За реон

    Уредување на двор Цена

    Kолку чини уредување на околината? Уредувањето на дворот опфаќа толку голем број на работи поради што е многу тешко да се даде приближна цена. На пример, копање канал. Поставување на цевки за водовод и канализација, поплочување, асфалтирање или поставување трева може да чини околу 65 до 170 евра/м2.

    Кому да го доверите уредувањето на дворот? Пратете барање кај соодветни и оценети професионалци за уредување на дворови во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е само да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на уредување на околина


    Цена на уредување на околината. Цена за ископ на канал, поставување цевки за водовод и канализација, поплочување, асфалтирање или поставување бусени со трева.

    65.00 €/м2

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/м2

    СРЕДНА ЦЕНА
    168.00 €/м2

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Уредување на двор

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Уредување на околината - се што треба да знаете

    1. Уредување на околината – што се треба да знаете?

    Целосно уредување на градината или дворот не правите секој ден па баш заради тоа уште поважно е, кога ќе се одлучите, да го направите тоа како што треба. За да ги избегнете вообичаените грешки, преголеми трошоци, а секако и губењето на нерви и време, кое го имаме се помалку, ви препорачуваме да ангажирате професионалци.

    Уредување на двор
    Уредувањето треба да се препушти на експерти

     

    1.1. Како да се справите со уредувањето на дворот?

    Почетокот и начинот на уредување пред се зависи од самиот објект и дадените услови и можности, од една страна, како и од вашите желби, од друга страна. Крајната цел на квалитетно уредување на околината е поврзување на куќата и градината во една единствена целина, благодарение на што ќе можете потполно да уживате во секој поминат момент надвор. Не заборавајте дека треба да се обезбедите и влијанието на временските услови – сонце, ветар, дожд – но и од животни како и од несакани погледи или непознати лица. Мора да внимавате и на тоа да не го нарушите изгледот на куќата, околу неа и пошироката околина. Сето тоа може да се постигне со осмислен избор на растенија и природни автохтони материјали.

    1.2. Најдобро време за планирање и реализација

    Најдобро е со планирање да се зафатите на есен, за да имате доволно време за размислување и проба за вашите желби и идеи, но и изнаоѓање на професионалец кој ќе ви помогне при изнаоѓање на најдобро решение и првични скици. Доколку планот биде спремен до јануари, ќе имате доволно време за резервација на термин и изведба. Тоа е идеално време за градежни работи, при што треба да имате на ум дека ноќните температури не смее да бидат под нулата. Повеќето растенија во главно се садат од април па натаму; но, доколку задоцните, одложете се за на есен, бидејќи летните горештини не се време за садење. Есента е добро време за садење бидејќи во тек на зимата растенијата ќе ги зацврстат своите корени, а на пролет сета енергија ќе биде насочена кон озеленување. Нормално, за комплетно уредување на околината доволни се месец до два, но тоа најмногу зависи од големината на површината и временските услови, при што надворешната температура е помалку важна отколку количината на врнежите. Сосема мокра земја го оневозможува работењето.

    1.3. Редовното одржување е многу важно!

    Без редовно одржување секоја gradina или градина многу брзо пропаѓа, а кога дворот е запуштен никој не сака да престојува во него. За само едно лето дворот може да ,,подивее“ од причина што растенијата си тежат кон својот природен раст и развој. Агресивните и тврдокорни видови кои опстануваат сами, ги ,,гушат“ оние кој се понежни  и чувствителните , за кои е потребна посебна нега. Одржувањето на градината нормално подразбира чистење (отстранување на сувите гранки, камења, наводнување на овенати растенија и слично), косење на тревата, како и зарежување , кастрење и оформување на растенијата и дрвјата. За овошните дрвца како и украсните дрвја и грмушки, важно е редовно да се прегледаат и од нив да се отстранат исушените гранки и лисја. Во одржување спаѓа и уредување на зелени и украсни огради, цветни леи, тревници и патеки. На крај доаѓаат градинарските елементи (ограда, капијата, одрина и друго) кои, по потреба треба да се поправаат, фарбаат или заменат.

    2. Видови работа при уредување на дворот

    Ќе ги наброиме само најчести видови работи за уредување двор, просторот околу куќата или градината.

    2.1. Садење трева

    Пред да засадете трева треба да се направи анализа на земјиштето за да го видите составот и што најдобро ќе успее. Копањето и порамнувањето на површината треба да се направи рачно или со лесна механизација, за подоцна да не дојде до набивање на тлото или ерозија. Тешката механизација може да ја оштети структурата на земјиштето на тој начин што истото подоцна нема да има дренажа, што доведува до гниење на коренскиот систем на тревата. Откако планираната површина ќе се израмни и подготви, треба да се посипа со ѓубриво за да се додаде потхрана на земјата, а на крај доаѓа самото садење на тревата.

    2.2. Садење и режење на растенијата и дрвјата

    За засадување на градина најдобро е да направите план и скица согласно професионални стандарди и можностите кои ги нуди просторот. Важно е да се изберат билки кои добро успеваат на таков терен, а притоа да не отскокнуваат од естетската околина. За самото садење и одржување на градината, дворот или баштата потребно е посебно познавање, посветеност, љубов, физичка сила и многу време.

    2.3. Поплочување

    Поплочувањето може да се работи само на добро подготвена подлога. Плочите се поставуваат на добро набиена површина или на бетон. Најчесто за поплочување на површина во дворот или градина се употребуваат бетонски плочи, но и за правење на приоден пат, а како ќе бидат поставени зависи од самата намена – дали ќе служат за пешаци или за возила.

    2.4. Системи за залевање

    Од причина што во денешно време се поретко може да се издвои време за повеќечасовно залевање на цвеќињата и тревата, автоматски систем за залевање е вистинско решение за вас. На тој начин се овозможува и одржување на зеленилото и тогаш кога не сте дома. Автоматскиот систем за залевање најчесто се употребува за тревници, цветни леи и дрвја. Поставувањето на самиот систем треба добро да се испланира. Најдобро е тоа да  се направи уште додека градината е во идејна фаза, всушност истото да го испланира пејзажен архитект кој најдобро ги знае сите елементи кои треба да се употребат.

    2.5. Уметнички елементи во градината

    Градина, двор или градина во која има само зеленило, секако дека се убави, но не се многу интересни. Растенијата постојано ги менуваат поставените елементи што создава динамика, од една страна, но и постојаност и трајност од друга, со што просторот изгледа подобро искористен и пријатен за престој. На пример, во баштенска куќичка може да складирате алат и опрема, а слободното време да го минувате во павилјонот или под сенка, а можеби и на покриена тераса или трем дури и кога е сончево или пак ако врне дожд. Такви дополнителни уметнички елементи исто така може да бидат и патеки, огради, капии, натстрешници и скали.

    3. Постапка

    Без разлика дали го обновувате дворот или правите сосема нова градина, оваа листа на потребни работи би требало да ви даде увид во тоа што може да очекувате. Процесот на уредување на околината со еден збор, може да се подели на два дела – планирање и реализација.

    3.1. Планирање

    Фазата на планирање се состои од анализа, прибирање идеи и скицирање. Во таа фаза соработувате со пејзажист и градинар. На вас е да ги кажете своите идеи и желби, а на нив е да проценат до кој степен сето тоа може да се реализира на дадениот простор и под дадените услови или пак да ви предложат нешто сосема трето. Откако ќе се договорите и усогласите за се, се преминува на скицирање и планирање, всушност, на поставување на одредени градежни елементи во просторот, избор на материјали, како и распоред за засадување на дрвјата, растенијата и цвеќињата.

    Чекори:

    1. На интернет или по специјализирани списанија побарајте идеи и одлучете се кој се елементи би ги сакале во вашиот двор и како би сакале сето тоа да изгледа.

    2. Направете пресметка.

    3. Побарајте можни проектанти и изведувачи на работи, направете потесен избор и закажете средба и консултации.

    4. Изберете го оној кој најмногу ви одговара.

    5. Во фазата на планирање ќе треба повеќе пати да имате состанок со проектантот, се додека не усогласите се.

    6. Потврда на конечниот договор.

    3.2. Реализација

    Инвеститорите најчесто се одлучуваат уредувањето да им го препуштат на специјализирани и професионални изведувачи за уредување на градини и околината. Тоа може да биде еден изведувач кој ќе се погрижи за се, од градба, поплочување до раззеленување, а може да се одлучите и за повеќе изведувачи. На тој начин еден изведувач може да го гради базенот, друг да работи на поплочување, трет да прави дрвена тераса, четврт да ја средува баштата. Во таа фаза проектантот и изведувачот на работи тесно соработуваат во реализација на планот. Откако се ќе се заврши, градината ќе биде спремна да уживате во неа со семејството и пријателите.

    Чекори:

    1. Прегледување на понудите и оценка на инвестицијата

    2. Мали рушења (по потреба)

    3. Работи поврзани со земјиштето и обезбедување соодветно одводнување

    4. Ископ на земја и правење на базен или рибник

    5. Дистрибуција на комунални водови (вода, гас, струја) и комунална вода

    6. Поставување на систем за наводнување

    7. Градба и поплочување (потпорни или упорни ѕидови, изградба на дворна опрема и слично)

    8. Поставување на тераса, настрешница, ограда и друго

    9. Поставување на надворешни елементи (летна кујна, фурна, скара и слично)

    10. Садење трева, растенија, грмушки и дрвја

    11. Тестирање на вградените системи (за наводнување, гас, осветлување)

    12. Завршно чистење и давање упатство за понатамошна употреба и одржување

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Последни проекти

    Поставување на тепих трева

    Потребно е постилање на тепих трева, на претходно поставен слој хумус. Вкупната површина е околу 20 м2. 8302.5 € до 13837.5 €

    ........

    Проектирање и изведба на двор

    Потребно ми е проектирање на двор со површина од околу 300 м2. 16605 € до 27675 €

    ........

    патеки, наводнување, ограда, зеленило

    1. Постоечки бетонски патеки да се поправат (или срушат и да се бетонираат нови),
    2. да се преправи ќош од ограда, односно да се повлече кон дворот за да се отвори поширок простор за влез со кола во дворот
    3. да се изѕидаат неколку ниски ѕидчиња во дворот од бетонски цигли
    4. да се прекопа дворот и да се постави систем за наводнување на зелена површина
    5. да се постави (или изѕида) фурна
    6. хортикултурно да се уреди дворот (има постоечка вегетација која делумно треба да се задржи) 0 € до 0 €

    ........

    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ





    Цена, Изработка на бетонски парапет и монтажа на панелна ограда, 120 м
    Уредување на двор, Скопје

    9000 € до 15000 €

    Цена, Ureduvanje na dvor, cca 100 m2
    Уредување на двор, Скопје

    2700 € до 4500 €



    Погледнете ги останатите завршени проекти и цени
    Барате добри изведувачи за реонот Уредување на двор?

    Уредување на двор ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    19+ КОМПАНИИ ЗА Уредување на двор
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА