За реон

    Асфалтирање Цена

    Колку чини асфалтирањето? Цената за асфалтирање зависи од подготовката на подлогата и бројот на слоеви. За подготвителна работа треба да се платат околу 6 евра/м2. Еден слој асфалт е околу 15 евра/м2, а двослојниот асфалт кој е потврд и по рамен чини околу 18 евра/м2.

    Кому да го доверите асфалтирањето? Пратете барање до соодветните и оценети компании за асфалтирање во вашата околина - бесплатно и без обврска! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на асфалтирање


    Цена на асфалтирање. Цената за набавка и поставување двослоен, крупен и фин асфалт. Цена на асфалтирање со дебелина од 3 цм и 5 цм, заедно со подготовка на тампон.

    10.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    18.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Асфалтирање

    Поплочување


    Колку чини поплочувањето? Мајсторите многу различно наплаќаат за нивната работа според материјалот, ...

    Проверете и: Поплочување на двор Цена

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Асфалтирање - се што треба да знаете

    1. Асфалтирање – што се треба да знаете?

    Асфалтирањето е еден од најлесните, но секако најдолготрајните начини за поплочување на дворови и патеки, а сè повеќе луѓе се одлучуваат за него. Брзо се поставува, но неговиот квалитет и времетраење зависат најмногу од стручно и професионално подготвената подлога, т.н. тампон.

    Кога треба да го уредите пристапниот пат до куќата и до самиот двор, многу е важно материјалот што ќе го изберете да биде стилски соодветен и во склад со околината, како и да биде функционален и долготраен. Ова е причината зошто многу луѓе избираат асфалт.

    Асфалтирање
    Заради едноставно одржување и долготрајност, многу луѓе се одлучуваат да го асфалтираат приодниот пат и дворот

     

    1.1. Предности

    Една од главните предности на асфалтирањето е брзината со која тој се поставува, бидејќи на добро подготвена подлога, може да се направи и за еден ден. Останати важни причини се едноставното одржување и практично, неограничен век на траење. Асфалтот е еден од најотпорните и нај издржливиот материјал, дури и ако се посипува сол секоја година. Од него најлесно се чисти снег и на него не се задржуваат ниту песок ниту камења. И цената на асфалтирањето во однос на останатите видови на поплочување на дворот, е доста прифатлива. Таа зависи од локацијата, намената, квадратурата и дебелината.

    1.2. Слабости

    Иако има бројни предности, асфалтот има и свои маани. Во лето значително привлекува и зрачи топлина. Може да се прегрее до таа мерка што може да предизвика и изгореници, доколку газите боси по него. Асфалтот на високи температиури се шири, а на ниски пука, така што рабовите може да се ронат. Во тие пукнатини подоцна се собира вода и нечистотии, со што асфалтот пополека се дезинтегрира. Се појавува проблем и тогаш кога ќе се појави потреба за нови инсталации и приклучоци. Во такви ситуации асфалтот мора да се сече, а потоа да се крпи. Разликата меѓу стариот и новиот асфалт останува видлива, како по краевите така и по бојата. Кога имате поплочен двор, во таквите ситуации плочите се вадат, а по поправките се враќаат назад на местото без видливи траги.

    2. Професионална и квалитетна изведба

    Исто како и за останати работи кои се тесно специјални, така и при асфалтирањето е многу важно истото да го работи искусен и професионален изведувач кој дава гаранција и на материјалот и за својата работа. Занаетчиски добро направениот асфалт е гаранција за неговата долготрајност, па поради тоа побарајте искусни мајстори кои ќе ја завршат работата согласно професионалните стандарди и вашите желби.

    3. Видови асфалт

    Изборот на видот асфалт зависи од следните фактори:

    - намена на површината: приоден пат, патека, двор или слично,

    - оптоварување: полесно, средно тешко,

    - локација на објектот,

    - вредност на инвестицијата.

    Без разлика на тоа за кој вид асфалт ќе се одлучите, неопходна е добро подготвена подлога, од причина што асфалтот не е само носечки материјал, односно, не може сам да се поставува.

    3.1. Асфалтирање во еден слој

    Цената на еднослојното асфалтирање секако дека е најниска. Еднослојното асфалтирање е најпогодно за дворови и приодни патеки кои помалку се употребуваат.

    Комбинации при еднослојно асфалтирање:

    - за полесно оптоварени површини (до 3,5 тони) фракцијата на каменот може да биде 0-11 односно 16 мм, а дебелината на самиот асфалт 5-6 цм;

    - за потешко оптоварување на површината (до 8 тони) фракцијата на каменот може да биде 0-16 мм, а дебелината на самиот асфалт 7-8 цм.

    (Ова се само информативни податоци. Соодветниот вид асфалт како и неговата дебелина се одредуваат на лице место, после преглед на теренот.)

    3.2. Асфалтирање во два слоја

    Ваквиот вид на асфалтирање е посоодветен за изградба на приодни патишта и дворови низ кој освен оптоварување од патнички, треба да го издржат и оптоварувањето од товарни возила. Двослојниот асфалт е поквалитетен бидејќи има подебел долен слој составен од камен со покрупна фракција. Ваквата површина на високи температури подобро поднесува оптоварување. Потенкиот, горен слој асфалт, е направен од поситна фракција, со што и површината е помазни. Вкупната дебелина на двата слоја е 8 цм при што долниот слој е околу 5 цм, а горниот околу 3 c. Покрцмај тоа што е поквалитетен, ваквиот асфалт е и нешто поскап, но потраен и поубав.

    Комбинации при двослојно асфалтирање:

    - за потешко оптоварување на површината (до 8 тони) фракцијата на каменот на долниот слој е 0-22 мм, а за горниот  0-8/11 мм. Дебелината на долниот и горниот слој асфалт се по 5 цм;

    - за потешко и тешко оптоварување на површината ( до 10 тони) фракцијата на каменот на долниот слој е 0-22/32 мм, а за горниот 0-11 мм. Дебелината на долниот слој асфалт е 10 цм, а на горниот 3-4 цм.

    (Ова се само информативни податоци. Соодветниот вид асфалт како и неговата дебелина се одредуваат на лице место, после преглед на теренот.)

    4. Како се одвива изведбата?

    4.1. Подготовка на подлогата

    Доколку сакате асфалтираните површини долго и успешно да ги издржи сите оптоварување – тежината на автомобилот, промени на температурата, врнежи, истурање сол и се друго – од голема важност е подлогата за асфалтирање да биде соодветно направена. Во спротивно може да дојде пропаѓање на теренот, т.н. наседнување на земјата и пукање на асфалтот, па појава на дупки. Подлогата за возни површини наменети за патнички возила се прави со ископ на 0,6 м земја. Доколку на дадената површина е планирано потешко или тешко оптоварување, тогаш и ископот е поголем. При копањето не смее да се заборави на истекување на дождовницата, при што теренот мора да има пад на спротивната страна од објектот од 2%, односно 2 цм по должен метар. Се препорачува покрај патот да се вградат и сливни решетки за одводнување. На теренот кој е добиен со ископување се прави насип од околу 0,4 м од големи камења во купови (чакал или крупен агрегат). Пред насипувањ на следниот слој, овој куп камења се распоредуваат онака да се добие рамномерен насип и убаво се набива. За насип не смее да се употребува отпад од градилишта или крупен камен, односно, било што со нееднаква форма и големина, од причина што таквиот материјал не може рамномерно да се распореди, ниту пак да се набие. На ред доаѓа нанесување на вториот слој ситна фракција околу 0,2 м. Тој горен слој на агрегат ќе биде носечкиот за асфалтот и поради тоа мора да биде што подобро набиен, што покомпактен. Двата слоја заедно го прават т.н. тампон.

    4.2. Поставување на асфалтот

    Како што веќе спомнавме, видот и дебелината на асфалтот се одредуваат според идната намена. Најчесто за патишта се прави двослоен асфалт и тоа со погруб долен слој од 5 цм и пофин горен слој со дебелина од  3 цм. Откако ќе се нанесат и двата слоја мора добро да се набијат со валјак и тоа обично трае неколку часа. Ви препорачуваме асфалтирањето да се работи во време кога надворешните температури се околу 10°C, значи, на почетокот на градежната сезона. Ова е значајно од причина што асфалтот не смее премногу да се излади меѓу подготовката и вградувањето за да може добро да се валка, односно, набива. Исто така и дождливо време не е најповолно од причина што асфалтната маса потешко се лепи за тампонот и полесно пука. Се препорачува асфалтот да се насипува веднаш откако ќе биде готов тампонот, бидејќи ако се остави подолго време а и се употребува, тампонот од гумите од автомобилите потполно ќе омекне и ќе се растури.

    4.3. Одржување и поправки

    При асфалтирање навистина не се исплаќа да се штеди на подготовка на подлогата. Добро набиен тампон, како и квалитетен насип и валкање на асфалтот се клучни за долготрајност на асфалтираните површини. За трајноста на асфалтот од голема важност е и изработката на банкини, всушност, врската или преминот со останатите материјали. Доколку банкините не се добро направени, асфалтот ќе се рони и крши. Низ површинските пукнатини водата ќе продира во подлабоките слоеви и ќе ги оштети. Во најлош случај, целиот асфалт може да набабри и да се подигне. Многу почесто се појавуваат дупки во кои се задржуваат вода и останати нечистотии. Со тек на времето на асфалтот ќе се појават и траги од гуми, како и расцветани пукнатини (доколку се вози секогаш по иста траса и се паркира на исто место). Оваа е особено изразено и видливо во лето кога асфалтот омекнува поради жештините, а тогаш на него не треба да се оставаат тешки работи за да не останат отпечатоци. Асфалтот може да се оштети и поради течење на масло од автомобилите или од некој други абразивни средства. Некои вакви дамки е невозможно да се исчистат; на тоа место може само да се исече асфалтот и да се стави нов.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Asfaltiranje na stovarište

    Potrebno e asfaltiranje na stovarišteto. 5 santima asfalt. 249075 € до 415125 €

    ........

    Понуда за асфалтирање на улица

    Потребно е средување асфалтирање на улицата. Должината на улицата е 100 м а ширина е 1.5 м. Потребна ни е понуда . 33210 € до 55350 €

    ........

    Тампонирање, набивање, асфалтирање на улица

    Пристапна улица до објект во Маврово. Потребно е набивање, тампонирање и асфалтирање. Вкупната површина е околу 600 м2. 498150 € до 830250 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Аsfaltiranje na most i del od dvorot, 35 m2
    Асфалтирање, Илинден (населба)

    585 € до 975 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени

    Асфалтирање ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    15+ КОМПАНИИ ЗА Асфалтирање
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА