Сите цени
Low price - icon

ПВЦ влезна врата Цена

Колку чинат ПВЦ влезните врати? Цените на ПВЦ влезните врати се разликуваат според тоа дали имаат или немаат топлинска и звучна изолација, по димензии, застаклени делови, разни додатоци како електронско отворање, осветлување или со прозорец (т.н. светларник) и слично, како и од производителот. Цената на поедноставните ПВЦ врати се движи помеѓу 250 и 750 евра.

Кому да ја доверите изработката или набавката на ПВЦ влезна врата? Пратете барање до соодветните и оценети производители и добавувачи на влезните врати во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!
Прати барање

ПВЦ влезни врати ценовник

Цена на ПВЦ влезни врати

Цена на ПВЦ влезни врати. Цена на ПВЦ влезна врата со класичен оков и прохромска квака, низок алуминиумски праг и термо заштита, 100x210 цм. Цена без монтажа, без стакла..

од 250.00 €/комп.

до 750.00 €/комп.

Сакам понуда од изведувач

Детални цени за ПВЦ влезни врати (2026)

Дали Ви беше од корист калкулаторот?

Барате добри изведувачи за реонот ПВЦ влезни врати?

ПВЦ влезна врата Цена

1. ПВЦ влезна врата – што се треба да знаете?

ПВЦ влезна врата
ПВЦ влезните врати се најевтини на било кој пазар

1.1. Зошто е важно како изгледа влезната врата

Влезната врата е првиот впечаток за некоја куќа. Исто така влезната врата е многу впечатлив елемент на фасадата, што придонесува за севкупниот впечаток за домот. Освен што треба да одговараат на фасадата со што ќе го заокружат севкупниот изглед на куќата, нејзиниот концепт и стил, вратата треба да има останати карактеристики, неврзани за естетиката, како што се квалитет, јачина и долготрајност што практично преставува заштита од пожар, заштита од кражби, термо и звучна изолација – со еден збор, заштита од надворешни влијанија на кои е изложена.

1.2. Предности на ПВЦ влезна врата

Најголема предност на ПВЦ вратата е дефинитивно нивната цена. Влезна врата од ПВЦ е најевтина на секој пазар. Тоа што се најевтини не значи дека се најлоши, напротив, имаат безброј карактеристики кои им одат во прилог; заштита од кражби, противпожарни, се карактеризираат со одлична отпорност на временски услови, лесно се чистат и одржуваат, а посовремените верзии се отпорни на УВ зраци, па повеќе не пожолтуваат, ниту пак бојата им се менува со години. Покрај тоа, како и секоја друга пластика, така и ПВЦ-то може да се фарба со било која боја од РАЛ палетата со што секогаш може да се вклопат во екстериер каков сте замислиле. Поради сите наведени својства, тие се најчеста алтернатива за алуминиумски и дрвени врати.

1.3. Слаби страни на ПВЦ влезни врати

ПВЦ вратите се направени од пластични профили, нормално, но при самото спомнување на пластика многумина веднаш одмавнуваат со рака. Пластиката не е еколошки материјал кој покрај негативното влијание на животната средина, на прв поглед изгледа многу вештачки. Двата факти се неоспорни, но треба да се има во предвид дека технологијата и техниката на производство се усовршиле, а и понатаму се усовршуваат, што во краен случај значи дека внимателно треба да се размисли за каков вид на објекти се соодветни. На пример, и покрај тоа што ваквите врати ги има и во имитација на дрво, дефинитивно не би требало да се постават на некоја стара зграда која е опкружена со своевидна аура и чиј материјали зрачат со патина.

2. Дизајн на ПВЦ влезни врати

ПВЦ влезните врати се достапни во различни варијанти – од класични, полни до врати со стаклени површини кои пропуштаат светлост. ПВЦ вратите со стаклени површини се сметаат за најпопуларни за семејни куќи, иако често може да се видат и на влезови на станбени згради.

2.1. Полна ПВЦ влезна врата

Ваквата врата важи за класична ПВЦ влезна врата. Се одликува со мазна површина за која можете да изберете различни бои. Можни се сите нијанси на РАЛ картата, а постојат стотина. Класичниот дизајн е добар избор за објекти на кои не им недостасува светлост, а акцентот е на изгледот и естетиката на вратата, бидејќи кај таквите врати лесно се постигнува елегантен и минималистички изглед.

2.2. ПВЦ влезна врата со стакло

Тоа е најчест и најпопуларен вид на ПВЦ влезни врати. Ваквата варијанта го решава проблемот со лошо осветлени приоди, предворје или влезен ходник, кои обично немаат прозорци, а до нив има мал проток на природно светло. Врата со една или повеќе стаклени површини ( како светларник над вратата или странични окна) ќе внесе малку дневна светлина во просторот. Во ПВЦ вратата може да бидат интегрирани разни форми – од класични, правоаголни до полукружни, овални, округли или повеќе аголни. Потоа тука е изборот на многу видови стакла, кои може да бидат сосема проѕирни, млечно, гравирано, пескарено или провидно со наизменични ленти од матирано стакло, па дури и мозаик. Навистина постојат безброј можности, иако во секој случај стаклото мора да биде непробојно, односно, повеќеслојно и калено. Во комбинација со стакло може да се создадат дезени на површината на вратата, дури и многу посебни во естетски или уметнички смисол.

2.3. ПВЦ влезна врата со прозорец

ПВЦ влезна врата која има прозорец е одлично решение за пошироки предворје и влезен ходник. Во таков случај, прозорецот е всушност стакло на едната, другата или на двете страни, со фиксен рам кој не се отвора заедно со вратата, туку неговата примарна функција е осветлување на просторот. Таквиот дизајн овозможува повеќе природно светло отколку кај ПВЦ врата со вграддена стаклена површина, од причина што самата транспарентна површина е поголема. И во овој случај имате безброј комбинации на располагање, од потполно проѕирно до матирано стакло.

2.4. Двокрилна ПВЦ влезна врата

Двокрилна ПВЦ влезна врата е најредок вид од сите. Тоа е така поради нивната голема вкупна ширина, која повеќето предворја и ходници во семејни куќи ја нема, но затоа може да се сретнат на влезови на стамбени згради. Ваквата верзија е комбинација на две крила, кои може да се отвораат поединечно или заедно (како еднокрилна или двокрилна); кога ќе се отворат двете крила се добива широк премин. Најчесто при секојдневна употреба се отвора само едното крило, а за внесување на габаритни работи за кои не е доволна ширина од 90-100 цм, и двете крила. Овој вид на врати се погодни доколку во зградата постои станар во инвалидна количка.

2.5. ПВЦ влезна врата од имитација на материјал

На пазарот може да се најдат и ПВЦ врати кои со својот изглед и текстура имитираат изглед на останати, најчесто природни материјали. Сосема вообичаена е имитација на дрво, но мораме да спомнеме дека било каква имитација секогаш изгледа извештачено – ако ништо друго, тогаш копијата се открива при допир.

3. Компоненти на ПВЦ врати

3.1. Профили и арматура на крилата

При изработка на ПВЦ влезна врата се употребуваат 5 или 6-то коморни профили. Петкоморно крило е со дебелина од 7цм, а шестокоморно 8,5 цм и дополнително исполнето со пена. Покрај пластичните профили, за ПВЦ влезна врата се употребува и дополнителна арматура, која овозможува статичка стабилност на крилата и не дозволува вратата да паѓа.

3.2. Полнења, заптивки, шарки и брави

Рамот на ПВЦ вратата се затвора со полнеж. Полнењето на ПВЦ влезната врата може да биде ПВЦ или ХПЛ или стакло со дебелина од 2-5 цм, додека дебелината на стаклото зависи од моделот на врата. За изолација постојат два вида на трајно еластични заптивки  (EPDM), а за заклучување најчесто се избира брава со три точки, кои по желба може да бидат автоматски или механички. Поради тоа што овие врати се потешки од собните, нивните шарки се метални (прохром или челик), иако може да имаат ПВЦ маска со боја на вратата и воопшто не се гледаат.

3.3. Праг и квака

Во принцип, сите влезни врати имаат барем минимален праг, бидејќи тоа овозможува подобра звучна и топлинска изолација. Прагот на ПВЦ влезната врата го карактеризира ниско профилен алуминиум со висина до 2 цм. Покрај намалување на губењето на топлина, прагот е подеднакво важен за непречена употреба на вратата, а придонесува и против замрзнување. Изборот на квака не е условен со материјалот од кој е направена влезната врата, така да можете да изберете било кој вид или модел – алуминиумска, дрвена или пластична, а важно е нејзиниот механизам да е соодветен на моделот. Стандардна АЛУ квака е достапна во бела, бронзена или металик боја.

3.4. Прибор

Покрај наведените основни елементи на секоја влезна врата, на вратата од ПВЦ може да и се додадат разни функционални или украсни елементи. Тука спаѓаат: шпионка, надворешен држач, ѕвонче, автоматско отворање, осветлување или светларник, аларм, камера и слично.

4. Цена на ПВЦ влезни врати

Цените на ПВЦ влезните врати варираат во зависност од квалитетот и видот на врата. ПВЦ влезна врата со стакларник ќе биде поскапа од класичната. Просечната цена на ПВЦ вратите се движи од 250-750 евра. ПВЦ врата во комбинација со алуминиум и дрво е најскапа.

Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



Сакам понуда од изведувач
Последни проекти

ПВЦ хармоника врата

Внатрешна врата од ПВЦ панели што се преклопува кога ја затвораш на лева страна.

450 € до 750 €

Пвц лизгачка врата

Потребна лизгачка надворешна капија ПВЦ 630 см х 180 см , со два метални столбови.

756 € до 1260 €

ПВЦ прозори и балкоска врата со комарник плисе

Потребна изработка комарник Плисе или друга варијанта за два прозори (овир на прозорот) 76*112 и 77*111 см бел ПВЦ и за врата од тераса 148*203 см АЛ темен.

765 € до 1275 €

Сакам понуда од изведувач





Цена, Шибер прозори со комарници, 2,40×1,20 ком 2
ПВЦ влезни врати, Старавина

675 € до 1125 €

Цена, ПВЦ влезни врати, 2 ком
ПВЦ влезни врати, Куманово

1125 € до 1875 €

Цена, Врата на терасата, 210 см х 80 см
ПВЦ влезни врати, Скопје

360 € до 600 €

Цена, ПВЦ врата за затварање ходник со статичен дел, 225 см х 135 см
ПВЦ влезни врати, Скопје

1305 € до 2175 €

Цена, Поправка на пвц балконска врата, 1
ПВЦ влезни врати, Скопје

135 € до 225 €

Цена, Замена на прозори и балконски врати, 3
ПВЦ влезни врати, Охрид

2205 € до 3675 €

Цена, Изработка и монтажа влезна врата, 195 см x 90 см
ПВЦ влезни врати, Скопје

675 € до 1125 €

Цена, ПВЦ прозор и купатилска врата, 2
ПВЦ влезни врати, Велес

675 € до 1125 €

Цена, Врата плус касета на постоечка врата, 219×90
ПВЦ влезни врати, Радишани

720 € до 1200 €

Цена, Вгради врата(стакло) на веранда(лоџија)., 1
ПВЦ влезни врати, Скопје

405 € до 675 €

Цена, Замена на дрвена со пвц влезна врата од зграда, 3,3м х 2,7 м
ПВЦ влезни врати, Охрид

2070 € до 3450 €

Цена, ПВЦ влезна врата, 1
ПВЦ влезни врати, Струмица

270 € до 450 €

Цена, Лизгачка пвц врата, 2 врати
ПВЦ влезни врати, Скопје

450 € до 750 €

Цена, Застаклување на тераса -хармоника систем, 1.8 м х 2 м
ПВЦ влезни врати, Скопје

1080 € до 1800 €

Цена, Остава на тераса од пластифициран лим, 2 м x 1.5 м x 2.7 м
ПВЦ влезни врати, Скопје

1350 € до 2250 €

Цена, ПВЦ влезна врата, 150 см x130 см
ПВЦ влезни врати, Ресен

450 € до 750 €

Цена, ПВЦ влезна врата со стакла, 185 см х 95 см
ПВЦ влезни врати, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, ПВЦ хармоника врата, 100 см х 205 см
ПВЦ влезни врати, Маврово и Ростуша

720 € до 1200 €

Цена, ПВЦ прозор за новоградба, според проект
ПВЦ влезни врати, Скопје

9000 € до 15000 €

Цена, Фасадна столарија во нов објект,
ПВЦ влезни врати, Зрновци

9000 € до 15000 €

Цена, Влезна врата, 2.05 м х 1.25 м
ПВЦ влезни врати, Куманово

630 € до 1050 €

Цена, Застаклување на тераса со лизгачки врати, 5 м x4 м х 2.2 м
ПВЦ влезни врати, Ресен

1350 € до 2250 €

Цена, Хармоника врата, 1
ПВЦ влезни врати, Охрид

450 € до 750 €

Цена, ПВЦ влезна врата, 205 cм х 120 cх
ПВЦ влезни врати, Охрид

630 € до 1050 €

Цена, Пвц прозори и балк.врата, 7 + 2
ПВЦ влезни врати, Охрид

1350 € до 2250 €

Цена, ПВЦ лизгачка врата, 2.5 м х 2 м
ПВЦ влезни врати, Скопје

180 € до 300 €

Цена, Влезна врата, 90 см х200 см
ПВЦ влезни врати, Кичево

1890 € до 3150 €

Цена, Промена на прозори, 5 прозори, една врата на тераса
ПВЦ влезни врати, Скопје

2610 € до 4350 €

Цена, Хармоника Врата, 197x71
ПВЦ влезни врати, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, Пвц врати и прозори, 95*200/210
ПВЦ влезни врати, Охрид

3150 € до 5250 €

Цена, Изработка и монтажа на балк.врата и прозор,
ПВЦ влезни врати, Штип

1260 € до 2100 €

Цена, ПВЦ прозори и врати, 16
ПВЦ влезни врати, Скопје

9000 € до 15000 €

Цена, Замена дрвена столарија со пвц, 7 ком
ПВЦ влезни врати, Скопје

5400 € до 9000 €

Цена, ПВЦ влезна врата, 80 см х 210 см.
ПВЦ влезни врати, Маврово и Ростуша

630 € до 1050 €

Цена, Комплет столарија на нова куќа, 25
ПВЦ влезни врати, Босилово

9000 € до 15000 €

Цена, Rehau комплет понуда за прозори по мерка, 18 прозори
ПВЦ влезни врати, Скопје

9000 € до 15000 €



Идеи за уредување на домот

Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

249+ компании за ПВЦ влезни врати
Бесплатно пребарување
Без провизија
Побарај понуда
Помош

Ние сме достапни за вас секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Како можеме да ви помогнеме?

Побарувачка: 00389 25 102 476
Компании: 00389 25 102 476