За реон

    Поплочување на двор Цена

    Колку чини поплочувањето? Мајсторите многу различно наплаќаат за нивната работа според материјалот, подлогата, како и моделот и изгледот на поплочувањето. За гранитни коцки, обично се наплаќа околу 5-11 евра/м2, за бетонски подови околу 10 евра/м2и за бекатон плочи околу 6 евра/м2.

    Кому да го доверите поплочувањето? Пратете барање до соодветни и оценети градежни изведувачи и камени ѕидари во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу

    Побарајте понуда:
    Прати барање
    Проверете и:
    Печатен бетон, цена

    Цена на поплочување


    Цена на поплочување. Цена за набавка на материјал и поплочување, како и поставување тампон подлога до дебелина од 50 цм.

    18.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    24.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Поплочување

    Асфалтирање


    Колку чини асфалтирањето? Цената за асфалтирање зависи од подготовката на подлогата и бројот на слое...

    Проверете и: Асфалтирање Цена

    Печатен бетон


    Колку чини печатениот бетон? Во зависност од квадратурата и составот на бетонот, сложеноста на шабло...

    Проверете и: Печатен бетон Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Се во врска со поплочување - материјал, поставување, цени

     

    1. Поставување плочки: што се може да се поплочи?

    Поставувањето плочки секако додава одреден квалитет на секој двор. Поставувањето плочки-поплочувањето, всушност преставува покривање на подните површини со некаков вид на материјал соодветен за такви работи – камен, бетон, дрво или некој од бројните композитни материјали. Плочите важат за поубав и попрестижен материјал од асфалтот, па со нив се покриваат површините со особено внимание. Доколку сте прибирливи и сакате дворот да го уредите на посебен начин, поплочувањето би било одличен избор. Безмалку и да не постои површина која не би можеле да се покрие со плочи – од тераса, двор, патека, плочник, пат, плоштад, плато до било какво слично место на отоворено – и место кое не може да се поправи, како функционално така и естетски.

    1.1. Поплочување на двор

    Поплочениот двор во голема мера допринесува за уреден изглед на градината. Поплочувањето на непосредната околина на куќата поврзано со фасадата на таков начин да создадат една единствена целина, ќе направат вашиот дом веќе на прв поглед да изгледа примамливо, гостољубиво и домаќински. Поради тоа, поплочувањето на надворешниот простор треба да биде и стилски и естетски, но и функционално усогласено. Доколку изберете соодветен материјал, а истиот да биде квалитетно вграден, надворешноста ќе стане фунционална колку што е и привлечна.

    Цена на поплочување на двор

    Цената за набавка на материјал, изработка на тампонска подлога до 50 цм и поплочување чинат помеѓу 28-34 евра/м2.

    1.jpg
    Поплочена градина

     

    1.2. Поплочување на паркинг

    Практично секоја куќа има поркинг, гаража или настрешница за автомобили и секако средениот двор е првото нешто што го гледате кога приоѓате кон нечиј дом. Зошто да изберете поплочување на паркингот наместо асфалтирање?

    Зошто да изберете поплочување?

    Поплочениот паркинг визуелно ќе го разубавее надворешниот простор; наместо еднолична црна површина, екстериерот можете да го уредите како што сакате, со тоа што ќе изберете еден материјал или повеќе, една или повеќе бои, една или повеќе формиo, дезени – со еден збор, од перени бетонски плочи до гранитни коцки или калдрма. Многу популарни се и растерите, шупли бетонски елементи низ кои може да расте трева, па на тој начин паркингот е и раззеленет. Најважно кај овој вид на уредување е тоа што се овозможува побрз одвод на дождовницата, а со самото тоа и издржливоста на паркингот.

    Цени за поплочување на паркинг

    Цената за набавка на материјал, изработка на тампонска подлога до 50 цм и дренажа, како и самото поплочување чинат помеѓу 28-34 евра/м2.

    2.jpg
    Поплочен паркинг секогаш изгледа подобро од обичен асфалт

     

    1.3. Поплочување на тераса

    Поплочената градинарска тераса е продолжение на дневниот престој и во архитектонски смисол ги спојува внатрешноста и надворешноста на домот. Во топлите поднебја за поплочување најчесто се бира камен, бетонски перени прлочи или керамички плочки за надворешност.

    Зошто да ја поплочите терасата?

    Сите горенаброени материјали лесно се одржуваат и долготрајни се. Секако дека можете да се одлучите и за дрвена тераса од тиково дрво, на пример. На таквиот изглед не може да му се замери. Покрај тоа омилена е во поладните краеви, понекогаш и како продолжение на базенот, од прилина што е топла за газење, а и удобна за лежење.

    Цена на поплочување на тераси

    Цената за набавка на материјал, изработка на тампонска подлога до 50 цм и дренажа, како и самото поплочување чинат помеѓу 28-34 евра/м2.

    3.jpg
    Тераса со плочки која ве кани да се опуштите

     

    1.4. Поплочување на пат

    Поплочен приоден пат отсекогаш е моќен елемент на екстериерот. Може да изгледа филмски и многу претенциозно, но со добра причина. Како и за скоја нискоградба, така и тука е многу важна подготовката на тврда подлога, одводнување, избор на материјал, од причина што овој приоден пат ќе биде и колски. Може да се каже дека во такви ситуации најчест избор се бетонски плочи, поситен или крупен чакал и природен камен.

    Зошто да се одлучите за поплочување на приоден пат?

    Доколку патот убаво се испланира, а потоа и квалитетно да се сработи подлогата и завршниот слој, патот ќе служи со години и ќе изгледа убаво. Притоа, доколку во некој момент се јави потреба за било какви поправки или поставување на нова инфраструктура, ќе биде сосема доволно да се извади една или неколку плочи, да се изврши поправката или замената и се повторно да се врати во првобитната состојба.

    Цена за поплочување на пат

    Цената за набавка на материјал, изработка на тампонска подлога до 50 цм и дренажа, како и самото поплочување чинат помеѓу 28-34 евра/м2.

    4.jpg
    Улица поплочена со природен камен може да биде посебна карактеристика на цел дел од градот

     

    1.5. Поплочување на градина или башта

    Дали познавате некој кој не ужива во шетање по миризлива башта? Веројатно не, но сигурно дека уживањето во таквата прошетка ќе биде уште поголемо доколку баштата има убаво средени патеки. Поплочување на градинарски патеки може да се изведе на многу начини. Трасата може да биде непрекината или испрекината со помали или поголеми фуги пополнети со ситен материјал или трева. Плочките може да се редат и склалесто. За поплочување на патеки имате на располагање многу видови материјали – од бетонски обилни или перени до разни видови на природен или вештачки камен до композит или дрвена граѓа.

    Цени за поплочување на градина или башта

    Цената за набавка на материјал, изработка на тампонска подлога до 50 цм и дренажа, како и самото поплочување чинат помеѓу 28-34 евра/м2.

    5.jpg
    Поплочувањето на дворот, градината или баштата ќе ви го разубави домот на неверојатен начин

     

    1.6. Поплочување на патека

    Поплочена патека непосредно околу куќата, дворот или околината воопшто, ќе овозможи вашиот дом во секојмомент да изгледа побогато и пораскошно. За било каква патека најважно е подлогата да биде цврста и добра, изведена по сите прописи за нискоградба, а со неа и соодветно одводнување. Патеките можете да ги поплочите со било каков материјал по ваш избор. Материјалите може да се комбинираат по боја, форма, големина, единствено е важно да бидат соодветни со земјиштето на кое се поставуваат, како и со надворешните услови, за да траат што е можно подолго.

    Зошто да ги поплочувате патеките?

    Поплочување на патека дали тоа е во башта, околу куќата или на некое друго место, автоматски значи и уредување на животната средина согласно архитектурни пејзажни правила, што самото по себе носи одредени бенефити; на овој начин на естетиката и се додава и функционалност. За време на дожд, нема да влегувате калливи дома, а во пролет, на пример, нема да ја газите младата трева.

    Цена за поплочување на патеки

    Цената за набавка на материјал, изработка на тампонска подлога до 50 цм и дренажа, како и самото поплочување чинат помеѓу 28-34 евра/м2.

    6.jpg
    Поплочената патека секогаш мами за прошетка

     

    7. Шкарпи

    Шкарпите преставуваат фабрички изработени, шупливи бетонски елементи, направени за уредување на насипи, крајбрежја и косини. Се употребуваат за задржување на земјиштето и помали одрони, наместо полн потпорен/стоечки ѕид или за раззеленување на вертикални површини, како и помеѓу парцели или површини на исто или различно ниво. Бетонските шкарпи се многу отпорни на временските услови, како ина механички оштетувања, а со тоа и долготрајни.

    Видови шкарпи

    Шкарпите се делат на украсни и т.н. кршени или цепени.

    Украсните шкарпи се вистински избор кога сакате да раззеленеете некоја висинка или косина. Шкарите изгледаат како саксии или жардињери кои може да се редат една преку друга во цик-цак форма, а кога во нив ќе се засади цвеќе или некое растение навистина го оплеменуваат местото.

    Кршени или цепени шкарпи личат на масивен природен камен. Најчесто се употребуваат за украсни ѕидови, а често се завршуваат со украсни капи.

    7.jpg
    Со бетонски шкарпи наместо саксии, секој терен може да се оживее брзо, лесно и убаво

     

    Поставување на шкарпи

    Со поставување на шкарпи се задржува и осигурува теренот, поради што неопходно е прво да се направи темел. Врз свежо излиен бетон се реди првиот ред шкарпи, а потоа се чека се да се исуши и да се стврдне. На работ на темелот се копа дренажен канал и се поставува цевка, а самиот ѕид од шкарпи се изолира со перфорирана пластична фолија за да се спречи продор на влага во бетонот на темелот. Редовите шкарпи може да одат во висина до 1 м ако се сосема вертикални, или до 1,5 м ако се закосени.

    8.jpg
    Скршени шкарпи прават цврст и убав потпорен/потпорен ѕид

     

    Цена на шкарпите

    Цената на набавката и испорака на шкарпите е помеѓу 70 и 85 евра/м2. Цемната за монтажа зависи од видот земја, косината на теренот и секако самиот понудувач. Доколку се одлучите за поставување шкарпи, можете да ни се обратите нам на DaiBau.mk. На нашиот сајт можете да најдете уште совети поврзани со оваа тема, но и понудувачи и произведувачи со кои соработуваме. Истите ќе одговорат на вашето барање со соодветна понуда.

    2. Форми на плочки – што да се избере?

    Во денешно време на пазарот постојат бројни видови на материјали за поплочување, а исто толку и бои и фроми. Пред таквиот избор, човек едноставно се наоѓа во недоумица – како и што да избере? Во секој случај , изборот е прашање на личен вкус, но како смерница може да ви послужат слики од завршени проекти на интернет или референци за произведувачи. Ви предлагаме да се одлучите за две или три форми, па тогаш да ги прашате мајсторите дали може да се комбинираат.

    Форми на плочи

    Плочите може да бидат квадратни, правоаголни, петоаголни, шестоаголни, заоблени, округли или со неправилна форма. Без разлика какви ќе изберете, важно е да се поставуваат една до друга како сложувалка, со што може да се покријат и поголеми површини.

    Постојат плочи со остри или закосени ивици. Тие со остри ивици се редат една до друга без растојание, па изгледаат како целина; а тие со заоблени извици се редат со растојание помеѓу нив, во зависност од бројот на страни, со што дезенот е повпечатлив.

    9.jpg
    Форми и обрасци на поставување плочи

     

    Големина на плочите

    Плочите може да бидат со најразлична големина. Од гранитни коцки од 8 цм до бетонски плочи со голем формат, од 50 цм па и повеќе. Што поголем формат, толку побрзо оди поставувањето, а и поефтини се; поситни делови, големината на површината и комплексноста на моделот, ја подигаат цената за работа. Дебелината, независно дали се мали или големи, на плочите е најчесто 5 цм, од причина што тоа е сосема доволно за неопходната јачина и издржливост на површината.

    2.1. Плочи

    Камени, бетонски или перени плочи за поплочување воглавно се со поголем формат и обична правоаголна форма. Ваквите плочи се наменети за поплочување на тераси, балкони, плочници и возни патеки. Тие се отпорни на притисок, сол, мраз, од причина што во тек на производство се импрегнираат и заштитуваат од секаков вид на оптеретување на кое ќе бидат изложени. Самото поставување е едноставно, како и подоцнежното чистење и одржување, а трајноста е несомнена.

    2.2. Коцки

    Коцките се вбројуваат меѓу најстарите начини за поплочување на патишта, од причина што се исклучително отпорни и долготрајни. Во разни бои, големини и начин на поставување може да се добијат навистина неверојатни дезени. Најчесто калдрма се поставува на патеки, плочници, приоди, дворови, паркинзи и плоштади.

    2.3. Растери

    Растери се шупли бетонски елементи кои личат на мрежа, а кога со нив се поплочува паркинг или приод по кој се вози, низ нив може да израсне трева па на тој начин просторот изгледа оплеменето и природно. Растерите се прават од два слоја – горниот е од кварцен песок кој е отпорен на мраз и сол. Тие може да се поставуваат самостојно или во комбинација со асфалт и бетонски плочи со сличен формат. Растерите се произведуваат воглавно со големина 40x60x10 цм.

    2.4. Ивичници

    Ивичник е бетонски или камен елемент со кој се оивичуваат поплочени или асфалтирани површини. Согласно намената, се разликуваат три вида на ивичници: баштенски, за двор и патни. За уредување на плочник, пат, паркинг или улица се употребуваат масивни бетонски ивичници. За градини, башти, паркови и патеки пак, се употребуваат потенки бетонски или камени ивичници.

    10.jpg
    Со поставување на ивичници, поплочените површини физички и визуелно се граничат

     

    3. Видови и бои на плочи

    Материјалите наменети за поплочување мора да бидат отпорни на притисок, влага, замрзнување, собирање, ширење и слични физички и хемиски влијанија од надворешната средина. Во согласност со тоа не секој материјал е погоден за оваа намена. Несомнено е важно материјалот за поплочување да биде складен со оној од кој е направена куќата и дворот, за да се создаде визуелна и физичка целина. Така на пример, на куќа од тули одговараат и такви патеки, гранитот е наменет за посмирени, современи куќи, како и плочи од перен бетон. Дрвото, камен и нивни имитации, повеќе одговараат на ѕидани традиционални објекти.

    3.1. Бетонски коцки

    Слободно може да се каже дека бетонските коцки ги има секаква форма, големина и боја, со различна структура и текстура, со остри и закосени ивици – со еден збор, најбарани се а и најмногу се произведуваат, од причина што лесно се поставуваат, а нудат извонредни можности за комбинации и редење. Не замрзнуваат, постојат и импрегнирани отпорни на сол или УВ зрачење, не се лизгаат и може да издржат разни видови оптеретување. Поради тоа, не постои надворешна површина каде што не може да се употребат.

    На пазарот постојат бетонски коцки од разни произведувачи, а оние попознатите имаат свои многу познати серии и линии од вистински или вештачки материјали какви што се Prestige, Antique, Intakt, Classic и слични.

    Цена на бетонските плочи

    Цената на бетонските коцки се движи од 10 до 30 евра/м2.

    11.jpg
    Бетонските коцки поставени на добро подготвена основа се практично неуништливи

     

    3.2. Перени плочи

    Перените плочи се прават од специјален вид бетон на тој начин што кога се полусуви, со специјална постапка од нив се пере врзилото. Така добиениот производ има рапава површина, многу слична на мермерот. Плочите се изработуваат во разни бои, димензии и со нив се добиваат навистина неверојатни дезени. Како и останатите бетоснки плочи, отпорни се на мраз, сол оштетувања и не се лизгаат. Со нив може да се покријат патеки, приоди, патчиња, плочници, дворови или плоштади. Најчесто се со димензии 60x60 цм или 40x40 цм.

    Цена на перените плочи

    Поплочувањето со перени плочи е многу поволно и се движи околу 6 евра/м2.

    13.jpg
    Перени плочи изгледаат сосема природно и се еден од нашите омилени производи

     

    3.3. Пескарени плочи

    Пескарените плочи се прават со постапка на фино пескарење, односно, вадење на површинскиот слој со силен млаз на некаков агрегат. На ваков начин се добива рапава, нерамномерна површина со многу интересен изглед. За да биде поиздржлива, дополнително се импрегнира со различни заштитини средства. Најчесто се со димензии 40x40x4 цм.

    Цена на пескарените плочи

    Цената на пескарените плочи е многу различна и се движи од околу 18 евра/м2 па нагоре.

    3.4. Бетонски плочи

    Мазните бетонски плочи изгледаат сосема едноставно. Се карактеризираат со тоа што не се лизгаат, но и со тоа што се многу отпорни на надворешни влијанија како мраз, сол, УВ зрачење, оштетувања и притисок, поради што се и многу долготрајни. Се употребуваат како за пешачки патеки, така и за возни патеки, поради што се среќаваат и по дворови, на плоштади а и на пазари. Најчесто се со димензии 40x40x4 цм. Лесно се одржуваат, само со перење со вода или некое неутрално средство.

    Цена на бетонските плочи

    Цените на бетонските плочи се различни, согласно квалитетот и дезенот и се движат од околу 8 евра/м2 па нагоре.

    14.jpg
    Големите површини може лесно и брзо да се обликуваат со инсталирање мазни плочи со голем формат

     

    3.5. Плочи од камен

    Камените плочи се употребуваат за поплочување стотици години наназад, од причина што каменот е најотпорен и најцврст материјал во природата, а и неговиот изглед е монолитен, престижен и убав сам по себе. За поплочување најмногу се употребуваат гранитот, мермер, песочник, чеша, варовник, кварц, порфир и слично.

    Доколку се одлучите за камен, имајте на ум дека сите видови камен се разликуваат помеѓу себе, по боја, по структура и останати квалитети, така што тој што ќе го изберете треба потполно да се вклопи како во екстериерот, така и во ентериерот на вашиот дом. Природниот камен повеќе или помалку лесно се обликува, а начини за негова обработка се познати како полирање, четкање, палење, печење, сечење и така натаму. Со вака обработените парчиња може да се обложат внатрешни и надворешни површини, а истите ќе останат подеднакво убави и постојани со децении.

     

    3.5.1. Гранитни плочи

    Гранитот е многу цврст и квалитетен природен градежен материјал. Гранитните плочи се употребуваат за одложување на надворешни, но и внатрешни површини. Оваа суровина овозможува оформување на најразлични делови, какви што се прозорски даски, скалила, пултови, портали, градинарска опрема, камини, маси од камен и уште што ли не.

    3.5.2. Плочи од мермер

    Мермерот преставува компактна метаморфна карпа со карактеристични кристали. Различните својства на разни минерали му даваат на мермерот лепеза од бои и нијанси. Концентрацијата на минерали може да создаде и своевиден дезен, односно, жилички кои се протегаат на сите страни, а различни се во секоја карпа. Според мрежата на тие жилички точно се знае од кој каменолом потекнува карпата, а во природата не постојат две исти. Обработката најчесто се состои од полирање до висок сјај, со што до израз доаѓаат специфичната структура и боја. Поради сите овие причини мермерот, дефинитивно е најомилен и најбаран декоративен камен стотици години нананзад. Во денешно време се употребува за обложување на подови и ѕидови, па дури и тавани во нетериер, надворешни пешачки површини и слично, но и за споменици.

    3.5.3. Плочи од варовник

    Варовникот е тврда карпа, иако осетлива на вода, особено на кисел дожд. Плочите од варовник се во рамномерна беж нијанса, а најмногу се употребуваат за обложување на ѕидови во ентериерот, а помалку за надворешни површини и тоа само одредени видови.

    3.5.4. Плочи од песочник

    Песочник е камен кој изгледа многу природно во нежни земјани бои. Најчесто само грубо се обработува и се употребува за обложување на надворешни површини, од причина што воопшто не се лизга.

    3.5.5. Плочи од кварц

    Кварцот преставува многу тврд камен. Најмногу се употребува за поплочување на надворешни површини.

    3.5.6. Плочи од порфир

    Порфирот е исто така тврд камен. Грубо обработен е особено соодветен за поплочување на надворешни површини.

    3.5.7. Плочи од шкрилци

    Шкрилецот е вид камен кој се лупи во слоеви и воглавно има сечена површина. Најмногу се употребува за обложување на надворешни површини, иако постојат видови кои се добри и за енетериер.

    3.5.8. Плочи од чакал

    Чакалот е одличен за обложување на површини кои би требало да бидат естетски воочливи. Од него се прават мозаици кои мора да бидат со осбен квалитет и форма, отпорни на лед и стабилни. Со комбинација на чакал во разни големини и бои, може да се формираат шарени или мозаички слики. Обложувањето со чакал станува се побарано за тераси, места за седење во градини, башти и слично. Чакалот може да се купи во специјални продавници или кај каменорезач.

    3.6. Плочки за екстериер

    Плочките за надворешни површини може да бидат керамички или, најновите, порцелански, односно т.н. грес керамика. Плочките за екстериер се отпорни на вода, лед и сол и не пукаат. Грес керамиката ја карактеризира и тоа што не се лизга, па се побарана е за тераси, балкони и надворешни скали.

    Цени на плочки за екстериер

    Цената на надворешните керамички плочки се движи помеѓу 9 и 45 евра/м2, а има и поскапи.

    3.7. Гранитни коцки

    Гранитните коцки се еден од најстарите локални материјали за поплочување на јавни површини, како што се плоштади, форуми, пазари, улици и останати слични површини. Бојата на гранитните коцки е во сиви нијанси, зеленкасти, жолтеникави и црвени. Со комбинација на тонови и начини на поставување може да се добијат многу интересни дезени, дури и вистински мозаик. Поплочувањето со гранитни коцки е најсоодветно за нерамен терен; но, за волја на вистината, калдрмата не е баш отпорна на врнежи, особено на коси површини. Димензиите на гранитните коцки се движат помеѓу 5 и 20 цм.

    Цена на гранитни коцки

    Гранитните коцки чинат околу 32 евра/м2.

    15.jpg
    Гранитните блокови лесно се прилагодуваат на неправилностите на теренот и се исклучително издржливи

     

     

    3.8. Тула

    Поплочување со изгорени или т.н. клинкер тули преставува традиционален начин на работа во реони каде што не постоеле други соодветни материјали за оваа намена. Клинкер тулите се прават од вода и одреден вид глина, па се пешат на преку1.200°  после повеќедневно сушење на отворено. Овој вид на поплочување е подобар и долготраен во суви и топли поднебја.

    Цена на поплочување со тули

    Цената на тулите (terracotta) се движи помеѓу 12 и 27 евра/м2.

    16.jpg
    Тули може да се наредени така што ќе се добијат многу различни дизајни, а поради нивната боја изгледаат топло

     

    3.9. Растер

    Растерот се категоризира во специјален вид на плочи поради својот карактеристичен изглед. Тоа се всушност бетонски перфорирани плочи, со помал или поголем отвор, кои создаваат мреѓа низ која тревата може да расте, така што целата поплочена површина ќе биде раззеленета. Најчесто се употребуваат за паркинзи и приодни патишта. Доколку сакате да ја разбиете монотонијата на големи, еднолични површини, тогаш растерот е одличен избор за тоа.

    Цени за растер

    Растерот чини околу 9 евра/м2.

    17.jpg
    Растери се перфорирани бетонски плочи со отвори доволно големи за да расте тревата; површината на тој начин станува и поплочена и зелена

     

    3.10. Поплочување со дрво

    Поплочувањето со дрво може да биде одличен додаток на вашата градина. Дрвените прлочи одлично се претопуваат со природната околина и материјалите. Од причина што самото дрво не е отпорно на влага, тоа мора да се заштити, но и изборот на дрво треба да биде внимателен. Од овој аспект, најдобри за оваа намена се костенот и храстот.

    Плочите може да се прават на начин што дрвеното стебло да се сече попречно во форма на ,,парче леб“. Самото стебло треба да биде со пречник поголем од 10 цм, a „парчето“ со дебелина од 15-20 цм. Поставувањето на дрвените плочи е едноставно, но, подлогата мора да е добро подготвена, особено дренирана, за да се избегне со почетокот на есента дрвото да почне да гние. На овој начин со дрво може да се поплочат тераси, патеки во градини, ивиците на рибник или базен, може да се поплочат места за седење или пак павилјони и сенки.

    Цена на дрвените плочи

    Квадратен метар на округли дрвени плочи ќе ве чини помеѓу 40 и 60 евра/м2.

    18.jpg
    Поплочувањето со дрво и дава на градината посебен шарм

     

    4. Поплочување+цена

    Со оглед на цената, поплочѕвањето е многу прифатливо решение за обложување на површини, а притоа и многу брзо. Цената на материјалот со кој се изведува поплочувањето значително варира во зависност од самиот материјал. Подготовка на подлогата, големината на површината, како и тежината на видот и начинот на поплочување.

    4.1. Подготовка на подлогата

    Подготовката на подлогата е првиот чекор за поплочување. Рокот на траење на секоја работа многу зависи од правилната подготовка на теренот, соодветно за намената и видот на материјал. Така, на пример, возна површина која не е добро направена, многу брзо ќе почне да пропаѓа. Поради тоа, од земјиштето кое ќе се поплочува прво треба да се извади хумусот, за да се избегне нерамномерно наседнување на земјата и за да се добие потребната јачина. Потоа следува ископ на земја во длабочина од 20-30 цм, па поставување на водонепропустлив текстил преку кој се насипува еден слој на песок и чакал. На ред доаѓа валјак и набивање на материјалот до одредена јачина и неопходна носивост, со обавезен нагиб минимум од 2,5% поради дренажата.

    Цена за подготовка на подлогата

    Цената за подготовка на подлогата за поплочување која вклучува ископ на земја и насип на тампон изнесува околу 15-20 евра/м2.

    4.2. Дренажа

    Дренажниот слој за секоја нискоградба преставува клучен фактор – како за квалитет, така и за трајност. Дренажата се изведува со поставување на дренажни фолии преку кои во два селоја се насипува чакал. На тој начин тампонот, односно подлогата, останува рамна и стабилна, а се избегнува постојана поправка на испупчувања, дупки или траги од возила. Со ваквата подготовка се обезбедува брзо и лесно истекување на водите, се спречува нејзино задржување кое преставува и причина за нејзоно оштетување.

    Цени за поставување на филц

    Цената за поставување на филц за поплочување се движи помеѓу 1,2 и 2 евра/м2.

    4.3. Поставување на ивичници

    Со поставување на ивичници се одредува надворешната граница и висината на поплочената површина. За таа намена се употребуваат бетонски или камени ивичници со разна големина – од 5,5x20x100 цм до 15x24,5x100 цм.

    За долготрајност на поставените ивичници најважно е нивното правилно поставување. Поставувањето започнува со ископ на ендек во кој се излива бетонска подлога во висина од околу 20 цм. Ивичниците се редат на таа подлога со минимално растојание од 5 мм, а потоа следува нивно порамнување и странично заливање со бетон. Фугите помеѓу ивичниците се полнат со цементна смеса.

    Цена за поставување на ивичници

    Цената за правење на ивичници вклучува подготовка на бетонската подлога, изведба на дренажа како и редење и фугирање на самите ивичници. Со оглед на видот ивичници како и изведувачот, цената може да биде 10-20 евра/м.

    4.4. Сечење на плочите

    За да може плочите да се вклопат во површината на која се поставуваат, многу често треба да се сечат. За таа цел неопходен е соодветен материјал – аголна пила – и тоа за секој материјал посебна – дали за бетон, камен или клинкер. За природен камен мора да се употреби дијамантски нож или професионален алат за мокро сечење. Доколку се нафатите да сечете сами, не заборавајте да набвите слушалки за уши, заштитни наочари и маска, добри ракавици за работа, како и кондури со метален заштитник за прстите.

    4.5. Поплочување

    Со поплочување секогаш се започнува од едно ќоше, под прав агол во однос на влезната линија. Доколку е можно, се започнува од најнискиот дел на површината. Плочите не се набиваат премногу една до друга, за да остане место за фуги. Растојанието помеѓу нив може да се прави и со крстчиња, односно, пластични дистанцери кои обично се употребуваат за лепење на керамички плочки, а правата линија се одржува со затегнат канап. Плочите се порамнуваат со гумен чекич или со вибро-плоча. Рабовите на плочите се сечат или сецкаат. Доколку плочите или коцките не се со иста боја, тогаш земајте ги од пакувањето така што на крај ќе изгледаат што поскладно.

    Цени за поплочување

    Цената за поплочување се движи од 8-12 евра/м2.

    4.6. Дезени

    Разни форми и бои на плочи и коцки овозможуваат создавање на шарени дезени или мозаици. Начинот на кој ќе се редат плочите е пресуден за конечниот изглед на површината, па со таа цел треба да биде внимателно испланиран. Дезените може да се создаваат и со распоредување на плочи или коцки со различна големина, со асиметрично или случајно редење, со комбинација на бои или форми и така натаму; навистина постојат можности колку што е голема имагинацијата. Дезенот може да биде и текстура, но и геометриски или фигурен модел. Сепак, најчести се поедноставни – дијагонални, скалести, полукружни, кружни или ,,рибина коска“ дезени.

    4.7. Фугирање

    Пред да се започне со фугирање на поплочената површина, таа мора да се исчисти и да се почека да се исуши. Плочите или коцките се фугираат со песиок или со посебна смеса за фугирање.

    Доколку фугите се полнат со песок, тогаш тој мора да биде кварцен или нешто слично, односно,  да не содржи варовник. Таквиот вид фугирање се прави само кога времето е суво. За да биде фугирањето уште поуспешно, мора да се употреби вибро-плоча; благодарение на неа, плочите, односно коцките, подобро ќе легнат на подлогата, фугите порамномерно ќе се исполнат и целата површина ќе биде порамна. Вибро=плочата е машина која ја набива подлогата со помош на вибрации и од таа причина понекогаш е потребно после неа некои места да се пополнат.

    Смесата за фугирање е таква што фугите се флексибилни, односно, отпорни на ерозија, а се спречува раст на трева во меѓупросторот. Смесата за фугирање може да се употребува за фугирање на дворови, паркинзи и останати јавни површини кои нема да бидат изложени на големи оптеретувања.

    4.8. Цени, ценовник на материјали и работна

      работа цена
    подготовка на подлогата ископ,насип и набивање на тампонот 15-20 евра/м2
    дренажа дренажа, канали,каналети,калапи /
    поставување на ивичници бетонирање и порамнување на ивичниците 10-20 евра/м2
    кроење на плочите сечење на плочи /
    поплочување поставување и формирање на дезени 8-12 евра/м2
    фугирање фугирање и набивање со вибро-плоча /
    ВКУПНО набавка на материјал и работна рака  25-35 евра/м2


    5. Одржување на пополочените површини

    5.1. Подно греење во дворот

    Ви здосади постојаното чистење на снег во дворот? Можеме да ви препорачаме да вградите специјален кабел за греење на надворешни површини, кој го топи снегот и спречува заледување на дворот, скалите, рампи, премини, приоди, тераси, гаражи и сите останати изложени места. Мрежата за греење на дворови може да се вгради во песок, под асфалт, бетон, плочки или плочи.

    Цена на надворешно подно греење

    Приближна цена на надворешно подно греење без вклучени градежни работи се движи околу 20 евра/м2.

    19.JPG
    Надворешното подно греење ќе ве спаси од маката за чистење снег

     

    5.2. Чистење со вода под висок притисок

    И покрај големата издржливост и  отпорност на поплочената површина, истата мора да се чисти и одржува. Прашина, сол, разноразни нечистотии и троскот помеѓу фугите најлесно се чистат со перење под притисок. Со ваквото чистење ќе им го вратите првобитниот изглед, а ќе го продолжите и векот на траење. Слаба страна на ваквиот вид чистење е тоа што несакајќи, може да се испере и фугата, па после такво перење ќе мора да се пополнат празнините со фугомал или со кварцен песок. Сепак, ќе мора да почекате се добро да се исуши.

    20.jpg
    Со миење на плочите со вода под висок притисок, ќе го вратите нивниот првичен прекрасен изглед и ќе го продолжите нивниот животен век

     

    5.3. Одстранување на троскот од меѓупросторот

    Троскотот од меѓупросторот на плочите или коцките може да се вади рачно со градинарски ножици. Но, иако ова е единствен начин фугите да останат нечепнати, сиот процес е многу спор и со н его се отстранува само растението, а не и коренот. Можете да се послужите и со хемиски средства, кои се поефикасни, но еколошки не прифатливи. Повторно растење или ширење, може да се забави со употреба на некој хербицид или домашна смеса од оцет, сол и сапун.

    21.jpg
    Поради занемарување на поплочените површини често се појавуваат плевел, трева и мов

     

    6. Понудувачи и изведувачи

    6.1. Камен, каменоресци

    Каменорезец или клесар е мајстор кој се занимава со обработка на камен; неговата работа е од карпа да направи парчиња со точни димензии и сакана форма или пак, од повеќе да направин комплексна структура. Кај искусен занаетчија секогаш можете да нарачате изработка на подови, пултови, работни плочи, скалила, камени облоги за ѕидови или прозорни даски, склуптури, фонтани, споменици, маси, клупи, столбови, вазни, чинии, лампи и уште што ли не.

    6.2. Понудувачи и изведувачи

    Понудувачи и изведувачи на овој вид работи се специјализирани компании, чиј мајстори може да ви препорачаат и вид на камен, подготовка на подлогата и дренажа, како и да го поплочат истиот терен согласно желбите и договорот. Од големо значење е изведувачот да ја има потребната опрема, алат и машини; мајважни се машините за набивање наматеријалот, но и алат за прецизно сечење. Доколку немате искуство со вакви работи, можете да нис е обратите, да пратите барање, а ќе ви одговорат проверени мајстори со кои ние соработуваме.

    Кога треба да се работи на поплочување?

    Сезоната за изведување на вакви работи трае од март до октомври. Но, ви препорачуваме да не го чекате екот на сезоната бидејќи тогаш мајсторите се најзафатени, туку, да испратите барање месец-два порано со што пред почетокот на сезоната ќе знаете на што сте.

    7. Мерења

    7.1. Поплочување или асфалтирање

    Асфалтирањето на двор или приоден пат е најпогодно што се однесува до цената, но не и од естетска и практична гледна точка. Асфалтираната површина, при евентуални работи, мора да се сече, а потоа да се крпи; доколку се оштети, асфалтот може да се поправи единствено со поставување нов слој, а сето тоа преставува голем трошок. Од таа причина поплочувањето е поедноставно, а имате и поголем избор. Доколку се одлучите за бетонски плочи, тогаш ќе платите скоро исто како и за асфалтирање.

      асфалтирање поплочување
    цена со материјал 30 евра/м2 40 евра/м2
    трајност подолго покусо
    можност за обновување помала-откако еднаш ќе се постави асфалт, што и да се случи мора да се менува целиот слој поголема-плочите може да се вадат пооделно, а по завршената работа да се вратат на местото без видливи траги
    флексибилност помала-доколку треба да се копа за инсталација, ќе морате рачно да сечете и да крпите, што нема да изгледа исто поголема-плочите може да се вадат пооделно, а по завршената работа да се вратат на местото без видливи траги
    можност за обликување послаба-класичен избор за сфалт е природната боја, додека фарбање и нијансирање излегува поскапо подобра-на пазарот постојат безброј видови на материјали и начини на поставување
    заклучок Доколку имате ограничен буџет, подобро да асфалтирате. Доколку сакате подолготрајно и поубаво решение, поплочете.

    7.2. Дали да работите сами или да нагажирате мајстори

    Доколку имате искуство во вакви работи, ги знаете деталите и начинот на работа, можете и сами да поплочувате. Во спротивно, ви советуваме да нагажирате професионалци, од причина што се ставате во ризик поплоченото тло да пропадне брзо, да се јави потреба од поправки, како и губење на време и дополнителни трошоци.

      самостојно изведувач
    набавка на материјал се мора сами, а нема да добиете количински попуст и слично имаат попуст на материјалот, а понекогаш се и промотери на произведувачот
    подготовка на подлогата транспортот на материјалот и тампонирањето се многу напорни-опрема, алат, физичка работа поседуваат професионални машини, опрема и алат, постојано го работат тоа, побрзи се и повешти
    набивање на подлогата мора да изнајмите вибро-плоча; набивањето е работа на умеење и вештина има се што е потребно, а и обучен е за работа со опремата
    заклучок поскапо, одзема многу време, неопходно е искуство ангажирајте мајстор! :)


    8. Трендови за поплочување

    8.1. Рустичен стил

    Рустичните, односно, класичните плочи или коцки се оние кои имитираат изглед на истрошен природен материјал. Доколку ви се допаѓаат стари дворови, градини или башти, со помош на овие материјали веднаш моѓете да создадете амбиент, на кој инаку сам да се создаде, му се потребни децении. Доколку имате намера да употребите стари плочи или коцки, обрнете внимание на тоа како сето тоа ќе се вклопи со целиот изглед на куќата и околу неа.

    8.2. Модерен стил

    Плочите и коцките за модерен стил на поплочување во главно се остроаголни, но фино обработени, со минималистичка структура, со што феноменално се вклопуваат со трендовите на современата архотектура. Доколку имате намера да употребувате нови материјали, обрнете внимание на тоа како сето тоа ќе се вклопи со вашиот двор.

    8.3. Стари и користени плочи и коцки

    Во поново време, се попопуларна е повторна употреба на веќе користени плочи или коцки, всушност, употреба на истрошени материјали во ново руво, своевиден начин на рециклирање. Тие плочи или коцки поради повеќегодишната употреба имаат своевидна патина и сосема сигурно романтичен шарм. Најчесто се употребуваат при реставрација или адаптација на стари објекти.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Поплочување на дворно место за седење

    Поплочување на дворно место под тенда за седење околу 10 м2 по можност со некакви плочки имитација на четкан камен. Во прилог слика. 16605 € до 27675 €

    ........

    Кршење на постоечки бетон, исфрлање шут, поставување на штампан бетон

    Потребно е поставување на штампан бетон во приватна куќа во козле. Кршење на постоечки бетон, исфрлање на шут, и поставување на штампан бетон за површина од 100 м2. 193725 € до 322875 €

    ........

    Поплочување со бехатон плочки

    Потребно е тампон и бекатон плочки за дел од двор. Површината што треба да се поплочи е околу 10 м2. 16605 € до 27675 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Поплочување на двор со бехатон, 50 м2
    Поплочување, Скопје

    1080 € до 1800 €

    Цена, Поплочување и тампонирање на земјиште, 25 м2
    Поплочување, Пробиштип

    360 € до 600 €

    Цена, Наново поплочување на двор, 30 м2
    Поплочување, Скопје

    315 € до 525 €

    Цена, Понуда за поплочување на апликација за Ипард, 440 м2
    Поплочување, Општина Петровец

    7200 € до 12000 €

    Цена, Поплочување со бехатон плочки, 50 м2
    Поплочување, Скопје

    900 € до 1500 €

    Цена, Дренажа околу куќата и поплочување, 30 м2 дренажа, 80 м2 поплочување
    Поплочување, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Поплочување на двор, 30 м2
    Поплочување, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Поплочување на патеки со природен камен, 270 м2
    Поплочување, Ново Село

    2700 € до 4500 €

    Цена, Поплочување на патека околу куќа, 40 м2
    Поплочување, Скопје

    900 € до 1500 €

    Цена, Поплочување на викендица, 40 м2
    Поплочување, Општина Петровец

    540 € до 900 €

    Цена, Ископ на стари плочки и дренажа, 36 м2
    Поплочување, Охрид

    450 € до 750 €

    Цена, Поплочување со бекатон, 26 м2
    Поплочување, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Ureduvanje na dvor, cca 100 m2
    Поплочување, Скопје

    2700 € до 4500 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Поплочување ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    40+ КОМПАНИИ ЗА Поплочување
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА