За реон

    Геометар Цена

    Колку чини мерење од страна на геометар? Геометар е експерт кој нуди разни професионални услуги: основни мерења, обележување или уредување на меѓа, парцелација или комасација, мерење и евидентирање на објекти и земјиште под нив. Цените за геодетски мерења се движат помеѓу 190 и 320 евра. Цената за уредување на меѓа зависи од бројот на сопственици. Основно мерење може да чини помеѓу 95 и 190 евра, а дополнителни се наплаќаат по 30 евра од сопственик (меѓаш). Обележување на меѓа чини околу 40 евра плус 30 евра по секој меѓаш. Слично се плаќа и за комасација или парцелација во зависност од големината и вредноста, но во главно тие мерења се поскапи од 200 евра. За мерење на помал објект како што е семејна куќа се наплаќа околу 100 до 190 евра. Цената за раздвојување на сопственост во катен објект зависи од големината и евентуалните специфични правни барања. Цената за постапка за поделба на семејна куќа со земјиште во сопственост се движи помеѓу 450 и 800 евра.

    Кому да ги доверите геометарските мерења? Пратете барање до соодветни и оценети геометри во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на порамнување, уредување меѓа


    Цената на класично мерење и одредување меѓа во 5 точки. Цена за гранично уредување со евидентирање на постојната состојба, подготовки за порамнување и изработка на предлог за уредување на меѓите. Секое дополнително мерење се плаќа.

    320.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    540.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Геометар, геодет

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Геодет - се што треба да знаете

    1. Геодезија и геодет – што се треба да знаете?

    Геодет е експерт кој врши мерења на терени врз основа на кои се прават геодетски елаборати, планови и нацрти. Од таа причина, тие се незаменливи во градежништвото, агрономија, шумарство, рударство и други стопански дејности. Геодетските нацрти се основа за работа на проектантите, без кои нема да постојат згради, населби, патишта, железници, ниту било кој друг инженерски објект. При определување на клучните точки во просторот, геодет користи мерни инструменти – традиционални и најсовремени – како што се ГНСС (GNSS) апарати, оптички уреди (автоматски и механички тотални станици, дигитални нивелира), ласерски мерни и нивелациски системи, 3Д скенери и ЛИДАР технологија, како и останата слична опрема и прибор потребен за изработка на 3Д просторни модели.

    Геодетско снимање
    Геодет прави геодетски план врз основа на теренско премерување

     

    Од тие причини, геодетските услуги опфаќаат широк спектар на работи, какви што се: изработка на геодетски поднесок, упис во катастар за земјиште, уредување, порамнување на меѓи, парцелирање, консолидација, евидентирање на земјиштето под објектот, упис во катастар на недвижности, уредување на катна сопственост, снимање со дрон и сите останати слични задачи. Геодетските услуги се уредени со Законот за катастар на недвижности.

    1.1. Геодетска служба

    Геодетската служба е задолжена за собирање, евиденција, управување и одржување на геодетска евиденција создадена со геодетски снимања на територија на Македонија. Податоците опфаќаат информации за недвижности, државната граница, просторни единици, куќни броеви, како и картографски и топографски детерминанти.

    1.2. Управа за имотно-правни работи

    Управата за имотно-правни работи е орган во состав на Министерството за финансии бе својство на правно лице. Управата за имотно-правни работи е организациски поделена на два сектори. Сектор за нормативно имотно-правни и облигациони работи која ги уредува имотно-правните односи(изготвување и предлагање на законски прописи и подзаконски акти), кога една од страните е државата (експропријација, приватизација на градежно земјиште).

    Секторот за нормативно имотно-правни работи се произнесува со мислења кога се во прашање сопственички и други имотно-правни односи, а се предмет на интерес на Владата и други државни органи и единиците на локалната самоуправа, како и врши евиденција на недвижни ствари кои државните органи престанале да ги користат и евиденција за потребите од користење на недвижни ствари на државните органи согласно Законот за користење и располагање со стварите што ги користат и располагаат државните органи.

    1.3. Агенција за катастар на недвижности

    Агенцијата за катастар на недвижности во својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Законот за катастар на недвижности, управувана од Управен одбор составен од пет члена, и тоа: по еден член на предлог на Министерство за правда, Министерство за транспорт и врски, Министерство за финансии, Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а за својата работа одговара пред Владата на РМ. АКН е институција која ги извршува следните работи: управување со ГКИС (геодетско катастарски информационен систем), вршење основни геодетски работи; вршење премер на недвижности; вршење премер и одржување на државната граница; вршење геодетски работи за посебни намени; востановување и одржување на катастарот на недвижности; вршење масовна процена на недвижности запишани во катастарот на недвижности; воспоставување и управување со Графичкиот регистар за градежно земјиште; изготвување на топографски карти; водење Регистар за просторните единици; водење Графички регистар за улици и куќни броеви; водење регистар за цени и закупнина; воспоставување, одржување и овозможување јавен пристап до Националната структура за просторните податоци согласно посебен закон и; вршење надзор на работењето на трговци поединци овластен геодет и трговски друштва за геодетски работи.

    Агенцијата за катастар на недвижности во РМ не врши колчење и не утврдува меѓи. Тоа го вршат овластени приватни геодетски компании или овластен геодет.

    1.4. Геодетски компании

    За првпат во Република Македонија почнувајќи од октомври 2005 година со Законот за изменување и дополнување на Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите (,,Сл. Весник на РМ‘‘ бр.84/2005) и паралелна поддршка на Проектот на Светска Банка беше воведена приватна геодетска пракса која подразбира оперативните геодетски работи за посебни намени како јавни овластувања да преминат во приватниот сектор. Почнувајќи од 2006 година па до ден денес, голем дел од стручните геодетски лица вработени во тогашниот Државен завод за геодетски работи, како и други геодетски лица се стекнаа со Овластување за овластен геодет и регистрираа трговски друштва за вршење на геодетски работи согласно измените во Законот.

    Геодетски услуги може да извршуваат само приватна агенција, компанија или организација која поседува лиценца, односно, одобрение од Агенција за катастар на недвижности и е запишан во нивната евиденција. Таквата компанија мора да има најмалку еден вработен експерт – геодет, кој ги поседува сите соодветни стручни лиценци, дозволи и потврди за вршење на оваа дејност. Покрај тоа, мора да се склучи договор за работа и да се поседува сета неопходна техничка и друга опрема, алат и средства. Геодетската компанија за секоја услуга одредува еден одговорен геодет.

    Овластен геодет вработен во приватниот сектор и здружени во Комората на трговски друштва за геодетски работи со помош и соработка на Агенцијата за катастар на недвижности ги разрешува практичните проблеми со кои се сретнува во извршување на геодетските работи.

    2. Како да се избере геодет?

    Добриот геодет пред се мора да биде соодветно образуван и оспособен, да поседува регистрирана лиценца, да ја познава и професионално да ракува со геодетската опрема и инструментите и одлично да е запознаен со законодавството. На порталот Daibau.mk може да најдете вакви експерти. На нивните профили може да најдете што се работеле, каде работеле, разни фотографии и, што не е помалку важно, мислења на претходни клиенти. Доколку ви треба услуга од геодет, во неколку чекори можете да пополните формулар и да испратите барање. Заинтересираните геодетски компании ќе во одговорат со свои понуди, кои потоа може да ги споредите, процените и да го изберете оној за кој мислите дека е најдобар, односно, оној кој сакате да го ангажирате.

    3. Геодетски услуги

    Геодетските услуги опфаќаат бројни работи од кои ќе ги издвоиме најважните и накратко ќе ви ги претставиме:

    3.1. Геодетски елаборат

    Геодетскиот елаборат всушност преставува план или нацрт до кој се доаѓа по пат на снимање на теренот, а тој прикажува што се се наоѓа на некое земјиште; куќа, пат, сообраќајни знаци, далноводи, канали и слично. Врз основа на тој план се читаат сите податоци за теренот (релјефот), зградите, тлото, водите, оддалеченост на објектите, растенија и слично. Геодетскиот елаборат е комбинација на податоци од службената евиденција и информации добиени по пат на геодетски мерења на терен. Вообичаено е тој план да биде во размер, па така зградите се 1:1000 додека поголеми инженерски објекти се во размер 1:5000.  Со планот се приложува и потврда за усогласеност со законските одредби. Врз основ на ваков геодетски план подоцна се изработува проектна документација за изградба на објект.

    3.2. Уредување меѓа

    Кога меѓите (границата) на вашиот имот не е јасно и недвосмислено одредена, се обраќате кај геодет за т.н. уредување на меѓите. Постапка за уредување може да побара самиот сопственик, државен орган или локалната самоуправа. Откако ќе се соберат потребните податоци, се врши мерење на теренот, а потоа и читање на меѓите во присуство на сите засегнати страни. Доколку сите сопственици се согласни околу одредената меѓа истото се евидентира во елаборат, а доколку не се согласни, во елаборатот се внесуваат сите верзии кои сопствениците ги барат. Спорот околу меѓите најпрво се решава на усна расправа, односно по пат на медијација, доколку тоа не успее, предметот го решава надлежниот орган. Доколку не се постигне соодветно решение ниту на едно ниво, последна мерка е судски спор.

    3.3. Обележување на меѓа

    Колчење на меѓа (обележување со колци) преставува нејзино точно определување, геометриски и по пресметки, врз основ на геодетски читања и податоци од Агенција за катастар. Колчењето се врши според меѓусебен договор на сите соседни сопственици. Откако ќе се заврши со колчењето, геодет изработува технички извештај за сите сопственици, како и за геодетскиот Управен орган.

    3.4. Консолидација на земјиште

    Со тек на време, поради поделба од стана на наследници или промена на просторот, се случува парцелите до толку да се намалат, па веќе да не е можно да се употребуваат. Консолидација на земјиште преставува процес на проширување на парцелите, при што геодет има за задача најпрво сите да ги спои, а потоа повторно да ги подели. Меѓутоа, новата поделба треба да биде како просторно осмислена, така и вредносно, за сите сопственици да бидат задоволни. На крај се изработува елаборат за консолидација, договор за консолидација за секој сопственик и нивни изјави за согласност, како и упис на новите парцели во катастар.

    3.5. Парцелација

    Парцелацијата исто така преставува процес на промена на меѓите, односно, спојување или поделба. Пред да започне самиот процес, потребно е точно да бидат определени меѓите со соседните, гранични парцели. Новите меѓи и новонастанатите парцели се запишуваат во катастар.

    3.6. Колчење на објект

    Пред за се отпочне со градба на секој објект, неговите надворешни мерки мора точно и прецизно да се пренесат во просторот, односно, да се обележат на земјиштето на местото за градба, со што се обезбедува почитување на одредбите од одобрението за градба и плановите. Геодетот го информира и надлежниот орган дека ќе се колчи. Колчењето прво се прави грубо, за да се одредат димензиите на градежната јама, а потоа прецизното бележење се прави во градежната јама. Колчињата мора да се заштитат така што нема да се оштетат или поместат. Колчење се врши и за инфраструктурата во близина на градежните работи.

    3.7. Порамнување на меѓа

    Сопствениците на две соседни парцели можат да се договорат за порамнување на меѓите која ги дели, заради, на пример, полесна употреба на двата имоти. Во постапката на порамнување на меѓите, помалата површина не смее да се промени за повеќе од 500 м2.

    3.8. Евидентирање на земјиштето под објектот

    При упис на објект во катастар, односно, евиденција на објект, мора да се запише земјиштето на кое е изграден тој објект. Геодетската компанија може да направи снимање на состојбата и да направи елаборат. Евидентирање на парцелата под објектот може да побара самиот сопственик, инвеститорот, носителот на станарско право или корисник во зграда со повеќе сопственици.

    3.9. Запишување во катастар на недвижности

    Без упис во Катастар на недвижности не е можна продажба, издавање, подарок, наем, хипотека, ниту пак пријава на постојан престој. Запишување во Катастар на недвижности е задолжително со закон во рок од 30 дена по завршување на градбата, што преставува предуслов за добивање куќен број. За запишување на недвижност во катастар потребни се геодетски елаборат и употребна дозвола, согласно која геодет изготвува елаборатот за запишување во катастар и поделба на земјиштето под објектот. Запишување во катастар може да бара сопственикот, инвеститорот, сопственикот на парцелата, сопственикот на објектот, носител на станарско право или управник на зграда.

    3.10. Катна сопственост

    Во зградите со повеќе сопственици можна е поделба на катна сопственост. На таков начин точно се утврдува сопственоста, правата и обврските на поединци врз одреден дел од објектот и тоа се запишува во Катастар на недвижности и земјишен регистар. Геодет при таа постапка прави геодетско снимање, врз основ на кое прави нацрт на катови и останати потребни елаборати. Поодделни делови од објектот на тој начин добиваат свои идентификациски броеви, а потоа следува спогодба помеѓу косопствениците за утврдената катна сопственост. Спогодбата се заверува кај нотар, кој потоа го ја приложува во земјишните книги.

    3.11. Запишување во катастар на инфраструктурни објекти

    Во катастарот за инфраструктурни објекти се води евиденција за надземни и подземни водови со придружни објекти и апарати за кои постои законска обврска за добивање градежна и употребна дозвола и тоа за: водоводна, канализациона, топловодната, пара водна, електроенергетска, телекомуникациска, нафтоводна, гасоводна и дренажен мрежа. Катастар на инфраструктурни објекти се прави врз основа на добиени податоци од снимање на теренот спроведено од страна на геодет и документација со која располагаат државните органи и останати институции.

    3.12. Снимање со дрон

    Една од поновите геодетски услуги преставува снимање со дрон. Со помош на слики од воздух полесно се прибираат информации за потешко пристапни подрачја; врз основа на нив се прават 3Д модели и покасно планови и нацрти.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Одредување на меѓа со соседот од две страни

    Потребно е утврдување на меѓа, сакам да ставам ограда од двете страни со соседот. Едната страна е 24 м, другата е 20 м. Површина 480 м2 13837.5 € до 23062.5 €

    ........

    Поделба на парцела

    Потребно е да се направи поделба на парцела. Моментално е заедничка сопственос од две парцели. Потребно е да се подели на три парцели ( односно на четири, со пат )
    Површината е 933 м2. 22140 € до 36900 €

    ........

    Премер и поделба на земјоделска парцела

    Потребна е премерка и поделба на ЗП. на 2 дела. Еден дел со големина од 1/3, а вториот дел со големина од 2/3 од целокупната парцела. Вкупната површина изнесува 3.200 м2 38745 € до 64575 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Геометар, 5 km
    Геометар, геодет, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Geometar za obelezuvanje na parcela, 1530 m2
    Геометар, геодет, Крива Паланка

    315 € до 525 €

    Цена, Маркација, обележување на нивата, 2.000 м2
    Геометар, геодет, Крива Паланка

    405 € до 675 €

    Цена, Изработка на елаборат, 50 м2
    Геометар, геодет, Скопје

    315 € до 525 €

    Цена, Изработка на геодетски елаборат, 1 ком
    Геометар, геодет, Скопје

    405 € до 675 €

    Цена, Обележување на плац, 727 м2
    Геометар, геодет, Скопје

    405 € до 675 €

    Цена, Премер на парцела, 2784 м3
    Геометар, геодет, Катланово

    405 € до 675 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Геометар, геодет ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    24+ КОМПАНИИ ЗА Геометар, геодет
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА