За реон

    Бетонирање Цена

    Колку чини бетонирањето? Цената на бетонот зависи од неговиот квалитет. Доколку се земе бетон C25/30 од стандардни вредности, цената се движи помеѓу 25 и 35 евра/м3. Доколку се додадат армирање и придружни работи, цената се зголемува на 45 до 60 евра/м3.

    Кому да го доверите бетонирањето? Испратете барање до соодветните и оценети градежници во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!:
    Прати барање

    Цена на бетонирање


    Цена на бетонирање со подготвителни и завршни работи. Цената за набавка и бетонирање со бетон C30, заедно со арматура и пропратни тесарски работи на поставување на оплати за примена на арматура 90кг/м3.

    100.00 €/м3

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м3

    СРЕДНА ЦЕНА
    156.00 €/м3

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Бетонирање

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Бетонирање - се што треба да знаете

    Бетонирање
    Иако секако постојат разлики помеѓу различните видови бетон, секој од нив содржи три главни состојки: портланд цемент, вода и агрегат

    1. Што е бетон?

    Иако се користи речиси насекаде во модерната градба, бетонот не е модерен изум. Го користеле уште старите римјани во своите градби каква што е Пантеон. Современите бетонски смеси од портланд цемент се пронајдок на британскиот инженер Џозеф Аспдин кој истиот го направил во 19 век во својата кујна. Аспдин всушност барал комбинација на состојки во соодветна пропорција, а сите ги нашол во природата. Со соединување на два клучни елементи го направил Портландскиот цемент, градежен материјал кој секојдневно се користи во целиот свет.

    1.1. Основни состојки на бетонот

    Иако постои разлика помеѓу разни видови бетон, секој од нив содржи три основни состојки: портлантски цемент, вода и агрегат составен од чакал или песок или и двете. Добиената цврста смеса има јачина на притисок иста како и челикот. портландскиот цемент содржи природни минерали и тоа варовник, песок, шкрилци, железо, глина и пепел. Произведувачите ги ставаат овие суровини во бетонски цилиндрични печки и ги загреваат до 1.500 °C. Во текот на овој процес водата и јаглерод диоксидот испаруваат и се формираат нови соединенија наречени клинкер. Потоа клинкер се меле во фин прав во кој се додава гипс заради контрола и регулација на времето на зацврстување кога повторно му се додава со вода. Оваа смеса е позната под името портландски цемент. Постојат бетонски мешавини во разни форми и за различна намена. Во стандардна бетонска смеса агрегатот е мешавина на песок и ситен чакал. Таканаречената ,,смеса на песок“ е мешавина во која има само ситен песок и во неа нема чакал. Погоден е за разни занаетчиски работи и за крпење. По фините агрегати содржат смеси од малтер кои се користат за спојување на тули и блокови. За да се променат неговите својства во бетонот може да се додаваат разни адитиви. На пример, бетонската мешавина за темели и сидра содржи епоксид кои ја зголемуваат цврстината на бетонот. Армираните бетони содржат стаклена волна која го намалува пукањето. Постојат и други адитиви кои го забрзуваат или забавуваат врзувањето и сушењето на бетонот.

    1.2. Што треба да знаете за издржливоста на бетонот?

    Причини за пукање на бетонот може да бидат: корозија на металот, циклично замрзнување и одмрзнување или реакција на алкални агрегати. Главниот виновник за пропаѓање на бетонот, сепак е изложеноста на влага. И покрај тоа, постои заблуда дека бетонот е непропустлив иако водата многу лесно продира низ микро пори на бетонот. Квалитетно направена бетонска плоча со дебелина од 4 cm или повеќе не пропушта вода на површината, но не е отпорна на водена пареа. Поради тоа бетонот треба да се направи што непропустлив, а со тоа ќе се забави и неговото пропаѓање. Покрај другото, тоа се постигнува со намалување на сразмерот на вода и цемент, рамномерност и густина на агрегатот, како и со користење на адитиви и инхибитори на пареа. Со намалување на пропустливост на бетонот и соодветен систем на проветрување, издржливоста на бетонот може да се зголеми. И покрај сето ова, собирањето на бетонот може да предизвика подигање на краевите на плочата, на спојките како и пукнатини. Доколку горната и долната површина на плочата имаат различно ниво на влажност и неурамнотежена температура, доаѓа до собирање на горната површина и виткање на целата плоча.

    2. Најдете добар понудувач

    Изборот на вистинскиот добавувач и изведувач на бетонирањето игра многу важна улога во долготрајноста на конструкцијата на објектот, приоден пат, дворна патека или плато. Искусните изведувачи знаат колкави треба да се темелите, каква мешавина на бетон е неопходна за постоечки климатски услови, растојание помеѓу арматурата и носечката конструкција, колку треба да биде тврд бетонот за да се спречи пукање или собирање, но и многу други фактори. Поради сето ова, внимателно изберете сигурен и искусен изведувач со добри препораки.

    3. Видови бетони

    3.1. Обичен бетон

    Тој е една од најупотребуваните видови бетон, најчесто за градба на патеки, приоди и едноставни објекти бидејќи кај нив нема потреба од голема затегна цврстина. Составен е од цемент, песок и агрегат помешани со вода, најчесто во размер 1:2:4. Бидејќи не е зајакнат со ништо, несоодветен е за носечки конструкции со оглед на тоа дека слабо го пренесува притисокот кој е предизвикан од вибрации, отпретување, ветер и сл.

    3.2. Лесен бетон

    Овој вид на бетон уште се вика и ќелиски или термо изолационен бетон. Тој е во течна состојба поради што може да се направи и да се излие во отплатата, а тој понатаму сам да се разлива под дејство на гравитацијата и сопствената тежина. Најчесто се употребува за правење на подни и прозорски плочи, како и за покриви. Лесниот бетон има ниска термо спроводливост, отприлика околу 0,3 W/mK во споредба со обичниот кој има 10-12 W/mK.

    3.3. Бетони со голема густина

    Ваквите бетони се викаат тешки и погусти се од останатите бидејќи се произведуваат од дробен камен, односно со погруб агрегат. Таквиот бетон овозможува подобра заштита од зрачење, па најчесто се користат за изградба на нуклеарни електрани и слични објекти.

    3.4. Армиран бетон

    Армираните бетони (AB) преставуваат композит кој има многу широка употреба во современата градба. За да се зголеми неговата вкупна јачина, му се додаваат челични шипки, жица, мрежа или влакна пред да се стврдне (или се поставуваат пред излевањето на бетонот). Тие зајакнувања познати под заедничко име, арматура, служат за отпор на влечни сили, бидејќи бетонот сам по себе се спротивставува на потисната сила. Ваквата комбинација од бетон и арматура заедно создаваат цврста врска и дејствуваат ефикасно како единствен структурален елемент.

    3.5. Префабрикуван/монтажни бетонски елементи

    Во таква форма бетонот се прави, истура во калапи, се суши во фабрички услови. Калапите се прават по потреба, односно според бараната форма и големина, па може да се употребуваат повеќе пати. Вака добиените бетонски елементи се употребуваат за монтажна градба, бидејќи со останатите елементи прават потполна структура. Обично се употребуваат како структурална компонента на ѕидни плочи, носачи, подови, столбови, скалила, цевки, тунели и останато.

    3.6. Пренапрегнат бетон

    Пренапрегнат бетон е конструктивен материјал кој овозможува однапред пресметана напнатост на конструктивните елементи, за тие да можат да го издржат притисокот кој ќе го имаат под товар. Пренапрегнат бетони се карактеризираат со голема затегна јачина на бетонот и висока цврстина на истегнување на челикот. Во армираните бетони затегнатоста ја пренесува арматурата, додека пренапрегнат бетон го пренесува оптеретувањето преку индуцирана затегнатост на целиот скелетен елемент. Од тие причини често се употребува за подни носачи, столбови, железнички прагови и конструкции за мостови, резервоари, покриви и авионски писти.

    3.7. Фиберглас/стакло бетон

    Стаклениот бетон, односно, бетон армиран со стакло, преставува градежен материјал кој често се употребува за обликување на надворешни облоги. Во составот содржи многу тврди влакна отпорни на алкални и дополнителни смеси бетон. Влакната дејствуваат како основна носечка компонента, додека бетонот ги држи во одредена положба и го пренесува оптеретувањето. На таков начин и бетонот и влакната ги задржуваат своите физички и хемиски карактеристики, додека квалитетите им се соединети, па така создаваат многу силен композит.

    3.8. Пенест бетон

    Овој вид бетон е познат и како пен бетон заради меурчињата со микроскопска големина ( од неколку илјадити делови до неколку стотини делови од сантиметар) кој чинат околу 4-7% од зафатнината на бетонот. Овие меурчиња се всушност микро мориња во кои се задржува водата и се заледува, со што се намалува внатрешниот притисок на бетонот.

    3.9. Самонабивачки бетон

    Пронајдокот на овој, самонабивачки бетон, според мислење на многу професионалци е еден од најважните неодамнешни откритија во технологијата за производство на бетони. Тоа е не сегрегирачки бетон кој сосема лесно се разлива под дејство на сопствената тежина и го исполнува целиот простор ограничен со оплати, без потреба дополнително да се набива или со вибрација да се прави покомпактен. Поради ваквите, исклучителни карактеристики на само разливање и само здебелување, најмногу се користи за изградба на сложени бетонски рамки.

    3.10. Паметен бетон

    Технологијата на паметен бетон нуди алтернативна метода за зачувување на состојбата на армирано-бетонските конструкции. При производство на бетонот, покрај вообичаената смеса, му се додаваат ситни карбонски влакна кои ги подобруваат механичките карактеристики на бетонот, со што подобро реагира на деформации и товар. Напрегањето и деформациите на бетонот се намалуваат, но исто така алармира на евентуални проблеми пред да почне бетонот да пропаѓа. Паметниот бетон ги препознава ситните грешки во структурата на бетонот и затоа се користи за проверка на состојбата и санација на конструкции, особено после земјотреси.

    3.11. Бетонски влакна

    Како композитен материјал, бетонските влакна се составени од мешавина на цемент, бетон или малтер и ситни, рамномерно поставени влакна.

    3.12. Бетон со полимери

    Полимерниот бетон се разликува од епоксидниот, полиестерски, винилни и други бетони. Најголема категорија се епоксидите од причина што најмногу се употребуваат во градежништвото. Популарни се поради своите врвни карактеристики на јачина, отпор на вибрации, како и заради одличното спојување со бетонски и метални површини.

    4. Начини за правење на бетон

    4.1. Совети за мешање на бетон

    Општо познато е дека бетонот се стврднува кога ќе  му се додаде вода. Хемиската реакција која притоа се одвива се вика хидрација и од причина што цементот содржи 5 елементи кои учествуваат во оваа реакција, целиот процес е сложен. За цврстината на бетонот најважни се калциум-силикат кои се 75% од смесата. Во тек на хидрација создаваат натриум-хидроксид и топлина заради што при мешање мора да се носат ракавици. Ph вредноста на влажниот бетон достига и до 12 или повеќе, поради што смесата е многу абразивно и многу често при работа со бетон може да дојде до изгореници. За потполна хидратација потребни се прецизни количини вода. Ако ставите помалку од препорачаната количина вода, бетонот нема да има доволна цврстина, ако има повеќе вода, смесата ќе биде слаба. Нема потреба бетонот да се суши за да се стврдне, па затоа конструкциите може да се лијат и под вода. На тој начин, кога ќе се заврши процесот на хидратација, вишокот на вода поминува во порите, поради што целата конструкција може да ослабне. Голем дел од таа вода веднаш изветрува, но може да поминат и години додека целата вода сосема не испари. При мешање на бетонот, вода мора да има толку за смесата да биде течна и употреблива, но не и премногу, за да не се разреди како супа. Помали количини бетон може да се мешаат и во мешалка или во ѕидарско корито направено од вештачки материјали, така што бетонската смеса ќе се помеша со вода и добро да се уедначи со рачен миксер. За поголеми количини се препорачува електрична мешалка или да се нарача испорака на готов бетон кој доаѓа во камион-миксер.

    4.2. Обликување на бетонот

    Изработката на оплати е нај комплицираниот дел од бетонирањето. Всушност, свежиот бетон е вискозната течност и неконтролирано ќе се разлие, доколку не се истури во подготвителен калап, односно оплата. Доколку треба да се прави плоча или некоја друга форма, неопходно е да се постават оплати или да се шелува. Градежниците најчесто шелувањето го прават со помош на OSB или врзани плочи. Од причина што шелунгот е од привремена природа, важно е да биде добро направен, а не добро да изгледа. Мора да биде доволно цврст за да ја издржи тежината на бетонот, притоа не смее да има никакви дупки или пукнатини низ кои бетонот може да истече. Онаму каде што подоцна ќе се гледа бетонот, треба да се употребат мазни плочи, на пример за ѕидови, бидејќи таа површина ќе остане трајно втисната во бетонот. Искусните градежници на таквите места употребуваат лепливи траки, па откако ќе се тргне оплатата, местото останува сосема мазно. Подобро е оплатата да се составува со завртки, наместо со клинци, од причина што при вадење на оплатата клинците може да го изгребат свежиот бетон. Завртки за оплати се истите оние кои се употребуваат за сува монтажа.

    4.3. Армирање на бетонски конструкции

    И покрај тоа што бетонот има висока потисна јачина, неговата цврстина на истегнување не е ниту приближна на онаа која ја има челикот. Конструкции какви што се ѕидови или плочи може да испукаат од тежина. За да се спречи тоа, градежниците секоја поголема конструкција ја зајакнуваат со арматура; во ѕидовите и темелите поставуваат челични шипки, а при изработка на темелни и подни плочи поставуваат челични мрежи со арматури. Изработката на челична арматура е напорна исто како и шелувањето. Постојат мрежи и шипки со различни пречници. Големината, односно, ФИ-то како го викаат мајсторите, се бира согласно затегната цврстина која е потребна за одреден објект. Секогаш е подобро пречникот да биде поголем отколку помал од потребниот. Арматурата може да се витка со помош на рачен алат-узенгија, за да се добие саканиот изглед, но постојат и машини, а околу тоа можете да се договорите и со продавачот на бетон, ако нарачувате готов.

    4.4. Обработка и фарбање на бетонот

    Согласно тоа како сакате да изгледа бетонот кога ќе биде завршен, зависи и неговата обработка, односно, постапката за работа. Обично, завршната обработка се започнува со шмиргла додека бетонот е сеуште мокар. Во некои ситуации, како што е на пример гаража, завршниот слој може да биде естрих. Доколку се лие бетон на тераса или под во викендичка, сигурно ќе сакате и тој да биде дополнително измазнет пред да се стврдне. Тоа може да се направи со брусење или полирање со помош на специјални машини, откако бетонот сосема ќе се исуши. Полирањето на бетонот е вистинска уметност која бара искуство и знаење. Целта е да се извлечат на површината ситните делови агрегати и прашина со што ќе се добие сосема мазна површина. Доколку се претера во тоа, површината може да почне да се лупи, после некое време. На бетонот може да му се додаваат и бои непосредно пред изливање или да се купи веќе обоен. Откако ќе се стврдне, бетонот може да се  фарба со кисел премаз или боја за бетон. Киселината предизвикува хемиска реакција со хемикалиите во бетонот, па се создаваат разни земјани бои. Доколку сакате други бои или нијанси се употребува фарба.

    4.5. Премази за бетон

    Доколку дома имате бетонска работна плоча или пулт, или пак подот во бањата ви е бетонски, потребно е тие површини да се затнат така што ниту вода ниту нечистотија ќе можат да навлезат во порите. Повеќето затворачи за бетон всушност се полиуретан или акрил кој се раствораат во вода. Пред премачкување, бетонот мора да биде исчистен со средство за перење и вода или со пиштол за перење под притисок, да се исуши, а премазите се нанесува со четка или валјак и се остава да се исуши. Би било добро оваа постапка да ја повторувате редовно, на неколку години, за бетонот да трае подолго и да изгледа како нов.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Бетонирање стопи

    Потребно е да се направат 30 стопи ( 25 см на 20 см ), за ограда на плац, да се ископаат дупки и да се бетонираат. За понатаму да се стави дрвена ограда. 22140 € до 36900 €

    ........

    Стругање на бетонска плоча

    Потребно е стругање или мазнење на бетонска плоча . Се работи за 2 спрата објект . Оквирна површина околу 1700 м2 . 22140 € до 36900 €

    ........

    Бетонирање (порамнување) со мрежа над венецијанско терацо

    Потребно е бетонирање, плочата е пропадната на еден агол околу шест см , можна дебелина најмала дебелина 6-7 см . 66420 € до 110700 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Микроцементни подни облоги за во купатила, 15 м2
    Бетонирање, Скопје

    90 € до 150 €

    Цена, Сечење бетонска плоча за отвор на таван, 1 м2
    Бетонирање, Општина Петровец

    90 € до 150 €

    Цена, Набавка на бетон за под за паркирање кола, 600 см х 500 см х 20 см
    Бетонирање, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Ископ и бетонирање на подна плоча за базен, 65 м2
    Бетонирање, Неготино

    180 € до 300 €

    Цена, Брушење на стар и нов бетон., 60 -100 м2
    Бетонирање, Тетово

    90 € до 150 €

    Цена, Ископ и бетонирање на шахта, 1 кол
    Бетонирање, Скопје

    180 € до 300 €

    Цена, Изведба на бетонска кошулица во подрумска просторија, 80 м2
    Бетонирање, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Бетонирање на скали, 3 скалила
    Бетонирање, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Изработка на цокле и бетонски фундамент, 600 м2
    Бетонирање, Скопје

    315 € до 525 €

    Цена, Оградување со бетонски ѕид на плац, 1 м х 200 м
    Бетонирање, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Шелување и бетонирање во подрум, 50-70 м2
    Бетонирање, Охрид

    630 € до 1050 €

    Цена, Рамнење, бетонирање, поставување тревник на двор, 175 м2
    Бетонирање, Скопје

    315 € до 525 €

    Цена, Порамнување на бетонска плоча, 66 м2
    Бетонирање, Скопје

    360 € до 600 €

    Цена, Бетонирање на двор, 90 м2
    Бетонирање, Скопје

    2250 € до 3750 €

    Цена, Бетонирање на темел за ограда, 20 м3
    Бетонирање, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Изработка на бетонска арматура за ограда, 70 см х 400 см
    Бетонирање, Чучер Сандево

    630 € до 1050 €

    Цена, Бетонирање на подрумски скали, 15 скалила
    Бетонирање, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Бетонирање на двор, 20 м2
    Бетонирање, Скопје

    630 € до 1050 €

    Цена, Санација на бетонско цокле на постоечка ограда, 15 m x 0.30 m
    Бетонирање, Скопје

    270 € до 450 €

    Цена, Изработка на цокле и бетонски фундамент, 100 м2
    Бетонирање, Скопје

    3150 € до 5250 €

    Цена, Санирање на таван, кров, обод од тераси, 100 м2
    Бетонирање, Маврови Анови

    3600 € до 6000 €

    Цена, Бетонирање на двор и паркинг место, 130 м2
    Бетонирање, Општина Петровец

    1350 € до 2250 €

    Цена, Бетонирање на гаражна подлога, 500 м2
    Бетонирање, Скопје

    2700 € до 4500 €

    Цена, Бетонирање на дворно земјиште и тротоари, 100 м2
    Бетонирање, Штип

    1170 € до 1950 €

    Цена, Postavuvanje na ploca i stolbovi, 90 m2, 8 kom potporni stolbovi
    Бетонирање, Куманово

    3150 € до 5250 €

    Цена, Изведба на армирано бетонска рампа за лица со посебни потреби, 4 х 1,3 м
    Бетонирање, Скопје

    720 € до 1200 €

    Цена, Izvedba na temelna ploca, 200 m2
    Бетонирање, Скопје

    4500 € до 7500 €

    Цена, Изработка на бетонска плоча, 16 м2
    Бетонирање, Илинден (населба)

    225 € до 375 €

    Цена, Продажба на бетон со квалитет класа C20/25 и транспорт, 215 м3
    Бетонирање, Штип

    900 € до 1500 €

    Цена, Изведба на бетонска основа, 80 м2
    Бетонирање, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Бетонирање на двор, 10 м2
    Бетонирање, Скопје

    135 € до 225 €

    Цена, Бетонирање и изработка на скали, 3. 27 х 240 см
    Бетонирање, Скопје

    450 € до 750 €

    Цена, Izrabotka na betonski zid, 25 m
    Бетонирање, Битола

    720 € до 1200 €

    Цена, Бетонирање на тротоари околу куќа и базен, 40 м2
    Бетонирање, Скопје

    540 € до 900 €

    Цена, Izrabotka na betonski paraped za ograda, 23 m
    Бетонирање, Скопје

    315 € до 525 €

    Цена, Изработка на бетонска подлога и стубови за ограда, 10 м
    Бетонирање, Скопје

    360 € до 600 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Бетонирање ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    52+ КОМПАНИИ ЗА Бетонирање
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА