Колку чинат металните натстрешници? Цената на металната натстрешница зависи од многу фактори. Според нивната намена, тие се поделени на челични натстрешници за автомобили, тераси, влезови, перголии слично. Колку е поголем распонот на конструкцијата (растојанието помеѓу столбовите), толку е поголемо оптоварувањето на покривот, така што ќе биде потребна поцврста, т.е. поскапа структура. Конструкцијата може да биде независна или конзолна. Точните димензии најпрецизно ќе ги пресмета инженер по статика. Цената ја зголемува и заштитата против корозија: челикот се заштитува со топло поцинкување или фарбање со прав или со двете. Цената на обична челична настрешница со површина од 25 м2 е околу 2.000 евра.
Кому да ја доверите изработка или набавка и монтажа на метална натстрешница? Пратете барање до соодветните и оценети бравари во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.
ваша количина
единица
приближна цена
ваша цена
Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор
Металните натстрешници се најдобрата заштита од временските прилики и неприлики. Сепак, пред да го изберете типот на натстрешницата, задолжително консултирајте се со експерт.
1.1. Цена на натстрешниците
Монтажа на метална натстрешница воопшто не е занемарлива инвестиција, па затоа треба убаво да се размисли околу тоа. Произведувачите, односно, понудувачите може да ви дадат прецизна понуда согласно вашите барања, поради што од голема важност е да имате барем приближна идеа што сакате и како сакате да изгледа конечниот производ. Добар мајстор секогаш најпрво ќе ја провери фактичката состојба на терен, па следува детален разговор и договор согласно кој ќе ја состави и понудата. Покрај почитување на договорените цени и вкупниот трошок, треба да се внимава и на квалитетот на конечното решение за да не ги пречекорат границите на осмислениот концепт помеѓу цената и квалитетот. Металната настрешница треба да ви служи многу долго, а и вие исто толку долго треба да бидете задоволни со тоа што инвестицијата ви се исплатила!
Во овој случај, кога се зборува за квалитет, првенствено се мисли на издржливоста на натстрешниците. Покрај тоа, треба да се води сметка за неколку фактори – пред се, влијанието на временските прилики и останати фактори на средината кои се многу значајни за векот на траење на натстрешниците. Притоа, челичните и алуминиумските конструкции кои се најиздржлива, не се и неуништливи, како ни натстрешниците од останатите материјали. Металните конструкции се најотпорни на влага, УВ зрачење и температурни колебања, но тука се и останати фактори кои произлегуваат од начинот на употреба; на пример, урина од домашни миленичиња ја забрзува корозијата и така натаму – постојат многу други примери.
Втора важна карактеристика на натстрешниците е нејзината носивост, односно, оптовареност со снежни врнежи. Доколку се направат грешки во пресметките, последиците може да бидат катастрофални! Од големо значење е да се знаат просечните снежни врнежи во пределот каде ќе се монтира натстрешниците. Доколку живеете во место каде што секоја година има обилни врнежи од снег, и конструкцијата и покривот мора да бидат соодветни на тоа. Во таков случај натстрешниците треба да се испланира така што носечките столбови ќе бидат од посилни профили, поголем број и погусти поставени.
Димензиите на натстрешниците се одредуваат согласно намената и расположливиот простор. Обично одлуката за тоа ја донесува нарачател. Ако сакате да имате две паркинг места, натстрешниците треба да биде 550 цм x 550 цм; на тој начин на секоја страна ќе остане по половина метар за отворање на вратите. Доколку вашите возила се со поголеми димензии, потребно е да се зголемат и мерките. Се смета дека минималната висина на натстрешниците е 210 цм и 270 цм и така може да паркирате обично, теренско и комби возило, како и такво со багажник на покривот. За еден автомобил доволна е настрешница со димензии 320-400 цм x 500 цм, додека за три, мора да биде најмалку 750 цм x 550 цм. Подобро е кога натстрешниците се пониски, бидејќи на тој начин се што е под неа е подобро заштитено – заштитата од сонце трае подолг дел од денот, а дождот и снегот кои врнат странично поради ветер, ќе направат помали наноси. На крај, ви препорачуваме да направите добра проценка на своите потреби и расположливиот простор, за подоцна да не жалите ако натстрешниците излезе премала или преголема.
Ова е клучна работа! Дури и ако станува збор за наједноставно покривање на надворешната врата или паркинг местото, ви препорачуваме да се посоветувате со професионалец. Искусен мајстор ќе знае да ви го понуди најдоброто решение за било кое ваше барање. Неговото искуство е од непроценлива вредност. Многу често се случува ,,домашен мајстор‘‘ да се зафати со работата, а потоа се да пропадне со првиот врнеж. Несомнено, поисплатливо е да вложите повеќе финансии првиот пат, отколку да бидете приморани да плаќате повеќе пати иста работа.
На пазарот можете да најдете многу понудувачи, односно, произведувачи на натстрешници. Ви препорачуваме да ги контактирате само тие кои нудат комплетна услуга – значи, покрај изработката и монтажата, на прво место се земањето мерка и договор, а потоа и на евентуални поправки или преправки. Правилната и квалитетна монтажа е клучна за квалитетот и долготрајноста на самата настрешница. Постојат многу понудувачи кои ги интересира само продажба, а монтажата им ја препуштаат на надворешни соработници, врз кои, нормално паѓа товарот на сите рекламации. Со еден збор, кога ќе се појави проблем, доаѓа до префрлање на одговорноста, меѓусебни обвинувања и бесконечно одложување на решението на проблемот. Покрај тоа, произведувачите најчесто се и слабо платени, а за да не испуштат ниту една работа, работат побрзо, а со самото тоа и полошо. Нормално, немаат никаков интерес од тоа да доаѓаат за поправки, бидејќи не можат тоа да го наплатат. Поради сето ова, наша препорака е убаво да ги проверите понудувачите, но и тоа дали овозможуваат комплетна услуга со сопствени мајстори.
Проверете ја референцата на понудувачот - доколку гледате на интернет, задолжително прочитајте ги и коментарите на поранешни клиенти или, договорете се со понудувачот да посетите некој негов клиент за да се уверите во неговата работа, а можеби и да поразговарате со луѓето колку се задоволни од услугата и дали добиваат постпродажни услуги.
Металните натстрешници се произведуваат сериски, но се изработуваат и по мерка. Оние кои се произведуваат фабрички, всушност се готови конструкции со одредени карактеристики. Големината на натстрешниците, материјалот кој се употребува, се однапред одредени и непроменливи. Ваквата настрешница можете да ја монтирате сами или да повикате професионалец. Но, кога нарачувате изработка по мерка, тогаш тоа вклучува и подготовка (темел или поплочување), монтажа, евентуални преправки или доработка на лице место, како и добивање градежна дозвола или останати неопходни дозволи.
Металните натстрешници може да имаат повеќекратна намена. Доколку станува збор за настрешница на тераса, балкон или трем каде што поминуваме подолго време надвор од куќата или станот, таа штити од сонце и од врнежи. Постојат натстрешници за автомобил или влез во куќа. Металната настрешница е украсен елемент бидејќи го разубавува изгледот на влезот или дворот. Со неа може да се заштити и летна кујна, канта за отпадоци или простор за некоја друга намена.
Челичните натстрешници може да изгледаат многу елегантно, а овозможуваат максимална функционалност. Челикот е повеќенаменски материјал, со висок квалитет и долготраен, а употребениот век му се проценува на 30 години. Монтажата на челична настрешница е брза и едноставна. Подготвените елементи се донесуваат на местото за монтажа и се составуваат во рок од неколку часови. Начинот на составување е таков што доколку некогаш одлучите да ја тргнете или преместите, за исто толку време можете и да ја демонтирате. Можно е дополнително додавање на елементи со кои можете да го менувате изгледот, големината и намената. Челикот не р‘ѓосува бидејќи во текот на производството се прави и врело поцинкување, а подоцна самата конструкција може дополнително да се заштити или и да се направи поубава со фарбање со боја во прав, т.н. пескарење. Предноста на оваа постапка е тоа што бојата се пече на 200°C и затоа е долготрајна и не се лупи. Од друга страна, бои и нијанси има толку многу, што со сигурност ќе најдете некоја која во целост ќе во одговара. Не е потребно одржување, со што односот на цената и квалитетот е несомнен.
Како материјал, алуминиумот е најдобро решение за помали натстрешници, бидејќи во споредба со челикот и дрвото, овозможува помал распон. Од алуминиум најчесто се изработуваат натстрешници за тераси, балкони и помали базени. Алуминиумските конструкции се поприлично отпорни на атмосферски и други надворешни влијанија, лесно се составуваат и се прилагодуваат на потребите. Главна предност им е одличниот однос на цената и квалитетот, трајноста, цврстината и едноставното одржување. Покривната косина на натстрешниците обично е помеѓу 5° и 30° а поднесува оптоварување од 220 кг/м2. Монтажата и демонтажа на алуминиумската настрешница е многу едноставна и брза поради тоа што материјалот е многу лесен.
Самостојна метална настрешница е онаа која е поставена на столбови, додека закотвена е онаа која со челични конзоли се врзува за друг објект. Закотвени натстрешници се користат тогаш кога носечкиот објект нема изолација. Доколку има изолација, тогаш таа и завршниот слој на ѕидот мора да се исечат таму каде што ќе биде конзолата, а тоа значи дека ќе се оштети термоизолација на фасадата.
Натстрешниците може да имаат рамен покрив (минималниот пад мода да биде 2%) или покрив на една, две или повеќе води. Многу популарни се поли карбонските или стаклените покриви, од причина што пропуштаат светлост, а се пак се доволно цврсти. Особено е прикладно за прозорци бидејќи количината на светлост во просторијата не се менува. Доколку нема потреба од осветлување, можете да изберете и некој друг вид, како на пример лим, ќерамиди и друго.
За поставување на настрешница обично се потребни извесни подготвителни работи на терен. Би било добро, доколку сте во можност, да ја планирате натстрешниците во склоп на работите за уредување на дворот. Нормално, тоа е можно кај новоградби. Како тогаш се подготвува теренот? Какви ќе бидат темелите и дали ќе можат да ги истрпат сите оптоварувања? Одговорот на овие прашања никогаш не може да биде прецизен. За поставување на конзола, закотвена настрешница потребен е специјален појасен темел од армиран бетон, од причина што најголемиот дел од оптоварувањето го носи само едната страна. За самостојна натстрешница, на три или четири столба, најверојатно ќе бидат доволни точкест бетонски темел. Големината на темелот зависи од големината на конструкцијата. Во секој случај, ова треба да го пресметаат и изработат професионалци. За настрешница која од едната или двете страни е врзана за друг објект, се препорачува поставувањето на конзолата да се направи пред завршување на фасадата. На тој начин ќе се избегне дополнително бушење кое може да предизвика губење на топлина. Гледано од таа гледна точка, ќе се спречи појава на топлински мостови. Помали натстрешници над влезните врати или на балкони, се држат за куќата со помош на конзоли и немаат столбови.
При самото планирање важно е да имате во вид дека согласно Закон за градење градежна дозвола не е потребна за натстрешници во функција на објектот. Меѓутоа, општо земено, локалните самоуправи имаат право на својата територија да носат прописи, посебно прилагодени на специфичните услови на општината, во разни области, а поврзано со градежни и употребна дозвола како решение за монтажни, привремени или специјални објекти кои, исто така морате да ги имате. Во секој случај, ви препорачуваме добро да се распрашате за важечки прописи во вашата општина или надлежната инспекциска служба, како би избегнале евентуални проблеми.
Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом
Изработка на метална настрешница и гелендер за потпирање
Потребно е да се затвори отвор од куќа, кој не е класична тераса но ми треба изработка на гелендер за да се потпираме. Горе треба да се направи мет конструкција на настрешница од лексан . Од прилика 2 м на 5 м2 е терасата за оградување. 11070 € до 18450 €
Изработка на настрешница за тераса од поликарбонат
Потребно е да се допокрие тераса со поликарбонат. Делимично покриена тераса, за заштита од дожд и снег. евентуелно и странично . Димензиите се од прилика 5 м х 2 м
Во прилог слика
19372.5 € до 32287.5 €
Изработка и монтажа на метални настрешници
Потребна е изработка и монтажа на две метални настрешници. Едната е за пред влезна врата. Другата е настрешница за автомобил. Димензиите се
-настрешница за автомобил 6 м х 4 х
-настрешница за пред влез 4 м х 3 м
166050 € до 276750 €