За реон

    Реновирање стан Цена

    Колку чини да се реновира стан? Доколку купувате имот со намера целосно да го реновирате, ви препорачуваме да бирате многу внимателно. Реновирањето или санација на стан може да излезе понапорно од нова градба и секако многу поскапо. Се разбира, многу зависи од тоа што треба да се направи, каков квалитет ќе бидат материјалите и во колкава количина, кои се изведувачите и слично. Трошоците за целосно реновирање: рушење на преградни или поставување на нови ѕидови, замена на електрични инсталации, инсталација на нов систем за греење како и сува монтажа, монтажа на паркет и керамика, како и варосување може да чини помеѓу 250 и 500 евра/м2. Со други зборови, за целосно реновирање на 65 м2 треба да издвоите дури 30.000 евра. Доколку сакате и помош од архитект или дизајнер на ентериер, ќе ве чини дополнителни 15 евра/м2; кога станува збор за помал стан, можеби и помалку, но гледајќи ги вкупните трошоци, таа сума е неспоредлива со добивката, во однос на естетскиот и визуелниот резултат и времето и нервите што ќе ги заштедите.

    Кому да му го доверите реновирањето на станот? Пратете барање до соодветните и оценети градители во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на уредување на стан


    Цена за реновирање настан. Цена за комплетно реновирање: уривање на преградни и поставување нови ѕидови, замена на електроинсталација, монтажа на нов систем за греење. Во пресметката влегува и сува монтажа, поставување паркет и керамика, како и молерисување.

    250.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    420.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Реновирање стан

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Адаптација на стан - што се треба да знаете

    1. Адаптација на стан – што се треба да знаете?

    1.1. Обем на реновирање

    Пред да започнете со работа треба да донесете одлука што точно сакате да реновирање. Треба да знаете дали се квалитетни постоечки електрични и машински инсталации, дали се нови или е потребна нивна замена? Ако е потребно, дали треба да се замени се или само некои делови? Дали сакате да го варосуваат целиот стан и да купите нова покуќнина или ќе остане скоро се исто? Дали мислите да срушите некој носечки ѕид? Постојат многу прашања, а од вашите одговори зависи и обемот на потребните работи, а со самото тоа и вкупните трошоци.

    Адаптација на стан
    Добрата подготовка е најважна работа за реновирање на станот

     

    1.2. Инспирација

    Изгледот на станот е личен вкус и избор, па затоа препорачливо е секогаш пред средбата со архитектот да се подготвите за да имате барем од прилика претстава за онаа што го сакате. Разгледајте специјализирани списанија за архитектура и внатрешно уредување или побарајте на интернет слики кои ќе ви се допаднат, па направете колаж кој најблиско ќе ги претстави вашите желби.

    1.3. Разбирање од стана на комшиитe

    Ви препорачуваме благовремено, односно пред започнување со работа да ги информирате комшиите за тоа. Притоа, согласно новиот Закон за домување од 2019 година имате законска обврска да го известите управителот на зградата и комшиите дека ќе работите. Работите секогаш се пропратни со бука и прашина, а доколку вршите замена на водоводна инсталација, ќе биде потребно да го затворите главниот вентил односно исклучување на водата во цела зграда. Љубезно формулирано известување за видот на работата и проценетото времетраење со барање за разбирање и вашиот телефонски број може да има позитивно влијание на можното негодување од страна на комшиите. Исто така потребно е секојдневно да ги чистите заедничките делови од зградата и да го почитувате куќниот ред. Со мала толеранција и договор со комшиите, се може да помине како што треба.

    1.4. Резервни средства

    Реновирање стан, особено во постара зграда по правило е непредвидливо. Одредени проблеми може да се појават дури откако ќе се отворат ѕидовите, таваните и подот, дури тогаш може да се види реалната состојба, што не би можело да се знае однапред. Секако, тоа носи и непредвидени трошоци, кој обично не се сметаат на почетокот. Од таа причина потребно е да имате резервен фонд околу 15-30% повеќе од предвиденото. Доколку не дојде до непредвидени ситуации, тие пари ќе ви останат, а ако сепак се појави нешто, ќе ви биде мило затоа што можете веднаш да го санирате.

    1.5. Добра подготовка

    При реновирање на стан добрата подготовка е многу важна. За истата најважна е соработката со искусен архитект и изведувач. Пред да се отпочне со самата работа, сите неопходни детали планови мора да бидат спремни и готови за мајсторите. Се препорачува до тој момент да биде набавен сиот материјал (или барем нарачан).

    2. Избор на изведувач

    При реновирање на стан пожелно е работите да ги изведуваат искусни професионалци, кои умеат да предвидат и голем дел од ,,невидливите проблеми“ и што е уште поважно, доколку дојде до такви ситуации, да знаат како да реагираат.

    2.1. Совети и нацрти во салон

    Кога станува збор за помало реновирање, особено кога се работи само дел од станот, за совети и нацрт секогаш можете да  се обратите и кај советниците во салоните за мебел. Во разни салони (за мебел, за керамика, бањи, осветлување....) консултациите во главно се бесплатни. Некои нудат скица за бања, кујна или друга просторија, кој нацрт, доколку станете нивен купувач, влегува во цената на услугата. Меѓутоа, мерењето на просторот и скица на постоечка состојба (со прозорци, врати, инсталација, прекинувачи и штекови ) треба да направите сами. Од таа причина потребно е добро да размислите за сите детали на дизајнот, односно стилот и распоредот на сета покуќнина, како и севкупниот изглед. Советник од салон ќе ви помогне околу идејата и скицата, но може да ви понуди само тоа што го има моментално во салонот.

    2.2. Архитект/експерт за внатрешен дизајн

    Доколку станува збор за поголема работа или целосно реновирање на станот, наш совет е да ангажирате професионалец кој ќе умее да среди се по ваша желба, притоа максимално да го искористи простор, дури ќе ги направи потребните скици, нацрти и планови за изведувачите. За професионалците изнаоѓање на иновативно и единствено решение секогаш преставува предизвик; притоа тие знаат да ги усогласат сите елементи – вашите желби, финансиските и просторни услови со функционални и практични решенија и со зададени рокови. Ниту на архитектите, ниту на дизајнерите им е цел да ви продадат што поскапо, како на продавачите, туку она што ви го нудат да биде наменски најоптималното решение во дадениот момент. Покрај подготовката на сите планови (нацрти за електрична и машинска инсталација, осветлување и друго), тие се грижат за надзор и координација на сите изведувачи, а со самото тоа и се што е зацртано да биде навистина реализирано. Имајте на ум дека старо правило е дека убавината лежи скриена во деталите!

    2.3. Изведувачи

    Адаптација на стан е релативно напорна работа, која ги содржи сите фази на градба и бара учество на мајстори од различни профили. Притоа, сите тие мора меѓусебно да бидат добро ускладени за да можат работите да се одвиваат по планот. Поради тоа, сите планови за изведувачите однапред мора да бидат разработени до најситни детали.

    ЅИДАРСКИ РАБОТИ

    Во ѕидарски работи спаѓаат: рушење, сечење отвори за инсталации во ѕидовите, изливање израмнувачки слој/естрих или цементна кошулица, ѕидање или порамнување на ѕидови и подови, хидроизолација и слично.

    МАШИНСКА ИНСТАЛАЦИЈА

    Во овие работи спаѓа се што се однесува на водоводна и канализациона инсталација – развод на цевки, казанче за вода, подни сифони, арматури, поставување и приклучување санитарија, а тука спаѓа и централно греење, подно или радијаторски. Во машинска инсталација се вбројува и системи за вентилација и климатизација.  

    ЕЛЕКТРOИНСТАЛАЦИЈА

    Работи околу реновирање на електроинсталацијата се всушност замена на старите водови, вградување нови, приклучување на бела техника, машина за алишта, машина за сушење алишта, машина за садови, па поставување на осветлување, штекови и прекинувачи и слични работи.

    КЕРАМИЧАРСКИ И ОСТАНАТИ ЗАВРШНИ РАБОТИ

    Покрај поставување на плочки со сите пропратни елементи, постојат и други материјали и решенија за завршен слој. Наместо плочки може да се употреби микротопинг за подови и ѕидови или водоотпорни тапети (кои може да се стават дури и во туш кабината). Такви работи изведуваат високо квалифициран мајстор.

    СТОЛАРСКИ РАБОТИ

    Изработка, составување и поставување на покуќнина правена по мерка.

    СТАКЛАРСКИ РАБОТИ

    Изработка или монтажа на стаклени врати или ѕидови или врата на туш, огледала, застаклени витрини, изработка на стаклен мебел и слично.

    МОЛЕРСКИ РАБОТИ

    Малтерисување, гледување, шмиргла и варосување, заштита на ќошиња и повеќеслојно белење ѕидови како и други слични работи.

    ПОСТАВУВАЊЕ ПОДОВИ

    Подготовка на подлогата, изработка или поставување на под или подни облоги, нивна обработка и поставување завршни лајсни, се работи кои спаѓаат во уредување на подови.

    2.4. „Клуч на рака“

    Разни изведувачи, но и архитекти нудат реновирање или адаптација на стан како комплетна понуда и таквата понуда се вика ,,клуч на рака“. Во такви ситуации, изведувачот ја сноси сета одговорност при изведба на целиот проект – од нацрт и план, евентуално добивање дозвола, изведба, набавка и квалитет на материјалот, како и нивно вградување заедно со финалните работи по договорена цена и во одреден рок. Во оваа ситуација на клиентот му преостанува на крајот само да ги земе клучевите од готовиот стан.

    3. Видови реновирање според обемот на работа

    3.1. Површни, односно, „козметички“ работи

    Постојат ситуации кога со мали измени може да се постигне многу, како во изгледот така и во функционалноста на просторот. Бањата може да се освежи со замена на пултот или со нова туш кабина. Плочките едноставно може да се покријат со нов материјал, наместо да се менуваат. Одличен ефект, во секој простор, може да се постигне само со варосување или замена на мебел, дури и без помош на мајстор. Доколку тлоцртот на просторијата во основа не се менува, нема да биде потребна ниту замена на инсталацијата, ниту пак рушење на ѕидови. Так, со релативно едноставни и евтини работи може да се добие потполно нов изглед.

    3.2. Делумно реновирање

    Ако водоводните, електричните или машинските инсталации во станот се понови и квалитетно направени, нема да има потреба целосно да се менуваат, туку само да се прилагодат на новите барања. На пример, доколку сакате туш кабина наместо када, или обратно, од голема корист ќе ви биде совет од експерт. Ако пак точно знаете што сакате, многу лесно ќе се договорите за се директно со изведувачот.

    3.3. Комплетно реновирање

    Понекогаш поради дотраеност, промена на животните услови или нешто сосема трето, потребно е комплетно реновирање на станот. Во тој случај, најпрактично е привремено да се иселите. Наша препорака е и за ова да се подготвите добро и темелно, па затоа помош од архитект ќе ви биде повеќе од добредојдена.

    4. Постапка на изведување на работите по фази

    4.1. Фази на реновирање

    Откако станот сосема ќе се испразни, први на ред се работите околу рушењето и груби градежни работи. Во втората фаза спаѓаат груби водоинсталатерски и машински работи, како и поправка на подот. Потоа следува фазата во која се врши разведување на електро и водоводната инсталација и поставување на подно греење. Тогаш се малтерисуваат и ѕидовите како и таванот. Со тоа делот на најгруби градежни работи е завршен. Следуваат работи на фина обработка, како што се гледување, шмиргла и варосување на ѕидовите и таванот, па поставување на паркетот. Последната фаза ја сочинуваат поставување на осветлување,  прекинувачи и останати елементи, како и враќање и поставување на покуќнината.

    4.2. Рушење и ѕидање и обработка на подот

    Секое комплетно реновирање на просторот подразбира и некои градежни работи. Колкав дел од инвестицијата ќе ви отиде на тоа, зависи од тоа дали се рушат носечки ѕидови или не. Рушењето е основна градежна работа. Но, најпрво треба станот да се испразни, да се извадат и демонтираат сите инсталации, да се извадат ѕидни и подните облоги како што се паркет, плочки, оплати и слично, рамки на прозорци и врати. Согласно плановите за електро и машинска инсталација (водовод, греење, ладење) изведувачите ќе постават и носачи за предвидената опрема. Сиот настанат шут, треба да се однесе во депонија. Отворите за врати и прозорци треба да се обработат и да се подготват за нова столарија, да се направи нов израмнувачки слој или цементна кошулка за подот. Откако ќе се заврши со поставување на сите инсталации и апарати, следно е соѕидување и малтерисување.

    4.3. Замена на машинската инсталација

    Мајсторите за машинска инсталација (водовод, греење, ладење) во првата фаза се занимаваат со вадење на цевките, радијаторите клима уреди и сите останати машински делови. После тоа поставуваат носачи и нова инсталација и опрема. Во последната фаза на реновирање работат на по фините монтажни работи (поставување санитарија, клима уреди и останати системи).

    4.4. Замена на електроинсталацијата

    Во постари згради скоро секогаш е потребна замена на сите доводи на струја како и на самата електро табла. Откако ќе ги извади сите стари инсталации, електричарот врз основа на планот, ќе отвори места за нови штекови, прекинувачи и приклучоци, затоа што во првата градежна фаза се штимува и се поставуваат ПВЦ цевки за струјна инсталација. Вградувањето на нови штекови, прекинувачи и приклучоци за осветлување и електрични апарати како и нивно тестирање, се прави на крајот, во последната фаза од реновирањето.

    4.5. Бањa

    Нова бања претставува еден од најголемите трошоци при секое реновирање. Модернизација на бањата бара обемна и прецизна работа за повеќе различни мајстори. Покрај нови водоводна и електрична инсталација и опрема, треба да се направи и хидроизолација на подот и ѕидовите, да се постават ѕидни и подни плочки или друг вид облоги. На крај доаѓа монтажа на санитаријата и батериите, поставување на делови мебел кој сте ги купиле во салон или се изработени по мерка.

    4.6. Молерски работи

    По редослед, молерски работи доаѓаат на крајот откако станот веќе добил контури на убав и удобен дом. Задачата на молерот е прво да ги шмиргла и измазни ѕидовите. Потребно е убаво да ги заштити ќошињата, особено на прометни места, така што ќе залепи штитници кои ќе ги глетува повторно Потребно е да ги изглетува рамките околу вратите и прозорците како и евентуални пукнатини. Последна работа е белење на ѕидовите и таванот во два слоја. Подобро е ако постои можност вториот слој да се работи пред вселување, односно кога се завршени сите работи. Се случува да додека се мести паркетот или додека се склопува мебелот, осветлување и слично, некои ѕидови да се извалкаат или испрскаат.

    4.7. Поставување паркет

    Подните облоги се најголемата површина во било кој стан и затоа многу влијаат на изгледот на секој простор. Покрај тоа, тие се нај оптоварениот дел од покуќнината и затоа е важно да се избере квалитетен паркет, а истиот да го постави вешт мајстор. Паркетот се поставува во последната фаза од реновирањето кога сите останати работи се завршени, а мебелот сеуште не е поставен. Паркетарот ќе ја подготви подлогата и ќе го постави паркетот; ако станува збор за паркет од масивно дрво, потоа на ред доаѓа стругањето и лакирање, премачкување со масло. Ако купите готов паркет, нема потреба од дополнителна обработка бидејќи тој фабрички е сосема финален производ. Сепак, било како, после поставување на паркетот по него не смее да се гази неколку дена. Откако ќе се заврши составување и монтажа на мебелот, мајсторот за паркет ќе дојде уште еднаш за да ги постави преодните и завршните лајсни.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Реновирање на стан

    Потребно е реновирање на стан, -нова електро и хидро инсталација, -промена на плочки во кујна и купатило и ходник
    - менување на цевки во купатило
    -паркет во сите простории, ( дневна и спални соби )
    -пвц прозорци и врати во сите простории од станот.
    Вкупната површина на станот изнесува 82 м2. 498150 € до 830250 €

    ........

    Комплетно реновирање на стан

    Потребно е реновирање на стан.
    - менување на прозори и лим,
    - реновирање на бања и корекција на водовод,
    - смена на ламинат со плочки во ходник,
    - крпење и молерисување,
    - смена на собни врати,
    - рушење ѕид, затварање на кујна со гипс картон и корекција на простор кујна балкон, кујна,
    - корекција светла,
    - местење клима и друга дабл сплит клима,
    - ламинат во соби и ходник
    Површината е 87 м2. 1107000 € до 1845000 €

    ........

    Реновирање на стан

    Потребно е реновирање на стан.
    - менување на паркет ( вадење и местење нов ),
    - кршење на плочки во кујна и бања, местење на нови,
    - молерисување и глетување,
    - менување на собни дрвени врати.
    Површината е 60 м2. 830250 € до 1383750 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Реновирање на спрат од куќа, 100 м2
    Реновирање стан, Кавадарци

    18000 € до 30000 €

    Цена, Реновирање на стан од семејна куќа, 80 м2
    Реновирање стан, Скопје

    18000 € до 30000 €

    Цена, Комплетно реновирање на стан, 73 м2
    Реновирање стан, Скопје

    13500 € до 22500 €

    Цена, Детекција и санација на штета на спуштен плафон, 20 м2
    Реновирање стан, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Целосно реновирање на стан, 66 м2
    Реновирање стан, Скопје

    13500 € до 22500 €

    Цена, Реновирање на стан, 68 м2
    Реновирање стан, Скопје

    13500 € до 22500 €

    Цена, Комплетно реновирање на стан, 83 м2
    Реновирање стан, Скопје

    22500 € до 37500 €

    Цена, Renoviranje na stan, 37 m2
    Реновирање стан, Струга

    11700 € до 19500 €

    Цена, Реновирање на стан, 78 м2
    Реновирање стан, Скопје

    20700 € до 34500 €

    Цена, Комплетно реновирање на стан, 68 м2
    Реновирање стан, Скопје

    21600 € до 36000 €

    Цена, Комплет реновирање на стан, 55 м2
    Реновирање стан, Скопје

    13500 € до 22500 €

    Цена, Целосно реновирање и проектирање на станот, 86 м2
    Реновирање стан, Скопје

    27000 € до 45000 €

    Цена, Комплетно реновирање на стан, 80 м2
    Реновирање стан, Скопје

    22500 € до 37500 €

    Цена, Реновирање на купатило и поткровје, 30 м2
    Реновирање стан, Охрид

    4500 € до 7500 €

    Цена, Комплетно реновирање на стан, 70 м2
    Реновирање стан, Скопје

    22050 € до 36750 €

    Цена, Затварање на тераса и изведба на соба, 4 х 4 м
    Реновирање стан, Скопје

    5040 € до 8400 €

    Цена, Реновирање на куќа, 55 м2
    Реновирање стан, Крушево

    14850 € до 24750 €

    Цена, Реновирање на хотел, 250 м2
    Реновирање стан, Скопје

    78300 € до 130500 €

    Цена, Целосно реновирање на бања и изведба на кровна тераса, 10м2 тераса и 6м2 бања
    Реновирање стан, Скопје

    2700 € до 4500 €

    Цена, Реновирање на стан, 36 м2
    Реновирање стан, Штип

    6300 € до 10500 €

    Цена, Комплетно реновирање на стан, 75 м2
    Реновирање стан, Скопје

    19800 € до 33000 €

    Цена, Renoviranje na stan, 60 m2
    Реновирање стан, Скопје

    9000 € до 15000 €

    Цена, Целосно реновирање на стан, 55 м2
    Реновирање стан, Скопје

    13500 € до 22500 €

    Цена, Реновирање на стан, 40 м2
    Реновирање стан, Охрид

    10800 € до 18000 €

    Цена, Renoviranje na stan, 47 m2
    Реновирање стан, Скопје

    6300 € до 10500 €

    Цена, Реновирање на стан, 51 м2
    Реновирање стан, Скопје

    15750 € до 26250 €

    Цена, Целосно реновирање на стан, 90 м2
    Реновирање стан, Скопје

    9000 € до 15000 €

    Цена, Делимично реновирање на стан, 60 м2
    Реновирање стан, Скопје

    1800 € до 3000 €

    Цена, Комплетно реновирање на стан, 77 м2
    Реновирање стан, Скопје

    24300 € до 40500 €

    Цена, Реновирање на куќа, 60 м2
    Реновирање стан, Скопје

    18900 € до 31500 €

    Цена, Реновирање на стан, 30 м2
    Реновирање стан, Битола

    9450 € до 15750 €

    Цена, Реновирање на стан, 90 м2
    Реновирање стан, Скопје

    31500 € до 52500 €

    Цена, Комплетно реновирање на стан, 60 м2
    Реновирање стан, Илинден (населба)

    18900 € до 31500 €

    Цена, Kompletno renoviranje stan, 65 m2
    Реновирање стан, Скопје

    20700 € до 34500 €

    Цена, Реновирање на стан, 70 м2
    Реновирање стан, Скопје

    18000 € до 30000 €

    Цена, Kомплет реновирање на стан, 50 м2
    Реновирање стан, Скопје

    18000 € до 30000 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Реновирање стан ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    148+ КОМПАНИИ ЗА Реновирање стан
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА