За реон

    Базени Цена

    Колку чини еден базен?? Типски базени секогаш се многу поевтини од тие кој се прават по мерка. Размислете дали сакате некоја посебна форма или не. Димензиите на базени за пливање се исто така различни и се движат од 7 до м во должина до 3 до 5 м во ширина. Нормално дека секогаш може да бидат и поголеми или помали, во зависност од просторот со кој располагате, а и финансиите. Сепак, стандардна длабочина на базен е околу 1,5 м. Колку поголем базен, толку повисока цена, особено поради конструкцијата на базенот и потребниот материјал Цената за ископ, набавка и вградување на базен може да биде помеѓу 450 и 660 евра/м2. Бетонски базен со керамичка облога, хидроизолација и сите неопходни работи изнесува околу 650 евра/м2. Базени од стиропор блокови, со фолија, филтери и останата неопходна опрема изнесува околу 270 евра/м2. Најевтиниот, само стоечки базен, заедно со потребните апарати и приклучок за вода изнесува околу 180 евра/м2. Но, не заборавајте да ја додадете и цената на градежната дозвола (ако има потреба),од причина што истата не е потребна за базени на ниво на терен за индивидуална употреба, односно помали од 10м.

    Кому да ја доверите изградбата или набавката и монтажа на базен? Пратете барање до соодветни и оценети мајстори за базени во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на базен


    Цена на базен од полиестер и ископ. Цена за ископ, набавка и монтажа на базен.

    450.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    600.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Базени

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Базени за пливање - се што треба да знаете

    1. Базени – што треба да знаете?

    Базените, особено оние во сопствен дом, сличен на холивудските, речиси сигурно се сон на секој од нас. Меѓутоа, за да стане реалност тој сон за пливање и лежење со пијалок во рака, ќе треба внимателно да ја проучите темата и во зависност од вашите можности да изберете некои од оние за кои зборуваме во овој текст.

    Постојат разни видови базени, како и начини за градба, големина и форми на истите. Исто така и намената им е различна. За каков вид на базен ќе се одлучите влијаат повеќе фактори како што се: пресметка, просторот кој ви е на располагање, географската положба, пристап кон локацијата како и локалните прописи.

    Базен за пливање
    За повеќето луѓе, да се има сопствен базен е остварување на сонот

     

    1.1. Надворешен или внатрешен?

    1.1.1. Внатрешен базен

    Доколку сакате да пливате преку целата година, па и во зимските месеци, изберете базен изграден во самиот објект. Обично затворените базени се дел од простор за подобрување на здравјето ( wellness ) во кој може да има и базен или када за масажа (jacuzzi), сауна и сала за фитнес или теретана. Во затворен простор може да се вградат сите видови на базени, па така и тие со скимер или со преливен канал. Базените на отворено и во затворен простор се градат на ист начин. Најчесто им се вградуваат системи за филтрирање и дезинфекција, кои може да се сместат и во подрумот. Машинскиот дел на базенот мора да биде лесно достапен, а обично се поставува покрај базенот. Доколку базенот е бетонски, тој обично има појасен темел со што и долната страна на базенот е достапна, а не само ѕидовите. Најважно за базените во затворено е да се одржува одреден степен на влажност на воздухот. Тоа се постигнува со специјална климатизација, односно, влажнење. Во секој случај, градбата на базенот е планска и во сите нацрти овие елементи мора да бидат планирани. Најдобро е кога овие апарати не се во иста просторија со системот за филтрирање.

    1.1.2. Надворешен базен

    Поради тоа што веќе не се толку скапи, надворешните базени стануваат се побаран додаток на домот. Во летните месеци вашето семејство ќе ужива во секој слободен момент поминат во бањање и опуштање. Слично како и со цената, и одржувањето на базените не е веќе толку напорно и нема да ви одземе многу време. Доколку додадете и настрешница или загревање на водата со помош на термо-покривка, сезоната за користење на базенот може да ви биде и од мај до септември.

    2. Избор на изведувач

    За поголем број луѓе градбата на сопствен базен преставува остварување на некој дамнешен сон. Сигурно веќе имате слика како со семејството и пријателите уживате во бањање, скара и ладни пијалаци покрај базенот. За жал, таквиот сон може да биде и ноќна мора доколку не го изберете вистинскиот изведувач. пред да започнете со барање на изведувач, вие самите мора да прецизирате за каков базен станува збор, односно што сакате. За таков каков што сакате да се гради постојат повеќе услови – лично искуство, локацијата, просторните услови и висината на финансиите со кои располагате. За таа цел можете да ви послужат базените во околината. Дали се вкопани, надземни, бетонски, линиски или нешто друго? Откако ќе донесете одлука што точно сакате, на интернет побарајте компании кои се занимаваат со таков вид на градба на базени. Би требало да дознаете и се што се однесува на начинот на работа како и основната опрема. На кој начин се филтрира водата, со каква пумпа и така натаму. Колку повеќе информации имате, толку полесно ќе преговарате со изведувачот. Тргнете од препораките кои ги имате од комшии, пријатели, роднини; нека не ви биде непријатно да тропнете на вратата на некој кој што има базен и да се распрашате за неговото искуство – како течела градбата, дали се задоволни со резултатот, од мајсторите?

    Направете си список на изведувачи и запишувајте ги сите податоци кои ќе ги најдете: колку долго го работат тоа, колкаво искуство имаат, колку можете да им верувате. Откако ќе го намалите списокот на тројца изведувачи, закажете состанок. Секоја компанија има свои предности и маани. Некои од нив нацртот за базенот ќе го нацртаат на парче хартија со неколку линии, додека пак некои ќе употребат компјутерска скица и пресметка. Секоја метода е прифатлива. Секој од нив ќе има и свое видување на решението кое ќе ви го понудат. Некои ќе го пофалат јонското филтрирање, други ќе ви зборуваат дека освен со хлор се останато е фрлање пари, трети ќе се колнат во функционалноста на генератор со хлор за солена вода. Во овој момент ќе дојде до израз онаа што до тогаш сте го научиле за базените – да знаете точно што сакате, а што не. Не донесувајте одлука на прва – состанете се со сите и полека проценете ја секоја понуда. Не плашете се од преговори со изведувачот! Секој договр е можен! Но, се што ќе постигнете во тек на преговорите по устен пат (начинот на градба, цена, услови за плаќање, рокови...) ставете го на хартија и обврзувачки потпишете договор! И уште нешто: изведувачот со сигурност ќе бара аванс, потоа исплата на еден дел во тек на работата и последната исплата по завршување на работите. Наш совет е да пробате да се договорите така што исплатата ќе оди по завршување на секоја следна фаза од изградбата и тоа секоја фаза да ја платите ПОСЛЕ нејзиното завршување, а НИКАКО авансно. За почеток платете што е можно помалку (10%), а потоа не плаќајте ништо додека не ја завршат договорената фаза.

    3. Видови базени

    3.1. Монтажни/самостојни базени

    Монтажните базени обично имаат метален рам и внатрешна облога од ПВЦ фолија. Самостоен базен може да се состави за едно попладне без некој посебен напор, со што вашето семејство може веднаш да добие сопствена плажа. Ваквиот вид на базен може да се монтира на било кој вид рамна површина (трева, бетон, песок...), а може делумно или во целост да биде вкопан во земјата. Една од најважните причини за големата популарност на овој вид базени е секако нивната се попристапна цена. Покрај тоа, монтажните базени се подвижни и може да се склопат, пренесат и разглобат по потреба, доколку се селите.

    3.2. Бетонски базен

    Пред појавата на најновите технологии за градба на базени на пазарот (монтажни, лагер, полиестерски и слични) сите базени биле бетонски. Во денешно време, бетонскиот базен преставува синоним за квалитет и долготрајност, но и за повисока цена. Најголема слабост, односно, опасност е тоа што не се дозволени грешки како при нивното проектирање, така ни при нивната изградба од причина што последиците се видливи скоро веднаш. Доколку сакате солидно изграден бетонски базен, неопходни се професионално направени планови, нацрти и пресметки со почитување на сите предуслови, особено тие поврзани со земјиштето и градежните работи кои мора да ги направи многу искусен изведувач. Бетонските базени може да бидат во било која форма. Обично се поплочуваат со плочки или мозаик, иако согласно желбите може да се фарбаат со некоја боја.

    3.3. Лагер (од стиропор блокови)

    Лагер базените се новина која се шири доста брзо и стануваат се побарани. Обично се монтираат на бетонска плоча, а ѕидовите може да бидат од разни материјали. Може да бидат дрвени, стиропор, бетонски или од сипорекс блокови, како и од тули. во целина може да биде составен од метални или пластични елементи. Најчесто се употребуваат стиропор блокови. Предности на лагер базените од стиропорни блокови се следните:

    • брзата градба и нормална цена,
    • исклучителна приспособливост која овозможува да се направат во квадратна или тркалезна форма по желба,
    • одлична термоизолација која овозможува загревање на водата во пролет и ладење со доаѓање на есента.

    3.4. Базен од полиестер

    Базените од полиестер се убаво заоблени, едноставно се градат и одржуваат, а и долготрајни се. Низ Европа се доста барани поради прифатливата цена а и брзата градба. Базените од полиестер се во едно парче или се составуваат на лице место од модуларни елементи. Векот на траење им е и до 20 години.

    3.5. Природни базени

    Популарно именуваните природните базени или рибници во кои може да се плива, преставуваат концепт кој е измислен во осумдесеттите години на минатиот век. Тие се само чистачки, бидејќи преставуваат спојка на површина за пливање и водени градини. Како и секој друг вид на базени така и овие може да бидат во некоја природна форма, во рустичен стил со балвани и водопади или пак, да биде модерно дизајниран и елегантен.

    Повеќето природни базени се обложени со гумен лајнер или пак се зајакнати со полиетилен. Постои посебен дел за регенерација на водата во кој има песок и голем број на водени растенија, а нивната улога е да дејствуваат како систем за пречистување. Скимери и пумпи за вода ја испумпуваат водата во тој дел, преку каскади, камени или чакал. Во тој дел живеат разноразни бактерии и тие служат како дополнителен биолошки филтер. За разлика од вештачките рибници, водата во природниот базен е доволно бистра за да може да се види дното. Цената на ваквите базени е иста како и останатите, но во голем дел зависи од обемот на градежните работи. Секако дека ова ќе биде прв избор за оние кои сакаат се што е природно, а притоа не сакаат вода полна со хлор и останати хемикалии. Голема предност на природните базени е тоа што пред да дојде зимата тие не треба да се празнат. Само треба на растенијата кои се над водата, да им се отсечат врвовите.

    4. Начини за одржување на базените

    4.1. Основни компоненти на базените за пливање

    Доброто одржување на базенот започнува со тоа што ќе дознаете и научите се што е потребно да знаете. Без разлика на тоа дали вашиот базен е обичен, мал, за двор или имате цел велнес  дел, грижата за истиот се состои од четири делови за кои постојано треба да водите грижа за истиот да ви потрае што е можно подолго; а тие делови се:

    4.1.1. Водата

    Водата е од клучно значење за да уживате онака како што сакате. Со одржување на чиста, бистра и урамнотежена вода го штитите вашето семејство од сите загадувачи. Покрај тоа, на тој начин ќе заштедите и на трошоци за поправка на машинската опрема од корозија или минерални наслаги, со што го продолжувате векот на траење на самиот базен.

    4.1.2. Внатрешна страна на ѕидовите или облогата (лајнер)

    Облогата на ѕидовите на вашиот базен се во непосреден контакт со водата како и секој кој се бања во неа. Доколку тие површини се добро исчистени, без алги, мувла и нечистотии, тогаш и самиот базен ќе биде чист и безбеден.

    4.1.3. Систем за пумпање и филтрирање (чистење)

    Можеби ќе ви се чини чудно, но ,,срцето‘‘ на вашиот базен е неговиот ,,црн дроб‘‘. Пумпата ја црпи и враќа водата, односно го придвижува нејзиното кружење. Водата се прелива преку и низ филтерите кои ја прочистуваат од сите видови нечистотии. Без активен систем за филтрирање водата многу бргу станува матна и загадена, а со тоа се уништува базенот.

    4.1.4. Пумпање – Скимери, системи за прелевање

    Скимер преставува апарат кој ја вшмукува водата и ја бутка во филтерот, а потоа прочистена ја враќа во базенот.

    4.2. Главни правила за одржување

    Основата за ефикасно одржување на базенот се состои од три, многу едноставни, но неизмерно важни, функции: кружење, чистење и хемија.

    4.2.1. Кружење на водата

    Вода која стоела долго е гнасна и со непријатен мирис. Во вашиот базен, исто како и во природата, водата мора да тече за да биде чиста и безбедна. Правилната циркулација е од клучно значење за безбедно и пријатно бањање. Во базените кај кои кружењето на водата е убаво проектирано, многу ретко се случува да дојде до некои проблеми, како што се појава на матна вода или алги. Системот од пумпи и филтери кој работи непрекинато, по можност 24 часа, седум дена седмично, може да се нарече идеален систем. Доколку не постојат такви услови, од било која причина, ви советуваме системот да работи најмалку 10-12 часа секој ден. На тој начин водата ќе се прочистува добро, а со тоа ќе го одржува базенот чист и безбеден. Втората клучна компонента за чистење преставува филтерот. Водата се пренасочува во филтрите, а оттаму во специјални садови кои после чистењето се празнат. Видот на чистење најпрво зависи од видот на филтри, но принципот на работа е скоро ист кај сите.

    4.2.2. Чистење

    Доколку во базенот е воспоставен соодветен систем за кружење на водата, во тој случај поголем дел од чистењето е обезбеден. Но, повремено сепак ќе мора да си ги засукаме ракавите. Како што и луѓето носат со себе разни работи, така и мајката природа си носи свои, па, дали вие сакале или не, во водата паѓаат лисја, гранки, земја и мувла, како и остатоци од шампон за коса, парфеми и слични производи. Доколку на тоа ги додадете и неизбежните бактерии, чистењето преставува неопходен, дури и примарен предуслов за безбедна употреба на истиот. Најмалку еднаш седмично соберете и исчистете се што ќе најдете во базенот. За таа цел, сода бикарбона е најдобра, од причина што не ги оштетува ниту плочките а ни винил облоги. Нормално, постојат и системи за само чистење, но тие секогаш може да се заменат со добро четкање.

    4.2.3. Хемија

    Хемиските средства за чистење скоро секогаш имаат негативна конотација и звучат по малку застрашувачки, а пред се неприродно. Сепак, во овој случај немате од што да се плашите. Хемиските средства се составен дел за ефикасно одржување на водата во базенот, а покрај тоа, не се комплицирани за употреба.

    Најважен алат за тоа е комплетот за тестирање на водата. Пред да употребите хемиски средства, најпрво тестирајте ја водата. Најпрво се гледа хемиската рамнотежа – односно, што има и што недостасува во водата. Најважни за ова се следните три податоци:

    • pH вредноста – колку е кисела или базна водата. Ниски pH вредности значат дека водата е кисела, а високи дека е базна. Идеална мерка за базен е помеѓу 7,4 i 7.6.
    • Алкалност – помага за спречување на нагли скокови на киселост или базноста на водата. Идеална мерка за базен е 100-150 ppm (милионити дел).
    • Вредност на средствата за дезинфекција – количината на хлор, бром и слично. Одредени вредности варираат во однос на тоа кое средство за чистење ќе го изберете. Тогаш кога ги знаете вредностите на pH, средства со алкални супстанци и средства за дезинфекција во базенот, дури тогаш можете да додавате хемикалии кои ќе ја балансираат водата. За тоа во е потребно да си издвоите доволно време, да ги следите упатствата на произведувачот и на научите на кој начин секоја хемикалија поединечно дејствува на водата и луѓето, пред воопшто да ја употребите.

    4.3.  Распоред за одржување на базенот и список на обврски

    Со правење на распоред за одржување на базенот едноставно ќе бидете сигурни дека нема да пропуштите или да заборавите нешто важно. На тој начин однапред можете да си ги запишете чекорите за одржување – на пример, подготовка за зима, одржување вон сезона, подготовка и проверка во тек на сезоната и т.н.

    Тоа воопшто не е комплицирано. Направете распоред и закачете го на видно место, покрај базенот или на фрижидерот. На тој начин и останатите членови на вашето семејство ќе можат да завршат некои работи.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Изведба на бетонски базен

    Потребна е да се ископи бетонски базен и комплетна негова инсталација.
    Димензиите се 8 м х 5 м 553500 € до 922500 €

    ........

    Изведба на бетонски базен

    Потребна е да се ископи бетонски базен и комплетна негова инсталација довод-одвод со пумпи.
    Димензиите се 8 м х 4 м х 1,60 м

    Во прилог слика пример како да изгледа 664200 € до 1107000 €

    ........

    Монтажа на базен

    Потребна е монтажа на веќе купен базен intex во двор . Димензиите се 7.32 м x 3.66 м x 1.32 м

    Во прилог слика од базенот. 5535 € до 9225 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изработка и монтажа на базен/џакузи, 4 х 2 м
    Базени, Брвеница

    2250 € до 3750 €

    Цена, Изработка на базен, 5 х 4 м
    Базени, Струмица

    3600 € до 6000 €

    Цена, Изработка на базен со мој ископ, 7 х 4 х 1.5 м
    Базени, Кавадарци

    18000 € до 30000 €

    Цена, Монтажен базен, 6 х 3 х 1,5 м
    Базени, Пробиштип

    810 € до 1350 €

    Цена, Montaza na bazen,
    Базени, Скопје

    3600 € до 6000 €

    Цена, Изработка на базен, 6 х 3 м
    Базени, Скопје

    13500 € до 22500 €

    Цена, Самостоечки базен, 20 м2
    Базени, Скопје

    8100 € до 13500 €

    Цена, Изработка на базен, 6 х 3 х 1.5
    Базени, Куманово

    13500 € до 22500 €

    Цена, Изработка на базен, 10 м х 4,5 м
    Базени, Вруток

    13500 € до 22500 €

    Цена, Изработка на базен, 6 х 3 х 1.5 м
    Базени, Скопје

    8100 € до 13500 €

    Цена, Изведба на базен, 7 × 3 × 1.4 м
    Базени, Струмица

    3600 € до 6000 €

    Цена, Потребно ни е доуредување на постоечки базен и сервис, 8 х 15м
    Базени, Куманово

    900 € до 1500 €

    Цена, Изработка на базен, 9 х 5 м
    Базени, Скопје

    18000 € до 30000 €

    Цена, Изработка на базен, 7 х 4 м
    Базени, Скопје

    13500 € до 22500 €

    Цена, Изработка на базен, 6 х 4 х 1.5м
    Базени, Скопје

    10800 € до 18000 €

    Цена, Бетонски базен со опрема, 25-30m2
    Базени, Кавадарци

    13500 € до 22500 €

    Цена, Ископ и вградување на базен од полиестер, 6 × 3 × 1.5 М
    Базени, Пробиштип

    8100 € до 13500 €

    Цена, Izvedba na dzakuzi, 2 x 3 m2
    Базени, Радишани

    1350 € до 2250 €

    Цена, Изведба на базен без ископ, 8 х 5м
    Базени, Скопје

    3600 € до 6000 €

    Цена, Потребна е изработка на базен, 4 х 2 м
    Базени, Скопје

    2700 € до 4500 €

    Цена, Izrabotka na bazen, 4 x 2 5 x 1.5 m
    Базени, Скопје

    5400 € до 9000 €

    Цена, mal kruzen bazen, 2.5x2.5m
    Базени, Скопје

    2700 € до 4500 €

    Цена, Bazen, 7×3,5×1,5
    Базени, Велес

    15300 € до 25500 €

    Цена, Bazen, cca 40/60m2
    Базени, Струмица

    18000 € до 30000 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Базени ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    28+ КОМПАНИИ ЗА Базени
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА