку чекори:

    1. Отстранување на влажен малтер
    2. Репаратурен малтер или плочки за бања
    3. Основен премаз
    4. Маса за израмнување
    5. Брусење на површината
    6. Белење во два или три слоја

    6. Цена за белење на фасадата

    За да може куќата да изгледа убаво однадвор, потребно е фасадата редовно да се бојадисува. Постапката опфаќа чистење на површините, нанесување прајмер (доколку има пукнатини на фасадата) и белење со фасадна боја. Цената за белење на фасадата генерално варира од околу 6 - 9 евра/м2 или повеќе, во зависност од повеќе фактори: состојба и сложеност на фасадата, подготовка, квалитет на бојата и број на слоеви, како и од самиот изведувач.

    Што вклучува конечната цена на белење?

    Секое белење има 4 задолжителни фази

    За резултатот од белењето да биде квалитетен и долготраен, мора да се следи процес од четири фази кои следат една по друга по точен редослед. Непочитување на тој редослед или прескокнувањето на фазите лесно може да доведе до лупење на бојата, не лепење или неправилно покривање на површините. Во табелата се прикажани основните чекори при белење, кои ќе ги опишеме подетално подолу:

    Фаза Цел
    1. Заштита Покривање на мебел, подови, прекинувачи и приклучници, заштита на рабовите на столаријата со лепливи ленти
    2. Подготовка на подлогата Чистење, лупење на стари слоеви, основни поправки
    3. Глетување, шмиргла Израмнување на површината, пополнување на дупки и пукнатини, подготовка за рамномерна примена на нови слоеви
    4. Белење Примена на боја, декоративни техники

    Колкави се трошоците за поединечните фази на белење?

    За полесно планирање на белењето, корисно е да се знаат приближните удели на трошоците на работите:

    • Заштита на просторот: 10% (на пример, заштитни фолии, лепливи ленти)
    • Подготовка на површината: 15% (чистење, мали поправки)
    • Малтерисување и шмирглање: 20% (порамнување на ѕидови)
    • 2x белење: 50% (боја и нанесување)
    • Друго: 5% (транспорт, завршни работи)1.png

    1. Заштита на простории

    Заштитата на просториите пред белење започнува со покривање на подови, мебел, прозорци, врати, приклучници и прекинувачи. За подови обично се користат подебели заштитни фолии, најлони или картони, кои се доволно силни за да издржат одење и поместување на скалата. Се препорачува за мебел да се користи потенка заштитна фолија, кој може да се фиксира со леплива лента. Заштитните ленти се лепат и на рабовите на таваните, рамките на вратите, околу прозорците, прекинувачите и приклучоците. Најдобар избор за тоа е молерска лента, која не остава траги при отстранување и овозможуваат разграничување на чисти, прави линии. Добро залепените ленти многу го олеснуваат подоцнежното чистење.

    Заштитата на просториите е чекор кој навистина може да влијае на конечниот резултат, не само затоа што го спречува валкањето, туку и затоа што овозможува непречена работа без непотребни прекини во работата поради бришење дамки.

    2. Подготовка на подлогата и отстранување на оштетените слоеви

    Дури и најдобрата боја нема да издржи ако се нанесе на валкана, влажна или површина која се распаѓа. Затоа, пред да започнете со белење, треба да ја процените состојбата на ѕидовите:

    • Доколку ѕидовите се во многу добра состојба, без пукнатини, дамки или боја која се лупи, доволно е темелно суво и влажно чистење. Прашината, маснотиите и саѓи можат да спречат лепење на бојата. Површината прво треба да се избрише со сува крпа или да се исчисти со правосмукалка, а потоа да се избрише со влажен сунѓер со благо средство за чистење.
    • Доколку ѕидовите се малку валкани, но суштински добри, често е потребно само лесно шмирглање, за отстранување на стари дамки кои би влијаеле на лепењето на бојата. Ова може да се направи рачно или со машина.
    • Доколку бојата се одлепила, се лупи или ако има тапет на ѕидовите, сѐ треба да се отстрани. Бојата обично се отстранува со шпатула, топла пареа или хемиски средства. Тапетите, пак, се натопуваат во вода и полека се лупат. Понекогаш помага да додадете омекнувач или специјално средство за лупење тапети.
    • Доколку е оштетен малтерот (пукнатини, влага, мувла), тој мора целосно да се отстрани. Тоа е најтешкиот начин на подготовка и најдобро е да им се препушти на експертите.
    • Не малтерисани ѕидови од бетон или тули исто така бараат соодветна подготовка. За бетон најчесто се користат специјални основни премази кои ја забавуваат апсорпцијата и спречуваат пребрзо сушење на бојата. Ѕидовите од тули, сепак, често треба да се премачкаат со подебел слој врзивно средство.MK Painting infographic.png

    Цени за санација и подготовка на подлогата за нанесување боја

    Репаратурен малтер и малтер за сушење

    На ред доаѓа санација, со која се обновува површината и се подготвува за нанесување боја. Доколку постојат пукнатини, влага или малтер кој се лупи, не е доволно само да ги покриете со боја или кит. Во таков случај, треба да се користат специјални видови малтер, што ќе обезбеди долготрајна издржливост и добра основа за белење.

    Репаратурен или малтер за санација е специјално наменет за простории каде што има проблеми со влага или сол во ѕидовите. Содржат специјални состојки кои овозможуваат испарување на влагата, а во исто време спречуваат солта да избие на површината. Малтер за сушење од друга страна, се користи таму каде што ѕидовите треба брзо да се исушат, на пример, после протекување. Тие обезбедуваат побрзо сушење и на тој начин го спречуваат создавањето на мувла.

    Видови малтер

    Цел Приближна цена
    Репаратурен 


    За ѕидови со влага, сол, капиларна влага 15-25 евра/25 кг 
    Сушење


    Забрзано сушење на ѕидовите по мокрење 20-25 евра/25 кг 
    Порамнителен


    Нивелирање и подготовка на нерамни површини 5-20 евра/25 кг 
    На варна основа

     
    Природно, за постари згради, подобро испарување на влагата 10-15 евра/25 кг

    *Важно: За секој малтер мора да се избере соодветен основен слој, во спротивно може да почне да се лупи и да паѓа.

    **Површината мора да биде чиста, обесмастена и доволно груба за малтерот добро да се залепи.

    Пополнување на пукнатини

    Кога ѕидовите се санирани и стабилни, следува глетување, процес на пополнување помали оштетувања, вдлабнатини и пукнатини. Целта на глетувањето е да се создаде мазна, рамна површина, која обезбедува рамномерно нанесување на бојата. Кога станува збор за помали пукнатини, доволно е само малку глет маса за внатрешни ѕидови. За поголеми пукнатини или спој на два различни материјали (на пример, ѕид и таван), се препорачува да се користи армирана мрежа од фиберглас. Таа се залива во првиот слој на глет маса и спречува повторно појавување на пукнатини. Така се создава цврста и мазна површина, подготвена за нанесување на основниот премаз (прајмер).

    Основен премаз (прајмер)

    Ѕидот без основен слој нерамномерно ја апсорбира бојата, што предизвикува појава на дамки, а на правливи и помазни површини бојата може да почне да се лупи. Затоа, основниот слој или прајмер е исклучително важен за долгорочна стабилност на бојата и едноличен изглед, бидејќи ја регулира порозноста на подлогата и ја зголемува нејзината атхезија. Прајмерот се нанесува со валјак или четка, а кога се работи за поголеми површини со систем за прскање. Се нанесува рамномерно во еден слој. Се суши приближно 6-12 часа, во зависност од температурата и влажноста на воздухот.

    За различни површини се користат различни основни премази:

    • За мазен и бетон кој помалку впива се користи длабински прајмер, кој продира во порите и обезбедува добра атхезија. Се користат специјални производи кои спречуваат лупење и отфрлање на бојата.
    • Тулата е многу порозна, па затоа бара акрилен или силиконски основен слој, што спречува ѕидот буквално да ја „испие“ целата боја.
    • Гипсени плочи се чувствителни на влага и бараат специјален прајмер за суво монтажни системи, што ја намалува апсорпцијата.

    3. Шмирглање и глетување на ѕидовите

    Шмирглање и глетување на ѕидовите се последните чекори на подготовка на површината пред белење. Главната цел на глетувањето е да се пополнат малите пукнатини и да се создаде целосно мазна површина, што овозможува рамномерно нанесување на бојата. Со шмирглање пак, дополнително се мазнат сите неправилности и се отстранува вишокот материјал.

    Глетување на ѕидовите

    Таканаречените глет маси и маса за израмнување се разликуваат по намената, финоста на текстурите и начинот на нанесување. Некои се применуваат рачно со мистрија, а други се прилагодени за машинска употреба, што е побрзо и порамномерно, погодно за поголема квадратура. При глетување најпрво се нанесува подебел слој кој пополнува поголеми вдлабнатини. Потоа следи сушење од 8 до 24 часа, во зависност од дебелината на облогата, влажноста и температурата. После тоа, ѕидот е подготвен за вториот слој, за фино израмнување на површината, а по потреба и третиот, завршниот слој.

    За глетување се користат различни материјали:

    Вид на соединение за израмнување Име и карактеристики
    Лесна маса за израмнување За внатрешни ѕидови, едноставно се шмиргла
    Мазна маса за фина обработка Последниот слој пред белење
    Маса за машинско мазнење За поголеми површини, рамен слој

    Шмирглање на ѕидовите

    Кога глет масата ќе се исуши, следи шмирглање. За таа цел се користи хартија за шмирглање (гранулација P100 - P220), која овозможува мазен премин помеѓу стариот ѕид и кошулицата. Рачно брусење е попрецизно и најчесто се користи за помали површини или агли. Машинско брусење (со брусалка со правосмукалка) е побрзо и почисто, а секако подобро за поголеми простории.

    При шмирглање се препорачува да се користи заштитна маска и очила, бидејќи се создава многу прашина.

    4. Цени за белење ѕидови

    Кога ѕидовите се готови и мазни, суви и подготвени, време е за белење, односно кречење. Тука конечно можете да го видите резултатот од целата претходна работа. Но, и овој чекор бара внимателен избор на материјали, техники и број на слоеви, бидејќи различните видови на бои и подлоги влијаат на конечниот изглед.

    Боење на ѕидовите во бело, класичен избор

    Бела дисперзивна боја најчесто се користи за внатрешни простори, бидејќи обезбедува добра покриеност и е паропропустлива. Рачно белење (валјак, четка) – е погодно за помали површини и попрецизна работа, додека за поголеми површини често се користи машинско прскање боја, што обезбедува побрза и порамномерна примена. Со ваквото белење се троши приближно 1 литар боја на 7-10 м2 површина, додека за погрубите површини потребна е повеќе боја.

    Цената на белење во главно зависи од бројот на слоеви:

    • 1 слој бела боја е доволно само да ги освежите ѕидовите со иста боја. Трошоците за белење во еден слој обично се наплаќаат околу 2,5 - 4 евра/м2.
    • 2 слоја бела боја се стандардни за повеќето реновирања, бидејќи создаваат уедначен изглед. Цената на двослојното белење е околу 3,5 - 5 евра/м2, па нагоре, што е под влијание на повеќе фактори.
    • 3 слоја бела боја се неопходни кога потемните бои се покриваат со посветли или кога подлогата е многу порозна. Белење во три слоја чини пари помеѓу 4,5 - 5,5 евра/м2, па нагоре.

    Белење со интензивни бои

    Кај живи, интензивни нијанси (на пример: црвена, сина, зелена), квалитетот на покриеноста е често полош, па затоа е неопходно да се нанесат повеќе слоеви (дури и 3 - 4) или употреба потемен прајмер ,за основата да не навлезе во бојата.

    • Цена за 1 слој интензивна боја е околу 3 - 4 евра/м2.
    • Цена за 2 слоја интензивна боја е околу 4 - 5 евра/м2.
    • Цена за 3 слоја интензивна боја е околу 4,5 - 5,5 евра/м2.

    Белење со посебни бои и украсни техники

    Покрај класичното белење, може да се применуваат и декоративни техники како што се шари, имитација на бетон или камен, метален изглед, антички ефект или бои со додаток на сјај или текстури:

    • Техника на лепење ленти: Лентите се залепуваат за ѕидот во саканата форма (ленти, геометриски форми, скалести или слично), се бојадисуваат, а потоа се вадат за да останат саканите шари со чисти и прави рабови, што, на пример, е одлично за детските соби.
    • Имитација на бетон или камен: со помош на специјални шпатули и бои, се создава рустикален ефект.
    • Металик ефект: се користат бои со метални пигменти, на пример, сребро, бакар, бронза.
    • Антички ефекти: нерамномерно нанесување на боја со специјални четки и сунѓери му дава на ѕидот стар изглед.

    Каков тип на боја да се избере за белење

    Цена за белење со дисперзивни бои

    Боите на база на вода, односно дисперзивни бои денес се најчестиот избор за боење на внатрешни ѕидови и тавани. Бидејќи тие се на водена база, брзо се сушат, немаат силен мирис и имаат многу мала содржина на испарливи органски соединенија (VOC). Нивната најголема предност е тоа што се лесни за употреба, бидејќи дури и почетник може да ги користи. Достапни се во широк спектар на бои и можат да се користат за речиси секоја просторија каде што нема значителна влага. Цената на материјалот се движи помеѓу 2 и 4 евра/литар, односно околу 15 - 20 евра/25 кг во зависност од видот и производителот. Мајсторите наплаќаат за работа околу 3 - 5 евра/м2 па нагоре, во зависност од условите за работа и подлогата.

    Цена за белење со акрилни бои

    Акрилните бои се еден од најчестите избори за белење внатрешни ѕидови. Тие се исто така на водена основа, со додавање на акрилни смоли, што обезбедува добра атхезија, брзо сушење и лесна употреба. Отпорни се на УВ зраци и услови на умерена влажност, па се погодни за дневни соби или спални и ходници. Нивните предности се и ниска концентрација на штетни испарувања (VOC) и широк избор на нијанси. Нивната слабост е што во споредба со латекс боите, тие не се перат. Цената на белење со акрилни бои (2 слоја) изнесува приближно 5 - 7 евра/м2 и нагоре, додека материјалот чини од околу 5 евра/лит. до околу 40 евра/15 литри во зависност од видот на боја и производителот.

    Цена за белење со латекс бои

    Латекс боите во основа се слични на акрилните бои, но имаат поголема еластичност и подобра отпорност на триење. Се препорачуваат за просториите во кои се наоѓаат ѕидови кои се повеќе изложени на допир и абење, на пример за ходници, детски соби или кујни. Поради нивната можност за перење, тие можат да се чистат со влажна крпа без ризик од отстранување или оштетување на самата боја. Цената на латекс боите започнува од околу 8 евра/лит. до околу 100 евра/10 литри, во зависност од видот на бојата и производителот, додека мајсторите земаат приближно 10 - 15 евра/м2 или повеќе за работна рака, според условите за работа.

    Цена за белење со декоративни техники

    Декоративните техники не се наменети само за боење, туку за создавање уметнички ефект на ѕидовите. Постојат различни ефекти, т.н. металик или бисерен сјај, мермерен изглед или техники со кој се создаваат текстури (да речеме, сахара, травертин). Тие можат да нагласат одредени делови од просторот, како на пример, ѕидот зад креветот, облогата на каминот или трпезаријата. Цената е малку повисока: од 15 до 35 евра/м2 или повеќе, бидејќи тоа е тешка работа, со поскапи материјали.

    Цена за белење со специјални бои за влажни простории

    За бањи, кујни перални или помошни простории за сушење алишта, достапни се специјални бои, отпорни на влага, кондензација, па дури и мувла. Тие се исто така антибактериски и спречуваат појава на дамки. Може да се исчистат со влажна крпа. Ваквите бои чинат малку повеќе, околу 4 - 15 евра/литар и за работна рака мајсторите наплаќаат од околу 9 до 14 евра/м2 па нагоре.

    Пример од практиката: „Бањата нема прозорец, па знаев дека ми треба боја која ќе може да го издржи секојдневното создавање на пареа. Молерот ми препорача боја што може да се пере и која дише, која се покажа навистина добра“.

    Во зависност од карактеристиките, се користат различни видови на бои кои се перат. Акрилни бои кои се перат овозможуваат брза примена и се најчест избор. Латекс бои што се перат се идеални за често чистење на ѕидовите во кујната. Облоги против мувла често се достапни во специјализирани продавници и содржат адитиви против мувла.

    Вид на боја за перење Отпорност на влага Можност за перење Антибактериска заштита Белење  Еколошка прифатливост Цена со работна рака
    Латекс бои кои се перат  Високи Многу добро Да Едноставно Умерено
    10 - 15 евра/м2
    Акрилни бои против влага Средно Добро Да Многу лесно Високи 5 - 7 евра/м2
    Облоги против мувла Многу високо Многу добро Да Умерено барајќи Зависи од производот 3 - 6 евра/м2

    Цени за фарбање на дрво

    Внатрешните или надворешните дрвени површини бараат посебен третман бидејќи се почувствителни на влага, УВ зраци и механички оштетувања. Најчестиот избор се акрилните бои за дрво и глазури:

    • Акрилни бои за дрво се непроѕирни и создаваат силен заштитен слој. Одлични се за прозорци, врати или дрвен мебел. Брзо се сушат, не пожолтуваат и лесно се чистат. Цената на материјалот е некаде околу 5 евра/литар, во зависност од производителот и видот на производот. Кај нас мајсторите фарбањето обично го наплаќаат во просек 8 - 11 евра/м2 кога станува збор за натстрешници, а за столарија наплаќаат околу 30 - 40 евра/м2.  
    • Лазурни бои или таканаречени глазури се проѕирни и ја нагласуваат природната текстура на дрвото. Идеални се за дрвени облоги, огради или мебел што сакате да го зачува својот оригинален изглед. Тие се малку почувствителни на абење, но визуелно изгледаат многу привлечно. Цената со работна рака е слична на акрилните бои.
    • Масла за дрво се проѕирни премази кои длабоко го штитат дрвото и ја истакнуваат неговата природна текстура и тон. Тие главно се користат за надворешни дрвени површини како што се тераси, огради, градинарски мебел и перголи. За разлика од боите, тие не создаваат филм на површината, дозволувајќи му на дрвото да „дише", но тие бараат редовно обновување, обично еднаш годишно. Предноста на маслата е нивниот мат изглед и лесна поправка без шмирглање. Цената на маслото се движи од околу 10 до 18 евра/литар, а мајсторите, во зависност од видот на маслото и состојбата на дрвото наплаќаат од 8 -12 евра/м2 за работна рака. Се препорачува да се користат природни масла или масла отпорни на УВ зраци.

    Вид на боја

    Покриеност Видливост на текстурите на дрвото Отпорност на УВ  Може да биде на отворено Еколошка прифатливост Цена со работна рака
    Акрилни бои Високи Не (не провидно) Многу добро Да Висока 12 - 16 евра/м2
    Глазури Ниско до средно Да (под услов) Средно добро Да Умерено 18 - 20 евра/м2
    Масла Многу ниско Да (ги нагласува текстурите) Средно Да (само со редовно обновување) Висока 10 - 14 евра/м2

    Цена за фарбање метал

    Металните површини како огради, радијатори, метални конструкции или дури и мебел бараат бои со добри заштитни својства. Постојат два основни типа на бои за метал:

    • Антикорозивна боја служи за заштита на железото и челикот од рѓа. Често се користат како основен слој, но можат да бидат и завршен слој. Цените за материјалот се движат од око 2 до 10 евра/литар, при што се пресметува дека е доволно за 10 - 12 м2. Услугата за фарбање се наплаќа помеѓу 5 - 8 евра/м2 или повеќе во зависност од повеќе фактори.
    • Акрилни бои за метал овозможуваат естетска реставрација и дополнителна заштита. Тие се користат за алуминиум, прохром и други метали кои не се толку подложни на корозија. Достапни се во различни нијанси и сјај (мат, полумат, сјајни).
    • Епоксидни премази се високо ефективни средства особено наменети за заштита на метали во најсложени услови, индустриски постројки, гаражи, магацини, конструкции изложени на временски услови. Тие се двокомпонентни (боја + фиксатор (зацврстувач)) и по нанесувањето создаваат исклучително цврст, хемиски и механички отпорен заштитен слој. Покрај тоа што се многу отпорни на абење и влага, тие се и многу долготрајни. Поради сложеноста на подготовката и примената, тие генерално бараат професионална рака. Цената на материјалот е до околу 10 евра/литар. Цената на услугата за боење е слична на бојадисувањето со антикорозивни бои.
    Вид на боја Покриеност Отпорност на УВ Може на отворено Еколошка прифатливост Цена со работна рака
    Антикорозивна боја Високи Многу добро Да (особено за железо и челик) Умерено 7 - 11 евра/м2
    Акрилни бои за метал Високи Добро Да (во средина со помалку зрачење) Висока 7 - 11 евра/м2
    Епоксидни премази Многу високо Исклучително Да (индустрија, гаражи, структури) Ниско до умерена 7 - 11 евра/м2

    Цена за бојадисување на фасадата

    Стандардни бои за фасади

    Фасадата е најизложена на временските услови, па затоа е важно да се избере соодветна боја според околината и климата. Најчестите типови се:

    • Фасадни бои на база на вода се еколошки, брзо се сушат и се отпорни на УВ зраци. Погодни за повеќето површини. Цените на боите на фасадите започнуваат од околу 50 до околу 70 евра/15 - 25 кг, а мајсторите наплаќаат за работна рака околу 6 - 9 евра/м2.
    • Бои на база на растворувачи (солвентни) обезбедуваат поголема издржливост во тешки услови, но се помалку еколошки. Идеални за изложени површини и постар малтер.

    Специјални фасадни бои

    За куќи на особено изложени локации (на пример, покрај море, во индустриско опкружување или на сончева страна), се препорачуваат посебни бои:

    • Терморефлективни бои го намалуваат загревањето на ѕидовите и ја подобруваат енергетската ефикасност на зградата. Тие се користат главно за јужна и западна фасада.
    • Антикорозивни фасадни бои се одлични за домови во влажни и абразивни средини бидејќи спречуваат мувла, дамки од сол и влошување на малтерот.

    Декоративни фасадни бои

    За оние кои сакаат нешто посебно, тука се и декоративните фасадни бои. Може да содржат песок, сјај или други адитиви кои создаваат уникатен изглед и ги нагласуваат архитектонските детали. Тие главно се користат за цокле, балкони, прозорски рамки или влезни ниши. Нивната цена е малку повисока, но резултатот е навистина посебен.

    Вид на боја Цел Отпорност Еколошка прифатливост Цена со работна рака
    Фасадни бои на база на вода За повеќето фасади Добра УВ заштита Високи 4 - 6 евра/м2
    Бои на база на растворувачи За фасади изложени на попребирливи средини Многу отпорен на временски услови Умерена до ниска 4 - 6 евра/м2
    Терморефлективна боја За оние кои постојано се изложени на сонце Помалку затоплување Висока до умерена 4 - 6 евра/м2
    Антикорозивни фасадни премази За архитектонски акценти Во зависност од структурата Во зависност од структурата 4 - 6 евра/м2
    За да го пресметате приближниот износ на реновирање на фасадата, можете да ја користите и нашата алатка,  Daibau просечни цени. Таму ќе видите колку пари треба да одвоите според квадратурата, локацијата и посакуваниот квалитет на материјалите.

    Која боја да се избере за ѕидови?

    Психологија на боите: Како да ја изберете вистинската боја за секоја соба?

    Боите во нашиот дом не се само прашање на вкус, тие навистина влијаат на вашето расположение и на тоа како се чувствувате во некој простор. Психологијата на боите проучува како различните тонови влијаат на емоциите, енергијата, па дури и на продуктивноста.

    Кога планирате да го обоите вашиот дом, не е доволно да се запрашате каква боја сакате, туку и како сакате да се чувствувате во таа средина.

    Пример од практиката: „На почетокот сакав да ги избелам сите ѕидови во бело, за се да биде поедноставно. Но, кога истражував, сфатив дека боите навистина можат да ја променат атмосферата на собата. Потоа решив секоја соба да ја белам различно, во зависност од тоа што најмногу правам во неа.“

    Погледнете какво психолошко влијание имаат различните бои:

    Боја Психичко влијание Препорачана употреба
    Сина Опушта, смирува, влева самодоверба Спални соби, бањи, катче за учење
    Зелена Поврзан со природата, освежува, создава рамнотежа Дневни соби, кујни
    Црвена Ја активира енергијата, создава чувство на топлина Како акцент во трпезариите или дневните соби (во поголеми количини може да биде навредлив)
    Жолта Поттикнува оптимизам и креативност Детски соби, кујни, ходници (внимавајте на интензитетот)
    Неутрални: бела, сива, беж Неутралност, разновидност, одлична позадина за други бои Цели апартмани, идеално за смиреност и едноставност

    При изборот на бои, важно е и колку е интензивна бојата. Силните, заситени бои можат брзо да станат тешки за гледање, затоа користете ги умерено, на пример, само на еден ѕид во собата. Цените на квалитетните внатрешни бои се движат помеѓу 20 - 50 евра/10 литри, што е доволно за приближно 60 - 80 м2 површина во еден слој.

    5.png
    Ѕидот не мора нужно да биде целосно мазен, изберете малку текстура

    Која комбинација на бои да се избере?

    Кога го бојадисувате вашиот дом, не е доволно само да ги изберете омилените бои, важно е да размислите за целата палета, светлина и атмосфера што сакате да ги добиете.

    Монохроматска палета

    Монохроматското белење значи дека користите една основна боја која може да се прошири со посветли и потемни варијации. На пример: ако изберете сина, можете да комбинирате небесно сина, кралска сина и тегет во иста просторија. Овој пристап е одличен за помали простории, бидејќи изгледа хармонично и го олеснува комбинирањето со додатоци како на пример, завеси или мебел и декорации.

    Комбинација на бои

    Кога комбинирате повеќе бои, можете да изберете различни стратегии кои влијаат на изгледот и визуелното влијание на просторот:

    • Аналогна палета користете бои кои се блиску една до друга на тркалото за боја, на пример, жолта, жолто - портокалова и портокалова. Таквите тонови создаваат мека транзиција и се одлични за дневни соби или трпезарии.
    • Комплементарна палета вклучува контрастни бои, како сина и портокалова. Таквиот пристап е посмел и многу ефикасен во акцентирањето.
    • Акцентни ѕидови се начин за додавање боја без комплетно белење, обојте само еден ѕид во контрастна боја, оставајќи ги другите неутрални.
    • Светлосни ефекти со потемни бои го намалуваат впечатокот за просторност, затоа користете ги само таму каде што имате доволно природна светлина. Посветлите бои, сепак, прават просторот да изгледа поголем.
      9.png
      Црвеникави тонови и хармонични нијанси на сиво совршено се вклопуваат во модерниот и традиционалниот стил
      10.png
      Морските тонови се идеални за крајбрежните области, додека земјените тонови одлично се комбинираат со природни материјали неутралната хармонично го обединува прокторот 
      11.png
      Сината палета на бои создава смирувачка атмосфера, додека неутралната хармонично го обединува прокторот 

    Техники за акценти и визуелни ефекти

    Покрај основниот избор на боја, можете да користите различни техники за дополнително прилагодување на просторните ефекти:

    • Прелевање на бојата (позната и како омбре техника) значи дека бојата постепено оди од посветла кон потемна. Оваа техника често се наоѓа во модерните ентериери, особено во спалните соби или во форма на специјална ѕидна уметност.
    • Текстури и завршна обработка овозможуваат додавање карактер. Мат боите се модерни и дискретни, полу сјајните се поотпорни на дамки (погоден за кујни), додека металик завршна обработка додава допир на гламур.
    • Акцентни детали, како што се рамки околу вратите или прозорските рамки, ги нагласуваат архитектонските карактеристики.
    • Зонирање во боја е популарно кај отворен тлоцрт, на пример, кујната е во еден тон, а дневната соба во друг, што визуелно го дели просторот без потреба од ѕидови.
      8.png
      Дали знаете дека боите можат да создадат илузија за големината на просторот или да го привлечат вниманието на гледачот кон нешто?

    Кога е најдобро време за белење?

    Најдобро време за белење на домот е пролет или есен, кога температурите се умерени, влажноста на воздухот не е превисока, а собите може да се остават отворени. Во лето често е премногу топло, бојата може премногу брзо да се исуши и да пукне, а во зима може да изгубите многу топлина поради вентилација. За простории кои можат добро да се проветруваат (на пример, оние со прозорци од двете страни), зимата е исто така погодна, доколку не е премногу студена.

    Препорачаната температура за нанесување на внатрешни бои е околу 15 - 25°C. Влажноста на воздухот треба да биде под 60% за бојата да се исуши правилно.

    Колку време трае белењето?

    Времето потребно за белење зависи од квадратурата, состојбата на ѕидовите и бројот на слоеви на боја. За белење на мал, еднособен стан, ви треба 1 до 2 дена; за стан од 60 - 70 м2 со три соби и бања, на молерот му требаат 2 до 4 дена, а белење на целата куќа со околу 150 м2 ѕидови, потребни се 4 до 6 дена. Доколку ѕидовите се во лоша состојба (доколку има пукнатини, влага, никотински наслаги од цигарите), рокот ќе се продолжи поради подготвителни работи, брусење, измазнување и сушење.

    Како да се најде добар молер?

    Добриот молер не е нужно тој што е најевтин – но, тоа е оној кој е сигурен, прецизен и знае како да советува. Ви препорачуваме да ги проверите оценките и референците на мајсторите на платформата Daibau. Добрите молери обично се многу зафатени, па закажете состанок најмалку 2 - 3 недели однапред. Прашајте за датумот на завршување и дали понудата вклучува заштита на мебелот и чистење по завршувањето на работата.

    Што треба да знаете пред да започнете со белење – СПИСОК НА РАБОТИ

    За да се обезбеди брз и непречен процес на белењето, добра идеја е однапред да подготвите некои работи: за да ви ги олесниме подготовките, составивме едноставна листа на најважните задачи:

    1. Ослободете го просторот: поместете го мебелот до средината на собата или извадете го, ако е можно.
    2. Заштитете го мебелот и подот: користете пластични фолии, најлон и молерска лента. Доколку не го направите тоа сами, истото ќе ве чини околу 2-3 евра за да го направи молер.
    3. Отстранете ги сликите, прекинувачите, завесите и електричните приклучоци: ја забрзува работата и ја штити опремата.
    4. Проценете ја состојбата на ѕидовите: доколку забележите пукнатини, флеки или лупење, тие треба да се поправат пред бојадисување или да му се укаже на мајсторот.
    5. Изберете ја вистинската боја: размислете како ќе го искористите просторот (на пример, посветли бои за мали соби, бои што се перат за кујната и детската соба, можеби бањата).
    6. Вентилација: обезбедете вентилација за да може бојата добро да се исуши.
    7. Направете проценка: покрај работата и бојадисувањето, земете ги предвид сите дополнителни работи и поправки (измазнување, израмнување на ѕидови).

    Пример од пракса: белење стан од 62 м2

    Васил имал стар стан од 62 квадрати. Сакал да го продаде што подобро пред да се пензионира, па најпрво помислил да го реновира. Но бидејќи немал средства за обемна работа, решил да го работи само нај потребното – белење. „Станот веќе беше целосно сив. Од цигари, пареа од кујната, деца цртаа по ѕидовите... навистина беше време“, рече тој со насмевка.

    Белење стан
    Белење стар стан

    Како нашол молер?

    Отпрвин се обидел на вообичаениот начин, барал препораки од пријателите и пребарувал на интернет. Но, штом почнал да се јавува, наишол на проблеми. „Кога самиот почнав да барам молер, ме заболе глава. Некои можат веднаш, но цената не ми одговараше. Другите изгледаат во ред, но ќе дојдат дури за шест месеци,“ ја опишуваше Васил првичната конфузија.

    На крајот, тој одлучи да ја испроба платформата Daibau. „Испратив барање, напишав дека ми треба белење на цел стан  и за три дена имав пет понуди! Еден веќе дојде на проценка во понеделник“, вели Васил. По споредбата, тој избра компанија со повеќе од 30 позитивни оценки, која му испратила детална проценка.

    Како течеше белењето?

    Станот имал вкупно 220 м2 површина за белење (ѕидови и тавани заедно). Мајсторите најпрво заштитиле сè, подови, мебел и прекинувачи, штекери и прозорски прагови. Потоа ги израмнија нерамнините, ги изглетуваа пукнатините и ги шмирглаа ѕидовите. Потоа двапати бојадисаа со белата боја што може да се пере.

    Резиме на трошоците:

    • Вкупна површина: 220 м2
    • Цена на белење по м2: 4 евра/м2 (вклучувајќи материјал)
    • Вкупно за работа: 880 евра
    • Дополнителни работи (шмирглање, глетување): 180 евра
    • Вкупни трошоци: 1.060 евра

    Работите траеја точно три дена, без никакви прекини. „Секој ден доаѓаа во осум и заминуваа во четири“, објаснува клиентот. Свежо бојадисаниот стан веднаш им се допадна на првите купувачи, па Васил успешно го продаде по цена што ќе му овозможи безгрижно да ужива во пензијата.

     

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Глетување и кречење

    Потребно глетување и кречење, 60 м2. 35977.5 € до 59962.5 €

    ........

    Молерисување и репарирање на ѕид внатрешен со рачен малтер или слично

    Еден ѕид каде има дупки од штрафови на плафон и на ѕидот од стара преграда од гипс картон која е тргната. Да се израмни ако треба и да се молерисува во бело и во некоја приближна текстура како рачен малтер. Има еден агол кој треба да се направи под васер вага да биде рамен за да се стави подоцна плакар. Две врсти има каде треба да се израмни под первазите откако ќе се тргнат вратите за да подоцна се монтираат нови . 13837.5 € до 23062.5 €

    ........

    Глетување и фарбање на влез од зграда на 6 ката

    Се работи за влез од зграда (6 ката), вкупно приближно 1000 м2. Потребно е глетање каде што треба и фарбање со бела боја. Не интересира која е цената со ваш материјал. 138375 € до 230625 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Имаше протекување од кров/олуци при дожд, изворот е поправен и сега не, 4
    Белење, молерај, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Кречење на стан, 65 м2
    Белење, молерај, Скопје

    675 € до 1125 €

    Цена, Кречење болница, 800 м2
    Белење, молерај, Велес

    2250 € до 3750 €

    Цена, Глетовање на куќа, 150 м2
    Белење, молерај, Скопје

    855 € до 1425 €

    Цена, Глет и белеење, 500 м2
    Белење, молерај, Кичево

    1080 € до 1800 €

    Цена, Кречење на стан, 45 м2
    Белење, молерај, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Глетовање и кречење на стан, 72 м2
    Белење, молерај, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Префарбување боја на кујна,
    Белење, молерај, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Лепак, мрежа, глет и кречење стан, 60 м2
    Белење, молерај, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Глетовае и молерисување на стан, 100 м2
    Белење, молерај, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Санација на влага,
    Белење, молерај, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Кречење на тава во купатило, 7м2
    Белење, молерај, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Локација на врага и санација, 100m2 +~
    Белење, молерај, Прилеп

    720 € до 1200 €

    Цена, Фарбање ѕидови во сина боја, 30 м2
    Белење, молерај, Тетово

    540 € до 900 €

    Цена, Кречење во бело, 42 м2
    Белење, молерај, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Кречење во дневна ходник и скали, 30 м2
    Белење, молерај, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Малтерисување, глетување и молерисување,
    Белење, молерај, Зрновци

    1350 € до 2250 €

    Цена, Фарбање на комода, 1 комода
    Белење, молерај, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Кречење на стан во бело, 60 м2
    Белење, молерај, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Кречење и опшивки на спрат од куќа, 75 м2
    Белење, молерај, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Кречење на стан, 49 м2
    Белење, молерај, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Реновирање на цела соба, 30 м2
    Белење, молерај, Радовиш

    630 € до 1050 €

    Цена, Делимично реновирање апартман во Банско-Бугарија, 43 м2
    Белење, молерај, Банско

    1080 € до 1800 €

    Цена, Глетување и кречење на апартман во Грција, 50 м2
    Белење, молерај, Скопје

    810 € до 1350 €

    Цена, опшивка на прозорци и глетување, 40 м2
    Белење, молерај, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Кречење на два стана, 80 м2 + 60 м2
    Белење, молерај, Скопје

    1350 € до 2250 €

    Цена, Кречење стан, 55 м2
    Белење, молерај, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Кречење на стан, 70 м2
    Белење, молерај, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Глетовање и мазнење на ѕидови, 160 м2
    Белење, молерај, Пехчево

    540 € до 900 €

    Цена, Кречање стан, 77 м2
    Белење, молерај, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Потребно е молерисување на стан, 76 m2
    Белење, молерај, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Гипс, глетовање, молерај, 150 м2
    Белење, молерај, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Кречење на куќа, 70 м2
    Белење, молерај, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Молер, 80 м2
    Белење, молерај, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Звучна изолација на постоечки ѕид од гипс., 10-15 м2
    Белење, молерај, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Кречење на стан, 70 м2
    Белење, молерај, Скопје

    540 € до 900 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Белење, молерај ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    381+ КОМПАНИИ ЗА Белење, молерај
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА