Сите цени
Low price - icon

ПВЦ прозорци, ПВЦ столарија Цена

Колку чинат ПВЦ прозорците? ПВЦ прозорците се најприфатливиот вид и тип, особено во споредба со алуминиумските или дрвените. Цената на пластичниот прозорец зависи од обликот, големината, рамката, стаклото и начинот на отворање (фиксна, куќиште или лизгање), односно механизам и окови. За обичен ПВЦ прозорец со двојни стакла треба да издвоите помеѓу 85 и 160 евра/м2.

Кому да ја доверите изработката или набавката на ПВЦ прозорци? Пратете барање до соодветните и оценети производители и добавувачи на прозорци во вашата област - бесплатно и без обврска! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

Брзо до мајстори - лесно и бесплатно!
Прати барање

ПВЦ прозорци ценовник

Цена на ПВЦ прозорци

Цена на ПВЦ прозорец. Цена на ПВЦ прозорец со двојно стакло.

од 85.00 €/м2

до 156.00 €/м2

Сакам понуда од изведувач

Детални цени за ПВЦ прозорци (2026)

Дали Ви беше од корист калкулаторот?

ПВЦ прозорци - се што треба да знаете

1. ПВЦ прозорци – што се треба да знаете?

1.1. Предности на ПВЦ прозорците

Пластични прозорци
Изберете го најдобриот снабдувач на ПВЦ прозорци

Едноставна изработка по поволна цена

Во последно време ПВЦ прозорците се најчест избор на повеќето купувачи. Несомнено, тоа е така затоа што имаат поволна цена, бидејќи се значително поевтини од алуминиумските и дрвените прозорци.

Пластичните прозорци се одличен изолатор

Прозорците, како и останатите делови столарија имаат значително влијание на губењето на топлината во стамен или деловен простор, што може да биде дури и 30%. На термоизолативност на ПВЦ прозорците влијае дебелината и термоспроводливоста на рамот на прозорецот (означено со Uf), термо спроводливост на стаклата (означено со Ug) и вкупната термо спроводливост на целиот прозорец (означена Uw). За енергетската ефикасност најважно е прозорците да бидат што непропустливи, односно да имаат трослојна изолација. Колку помал количник на премин на топлина (Uw) толку подобри прозорци. Од таа причина вградувањето на квалитетни прозорци може да овозможи значителна заштеда за трошоци за греење – понекогаш дури и за една третина! Термоизолацтивноста на ПВЦ прозорците може да се спореди со онаа која ја имаат алуминиумските и дрвените прозорци.

Пластичните прозорци се одлични звучни изолатори

Кога бирате прозорци за својот дом имајте го на ум влијанието на средината во која живеете (прометна улица или природа), па согласно тоа сметајте и на звучната изолација. Вредноста на звучната изолација се обележува со ознаката Rw – што поголем број, толку подобро. Звучната изолација на ПВЦ прозорците може да се спореди со онаа која ја имаат алуминиумските и дрвените прозорци.

Пластични прозорци и лесно одржување

ПВЦ прозорците се одржуваат многу лесно. Потребно е повремено да се бришат со мокра крпа, за разлика од дрвените прозорци кои треба редовно да се фарбаат. Отпорни се на киселина, UV зрачење, корозија и екстремни временски промени. Единствено за што треба да се погрижите е редовно подмачкување на металните делови со висококвалитетно машинско масло.

Пластичните прозорци се убави на изглед

Прозорците треба да бидат дополнување на естетиката на просторот и севкупниот изглед на куќата. На пазарот постојат бројни решенија, во секаква форма и боја, така што секако ќе најдете модел согласно вашата желба и можност.

Долготрајност

Очекуваниот век на траење на ПВЦ прозорците е 40 години. Понудувачите на квалитетни ПВЦ прозорци дават гаранција за најмалку 10 години.

Безбедност и заштита од кражби

За да бидат безбедни и да овозможат заштита од кражби кај ПВЦ прозорците се овозможува со квалитетна фитингарија која не дозволува насилно отворање ниту пак поместување на прозорските крила.

1.2. Слаби страни на ПВЦ прозорците

Деформирање при горештини

ПВЦ-то може да се деформира при големи горештини. Ако прозорецот е со послаб квалитет, а подолго изложен на сончево влијание, може да се случи да се искриви и потешко да се отвора и затвора; меѓутоа, кога ќе се излади ќе функционира како и порано. Тоа се случува многу ретко и најчесто кај прозорци со големи димензии, а кај висококвалитетните прозорци, овој проблем не постои.

Бојата може со време да се промени

Пластичните прозорци не може да се фарбаат како што е случај со алуминиумските или дрвените.

Неразградлив материјал

Пластиката не се разградува во природата, односно се разградува после стотина години, ако не и повеќе. Меѓутоа, во последно време постојат повеќе произведувачи кои употребуваат рециклирана пластика, со што ја намалуваат отпадната количина. Од друга страна, ПВЦ-то е долготрајно, со што се компензира неговата неразградливост. Во секој случај, пластичните прозорци не се најдобар избор за животната околина.

2. Избор на понудувач

На пазарот постојат безброј произведувачи и продавачи на ПВЦ столарија. Купувањето на прозорци е долгорочна инвестиција, поради што многу е важно внимателно да бирате и да соберете што е можно повеќе понуди, пред да донесете одлука.

ПВЦ прозорци
ПВЦ прозорците се најчестиот избор на клиентите

 

2.1. Гаранција

Гарантниот рок е одличен показател за квалитетот. Оние произведувачи и продавачи кои се сигурни во својот производ даваат гаранција за десет години, а некогаш и повеќе. Во гарантниот рок не смее да се појават никакви недостатоци, ниту естетски, ниту функционални, а доколку се појават, не смее да бидат поради квалитетот; може да бидат само како последица на несоодветна употреба.

2.2. Сопствени мајстори за монтажа и одржување

Самото тоа што прозорецот е квалитетен, не значи многу – само ако е правилно поставен, ќе ви служи долго и добро. Нестручна монтажа, поради која ќе се појават т.н. топлински мостови, може да ги поништи сите предности на квалитетен прозорец. Од таа причина, од голема важност е, кој и да го изберете, да има свој квалифициран мајстор, кој употребува висококвалитетни материјали за соодветниот вид на монтажа. Доколку продавачот може да ви обезбеди и сервис за своите производи, да гарантира набавка и замена на резервни делови, тогаш бидете сигурни дека сте го нашле вистинскиот.

2.3. Потврда за квалитет

Произведувачите и продавачите го докажуваат квалитетот на своите производи со разни сертификати и потврди, кои треба да ви ги достават по завршената монтажа. Во таа документација спаѓаат технички податоци, спецификации, еколошка потврда, енергетска потврда и слично.

3. Монтажа на прозорците

3.1. Што всушност преставува квалитетна монтажа?

За квалитетна монтажа на ПВЦ прозорци се смета онаа монтажа која се одвива согласно одредени процедури и технички постапки кои обезбедуваат енергетска ефикасност и заштита, како и долготрајност и едноставна употреба. За да може ПВЦ прозорците да овозможат и одреден степен на термо и звучна изолација, од големо значење е да бидат монтирани непропустливо, односно на спојките на рамот на прозорецот и ѕидот да нема луфта, пукнатини ниту останати недостатоци низ кои може да се губи топлина. Тоа значи дека ниту на рамот, ниту на отворот, а и околу него, не треба да постојат оштетувања. Прозорското крило мора да биде монтирано така што ќе се отвора и затвора лесно, да нема оптоварување на фитингаријата и механизмите за отворање, да не запнува некаде и да не паѓа. Прозорецот треба сосема лесно да се отвора и затвора. Кваките на прозорците, исто така мора да бидат добро наместени и фиксирани.

3.2. Постапка за монтажа

1)    Прозорците се доставуваат во одреден ден.

2)    Мајсторите треба да ви објаснат како ќе се одвива работата.

3)    Се поставува заштита за ѕидовите, подот и останатите изложени површини.

4)    Се вадат постојните прозорци.

5)    Се поставуваат рамките и се нивелираат во ѕидниот отвор. Со помош на ласерско метро се одредува аголот, висината и длабочината за монтирање на прозорецот. 

6)    Прозорците се поставуваат во отворот кој се пополнува со одредени средства во зависност од избраниот вид на монтажа (класична, еколошка или РАЛ).

Класична монтажа

Класичната монтажа е најчест начин на монтажа на прозорци. Рамот на прозорецот се шрафи во ѕидот, а спојката помеѓу ѕидот и прозорецот се полни со пур-пена.

Еко-монтажа

Спојот помеѓу ѕидот и прозорецот се полни со еколошка, еластична пена на водена база која постојано ,,работи“ – се растегнува и се собира, согласно атмосферските услови, со што овозможува одлична енергетска ефикасност. Ваквиот вид на монтажа се препорачува при адаптација на стари објекти.

РАЛ монтажа

При монтажа на прозорци на ниско енергетски и пасивни куќи, РАЛ монтажата е задолжителна, но се препорачува и за секоја новоградба бидејќи овозможува најдобра термоизолација, практично без можност за губење на топлина. Од внатрешната страна прозорците се затнуваат со паропропустлива маса, а од надворешната страна со еластичен полиуретанска (нискоекспандирачка) пена, со што се овозможува водената пареа да излегува од просторијата, но не може да влегува. РАЛ монтажата спречува и продирање на вода во ѕидовите, а со самото тоа спречува и кондензација.

7)     Последен чекор се преглед и проверка на завршената работа

8)    Мајсторите ќе ви остават упатство за правилна употреба и одржување, како и соодветни сертификати и гаранција.

Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



Сакам понуда од изведувач
Последни проекти

Балконска врата до прозор

Балконска врата и прозор

180 € до 300 €

Aereco EMM higro ventil

Потребна е вградување на хидро изолација на прозори, кои се со лош квалитет и прават кондез зимно време. Има 4 прозори.

180 € до 300 €

Монтажа и изработка на прозор

Понуда за прозор и монтажа. Просторот каде ќе се монтира прозорот е празен моментално, бетонски ѕид.


Прозорот е дводелен, димензии во сантиметри д×в×ш: 135×64×16. Секако да внимаваме да има простор од неколку сантиметри за монтажа.

Во прилог фотографија од скица.

90 € до 150 €

Сакам понуда од изведувач





Цена, Prozor kroven, 66 x 118
ПВЦ прозорци, Крива Паланка

0 € до 0 €

Цена, Мал прозор на кипање, 1
ПВЦ прозорци, Скопје

135 € до 225 €

Цена, ПВЦ столарија,
ПВЦ прозорци, Скопје

810 € до 1350 €

Цена, ПВЦ дограма, 9+2
ПВЦ прозорци, Охрид

6750 € до 11250 €

Цена, ПВЦ столарија, 2
ПВЦ прозорци, Битола

360 € до 600 €

Цена, ПВЦ прозори и балкоска врата со комарник плисе, 5,2. м2
ПВЦ прозорци, Скопје

765 € до 1275 €

Цена, ПВЦ прозори и врати, 4 ком
ПВЦ прозорци, Скопје

675 € до 1125 €

Цена, Шибер прозори со комарници, 2,40×1,20 ком 2
ПВЦ прозорци, Старавина

675 € до 1125 €

Цена, Изработка на прозори и врати, 11 ком
ПВЦ прозорци, Дебар

135 € до 225 €

Цена, Прозор,пластични или алуминиум, 2
ПВЦ прозорци, Скопје

720 € до 1200 €

Цена, Набавка и монтажа на тавански прозорец во тоалет, 1 ком
ПВЦ прозорци, Прилеп

675 € до 1125 €

Цена, Алу излог врата и прозор за дуќан, 1
ПВЦ прозорци, Куманово

1386 € до 2310 €

Цена, PVC: Прозорци и балконска врата, 5 ком
ПВЦ прозорци, Охрид

1125 € до 1875 €

Цена, ПВЦ прозори со панел, без стакло, со можност за заклучување, 2
ПВЦ прозорци, Скопје

585 € до 975 €

Цена, ПВЦ прозорци, 60х80цм
ПВЦ прозорци, Охрид

855 € до 1425 €

Цена, ПВЦ прозори, 8 ком
ПВЦ прозорци, Свети Николе

4050 € до 6750 €

Цена, ПВЦ таваски прозори, 120 см ×80 см
ПВЦ прозорци, Струмица

1080 € до 1800 €

Цена, ПВЦ прозори со звучна и топлотна изолација, 2 ком
ПВЦ прозорци, Скопје

765 € до 1275 €

Цена, Замена на механизам на пвц врата, кипањето не функционира.,
ПВЦ прозорци, Скопје

180 € до 300 €

Цена, Тавански прозорци, 3=80 см× 160 см
ПВЦ прозорци, Тетово

675 € до 1125 €

Цена, Понуда за ПВЦ дограма,
ПВЦ прозорци, Битола

6750 € до 11250 €

Цена, Замена на прозори и балконски врати, 3
ПВЦ прозорци, Охрид

2205 € до 3675 €

Цена, ПВЦ прозори, 7 ком
ПВЦ прозорци, Скопје

4050 € до 6750 €

Цена, Врата и прозор , ПВЦ, 2
ПВЦ прозорци, Крива Паланка

855 € до 1425 €

Цена, Застаклување тераса, 5 м2
ПВЦ прозорци, Скопје

1350 € до 2250 €

Цена, ПВЦ прозор и купатилска врата, 2
ПВЦ прозорци, Велес

675 € до 1125 €

Цена, Хармоника врата, 180 см х 140 см
ПВЦ прозорци, Скопје

405 € до 675 €

Цена, ПВЦ проѕорци и врати, 7 единици од кои 3 дупли. околу 15 квадрати
ПВЦ прозорци, Прилеп

4050 € до 6750 €

Цена, Замена на стари дрвени прозори и прозор врати со пвц, 5 прозорци и 2 балкански врати
ПВЦ прозорци, Скопје

2250 € до 3750 €

Цена, Изведба на пвц лизгачки прозор - тераса, 2.5 м х 2 м
ПВЦ прозорци, Штип

1350 € до 2250 €

Цена, Ми треба добавувач со ГЕФ сертификат за прозорци, 35м2
ПВЦ прозорци, Чучер Сандево

1080 € до 1800 €

Цена, Поправка на стара и вградување на нова пвц столарија, 20м2
ПВЦ прозорци, Општина Петровец

630 € до 1050 €

Цена, Двокрилен ПВЦ прозор, 1
ПВЦ прозорци, Куманово

450 € до 750 €

Цена, Демонтажа на стар и монтажа на нов кровен прозор, 60 см x 110 см
ПВЦ прозорци, Скопје

630 € до 1050 €

Цена, ПВЦ прозор, 50 см х 60 см
ПВЦ прозорци, Скопје

180 € до 300 €

Цена, Dograma,
ПВЦ прозорци, Струга

630 € до 1050 €



Идеи за уредување на домот

Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

250+ компании за ПВЦ прозорци
Бесплатно пребарување
Без провизија
Побарај понуда
Помош

Ние сме достапни за вас секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Како можеме да ви помогнеме?

Побарувачка: 00389 25 102 476
Компании: 00389 25 102 476