За реон

    Топлински пумпи Цена

    Колку чинат топлинските пумпи? Пред да одлучите да купите топлинска пумпа, внимателно проверете ги сите карактеристики на вашата куќа, како и уредите што се нудат. Нека не ве залажува цената, бидејќи без добро планирање и калкулации може да се случи да платите повеќе или да купите систем кој е послаб од потребното, односно заштедите да бидат помали од планираните. Со еден збор, цената не смее да биде единствен и главен критериум, бидејќи тоа е инвестиција за идните, најмалку 20 години. Најважни се карактеристиките на топлинската пумпа, стручни совети за избор, начинот на поставување и регулирање на системот и поставувањето на инсталациите. Топлинската пумпа, сама по себе, е одличен уред, но доколку не е добро интегрирана со системот, нема да работи правилно и нејзината енергетска ефикасност ќе биде помала. Цената на системот со топлинска пумпа вода-вода или земја-вода е највисока и се движи помеѓу 5.000 и 10.000 евра без дистрибутивен систем или подно, односно, греење со радијатори. Цената на топлинската пумпа воздух-вода е многу пониска, така што набавката и монтажата на пумпа од 8 kW, која е погодна за добро изолирана семејна куќа, може да чини од 2.500 евра па нагоре. Колкави се тогаш заштедите за греење? Тројно помали!

    Кому да ја доверите инсталацијата, а подоцна и одржување на топлинската пумпа? Пратете барање до соодветни и оценети експерти за топлинска пумпи во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на топлинска пумпа воздух-вода


    Цена на топлинска пумпа. Цена за набавка и монтажа на топлинска пумпа воздух-вода за семејна куќа со моќност од 12 kW.

    2500.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    4800.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Топлински пумпи

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Топлински пумпи - се што треба да знаете

    1. Што треба да знаете пред да купите топлинска пумпа?

    Топлински пумпи
    Топлински пумпи - енергетски ефикасен начин на греење кој не штети на природната средина

    1.1. Предности на топлинските пумпи

    Помала потрошувачка на енергија, помалку испуштање штетни материи и значително помалку трошок за греење

    Во пасивни објекти кои се убаво изолирани, трошоците за греење, ладење и загревање на водата се 10 пати пониски во споредба со употреба на класично гориво, какво што е на пример масло за греење.

    Купувањето на топлинска пумпа е инвестиција која набрзо се исплаќа

    Доколку направите правилен избор на соодветна пумпа и понудувач, средствата ќе ви се вратат за 5 години. Скоро сигурно е дека побрзо ќе ви се исплати во споредба со останатите  алтернативни видови на греење (соларни системи, греење на пелети и слично).

    Долг работен век и пракрично нула средства за одржување

    Предвидениот работен век на топлинската пумпа е 25 години, без никакво одржување и со многу ниски оперативни трошоци. Во летото таа служи за ладење на објектот, со што се намалуваат трошоците поврзани со климатизација.

    1.2. Слаби страни на топлинските пумпи

    Бучава од компресорот

    Современите топлински пумпи се многу потивки ( сега околу 52 db), но сепак се препорачува надворешната единица да не се поставува на пример, покарј прозорецот од спалната соба. Доколку надворешната единица се постави на 3 метри отворен простор, звукот едвај се слуша.

    Ограничувања

    Топлинската пумпа вода-вода мора да има извор на вода чиј дотур има доволна моќ да и овозможи работа, додека за пумпа на принципот земја-вода потребна е парцела со одредена големина (која мора да биде два пати поголема од површината на објектот) за да може да се постават колектори. И двата вида пумпи се поскапи од инвертерскиот вид возух-вода, но за нив пак мора да се добијат одредени дозволи. Топлиснките пумпи од типот земја-вода и вода-вода имаат, од друга страна, подобра ефикасност од типот воздух-вода. Поради сето ова, пред да купите, треба да се консултирате со професионалец(проектант) околу типот на пумпа која ќе има најголема енергетска ефикасност согласно вашите потреби.

    1.3. Субвенции од фондовите за еко-градба

    Конечната пресметка за исплатливоста на инвестицијата, односно, купувањето на топлинска пумпа, полесно може да се види кога постои можност за добивање неповратни средства од државни субвенции и еко-фондовите. На сајтот на Европската унија можете да погледнете какви погодности постојат моментално.

    Во Македонија, за жал, сеуште не постојат официјални процедури за доделување на субвенции за еколошки ефикасна и прифатлива градба или заштита на животната средина. Постојат обиди и најави за усвојување на Закон и прописи кои треба да се усогласта со Европската заедница, но сеуште ништо не е влезено во собраниска процедура. Некои банки нудат кредитни линии со поволни каматни стапки, за физички лица или компании, но сето тоа сеуште се заснова на лична иницијатива.

    2. Избор на понудувач и изведувач

    Изборот на квалитетен понудувач ќе ви обезбеди несметано дејствување, голема заштеда и долг работен век на топлинската пумпа.

    2.1. Квалитетна монтажа

    Од клучно значење за добро функционирање на топлинскат пумпа е нејзината  квалитетна и соодветна монтажа. Во последно време на пазарот постојат безброј трговци кои нудат топлински пумпи и бесплатна монтажа, а всушност немаат ни свои мајстори. Тие по потреба ангажираат подизведувачи, надворешни соработници. Работата во такви услови воопшто не е сигурна, бидејќи се шири кругот на луѓето кој се одговорни за квалитетот на вградување, односно, оние кој не се одговорни. На овој начин, често се случува во пракса ангажираниот изведувач да употреби неквалитетен, а ефтин материјал за градба, неквалитетно, нестручно и естетски неприфатливо да ги постават и приклучат, а подоцна не одговараат на повиците за поправка, евентуалните грешки и штетата. Поради сето тоа, од големо значење е да изберете понудувач кој навистина има свои мајстори и сервосери, нуди гаранција за сиот материјал и за целокупната работа.

    2.2. Корисничко искуство

    Проверете ги завршените проекти на понудувачот и договорете со него истите да ги видите, и тоа токму таква каква што ви треба за вашиот проект. На тој начин лично ќе се уверите во квалитетот на работата, а ќе имате прилика и да поразговарате со сопствениците околу нивното искуство, реалните трошоци и околу тоа дали и кога, на пример, сервисерите дошле на нивен повик, како што е ветено.

    2.3. Сервисирање на топлински пумпи

    Од големо значење е понудувачот да има сопствена сервисна служба и да ги поседува сите потребни сертификати за резервни делови и алат, за продажба и монтажа на топлински пумпи. Не ви препорачуваме сами да барате и да ја купите најефтината топлиснка пумпа, па тогаш да го повикате најефтиниот понудувач да ја монтира и да ја придвижи истата. Монтажерот кој воедно е и сервисер, воглавно не е заинтересиран за бесплатно сервисирање, а вие најверојатно долго ќе го чекате од причина што секогаш попрво ќе оди таму каде работата ќе му биде платена.

    3. Разни видови на топлиснки пумпи

    3.1. Разлики по тип на енергија

    Според видот на енергија која ги движи, топлинските пумпи се делат на веќе споменатите вода-вода, земја-вода и воздух-вода, при што првиот збор во сложенката означува од каде доаѓа топлината, а вториот збор означува каде се спроведува.

    Топлинска пумпа вода-вода

    Меѓу најефикасните спаѓа пумпата вода-вода. Озновен услов за поставување на оваа пумпа е нормално, вашиот објект да се наоѓа на терен богат со подземни води. За ваква пумпа мора да се направи бушотина, а за неа се потребни одредени дозволи. Највисок коефициент на учинок на топлиснката пумпа (COP) од сите видови - 4,5 – има пумпата вода-вода, а тоа всушност значи дека односот на вложената погонска енергија и добиената топлина, најдобриот (на пример COP 4,5), значи дека за добиени 4,5 kWh топлинска енергија ќе употреби 1 kWh електрична енергија.

    Топлинска пумпа земја-вода

    Втора по ефикасност е пумпата земја-вода. Нејзиниот коефициент на учинок е 4,0. Основен услов за поставување на ваква пумпа е поголема површина на слободно земјиште околу објектот за да се постават колекторите. Слабост на овие пумпи е тоа што доколку колекторите не се поставени доволно длабоко во земјата, водата во нив може да замрзне.доколку, на пример, колекторите се поставуваат вертикално, поради што треба да барате дозвола за бушење, тогаш тие се вкопуваат на длабочина меѓу 30 и 200 цм.

    Топлинска пумпа воздух-вода

    Според статистиката на македонскиот пазар околу 90% од продадените топлински пумпи се од типот на воздух-вода. Тоа е така поради тоа што тие лесно се поставуваат, а имаат сосема пристојна цена. Иако коефициентот на ефикаснот им е 3,5 тие, како инвестиција се многу исплативи, а секако и многу подобри од класичните начини на загревање. Времето за поврат на инвестицијата им е најкратко, а векот на траење скоро ист со останатите.

    3.2. Разлики според видот на греење

    Топлинските пумпи се длат според потребната температура на излезната вода.

    Високотемперературни топлиснки пумпи

    Постари објекти кои имаат лоша изолација и калсичен систем на греење по пат на радијатори (температурата на дојдовна вода е 55-60°C) бараат високотемпературна пумпа која ја загрева водата до 80°C. На тој начин се обезбедува врела вода за радијаторско греење, а притоа во самиот објект, да не се менуваат внатрешните компоненти.

    Нискотемпературна топлинска пумпа

    Во нови, добро или одлично изолирани објекти кои имаат и соодветни грејни системи, конвектори и нискотемпературни радијатори, може да се вгради топлинска пумпа. Таа ја загрева водата само до 55°C. Нискотемпературната пумпа омже да се употреби и во стари објекти, доколку истите се реновираат во согласност со барањата за енергетска ефиксаност, бидејќи тогаш им се вградува подебела изолација и подобар систем за греење.

    3.3. Разлики според режимот на работа на системот

    Моновалентен режим на работа

    Топлинската пумпа која има моновалентен режим на работа, всушност, сета потреба за топлинска енергија на еден објект, во тек на целата грејна сезона, ја обезбедува сама, без потреба да се поврзува/дополнува со некој друг систем. Температурата во моновалентниот режим на работа е соодветна на нискотемпературниот систем на греење и обично е 45/40°C.

    Бивалентен алтернативен режим на работа

    Во овој случај, топлинската пумпа работи како примарен извор на енергија се до моментот кога надворешната температура е повисока од 0-5°C. Кога надворешната температура ќе падне под оваа граница, топлинската пумпа се исклучува и се вклучува друг систем на греење-најчесто топловоден котел. Системот има два меѓусебно независни генератори кои наизменично се вклучуваат и исклкучуваат, според условите на надворешната средина. Температурата во бивалентниот режим на работа одговара на високотемпературен систем на греење и обично се движи од 60/50°C до 80/60°C.

    Бивалентен паралелен режим на работа

    Топлинскат пумпа во овој режим исто така работи самосјтојно и нема потреба од друг извор на топлина. Кога надворешната температура ќе падне под 0°C, се вклучува и топлински котел како дополнителен извор, така што и двата генератори работат истовремено.

    Бивалентен паралелен режим на работа – по избор

    Топлинската пумпа во овој случај работи како бивалентна, со тоа што промената на режимот на системот не се вклучува сам, автоматски, штом ќе падне надворешната температура, туку со попмош на регулатор вие сами бирате по сопствена желба.

    4. Постапка

    Покрај правилниот избор на топлинска пумпа, од големо значење е и тоа како и каде ќе се монтира. На оваа прашање најдобар одговор че ви даде експерт за алтернативни начини на греење, како и познати произведувачи и продавачи кои имаат свои мајстори за монтажа и сервис.

    4.1. Инсталација на топлинска пумпа

    Системот на топлинската пумпа е составен од надворешна и внатрешна единица. Изборот на место за поставување на внатрешната е диница е едноставен, од причина што не постојат условин како што се да мора да стои до оџак или резервоар. Кај новоградба, внатрешната единица обично се поставува во подрумот. Межутоа најновите модели на топлински пумпи се и естески многу убаво осмислени, што овозможува да ја поставите било каде во куќата, а секаде ќе изгледа убаво. Внатрешната единица најпрво се приклучува на веќе поставениот систем од вовододни цевки или на цевките од подното или радијаторското греење. Тогаш се поставува надворешната единица, која воглавно треба да стои на бетон, блиску до куќата. На крајот, двете единице се поврзуваат со електричните цевки. Следува озрачување и поврзување на двете единици на доводот за гас (фреон).

    4.2. Управување со топлинската пумпа

    Откако ќе се инсталираат, монтираат и поврзат двете единици на начин да создадат атворен систем, се приклучува доводот на вода и струја. Доколку циркулационата пумпа е приклучена на струја, вентилот за мешање и мерачот на температура, најпрво се пушта гас од надворешната единица, а потоа се полни системот за греење со вода и се озрачува. На тојн начин придвижувањето на новиот систем е завршено и тој е спремен за употреба. Многу е важно монтерите да ги обучат идните корисница како да ракуваат со системот и да им ги објаснат клучните функции. Управувањето со саиот систем е едноставно, иако постојат многу опции за подесување, но секако потребно е да се знаат основните карактеристики на процесот. Демонстрација за начинот на управување со топлинската пумпа е од исклучително значење, бидејќи правилната контрола е најважна за правилна работа и оптимално функционирање на системот.  

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Топлотна пумпа воздух-вода за неизолирана куќа

    Топлотна пумпа воздух -вода, за куќа од 100 м2 со два спрата (два стана по 80 м2). Веќе имам ситем на радијатори (Алгрета). Куќата нема изолација а има простории на кои се поставени пластични прозори. 193725 € до 322875 €

    ........

    Понуда за топлинска пумпа за греење на радијатори

    Ми треба топлинска пумпа само за греење која може да се поврзи со радијаторите. Моментално користам греење на пелети. Се работи за куќа од 270-300 м2. 99630 € до 166050 €

    ........

    Понуда за изведба на подно греење во зграда

    Потребна е понуда за изведба на инсталација на подно греење на објект, зграда во изградба со 10 стана . Површина 600 м2. 553500 € до 922500 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Инсталација на фенкојлери, 3 до 5 парчиња
    Топлински пумпи, Велес

    630 € до 1050 €

    Цена, Toplinski pumpi so geotermalna voda, 200 m2
    Топлински пумпи, Скопје

    2520 € до 4200 €

    Цена, Набавка и монтажа на топлинска пумпа, 300
    Топлински пумпи, Скопје

    3600 € до 6000 €

    Цена, Изведба на подно греење со топлинска пумпа, 260 м2
    Топлински пумпи, Струмица

    2430 € до 4050 €

    Цена, Изведба на топлинска пумпа со радијатори, 200 м2
    Топлински пумпи, Виница

    1800 € до 3000 €

    Цена, Набавка и монтажа на топлинска пумпа, 150 м2
    Топлински пумпи, Виница

    1800 € до 3000 €

    Цена, Понуда за топлинска пумпа и подно греење, 200м2 и 140м2 подно греење
    Топлински пумпи, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Набавка и монтажа на топлотна пупма, 50 м2
    Топлински пумпи, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, Изведба на водовод, фекална и атмосферска канализација, 1
    Топлински пумпи, Скопје

    2160 € до 3600 €

    Цена, Греење ладење за нова куќа со топлинска пумпа, 140 м2
    Топлински пумпи, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Набавка и монтажа на топлотна пумпа, 300 м2
    Топлински пумпи, Охрид

    3600 € до 6000 €

    Цена, Podesuvanje na optimalno rabotenje midea monoblok 12 kw, 100 m2
    Топлински пумпи, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Nabavka na toplinska pumpa za kukja, 240 m2
    Топлински пумпи, Скопје

    4050 € до 6750 €

    Цена, Изведба на греење со топлинска пумпа на куќа, 200 м2
    Топлински пумпи, Охрид

    2250 € до 3750 €

    Цена, Понуда за набавка на топлинска пумпа, 70 м2
    Топлински пумпи, Струга

    3600 € до 6000 €

    Цена, Изведба на подно греење, 50 m2
    Топлински пумпи, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Набавка и монтажа на топлинска пумпа до 10 kw, 100 м2
    Топлински пумпи, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Изведба на систем на ладење/ греење со топлинска пумпа, 180 м²
    Топлински пумпи, Битола

    2250 € до 3750 €

    Цена, Изведба на систем за греење и ладење на 3 посебни единици во куќа, 300 м2
    Топлински пумпи, Скопје

    3600 € до 6000 €

    Цена, Изведба на подно греење со топлинска пумпа воздух, 150 м2
    Топлински пумпи, Кавадарци

    3600 € до 6000 €

    Цена, Приклучување на постоечко парно со топлинска пумпа, 1 кол
    Топлински пумпи, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Подно топловодно греење, 60 м2
    Топлински пумпи, Прилеп

    4500 € до 7500 €

    Цена, Понуда за греење во станбен објект, 1000 м2 нето површина
    Топлински пумпи, Скопје

    72000 € до 120000 €

    Цена, Целосна изведба на подно греење, 130 м2
    Топлински пумпи, Охрид

    3600 € до 6000 €

    Цена, Замена на соларни панели и поправка на систем за греење на вода, 3 кол.
    Топлински пумпи, Охрид

    675 € до 1125 €

    Цена, Набавка и монтажа на топлинска пумпа, 120 м2
    Топлински пумпи, Тетово

    3600 € до 6000 €

    Цена, Запушување на термо пумпа и санација, 1 ком
    Топлински пумпи, Струмица

    180 € до 300 €

    Цена, Топлинска пумпа за два спрата, 200 м2
    Топлински пумпи, Штип

    5400 € до 9000 €

    Цена, Izvedba na toplinska pumpa od 6 kw, 30 m2
    Топлински пумпи, Општина Петровец

    1800 € до 3000 €

    Цена, Топлинска пумпа (вода воздух), 90 м2
    Топлински пумпи, Скопје

    3600 € до 6000 €

    Цена, Изведба на парно греење и топлинска пумпа, 100 м2
    Топлински пумпи, Крушево

    18000 € до 30000 €

    Цена, Купување и монтажа на топлинска пумпа, 120 м2
    Топлински пумпи, Тетово

    3600 € до 6000 €

    Цена, Топлинска пумпа со подно греење, 90 м2
    Топлински пумпи, Кочани

    5400 € до 9000 €

    Цена, Топлинска пумпа за спрат со монтажа, 100 м2
    Топлински пумпи, Велес

    3600 € до 6000 €

    Цена, Набавка и монтажа на топлинска пумпа, 160 м2
    Топлински пумпи, Струмица

    3600 € до 6000 €

    Цена, Топлинска пумпа за постоечки стан, 54 м2
    Топлински пумпи, Пробиштип

    3600 € до 6000 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Топлински пумпи ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    125+ КОМПАНИИ ЗА Топлински пумпи
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА