Лимен покрив, лим за покрив Цена

Колку чини лимениот покрив? Цената на металните покриви и покривки зависи од квалитетот на материјалот, видот на заштитата (бакар, цинк, алуминиум-цинк), видот на премаз и, се разбира, од понудувачот. Цената на метална покривка без изолација се движи од 5 до 10 евра/м2. Трошоците за изградба можете да ги намалите со внимателно планирање. Покривот ќе го покрие со метална покривка мајстор лимар. Но, добрите мајстори секогаш имаат работа, затоа побарајте понуда на време.

Кому да ја доверите монтажата на лимен покрив? Пратете барање до соодветните и оценети лимари во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

Побарајте понуда:
Прати барање

Цена на метални покривни облоги


Цена на метална покривна облога. Цена за метална покривна облога, трапез T14. Цена на покривна облога без изолација.

5.00 €/м2

МНОГУ НИСКА ЦЕНА
€/м2

СРЕДНА ЦЕНА
9.60 €/м2

НАЈВИСОКА ЦЕНА
САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
Лимен покрив, лим за покрив Цена

ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Лимени покриви, лим за покриви

ваша количина

единица

приближна цена

ваша цена

ЗАЕДНО:
Испрати побарувачка >

Дали Ви беше од корист калкулаторот?

Идеи за уредување на домот

Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

Метален покрив - се што треба да знаете

1. Метален покрив – што се треба да знаете?

Метален покрив
Металните покривачи сега се доста достапни и на сопствениците им овозможуваат бројни придобивки

Металните покриви стануваат се подостапни, а со самото тоа и се побарани за скоро секакви форми на покриви, особено за рамни. Сега, покрај метални рамни и коси плочи постојат и метални ќерамиди кои многу тешко се разликуваат од традиционалните покриви од ќерамиди од тула, бетон и останати материјали. Доколку се прашувате кој бенефити се во прашање, можеме да наведеме некои нови факти:

1.1. Металните покриви стануваат се побарани

До неодамна метални покриви можевте да видете само на извонредно изработени градби, комплетни архитектонски зданија. Сега тоа е сосема различно. Поради подобри, поевтини и полесни процеси на производство металните покриви сега се подостапни, па се почесто може да се видат на приватни куќи. Согласно постоечките статистички податоци од градежната индустрија, пазарниот дел на метални покриви пораснал за 30% во последниве години и моментално е 15%. Спротивно од тоа, пазарниот удел на бетонските покриви и оние од ќерамиди опаѓа скоро со исто темпо и сега изнесува 59% од сите поставени покриви.

1.2. Метален покрив може да се постави и преку постоечки покрив

Метален покрив може да се постави преку постоечки покрив кој не мора да се вади, освен доколку изразито не е дефинирано со локални градежни закони. За волја на вистината, отстранувањето на стариот покрив е секогаш пожелно, но и поврзано со поголем трошок. Освен тоа, може да се случи помеѓу стариот и новиот метален покрив да се создаде водена пареа која подоцна може да предизвика појава на мувла и гниење на покривот. Таа потенцијална опасност може да се избегне со изведба на вентилациони канали.

1.3. Металниот покрив не е погласен од класичниот

По се изгледа дека постои предрасуда дека металните покриви се побучни, односно дека ударите на дожд или град по металната површина посилно одекнуваат во споредба со обичниот, но тоа воопшто не е точно доколку покривот се монтира како што треба. Металниот покрив се монтира на тврда површина, а покрај тоа таванот и изолацијата создаваат звучна бариера помеѓу покривот и внатрешноста на објектот. Во внатрешноста на куќата таа бука не се слуша како посилна.

1.4. Металниот покрив не привлекува молњи

Постои уште една предрасуда во врска со металните покриви: дека повеќе привлекуваат молњи иако тоа ниту експериментално ниту статички не е докажано. Металните покриви ниту на еден начин не го зголемуваат ризикот од удар на гром. Покрај тоа, доколку гром удри во метален покрив, истиот е помалку запалив во споредба со конвенционалните покриви. Бидејќи металниот покрив е истовремено и електричен спроводник и незапалив материјал, може да се каже дека моментално преставува еден од најбезбедните избори што се достапни во моментов. Причината поради која металните покриви не привлекуваат молњи е едноставен: громот го бара најблискиот и најдиректниот пат до земјата, па така дрвјата, телефонските столбови и слични структури по правило се подобри мети. Металниот покрив по својата конструкција е изолиран конструктивен елемент кој нема директна врска со земјата, поради што не постои научна причина за почест удар на гром во метален покрив во однос на оној од ќерамиди, бетон или битумен.

1.5. Металниот покрив, долгорочно гледано, преставува помал трошок од останатите

Вистина е дека производителите на метални покриви нудат гаранција иста како и за битуменски покривни материјали (околу 30 години), иако од пракса се знае дека металните покриви може да траат и повеќе од 50 години. Поради тоа, скоро никогаш не се случува покривот да треба да се замени со една генерација на станари, додека битуменскиот мора барем двапати. Од друга страна, металниот покрив е скоро двапати поскап од битуменскиот, така што секако ќе заштедите, но гледано на подолг рок.

1.6. Металниот покрив е огноотпорен, не гние и не го јадат инсекти

Една од причините за голема побарувачка на металните покриви сигурно е тоа што е сосема огноотпорен. Поради зголемена градба, особено во урбаните средини, објектите се се поблиску еден до друг така што и опасноста за пренесување на пожар е се поизвесна. Затоа, не е чудно што побарувачката расте, а ако на тоа се додаде и дека инсектите не го напаѓаат металот, како и тоа дека опасноста од било какви физички и хемиски оштетувања е минимална – исплатливоста на оваа инвестиција е несомнена.

1.7. Металниот покрив ја одбива топлината

Студиите покажуваат дека металните покриви ги одбиваат сончевото зрачење и топлина, што може да ги намали на годишно ниво трошоците за греење и ладење помеѓу 10 и 20%. Во поднебја каде што трошоците за ладење се поголеми отколку за греење, металниот покрив може да се покрие со светликав или гранулиран премаз со што се зголемува рефлексивност на покривот и се подобрува енергетската ефикасност.

1.8. Минимална косина на металниот покрив

Може да се каже дека прилично е врежано мислењето дека метален покрив може да биде само оној со голема косина, иако брановидни метални покриви одлично функционираат и на рамни покриви. Таков вид на покрив има подигнати водонепропустливи спојки, а за да може водата слободно да истекува, доволна е косина од околу 8%.

1.9. Силен град може да го оштети металниот покрив

И покрај тоа што е неспорен фактот дека металните покриви се поотпорни и поиздржливи од останатите, тие сепак не се неуништливи. За нив најопасен е силен град. Најосетливи се алуминиумот и бакарот, додека не‘рѓосувачкиот челик е потврд и отпорен на удари. Ситен град ретко кога може да направи проблем, но покрупен е опасен.

1.10. Поставување и поправка на метален покрив

Монтажата на метален покрив во сопствена режија, никако не се препорачува; тоа е професионална и напорна работа која бара техничко знаење, искуство и посебен алат. Исто така, доколку дојде до оштетување, што навистина преставува реткост, секогаш е најдобро да ангажирате професионалец.

1.11. Металниот покрив може да се рециклира

Иако металниот покрив е многу постојан, ќе дојде време кога ќе мора да се замени и тогаш ќе можете да го продадете како суровина за рециклирање.

2. Како да се најде вистинскиот мајстор?

Квалитетот на металниот покрив во најголема мерка зависи од професионалноста, искуството и вештината на мајсторот. Потрагата за таков занаетчија може да започне на интернет или ако се распрашате кај понудувачите на метални покриви за препорака на некој локален мајстор за покриви. Секако, таков мајстор можете да побарате и на нашиот сајт Daibau.mk и да стапите во контакт со проверени компании или поединци со кои соработуваме. Откако ќе испратите барање на нашиот сајт, ќе добиете одговор од повеќе мајстори, а на истото место можете да ги проверите референцата и препораките, како и коментарите на претходните муштерии. Наша препорака е да се одлучите за изведувач кој ќе ви понуди најмалку петгодишна гаранција за својата работа. Доколку во тој период нема никакви проблеми со покривот, веројатно нема да ги има ниту подоцна.

3. Различни видови метални покриви

Секој метал има одредени предности и слабости, како што се трајност, боја и трошоци. Одлучете се оној кој е соодветен за поднебјето во кое живеете, конструкцијата на куќата, а нормално и согласно буџетот со кој располагате.

3.1. Челичен покрив

Челичниот покрив несомнено е најтврд, најпопуларен, а и најевтин избор. За да се спречи ‘рѓосување, челикот кој се употребува за покрив се поцинкува со помош на врела постапка (поцинкуван челик) или се обложува со легура од алуминиум и цинк. Поцинкуваниот челик може да биде во сребренаста боја, а може и да се исфарба за дополнително да се заштити со што ќе му се продолжи векот на траење. Ваквиот покрив може да трае од 30 до 50 години.

3.2. Алуминиумски покрив

Полесен, помек и поскап метал за покрив е алуминиумот кој се произведува во повеќе релјефни модели; под слојот боја – а алуминиумот секогаш се фарба – тешко мое да се каже кој материјал е во прашање. Алуминиумот е подобар избор за приморски подрачја и онаму каде што има кисели дождови, од причина што не ‘рѓосува. Таквиот покрив може да трае од 30 до 50 години.

3.3. Бакарен покрив

Бакарот е најстар вид метал кој се употребува за покриви многу одамна, па и во денешно време. Бакарниот покрив е најиздржлив и затоа е најскап од сите материјали. Погоден е за работа бидејќи лесно се сече и обработува. За бакарниот покрив е многу важно што со тек на време добива патинасто, сино-зелена боја која изгледа особено убаво. За разлика од останатите метали кај кои е важна дебелината на профилот, за бакарот е вазна тежината по метар квадратен. Можеби ви звучи неверојатно, но бакарен покрив може да трае околу 200 години.

3.4. Не‘рѓосувачки челичен покрив

Оригиналниот железен покрив кој се употребувал во Европа во 18-ти век, бил покриен со лим и олово. Денешната варијанта е без олово – не‘рѓосувачки челик помеѓу два слоја лим – отпорен на сите видови атмосферски влијанија без заштитен слој боја. Не обоен не‘рѓосувачки челик има рамномерна сиво мат боја, а векот на траење му е околу 100 години.

3.5. Поцинкуван покрив

Слично на бакарот и цинкот е природно отпорен на ‘рѓа и останати атмосферски фактори и не мора да се фарба заради заштита. Многу често се комбинира во легура со титаниум поради цврстина и дополнителна отпорност на корозија. Се обработува и оформува многу едноставно. Со време, цинкот, како и бакарот добива патина со преубава модро сива боја – видете ги само познатите париски покриви! Сепак, трае пократко - ,,само“ 80-100 години.

4. Одржување на метални покриви

Металниот покрив без малку не бара посебно одржување и се чисти многу едноставно. Меѓутоа, лесно се гребе. Во ситуации кога покривот е фарбан, со време бојата ќе почне да пука и да се лупи, па треба да се обновува. Металните покриви по правило се водонепропустливи, но може да се случи да претече на спојките. Доколку дојде до тоа, имајте на ум дека тоа се случува поради кондензација која се случува поради неправилно поставување на покривот, односно поради лошо направени канали за проветрување. Поради тоа, од клучно значење е мајсторот или мајсторите кои ќе ги ангажирате да бидат професионалци, вешти и доволно искусни. Металот е многу специфичен материјал за покрив и за да биде добро поставен, мајсторот мора убаво да ги знае неговите физички и хемиски карактеристики, како и тоа како ќе се однесува во одреден момент и во одредени услови; во оваа ситуација при собирање и ширење.

Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
Последни проекти

Отстранување на салонит, покривање со лим, олуци, ветер лајсни

Потребна е замена на покривач (салонит) со лим на куќа, како и покривање на шупа со лим. Поставување нови олуци и ветер лајсни. Може да биде потребна промена на дрвен/и рог/ови. Продолжување на дрвени рогови за 50цм на јужно кровче. Во прилог имам оставено скица. 387450 € до 645750 €

........

Покривање на кров со лим

Потребно е менување на стар кров, се работи за помала квадратура за дел од куќа (поткровје) околу 20 м2. Да се прекрие со лим. 22140 € до 36900 €

........

Prekrivanje na pokriv od zgrada so lim

Sakame da se sanira pokriv so sindra na zgrada so 2 vleza.

Zgradata e 3 sprata plus 2 potkrovje sindra i tece na presek 4 ti so 5 ti sprat.

Imame odluka od kukjen sovet za da se dodade izolacija i lim. 221400 € до 369000 €

........

САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





Цена, Промена на кровна конструкција, со цел добивање изведна на кат, 110 м2
Лимени покриви, лим за покриви, Скопје

3600 € до 6000 €



Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

Лимени покриви, лим за покриви ценовник

Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

47+ КОМПАНИИ ЗА Лимени покриви, лим за покриви
БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
БЕЗ ПРОВИЗИЈА
ПОБАРАЈ ПОНУДА

Барате добри изведувачи за реонот Лимени покриви, лим за покриви?

  • Лимени покриви, лим за покриви Скопје
  • Лимени покриви, лим за покриви Битола
  • Лимени покриви, лим за покриви Куманово
  • Лимени покриви, лим за покриви Богданци
  • Лимени покриви, лим за покриви Велес
  • Лимени покриви, лим за покриви Виница
  • Лимени покриви, лим за покриви Гевгелија
  • Лимени покриви, лим за покриви Гостивар
  • Лимени покриви, лим за покриви Дебар
  • Лимени покриви, лим за покриви Делчево
  • Лимени покриви, лим за покриви Кавадарци
  • Лимени покриви, лим за покриви Камењане
  • Лимени покриви, лим за покриви Кичево
  • Лимени покриви, лим за покриви Кочани
  • Лимени покриви, лим за покриви Кратово
  • Лимени покриви, лим за покриви Крива Паланка
  • Лимени покриви, лим за покриви Крушево
  • Лимени покриви, лим за покриви Македонска Каменица
  • Лимени покриви, лим за покриви Неготино
  • Лимени покриви, лим за покриви Општина Берово
  • Лимени покриви, лим за покриви Охрид
  • Лимени покриви, лим за покриви Прилеп
  • Лимени покриви, лим за покриви Пробиштип
  • Лимени покриви, лим за покриви Радовиш
  • Лимени покриви, лим за покриви Ресен
  • Лимени покриви, лим за покриви Свети Николе
  • Лимени покриви, лим за покриви Струга
  • Лимени покриви, лим за покриви Струмица
  • Лимени покриви, лим за покриви Тетово
  • Лимени покриви, лим за покриви Штип