Цената на сигурносните влезни врати зависи од материјалот, димензиите, додатоците и заштитната опрема. Така може да чинат од 1.000 до 1.700 евра, а со разни додатоци дури 2.200 евра. Цените на сигурносните влезни врати се на исто ниво со оние на обичните, дрвените (кои се движат до околу 1.000 евра) или металните (кои се движат до околу 1.500 евра) и се чини дека во таков однос тие се доста исплатливи. Уште повеќе, тие изгледаат уште поисплатливи во споредба со тоа што се првата линија на одбрана за вашиот дом.
Кому да ја доверите изработката или набавката на сигурносна врати? Пратете барање до соодветните и оценети производители и добавувачи на безбедносни врати во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
Сигурносна врата, односно, безбедносна влезна врата е неопходна за секој дом. Кој степен на заштита ќе овозможи зависи од материјалот и начинот на кој е направена. Од друга страна, од голема важност е дали живеете во куќа или во стан, во каква маала, но и тоа колку пари можете да дадете за неа. Најдобра сигурносна врата е онаа која ви одговара на желбите и можностите. При купување на влезна, односно сигурносна врата треба да бидете многу внимателни. На пазарот постојат голем број производи со ниски цени кои се рекламираат како сигурносни, а всушност се обични влезни врати. Само квалитетна сигурносна врата со соодветен сертификат овозможува адекватна заштита на домот.
Кога избирате сигурносна врата треба да обрнете посебно внимание на сигурносните стандарди кои се нудат. Сигурносните врати за станбени објекти мора да исполнат барем 3. степен на сигурност.
Сигурносните врати мора да имаат задоволувачки квалитет на челичната конструкција на вратните крила и рамот, отпорен на обид за кршење. Конструкцијата може да биде обложена со панели од дрво или други материјали, со вградена топлотна и/или звучна изолација. Сигурносни врати со највисок квалитет најчесто се прават во погони каде што заварувањето го вршат роботи, а отстапките се мерат ласерски. Секако, од голема важност е да имаат и полна заштитна опрема како што е брава со повеќе точки и сигурносни рамови и шарки. При обид за обивање, таквата брава се блокира, а цилиндерот и е таков што не може да се пробуши или скрши. Важни додатоци на сигурносните врати се широкоаголни шпиунки, граничници за отворање и слично.
Имајте на ум дека топлинската и звучната изолација на вратат се задолжителни. Повеќе слоеви на термо и звучна изолација, затворени со квалитетни затворачи овозможуваат задржување на топлината во просторот и помало влијание на надворешните фактори, без разлика дали се работи за продор на ладен воздух или влага.
Со секоја сигурносна врата одат и одредени сертификати и CE ознака, со кои се гарантира усогласеност со прописите и стандардите. На пример, сигурносна врата на куќа која е изложена на директно влијание на атмосферски прилики и неприлики, мора да биде соодветно заштитена, односно, подобро заштитена од тој аспект отколку влезна врата на стан.
Секој што има свој дом, сака и да го заштити. Еден од најважните сигурносни фактори секако дека е и сигурносна врата. Покрај тоа што се прва пречка, треба да бидат и најтешката препрека за провалници, но и од сосема други неповолни влијанија, макар само природни, какви што се горештини или мраз. Како да се одлучите за онаа која најдобро ќе ви послужи? Пред да тргнете во шопинг, размислете за следното:
Прв и најважен чекор е согледување на вашите потреби за заштита, како би можеле да ги одредите останатите. Доколку живеете во сигурно опкружување, тогаш ќе ви биде доволна поевтина врата со основна заштита. Спротивно од тоа, доколку живеете во несигурна населба, размислете да ја купите најдобрата сигурносна врата.
Изборот на квалитетен и сигурен продавач, е исто така важна ставка. Не би сакале сигурноста и заштитата на својот дом да ја доверите на сосема непризната и непозната компанија на пазарот. Распрашајте се детално за мислење и искуства кај претходни муштерии, како и за препораки. Проверете дали сигурносната врата е правена по соодветни стандарди.
Најквалитетни се сигурносните врати изработени од алуминиум и челик. Многубројни експерти се согласни околу тоа дека челичната врата е најсигурен и најдобар избор иако е поскапа од алуминиумската. Доколку високата цена ви е проблем, одлучете се за алуминиумска врата – таа е со поприступачна цена, а исто така има одлични карактеристики.
Полнењето на вратата е подеднакво важна мерка за квалитет и ефикасност на вратата, па се препорачува да се провери и тој сегмент пред да купите. Полнењето може да биде структура, односно решетка од алуминиум, челични шипки или мрежа. Најдобри се перфорирани алуминиумски плочи или челична мрежа.
Изборот на квалитетна брава е подеднакво значаен фактор за заштита на домот. Одлучете се за брава која има најмалку три точки на затворање. Обичната брава се обива многу лесно.
Погрижете се вратата која ќе ја купите да ги има сите три шарки кои не можат лесно ниту брзо да се отстранат. Колку по масивни шарки, толку поголема сигурност за вашиот дом. Најдобар избор е врата со скриени шарки до кои нема лесен пристап.
Последна, но не и најмалку важна ставка, е цената на вратата која ќе ја купите. Доколку живеете во безбедна населба, можете да изберете влезна врата само со основни заштитни елементи, која воедно е и најевтина, освен ако не одлучите дека нема да штедите, па да ја купите онаа нај безбедната.
Побарајте понудувач кој изработува сигурносни врати по нарачка. На тој начин можете да ги изберете материјал за секој елемент на вратат – покрај тоа што ќе ве заштити, истата ќе биде и стилски ускладено со остатокот од домот. Така ќе имате потполна контрола и избор на онаа што ќе го платите.
Многу често луѓето се двоумат помеѓу сигурносна врата од масивно дрво или некој вид метал. Секој вид има свои предност и слабости.
Од гледна точка на заштита, металните врати се поробусни и овозможуваат поголема сигурност од дрвените. Поголем број метални врати се заклучуваат во 5 точки. Истражувањата покажуваат дека провалниците најчесто избираат постари типови на влезни врати кои имаат обична брава, односно, се заклучуваат во една точка. Поновите врати со покомплицирани брави или сигурносен систем им преставуваат поголема пречка, па и ризик.
Се случува голем степен на заштита на влезната врата да биде и голем проблем. Честопати станарите ги губат клучевите, се расипува механизмот или нешто трето. Единствен начин за сопственикот да влее во својот дом е да повика противпожарна служба која има опрема и знаење за отворање на такви врати, бидејќи ќе треба да се кршат, во зависност од видот на вратата или рамот или околните ѕидови. Од тој аспект, дрвената врата е подобро решение.
Најдобро би било за замена на стара или поставување нова влезна врата, да ангажирате стручен изведувач. Понудувачите и продавачите на квалитетни сигурносни врати нудат бесплатна монтажа.
Мајсторите кои ќе земат мерка на лице место, ќе ве посоветуваат и кој вид на врата би бил соодветен на дадената ситуација, како и која дополнителна опрема ви е потребна. Кога ќе биде готова вратата, ти ќе ви ја достават. Нормално, прво ќе ја извадат старата и ќе го размонтираат рамот, па ќе ја монтираат новата. Откако ќе завршат со работа, нивно е сета амбалажа и старата врата да ја фрлат во депонија. Доколку старата влезна врата била од дрво, ти ќе ги отстранат и первазите. Некои сигурносни врати се направени така што доколку реновирате, варосувате или општо кажано изведувате некој градежни работи, не мора да ги менувате вратните крила (доколку повеќе не ви се допаѓаат или не ви одговараат). Мајсторите може да ги замени само дрвените облоги и вратата ќе изгледа како нова.
Монтажата на сигурносна врата воопшто не е едноставна работа и бара како знаење, така и вештина и искуство. За вратата да ја исполни својата цел и да го заштити домот, мора да биде монтирана на соодветен начин, онака како што пропишал произведувачот. Поради тоа ви препорачуваме да не монтирате сами. Исто така и сервисирањето препуштете им го на понудувачот или продавачот од кој сте ја купиле вратата. Каков вид на постпродажни услуги нуди продавачот, проверете го уште пред да купите. Можеби нудат и услуги за итни интервенции, па во тој случај треба да се на располагање нон-стоп.
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Изработка и монтажа на влезна врата
Потребна е изработка и монтажа на блиндер влезна врата ,со димензии 230 см х 100 см . 38745 € до 64575 €
Изработка и монтажа на алу влезна врата
Потребна е изработка и монтажа на влезна алу врата. Количина
е 1 врата. Димензии се 200 см х 100 см
22140 € до 36900 €
Изработка и монтажа на безбедносна врата
Потребна е изработка и монтажа на безбедносна врата со звучна и топлинска изолација. Димензиите се 200 × 85 см. 27675 € до 46125 €