За реон

    Прочистување на отпадни води Цена

    Колку чини помал апарат за прочистување на отпадни води? Немате можност да се приклучите на јавна канализација, а не сакате септичка јама во дворот? Во таков случај мала постројка за прочистување на отпадни води е вистинско решение за вас. Овој апарат, всушност е филтер кој со биоразградување ја прочистува комуналната отпадна вода, трошокот околу него е електрична енергија потребна за негова работа. Ваквиот трошок е споредлив со потрошувачка на електрична енергија потребна за работа на обична сијалица. Ако ја споредите цената на апарат за прочистување? со цената на комунален приклучок?, ќе се уверите во тоа колку тоа се исплаќа – на годишно ниво тоа изнесува 60 до 80 евра во споредба со јавна канализација од околу 130 евра. Цената на помал апарат за прочистување за домаќинство до 5 члена може да биде од 1.000 до 2.000 евра.

    Кому да ја доверите набавката и монтажата на помал апарат за прочистување? Пратете барање на соодветни и оценети професионалци за прочистување на вода во вашата околина – бесплатно и без обврски! Доволно е да го пополните формуларот подолу.

    Побарајте понуда:
    Прати барање

    Цена на мали уреди за прочистување


    Цена на мал уред за прочистување. Цена за набавка и монтажа на мал уред за прочистување за четиричлено домаќинство.

    1000.00 €/пар.

    МНОГУ НИСКА ЦЕНА
    €/пар.

    СРЕДНА ЦЕНА
    1920.00 €/пар.

    НАЈВИСОКА ЦЕНА
    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ

    ДЕТАЛНИ ЦЕНИ ЗА Прочистување на отпадни води

    Дали Ви беше од корист калкулаторот?

    Идеи за уредување на домот

    Списание полно со свежи идеи од нашите автори за уредување на Вашиот животен простор

    Мали комунални уреди - се што треба да знаете

    1. Мали комунални апарати – се што треба да знаете?

    Од прилика количината на отпадните води во домаќинството се околу 150 литри, по лице, дневно. Искористената вода се испушта во природната средина, но може и повторно да се искористи; во тој случај мора да биде прочистена, односно, од неа мора да бидат отстранети сите штетни материи. Таквото прочистување може да се овозможи со помош на мали куќни апарати, наменети за било кое домаќинство (фарма, стан, викендичка, гостилница...). Овие апарати може да се употребуваат и во индустриски цели, за преработка на отпадни води. Доколку сте сопственик на куќа во место каде што не постои јавна комунална мрежа, тогаш неопходно е сами да се погрижите за набавка на еколошки прифатлив начин. Индивидуалните домаќинства немаат обврска како и правните лица во поглед на заштита на животната средина, но било каква активност која ќе ја заштити животната околина и ќе ја унапреди еколошката ефикасност при употреба на природните ресурси, секој ангажман околу технички - технолошките и останати работи поврзани со подобрување на здравјето на луѓето, растителниот и животинскиот свет и животната средина, е добредојден. Од тој аспект, министерствата често распишуваат конкурси за доделување средства од Зелен фонд и останати субвенции со кои го поттикнуваат вградувањето и употребата на мали комунални биолошки апарати за прочистување на отпадни води, наместо септички јами.

    Мали комунални уреди за прочистување

    Пред искористената вода да се испушти во околината или повторно да се употреби

    мора да биде прочистенa и целосно ослободенa од штетни материи

     

    2. Избор на понудувачи

    Изборот на соодветен апарат за прочистување и најдобар понудувач се најважниот дел од целиот потфат, откако ќе решите да купите.  Добро проверете ја секоја понуда. Добро пресметајте која големина и моќност на уред ќе одговара на вашите потреби. Задолжително прашајте што се влегува во цената – дали само апаратот или комплет се, монтажа и пуштање во погон. Обично во цената е вклучена испорака, монтажа, приклучување и тестирање. Меѓутоа, земјаните и градежните работи ги организирате дополнително и плаќате сами. Ви препорачуваме од многуте продавачи да го изберете тој што нуди комплетна услуга. Со еден збор, тој што ќе ги изврши потребните мерења и проценки, ќе ве посоветува околу видот на апарат, ќе ги направи сите пресметки и, по потреба, ќе обезбеди дополнително одржување и сервисирање. Секогаш се најдобри оние мајстори кои имаат сопствени мајстори од сите профили. На овој начин тие се одговорни за квалитетот и гаранцијата на целата работа.

    3. Видови мали апарати за прочистување и начини на работа

    Постојат повеќе видови апарати за прочистување и секој од нив има специфичен начин на работа. Постојат проточни и не проточни септички јами, како и природни системи за прочистување на отпадни води како што се растителни и биолошки апарати за прочистување, лагуни или мокри полиња, технологија на прочистување со биомаса и МББР технологија.

    3.1. Мали проточни уреди

    Предност на овие апарати е тоа што се мали, со нив едноставно се ракува, а резултатот на прочистување е одличен. Во овие мали проточни апарати првиот чекор е раздвојување на тврдите отпадоци од водата (сепарација). Потоа, во комората за вентилација преку дифузер во водата се внесува воздух кој го поттикнува дејствувањето на микроорганизмите кој сосема го разградуваат отпадот. На крај, водата поминува низ последната комора каде што се одделуваат калта со микроорганизми од прочистената вода и се одлива во природната средина.

    3.2. Растителни уреди

    Овој уред всушност преставува засади на мочуришни растенија. На дното се поставува непропустлива фолија која спречува загадената вода од хумусот да помине во почвата и подземните води. Фолијата има улога на корито кое го насочува текот на водата низ коренскиот систем на засадот каде што се одвива оксидација и дејствување на микроорганизмите. На тој начин фекалните води всушност ги потхрануваат растенијата. Слаба страна на растителниот уред е мала ефикасност во зима, кога вегетацијата мирува, бидејќи за тој период е потребен некој друг систем за прочистување.

    3.3. СБР уреди

    Апаратот кој ја прочистува водата со СБР технологија се смета за најефикасен, иако неговата инсталација е едноставна и не бара многу простор и време, а не зависи ниту од надворешните температури. Соединение на јаглерод, азот, фосфор и други материјали се отстрануваат од водата по пат на биолошки третман во последователни фази со помош на активна тиња. Општо земено, прочистувањето се одвива во четири фази. Најпрво, со пумпање на вода се отстрануваат нерастворливи честички и тврди материи. Тогаш следува вентилација кога се создаваат микроорганизми кои ја чистат водата и прават жива тиња. Третата фаза е мирување, кога тињата тоне на дното, а водата останува на врвот на резервоарот. Во последната фаза водата се испумпува во природната средина, а активната тиња се враќа во првата комора и повторно се употребува.

    3.4. Мембрански уред (МБР)

    Уред кој ја прочистува водата со помош на МБР технологија всушност филтрира активна тиња низ мембрана. Процесот на прочистување на водата во овој случај во поголем дел се одвива во самата мембрана; кога водата истекува од неа поминува низ перфориран дел кој спречува понатамошно поминување на бактерии и вируси од апаратот. Така прочистената вода може да се употребува за наводнување. Овој систем е нешто поскап, иако многу ефикасен, па затоа квалитетот на прочистената вода е многу висок. МБР апаратите се најпогодни за поголеми постројки, а кај нас ги нема на пазарот во големина соодветна за домашна употреба.

    4. Монтажа

    4.1. Избор на вистинскиот уред

    Кога бирате апарат за прочистување на отпадни води во домаќинството, обрнете особено внимание на соодветната големина согласно пресметките, односно, предвидениот број на корисници и потрошувачка. Ако апаратот е поголем или помал од потребниот, нема да и служи на својата цел на најефикасен начин. За објекти кои немаат постојан доток на отпадни води, како викендички, најдобри се не проточни апарати.

    4.2. Дозволи

    Согласно Закон за водите од 2022 година, овие уреди спаѓаат во групата на оние кои се користат за санитарни потреби на едно домаќинство и не го загрозуваат јавниот интерес, па можат да се инсталираат без Водна дозвола од локалната самоуправа. Меѓутоа, бидејќи овде може да се преклопат неколку надлежности (заштита на животната средина, заштита на водните средства, заштита на јавните добра, задолжителни комунални активности и санитарна заштита), предлагаме да се распрашате за важечките прописи или во вашата општина или во надлежната инспекција за да избегнете можни непријатности и дополнителни трошоци.

    4.3. Монтажа

    Откако ќе се дефинираат деталите и ќе се направат планови, монтажата може д започне. Малите апарати за прочистување најчесто се поставуваат во земја и затоа се започнува со ископ на градежна јама. Таа мора да биде со соодветна големина и што е уште поважно, да има набиено дно. Откако апаратот ќе се постави во јамата, таа се полни така што влезниот отвор да остане над нивото на земјата. Капаците на тие отвори се такви да може да се оди по нив, а ако има потреба и да се вози. Оптималната работа на апаратот се постига за неколку месеци, откако микроорганизмите сосема ќе се развијат. Доколку сакате да го забрзате процесот, во апаратот се додава активна тиња. Од голема важност е апаратот да не е поставен така да се загрева или смрзнува. И во едниот и во другиот случај микроорганизмите не може да се развиваат како што треба, па со самото тоа и функционирањето на апаратот нема да биде на задоволувачко ниво. Од друга страна, дотокот на воздух во вентилационите комори мора да биде континуиран и постојан.

    4.4. Заштеда при купување

    Можете да заштедите со правилен избор на апарат, а доколку го одржувате согласно упатството на произведувачот, што е многу едноставно, сигурно е дека ќе ви служи долго и сигурно. Од продавачот задолжително побарајте да дојде во обиколка на теренот и да ви даде прецизни информации околу тоа што точно ќе добиете со купувањето. Доколку сте во можност, распрашајте се за  можностите за добивање на субвенции за унапредување на заштита на природната средина и зголемување на енергетската ефикасност, па доколку можете да конкурирате за средства од такви фондови за да заштедите повеќе.

    Daibau.mk, ние ви помагаме да ја оцените инвестицијата и да изберете изведувач за вашиот Дом



    САКАМ ПОНУДА ОД ИЗВЕДУВАЧ
    Барате добри изведувачи за реонот Прочистување на отпадни води?

    Прочистување на отпадни води ценовник

    Побарајте не обврзувачка понуда од компанијата

    6+ КОМПАНИИ ЗА Прочистување на отпадни води
    БЕСПЛАТНО ПРЕБАРУВАЊЕ
    БЕЗ ПРОВИЗИЈА
    ПОБАРАЈ ПОНУДА